Пневмонија
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување во врска со темите од областа на медицината (здравјето). |
Пневмонија или воспаление на белите дробови — една од честите болести на белите дробови. Најчести причини се бактерии и вируси. Некогаш тоа било неизлечлива болест со голем процент на смртност. Со развојот на медицина смртноста од оваа болест значително се намалила.
Пневмонија | |
---|---|
Специјалност | Пулмонологија, заразна болест |
Дефиниција
уредиПневмонијата е инфекција на белите дробови која може да биде предизвикана од било кој организам за кој се знае дека може да предизвика инфекции кај луѓето. Тука спаѓаат бактериите, амебите, вирусите, габите и паразитите. Во Соединетите Држави, пневмонијата е шестата болест по степен на појавување која може да резултира во фатален исход; секоја година 2 милиони американци добиваат пневмонија, а 40,000-70,000 умираат како последица од оваа болест. Пневмонијата исто така претставува најчеста инфекција со фатален исход како крајна фаза кај некои пациенти кои се веќе интернирани од друго заболување. Во развиените земји, пневмонијата се врзува со дијареата и во таа комбинација претставува најчеста причина за смртност. Дури и во случаите кои не завршуваат фатално, пневмонијата претставува значителен економски товар на здравствениот систем. Една студија проценува дека вработените лица во Америка кои добиваат пневмонија ги чинат своите работодавачи петпати повеќе отколку што изнесува сумата на здравственото осигурување по глава на работник.
Анатомија на белите дробови
уредиЗа подобро да се разбере пневмонијата, важно е да се познаваат основните анатомски одлики на респираторниот систем. Човечкиот респираторен систем започнува од носот и устата, каде што воздухот се внесува (вдишува) и изнесува (издишува). Воздушната цевка која се протега од носот се нарекува назофарингс. Цевката која го носи вдишаниот воздух од носот се нарекува орофарингс. Овие две цевки се спојуваат во душникот. Орофарингсот исто така ги транспортира проголтаните супстанции, како што е храна, вода и плунка кои мора да поминат низ дијафрагмата за да дојдат до желудникот. Душникот е заштитен со таканаречена врата која се нарекува мажлец (епиглотис). Мажлецот го спречува навлегувањето на проголтаните супстанции, како и на оние што се враќаат наназад (при повраќање), во душникот и во правец на белите дробови. Корисен метод за претставување на респираторниот систем е да се замисли дрво превртено наопаку. Душникот се спојува со трахејата, која е трупот на дрвото и воедно најширокиот дел од респираторниот систем. Трахеата се дели на два дела, леви и десни бронхии. Секоја од овие бронхии се разгранува на повеќе помали бронхии, кои навлегуваат во ткивото на белите дробови. Секоја бронхија се дели на уште помали цевки, сè до крајните бронхиоли. Воздушните кеси, во кои настанува размената на кислород-јаглерод диоксид, се наредени на краевите на бронхиолите во форма на ливчиња на дрво. Тие се нарекуваат алвеоли. Ткивото на белите дробови кое има само придружна функција за бронхиите, бронхиолите и алвеолите се нарекува белодробно крило.
Функција на респираторниот систем
уредиГлавната функција на респираторниот систем е да обезбеди кислород, најважниот извор на енергија за ќелииите на човечкото тело. Вдишаниот воздух (воздухот кој се внесува при процесот на дишење) содржи кислород, кој патува низ респираторниот систем до алвеолите. Кислородот се движи надвор од алвеолите и преку циркулација на крвта се пренесува до целото тело како дел од црвените крвни клетки. Кислородот во вдишаниот воздух се разменува во алвеолите за нус производот претставува остаток од човечкиот метаболизам, јаглерод диоксидот. Воздухот кој го издишувате содржи гас наречен јаглерод диоксид. Гасот излегува од алвеолите при издишување. Да се сумира ваквата размена на гасови би било дека, вдишувате кислород, издишувате јаглерод диоксид
Одбранбен механизам на респираторниот систем
уредиЗдравите бели дробови кај човекот се стерилни. Во нив нема резидентни бактерии или вируси (како што е случај во горниот респираторен систем и делови од системот за варење во кои секогаш има бактерии дури и во совршено здрава состојба). Низ целиот респираторен систем постојат многубројни заштитни агенти. Нивната функција е да ги држат настрана сите штетни, патогени организми од навлегување и причинување на зараза. Првата одбранбена линија се влакната во носниците, кои претставуваат филтри за покрупните честички. Мажлецот е исто така пречка, која ја спречува храната и другите проголтани супстанции да навлезат во душникот и потоа во трахеите. Кивањето и кашлањето, обете појави предизвикани од присуство на некакви дразби во респираторниот систем, помагаат во отстранување на таквите надразнувачи од респираторниот систем. Слузта која се создава во респираторниот систем исто така служи за отстранување на правта и заразните организми. Малите честички во вид на влакна (цилии) на ќелиите кои го обрабуваат респираторниот систем исто така константно го заштитуват системот. Тие го носат отпадот заробен во слузта нагоре и надвор од респираторниот систем. Ваквиот заштитен механизам се нарекува мукоцилијарен ексалатор. Ќелиите кои го обрабуваат респираторниот систем произведуваат неколку видови на имунолошки супстанциии кои создаваат заштита од различни организми. Други ќелии (наречени макрофаги) кои ги има низ целиот респираторен тракт всушност ги проголтуваат и уништуваат штетните организми. Организмите кои ја предизвикуваат пневмонијата, обично не успеваат да навлезат во белите дробови благодарение на ефикасноста на ваквиот одбранбен механизам. Меѓутоа, доколку во човечкиот организам навлезат повеќе различни вируси истовремено, вообичаената ефикасност на одбранбениот механизам може да се наруши. Инфекцијата може да настане или при вдишување на загаден воздух, или со вдишување на штетни организми кои циркулираат во горните слоеви на воздухот.
Услови кои доведуваат до пневмонија
уредиПокрај изложувањето на големи количини на ваквите штетни организми, постојат дадени услови при кои кај поединецот може да дојде до појава на пневмонија. Секако, недостаток од нормалната анатомска структура може да го зголеми ризикот од заболување од пневмонија. На пример, постојат некои наследни недостатоци кај цилиите, кои го намалуваат заштитниот механизам. Пушењето, било да се работи за активен или пасивен пушач значително го нарушува функционирањето на цилиите, како и функционирањето на макрофагиите. Мозочниот удар, нападите, алкохолот и многу лекови можат да го нарушат функционирањето на мажлецот. Вака ослабениот мажлец не може така ефикасно да го спречува навлегувањето на проголтаните и/или супстанциите кои се враќаат наназад а можеби содржат загадени честички. Алкохолот и лековите исто така го нарушуваат нормалниот рефлекс на кашлање. Ваквите штетни фактори ја намалуваат шансата за целосно исфрлање на штетните елементи од респираторниот тракт. Вирусите исто така ја нарушуваат функцијата на цилиите, допуштајки самите тие или други штетни микроорганизми (како што се бактериите) да навлезат во долниот респираторен тракт. Еден од тие вируси е ХИВ(Вирус на Недоволен Имунитет кај Човекот), предизвикувачот на СИДА(синдром на стекнат недостаток на имунитет). Во последните години токму благодарение на овој вирус случаите на пневмонија драстично се зголемија. Бидејќи СИДАТА доведува до ослабување на имунитетот на сите полиња во организмот, пациент заболен од СИДА е исто така подложен на заболување од пневмонија. Тука се вклучени и некои речиси исчезнати типови на пневмонија предизвикани од паразити, кои веќе не се во состојба да се развијат во болест кај лице со совршено функционален имулошки систем. Кај постарите лица мукоцилијарниот ескалатор не функционира толку ефикасно, а доаѓа и до промени во имунолошкиот систем. Поради ова, кај оваа старосна група се зголемува ризикот за заболување од пневмонија. Различните хронични заболувања се исто така склоност за зараза со пневмонија. Во нив спаѓа астмата, цистичната фиброза и невромускулните заболувања кои можат да го попречат затворањето на мажлецот. Езофагалните нарушувања можат да предизвикаат излевање на супстанции од желудникот назад во дијафрагмата. Ова го зголемува ризикот од вдишување на ваквите штетни супстанции од желудникот, заедно со резидентините бактерии и нивно внесување во белите дробови. Дијабетесот, српестата анемија, лимфомата, леукемијата емфиземата исто така го зголемуваат ризикот од пневмонија. Генетските фактори исто така играат улога во склоноста кон заболување од пневмонија. Извесни промени во ДНК се смета дека можат да доведат до пневмонија, како последица од компликација од некое друго заболување. Пневмонијата претставува најчеста инфективна компликација при сите типови на операција. Многу лекарства кои се употребуваат во текот на оперативниот зафат го зголемуваат ризикот од вдишување штетни честички, го нарушуваат рефлексот на кашлање и таквиот воздух завршува во белите дробови на пациентот. Болката по оперативниот зафат му оневозможува на пациентот нормално да дише и правилно да се искашлува. Зрачењето при ракот на дојката го зголемува ризикот од пневмонија кај некои пациенти благодарение на оштетување на ткивото на белите дробови.
Употебата на механичките вентилатори кои им помагаат на пациентите полесно да дишат по операција исто така го зголемува ризикот од пневмонија. Стапката на смртност кај таквите пациенти кои заболуваат од пневмонија е 46%.
Причини и симптоми
уредиСписокот на причини кои предизвикуваат пневмонија е обемна и ги вклучува речиси сите организми кои можат да предизвикаат инфекција: вируси, бактерии, бактериолошки организми, габи и паразити (вклучувајќи и некои црви). Различни организми ја предизвикуваат болеста кај различни старосни групи. Други одлики кои го зголемуваат ризикот од пневмонија кај секој поединец се:
Вирусите кои најчесто предизвикуваат пневмонија кај децата (особено респираторниот синцитичен вирус, параинфлуенцата и вирусите на инфлуенза и аденовирусот). Возрасните често се заразуваат од бактерии (како што е стрептокока пневмоника, хемофилиус инфлуенца и стафилококис ауреас). Пневмонијата кај постарите деца или адолесцентите е предизвикана од бактериолошката честица микроплазма пневмоника (често се нарекува "шетачка" пневмонија). Пневмоцитис каринии е исклучително важен предизвикувач на пневмонија кај пациенти кои имаат потешкотии со имунолошкиот систем, како што се пациентите кои се лечат од рак со хемотерапија или пациентите заболени од СИДА. Иако обично се класифицира во родот на паразити, се чини дека има поголеми сличности со габите. Луѓето кои доаѓаат во допир со измет од птици, како што се работниците во живинарските фарми, можат да заболат од леукемија предизвикана од организмот кламидија пситаци. Голема, сериозна епидемија на пневмонија настана во 1976 година, кога многу учесници на конвенцијата на Американската Легија се заразија од тогаш непознат организам. Истиот откриен подоцна се нарече Легионела пневмофила, кој популарно се нарекува "Легионерска болест." Организмот се детектираше во уредите за разладување на воздухот во хотелот во кој се одржуваше конвенцијата.
Симптоми
уредиЧестота на симптомите[1] | |
---|---|
Симптом | Честота |
Кашлица | |
Замор | |
Треска | |
Краток здив | |
Спутум | |
Болка во градите |
Било кој пациент кој има треска, кашла, чувствува болки во градите, не може да дише или има зголемен нагон за дишење (број на вдишувања во минута) може да е заболен од пневмонија. Треска со ладни морници е уште поголем доказ. Многу пациенти искашлуваат густ секрет, кој едноставно се нарекува исплувок. Овие секрети се создаваат во алвеолите при инфекцијата или при друго придружно воспаление. Често можат да содржат гној или крв. Тешките случаи на пневмонија резултираат во недостаток на кислород во организмот. При оваа појава доаѓа до помодрување на заноктиците или усните (цијаноза). Симптомите ги предизвикува надворешен организам, делумно преку предизвикување на повратна имунолошка реакција на белите дробови. Со други зборови, имунолошкиот систем кој би требало да се пресметува со инфекцииите, започнува да реагира со таква сила што доведува до оштетување на белодробното ткиво и го прави уште поподложно на инфекција. Малите крвни садови во белите дробови (капиларите) стануваат течни и течноста богата со белковини се влева во алвеолите. Пациентот се соочува со недостаток на кислород, за сметка на преголемото количество на ослободениот јаглерод диоксид. Пациентот започнува се побрзо да дише, во напорот да внесе што повеќе кислород а да исфрли што повеќе јаглерод диоксид. Создавањето на слуз се зголемува, растечените капилари можат да ја помешаат слузта со крв. Слузта уште повеќе ја нарушува нормалната размена на гасови во белите дробови. Алвеолите и понатаму се полнат со течност и отпадни честички кои ги ослободуваат белите крвни клетки во борбата за сузбивање на инфекцијата. Спојувањето, карактеристично за бактериската пневмонија, настанува кога алвеолите кои се вообичаено шупливи воздушни меурчиња во белите дробови, наеднаш стануваат тврди благодарение на количествата на течност и отпадни честички. Вирусната пневмонија и микоплазма пневмониите не доведуваат до ваква појава. Овие видови на пневмонија обично ги напаѓаат ѕидовите на алвеолите и белодробното крило.
Силен акутен респираторен синдром (САРС)
уредиСилниот акутен респираторен синдром, или САРС е заразна и потенцијално фатална болест која за првпат се појави како епидемија во повеќе држави на почетокот на февруари 2003 година. Кон крајот на месецот, ЦДЦ започна да функционира во рамките на Светската здравствена организација (СЗО) со цел да го открие причинителот(те) на САРС и да изработи упатства за контрола на инфекцијата. САРС се опиша како „атипична пневмонија од непознато потекло“ на крајот на март 2003 година, причинителот на болеста непознат дотогаш се нарече коронавирус. Раните симптоми на САРС се висока температура придружена со треска, главоболка, грчеви во мускулите и слабост. Раната фаза е придружувана и од респираторни симптоми како што е сува кашлица и болно или отежнато дишење. Стапката на смртност од САРС изнесува околу 3%.
Од крајот на март 2003 година, ЦДЦ сѐ уште немаше изработено јасни препораки за лечење на САРС. Третманите кои се употтребуваа беа антибиотици за кои се знаеше дека делуваат ефикасно против бактериолошки видови на пневмонија; рибавирин и други антивирусни лекови; и стероиди.
Дијагноза
уредиВо најголем дел, дијагнозата се заснова на симптомите кои ги манифестира пациентот, заедно со преглед на градниот кош. Слушање со стетоскоп може да открие атипични звуци како и потчукнувањето на грбот на пациентот (при кое треба да се добие повратен звук кој го означува полнењето на алвеолите со воздух
Наводи
уреди- ↑ Tintinalli, Judith E. (2010). Emergency Medicine: A Comprehensive Study Guide (Emergency Medicine (Tintinalli)). New York: McGraw-Hill Companies. стр. 480. ISBN 0-07-148480-9.
Надворешни врски
уредиКласификација | |
---|---|
Надворешни извори |