Горан Михајловски

македонски новинар

Горан Михајловски (р. 24 ноември 1963 во Битола) — македонски новинар. Завршил на Студиите по новинарство на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, и во 1989 година започнал да работи како новинар во дневниот весник Вечер.[1] Во Вечер ги минал сите новинарски скалила, а задачата главен и одговорен уредник на весникот ја извршувал од 1998 до 2000 година.[2] Потоа со група новинари го основал весникот Вест, чиј прв број излегол на 5 јули 2000 година.[3] Автор е на колумната „Сакам да кажам“, која непрекинато излегува од 12 јануари 1991 година секоја сабота. Колумната е отпечатена во четири книги,[4] и има добиено пет награди, меѓу кои и „Златна бубамара“ за најчитана страница.[5] По 15 години работа како главен уредник во Вест, Михајловски заминал поради одлука на издавачот да не му биде продолжен договорот.[6]

Горан Михајловски
Роден(а)Горан Михајловски
24 ноември 1963
Битола,  СР Македонија
НационалностМакедонија Македонец
ДржавјанствоМакедонија Македонија
Занимањеновинар
Активен период1989-денес
РодниниЈовица Михајловски (брат)

Моментално, Михајловски е уредник на порталот „Сакам да кажам“.

Наводи уреди

  1. Македонска енциклопедија (втор том), МАНУ, Скопје, 2009, стр. 973
  2. „15.000 пати по ред без прекин!“. Вечер. 27 мај 2012. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 9 јануари 2016.
  3. „15 години први (јубилејна 15-годишнина на „Вест")“. Вест. 3 јули 2015. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 9 јануари 2016.
  4. „Промоција на најновата кнога „Сакам да кажам" од Горан Михајловски“. Утрински Весник. 7 јуни 2011. Посетено на 9 јануари 2016.[мртва врска]
  5. „Четврта Бубамара за "Сакам да кажам". Вест. 27 февруари 2009. Посетено на 9 јануари 2016.[мртва врска]
  6. „Горан Михајловски заминува од „Вест"?“. Фокус. 19 декември 2015. Посетено на 9 јануари 2016.

Надворешни врски уреди