Фамилијата Марковски (телевизиска серија)
Фамилијата Марковски — играна ТВ серија од 2 сезони, чие дејствие е инспирирано од секојдневието на македонските граѓани. Главните улоги во серијата се: Бојан, Јана, Виктор, Иван и Лиле. Режисер на серијата е Даријан Пејовски, во продукција на „Арт Проект Лаб Скопје“. Главен сценарист е Огнен Георгиевски, а сценариото за одделни епизоди го напишале Елеонора Венинова, Бојан Трифуновски и Ева Камчевска (како соработник на сценариото). Главните улоги ги толкуваат: Александар Микиќ, Силвија Стојановска, Тамара Ристоска и Петар Петковски. Покрај нив, во серијата се појавуваат и: Сабина Ајрула, Сашко Коцев, Горан Трифуновски, Драган Спасов-Дац, Јовица Михајловски, Петар Мирчевски, Нино Леви, Зоран Љутков, Сара Климовска и други.[1]
Фамилијата Марковски | |
---|---|
Жанр | драма |
Улоги | Петар Петковски Тамара Ристоска Владимир Петровиќ Александар Микиќ Силвија Стојановска |
Земја на потекло | ![]() |
Првичен јазик | македонски |
Бр. на сезони | 2 |
Бр. на епизоди | 16 |
Продукција | |
Местоположба | Скопје |
Прикажување | |
Првична мрежа | Канал 5 |
Првпат прикажана во | 23 септември 2017 |
Првично прикажување | 2017 |
Глумечки составУреди
Глумец | Улога |
---|---|
Петар Петковски | Бојан |
Тамара Ристоска | Јана |
Владимир Петровиќ | Виктор |
Александар Микиќ | Иван |
Силвија Стојановска | Лиле |
Надворешни врскиУреди
Оваа статија за филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- ↑ Ивана Тасев, „Напред наши!“, Економија и бизнис, година 19, број 232, октомври 2017, стр. 100.