Стојан Стојаноски
Стојан Танасков Стојаноски ( 1922 во Кичево — 1944 во Велмеј, Охридско)[1] — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[2]
Стојан Стојаноски | ||
Роден | 1922 година Кичево, Македонија по окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 1944 година Велмеј, Охридско, Македонија |
Животопис
уредиПотекнувал од градско сиромашно семејство. По завршувањето на основното училиште не продолжил да се школува, туку бил принуден да бара работа. Пред војната се доселил во Скопје. Прво работел во магацините на железницата, а подоцна во пиварата. Во 1941 година организирано се вклучил во борба против окупаторот, преку партиската организација на железницата. Учествувал во разни акции на работничката класа. Собирал народна помош за потребите на ослободителната борба, учествувал во штрајковите на железничарите како и во саботажите со кои бил попречуван железничкиот сообраќај. Ги одржувал врските со илегалците и им правел разни услуги.[2] Кога неговата активност била откриена, бил принуден да заминe со партизаните. Стапил во редовите на Тиквешкиот партизански одред во 1943 година.[1] Како дел од Првата македонско-косовска ударна бригада, учествувал во славниот Богомилски поход. Во борбите бил храбар, а по карактер бил скромен, додека во борбената активност важел за крајно конспиративен. Меѓу партизаните бил познат како весел, ведар и дружељубив. На враќањето од Егејска Македонија, Бригадата водела тешка борба против бугарската фашистичка војска и полиција кај местото Велмеј, Охридско. Како пушкомитралезец дал голем придонес убивајќи повеќе бугарски војници. Во текот на борбата бил тешко ранет, но продолжил да се бори, сè додека храбро не загинал. Фашистичките единици имале големи загуби. На самото боиште оставиле околу 60 мртви бугарски војници.[2]