Бушава азбука (телевизиска серија)

Бушава азбука — македонска детска телевизиска серија која била наменета за изучување на македонската книжевност, култура, традиција преку музиката, илустрациите и актерската игра. Се смета за убедливо најуспешниот производ на МРТ.[1]

Бушава азбука
Бушава Азбука.jpg
Насловна фотографија на книгата „Бушава азбука“ со илустрации на Петричиќ
Жанркомедија
Развиена одГоран Стефановски
Режирана одСлободан Унковски
Земја на потеклоСР Македонија, СФРЈ
Првичен јазикмакедонски
Бр. на епизоди31
Продукциска куќаРТВ Скопје

ПрикажувањеУреди

Серијата е снимена во 1985 година од Македонската радио-телевизија во режија на Слободан Унковски. Автор на сценариото е Горан Стефановски. Постои и истоимена книга изработена од Стефановски и од југословенскиот илустратор Душан Петричиќ.[2] Серијата има вкупно 31 епизода, по една за секоја буква од македонската азбука, секоја епизода во времетраење од половина час.

Во 2019 година била објавена дигитализирана верзија на книгата, изработена од македонскиот дизајнер и софтверски инженер Гоце Митевски.[2][3]

НаводиУреди

  1. „Унковски и Стефановски работат на втор дел од култната ТВ-серија „Бушава азбука". Сакам Да Кажам. 4 јуни 2018. Посетено на 13 март 2020.
  2. 2,0 2,1 „Гоце Митевски: Ја дигитализирав „Бушава азбука" во чест на Горан Стефановски и Душан Петричиќ“. Кајгана. 8 јуни 2019. Посетено на 13 март 2020.
  3. „Дизајнерот Гоце Митевски ја дигитализираше книгата „Бушава азбука". it.mk. 10 јуни 2019. Посетено на 14 март 2020.

Надворешни врскиУреди