Шарпланински куп е спортска скијачка манифестација која се одржува секоја година на ски центарот Попова Шапка на Шар Планина.

Историја

уреди

Првиот Шарпланински куп е одржан во 1947 и со тоа е најстар меѓународен скијачки натпревар на Балканскиот регион. Во 1954 станува дел од FIS B натпреварите, додека од 1969 до 1986 е натпревар за Европски Куп во скијање. Поради губењето на статусот во 1986 година, во 1999 повторно се кандидита натпревар за Европски Куп.

Патеки

уреди

Слаломот се вози на патеката Езерино и е долга 685 метри со височинска разлика од 198 м, додека патеката за велеслалом Орлова е долга 1.140 метри со височинска разлика од 390 метри.[1]

Победници

уреди
Година Машка конкуренција Женска конкуренција
Име Земја Име Земја
1947 Петер Шикло   Унгарија Вида Катник   Словенија
1948 Тине Мулај   Словенија / /
1949 Марјан Вистер   Словенија / /
1950 Владо Вебер   Словенија /   Австрија
1951 Тине Мулај   Словенија Анелори Цукерт   Австрија
1952 Јанез Стефе   Словенија Пузи Франдал   Австрија
1953 Ернесто Оберајгнер   Австрија /
1954 Теди Ајнштус   Швајцарија Фини Штеклингер   Австрија
1955 Тине Мулај   Словенија
1956 Биро Михал   Романија Ханелори Баслер   Германија
1957 Воитех Будинел   Словенија
1967 Блаз Јакопиќ   Словенија Марија Клисурска   Бугарија
1969 Леополд Грубер   Австрија Гвистина Дамец   Италија
1970 Голо Габриеле   Италија
1971 Леополд Грубер   Австрија
1972 Јонах Книвасер   Австрија
1973 Кристијан Сотас   Швајцарија
1974 Вернер Фигл   Австрија
1975 Џузепе Платнер   Италија
1978 Леонардо Давид   Италија
1979 Александар Жиров   Русија
1980 Маурицио Пончет   Италија
1981 Александар Жиров   Русија
1983 Петер Лишер   Швајцарија
1986 Џероса Карло   Италија
1994 Рене Млекуз   Словенија
1996 Нана Матео   Италија
1997 Грегор Грлиќ   Словенија
1998 Миран Раутер   Словенија
1999 Грегори Гигние   Франција
2000 Стефан Георгиев   Бугарија Матеја Долничар   Словенија
2003 Александар Левет   Франција Марија Киркова   Хрватска
2004 Миха Малус[1]   Словенија
2005 Миха Малус[1]   Словенија
2006 Стефан Георгиев[2]   Бугарија
2009 Коси Клемен[2]   Словенија
2010 Франц Промок[3]   Австрија
2011 Томаж Велечич[2]   Словенија
2012 Грегор Брајович[2]   Словенија
2013 Миха Кирнер[4]   Словенија

Управа

уреди

Извршен одбор

уреди

Извршниот одбор брои 17 члена од кои:

Иницијативен одбор

уреди

Овој одбор постои за повторнo да се реактивира купот, и за да го врати стариот сјај. Има 10 члена.

Награди

уреди

Сите првоосвоени три места добиваат парична награда, а додека на првоосвоеното место му се доделува и куче Шарпланинец, како симбол на планината и маскота на купот. Покровител на купот е Претседателот на Република Македонија.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Мицковиќ, Миодраг (29 јануари 2011). „Шарпланинскиот куп ќе се одржи на 26 и на 27 февруари“. Утрински Весник. Посетено на 2011-02-24.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Самарџиев, Александар (27 февруари 2012). „Словенецот Брајович победи, а Дехари е трет“. Нова Македонија. Посетено на 2012-02-27.[мртва врска]
  3. Јовановски, Зоран (7 март 2010 18:41). „Промок победник на Шарпланинскиот куп“. А1. Посетено на 2011-02-24. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  4. „Миха Кирнер од Словенија севкупен победник на 40. Шарпланински Куп (резултати)“. Шара куп. февруари 2013. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2013-05-06.

Надворешни врски

уреди