Шарпланинец
Шарпланинец (српски: Шарпланинац, албански: Qen i Sharrit или Qeni Ilir) — овчарска раса на кучe. Именуван е по планината Шара, каде што може најчесто да се најде. Признаен е од страна на Меѓународниот кинолошки сојуз како илирски овчар од 1939 година па сѐ до 1957 година, кога името е променето во „Југословенски овчарски пес — Шарланинец“. Телото му е тешко помеѓу 55 и 70 кг. Високо е околу 75 цм, а градниот обем му изнесува 120 цм. Се одликува со добродушност, верност кон својот сопственик, дисциплинираност, брзина и приспособливост. Покажува голема приврзаност и трпение кон децата.
Шарпланинец | |||||||||||||
Прекари | Planinac Sar Шарко Šarko Sharr | ||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Потекло | Македонија Косово (Шар Планина) | ||||||||||||
| |||||||||||||
| |||||||||||||
куче (Canis lupus familiaris) |
Во времето на Османлиското ропство, овие кучиња се движеже заедно со стадата овци, поминувајќи го летото во подрачјето на Шар Планина и во летото во пониските и потоплите делови.
Потекло
уредиПотеклото на шарпланинецот не е точно познато. Во минатото некои научници сметале, дека шарпланинецот потекнува од Азија, но сега најраспространето е мислењето, дека роднината му е на Балканот, а поточно во планинските масиви на Македонија — Шар Планина, Кораб, Стогово, Бистра и Маврово. Шарпланинецот се прилагодил кон суровите услови на македонските планини, во кои живее со векови.
Вообичаено се користи за чување на добиток и овци. ВО номадскиот начин на чување на добиток и овци, истите биле преместувани двапати годишно, во високите планински пасишта во лето, и во топлите низини во зима. Ву јужниот дел од Балканскиот Полуостров, голем дел од овци биле преместувани на овој начин, придружувани од луќе и кучиња. во времето на Осмалниското ропство, кучиња од оваа раса ги придружувале стадата овци, поминувајќи го летото во подрачјето на Шар Планина а зимата во топлите низински подрачја.
Бројот на кучиња е намален со распадот на Југослвија во почетокот на 1990-тите. После овие настани, Меѓународниот кинолоѓки сојуз ги има препознаено Македонија и Србија како земји од кои потекнува шарпланинецот. Шарпланинците најчесто можат да се најдат на Шарпланина, од каде и потекнува името „Шарпланинец“. Исто так може да се најде и на планините Кораб, Бистра, Стогово, Јабланица, Баба и тн.
Според историските податоци се смета дека предците на шарпланинецот потекнуваат од Тибет, на падините на Хималаите. Од оваа географска територија, кучињата тргнале во бескрајно патување следејќи ги своите господари. Шарпланинецот стигнал на Балканот со војската на Александар Македонски каде и се задржал. Името го добил по планината каде и највеќе е одгледуван. За првпат изложен е на Меѓународната изложба на кучиња во Љубљана во 1926 година[1][2].
Во 1939 година шарпланинецот е препознаен како посебна раса и е запишан под реден број 41 во списокот на Меѓународниот кинолошки сојуз (FCI), која ги регистрира сите раси на кучиња, како југословенска раса по името „Илирски овчар“. Во 1957 година, по барање на Југословенскиот Кинолошки Сојуз, Меѓународниот кинолошки сојуз прифатил званичното име на расата да биде сменето во „Југословенски овчарски пес — Шарпланинец“. Во 1968 година Каршкиот Овчар, кој претходо се сметал кко подвид на шарпланинецот, бил препонаен како посебна раса.
Особености
уредиОпшти црти
уреди- Силно, добро градено куче, со височина над средната. Покриено е со долго, густо и изразито грубо крзно. По карактер е спокојно и добродушно, но е многу силно. Верно е на господарот и е бескомпромисно.
- Средната височина до грбот е 82 см кај мажјаците и 68 см кај женките. Средното тело на возрасен мажјак е 55 и 100 кг, а кај женките — помеѓу 45 и 92 кг.
- Телото му е малку подолго од височината до грбот (кај мажјаците: 8-10%, а кај женките: 10-12% подолго од височината до грбот).
Глава
уреди- Главата е пропорционална спрема размерот на телото и е долга приближно 25 см (или 40% од височината до грбот). Черепот е малку подолг од муцката, која е 58% од целата должина на главата (однос череп-муцка 58%:42%). Женските имаат малку подолка муцка (однос череп-муцка 57%:43%).
- Предната страна на главата (черепот) е широка, со испакната централна линија. Погледната озгора, малку е испакната и заоблена.
- Областа помеѓу муцката и черепот (близу до очите) не е испакната.
- Муцката е пократка од черепот, која во основата е поширока и постепено се губи кон врвот (носот). Ноздрите се правилни и широки. Профилот на долната челуст започнува со долга, права линија.
- Носот е широк, со црн пигмент.
- Усните се умерено полни, од која горната се издига над долната.
- Забите се 42 на број.
- Очи бадемови, темно или светлокафеави. Веѓите, како и носот, се обоени со црн пигмент.
Врат
уредиПрофилот на вратот е рамен или малку испакнат во горната страна и е малку над линијата на грбот. Вратот е средно долг, но поради густото крзно, кое го покрива, изгледа пократок и поширок. Поврзувачките точки меѓу телото и главата не се гледаат. Кожата не е обесена, а крзното е густо, долго и руновито, кое на вратот прави гриво.
Тело
уреди- Општ опис: профилот на горната страна на телото е прав или лесно издигнат. Телото е малку подолго од височината на грбот.
- Рбетниот столб е малку испакнат и широк, а врската со врата е незабележителна.
- Грбот е рамен и широк, не много долг. Страната на слабините е коса, широка и мускулеста.
- Градите се широки и мускулести, имаат средна должина, а долната страна им стига до нивото на колената. Градниот обем е најмалку 20% подолга од височината до грбот.
- Стомакот е стегнат и мускулест, во профил се издига назад.
Опашка
уредиОпашката му е долга и достигнува до шепите. Во основата опашката е доста дебела, која постепенно се стеснува кон врвот. Покриена е со густо крзно, кое од долната страна е подолго. Опашката, кога е дигната, има форма на лак. Повеќето кучиња си ја завиваат опашката нагоре.
Предни нозе
уредиВисочината на долната страна на предните нозе до коленото е 55% од височината до грбот. Плешките се долги и широки, сврзани со градниот кош, лесно наклонети спрема хоризонталната коска под агол од 65°. Горната страна на предните нозе е мускулеста и е под поостар агол од плешките: 55° спрема хоризонталната коска. Аголот на коленото (меѓу горната страна на ногата и шепара) е околу 145°.
Шепите се силни и широки, озгора лесно подвиткани, оздола испакнати, а ноктите се здрави со црн пигмент.
Задни нозе
уредиГорната страна на задните нозе е мускулеста, со силно заоблена мускулна структура. Пределот на коленото е поотворен отколку кај предните нозе: приближно 125°. Коленото е здраво и широко. Долната страна на задните нозе е цела со силна мускулатура.
Скакателната става е широка и отворена под агол од околу 130°. Горниот дел на задните шепи е малку повеќе накосен отколку кај предните шепи.
Кожа
уредиКожата е средно дебела, кукулеста и истегната по телото. Сите видливи делови на кожата и лигавица се обоени со темен или црн пигмент.
Бои
уредиШарпланинецот е еднобоен, со различни нијанси од бело до темносиво, наместа и црно. Доминантната боја е поинтензивна во горната страна на главата, вратот и грбот. Од долната страна на телото бојата постепено избледнува до посветли нијанси — бледо сиво или жолтеникаво во долните страни на нозете.
Тело
уредиМажјаците тежат околу 55–70 кг, а женките 45–60кг.
Шарпланинецот е прикажан на македонската монета од еден денар.
Наводи
уреди- ↑ Меѓународен кинолошки сојуз: Official FCI-Standard N° 41 Архивирано на 19 април 2012 г., Published 24 ноември, 1970.
- ↑ United Kennel Club: Official U.K.C. Breed Standard Архивирано на 27 декември 2007 г., Revised 1 април, 1998.
Надворешни врски
уреди- Шарпланинец на Ризницата ?
- Sharplaninec. The king of Cadinae
- International Sarplaninac Club Архивирано на 30 април 2008 г.
- Шарпланинец (македонско мрежно место на англиски)