Тио Волкот

(Пренасочено од Тео Волкот)

Тио Џејмс Волкот (роден на 16 март 1989 година во Стенмор) е англиски фудбалер, напаѓач на Евертон и на англиската репрезентација.

Англија Тио Волкот
Theo Walcott 2010.jpg
Лични податоци
Роден на 16 март 1989 (1989-03-16) (31 г.)[1]
Роден во Стенмор, Англија
Висина &100000000000001760000001,76 м
Позиција напаѓач, крило
Клупски податоци
Сегашен клуб Евертон Евертон
Број 11
Младинска кариера
Њубери
Свиндон Таун Свиндон Таун
Саутхемптон Саутхемптон
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2005–2006 Саутхемптон Саутхемптон 21 (4)
2006-2018 Арсенал Арсенал 260 (65)
2018- Евертон Евертон 2 (2)
Репрезентација
2004-2005 Англија Англија 16 4 (0)
2005-2006 Англија Англија 17 14 (5)
2006 Англија Англија 19 1 (1)
2006-2010 Англија Англија 21 21 (6)
2006– Англија Англија 47 (8)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 16 јануари 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 16 јануари 2012

Волкот е производ на академијата на Саутхемптон и ја започнал својата професионална кариера во овој клуб, пред да дојде во Арсенал за 5 милиони фунти во 2006 година. Неговата страшна брзина со топката и одличните нафрлувања го натерале неговиот менаџер Арсен Венгер да го постави на крилото во поголемиот дел од неговата кариера. Во 2012 година, во спорот околу неговиот договор наведе дека ако потпише сака да игра како напаѓач.[2]

На 30 мај 2006 година, Волкот станал најмладиот репрезентативец на сениорската репрезентација на Англија на возраст од 17 години и 75 дена [3] На 6 септември 2008 година, тој го направил својот прв старт во почетниот тим во натпревар од квалификациите за Светското првенство против Андора, а веќе во следниот натпревар против Хрватска на 10 септември тој ја отворил својата сметка на погодоци за сениорската репрезентација и станал најмладиот играч во историјата кој успеал да постигне хет-трик за Англија. Тој ја претставувал својата земја и на Светското првенство 2006 и Евро 2012 и има 47 настапи и осум постигнати гола досега.[4]

Клупска кариераУреди

Рана кариераУреди

Волкот е роден во Стенмор, Лондон,[1] но израснал во Комптон (Беркшир). Тој одел на часови во Комптон Чрч оф Ингланд основното училиште и Даунс училиштето, играјќи фудбал за локалниот селски тим, а подоцна и за Њубери. Волкот постигнал повеќе од 100 голови во својата прва и единствена сезона во Њубери, пред да замине оттаму во Свиндон Таун.[5] Тој поминал тука само шест месеци пред да замине за Саутхемптон, откако одбил шанса да му се приклучи на Челзи.[6] Спортската компанија Најк се согласи на спонзорски договор со Волкот, кога тој имал четиринаесет години.[7]

СаутхемптонУреди

Во сезоната 2004-05, тој бил главна ѕвезда во младинскиот тим на Саутхемптон, кој стигнал до финалето на ФА купот за млади против Ипсвич Таун. Покрај тоа, тој станал најмладиот играч кој добил шанса да игра за резервниот тим на Саутхемптон на возраст од 15 години и 175 дена, кога влегол од клупата за резерви против Ватфорд во септември 2004 година.[8] Сепак, тој не заиграл во Премиер лигата, откако Саутхемптон испаднале во Чемпионшип по крајот на сезоната 2004-05.

Пред почетокот на сезоната 2005-06, Волкот бил поврзан со турнеја со првиот тим во Шкотска, само две недели по напуштањето на училиштето. Напаѓачот подоцна станал најмладиот играч кој заиграл за првиот тим на Саутхемптон досега, со 16 години и 143 дена, откако влегол како замена во натпреварот против Вулверхемптон што завршил нерешено 0-0 во Чемпионшип.

Волкот го направил своето целосно деби за првиот тим на гостувањето кај Лидс Јунајтед на 18 октомври 2005 година, постигнувајќи го неговиот прв професионален гол во истиот натпревар. Тој бил стрелец повторно во уште едно гостување, против Милвол четири дена подоцна, а постигнал гол и во неговото целосно деби на домашен терен против Стоук Сити следната сабота. Неговиот брз пораст на слава, исто така, го наведе да биде именуван меѓу првите три финалисти за престижната награда БиБиСи Млада спортска личност на годината на 11 декември 2005 година.

АрсеналУреди

Сезона 2005-06Уреди

 
Волкот во 2007

Волкот го комплетирал својот трансфер во Арсенал на 20 јануари 2006 година, за сума од £ 5.000.000, која може да се зголеми на 12.000.000 £ во зависност од настапите за клубот и земјата. Тој потпишал почетен пред-договор за потпишување на професионален договор на неговиот 17-ти роденден на 16 март 2006 година, и му бил доделен дресот со бројот 32. во процесот.[9]

Сезона 2006-07Уреди

Волкот го направил своето деби во Премиер лигата на 19 август 2006 година, во првото коло од сезоната 2006-07, влегувајќи како замена во натпреварот против Астон Вила[10] и асистирал за голот на Жилберто Силва.[11]

Неговиот деби настап во Лигата на шампионите дошол во реваншот од третото квалификациско коло на Арсенал против Динамо Загреб,[12], со што Волкот станал најмладиот играч на Арсенал кој се појавил во Европско натпреварување, претходно тој рекорд го држел Сеск Фабрегас, но подоцна ќе биде надминат од Џек Вилшер.[13] Неколку минути по влегувањето во игра, Волкот го добил својот прв жолт картон во дресот на Арсенал, бидејќи ја шутнал топката неколку секунди подоцна откако судијата веќе досудил офсајд. Во судиското продолжение, неговото добро нафрлување во погодок го претворил Матје Фламини, со што Волкот има скор од две асистенции во две влегувања од клупата. Неговиот прв старт во почетниот тим се случил во првенствениот натпревар на домашен терен против Ватфорд на 14 октомври, 2006 година.[14] Експлоатираноста на Волкот во Арсенал и во репрезентацијата на Англија му ја донесоа наградата БиБиСи Млада Спортска Личност на годината на крајот на 2006.[15]

 
Волкот на загревање со Арсенал

Првиот гол на Волкот за Арсенал дошол во финалето на Лига купот против Челзи на Милениум, Кардиф, на 25 февруари 2007 година, но неговиот погодок во единаесеттата минута бил засенет од настаните кој се случиле подоцна во мечот откако Дидје Дрогба постигнал два гола за да им донесе победа на Челзи од 2-1 и тројцата играчи кои биле исклучени по масовната тепачка.[16] Постојаните повреди на рамото ги ограничиле неговите настапи, а Арсен Венгер отиде дотаму, велејќи дека повредата го принудила Тио да покаже само 50% од неговите способности.

Сезона 2007-08Уреди

Првите голови на Волкот на домашен терен биле постигнати во сезоната 2007-08 во натпреварот од Лигата на шампионите против Славија Прага, кој Арсенал го решил во своја полза со 7-0. Исто така имал и една асистенција за погодокот на Фабрегас во тој натпревар.[17] Конечно, својте први голови (два) во Премиер лигата Волкот ги постигнал во ремито 2-2 против Бирмингем Сити на Сент Ендрјус на 23 февруари 2008 година.[18] Тој ја завршил сезоната со седум гола во сите натпреварувања од кој четири во лигата.[19] Во реванш натпреварот од четврт-финалето на Лигата на шампионите против Ливерпул на 8 април, Волкот го претрчал целиот терен по должина од своја половина па се до шеснаесетникот на противникот, проаѓајќи ја комплетната одбрана на Ливерпул за да му асистира на Емануел Адебајор за изедначувачки погодок во последните минути од натпреварот, но сепак, Арсенал потоа загубиле несреќно со 4-2.[20] Подоцна таа сезона Арсен Венгер изјавил дека Волкот конечно успеал да ја направи неговата промена од едно момче, во еден човек, а наскоро ќе стане и чудовиште.[21]

Сезона 2008-09Уреди

По споредбите со поранешниот тимски колега Тјери Анри,[17] Волкот го добил дресот со број 14., претходно носен од страна на токму на Анри.[22] За време на сезоната 2008-09, Волкот се етаблира како редовнен стартер во првата постава, започнувајќи многу натпревари на десната страна во средниот ред или крило. Во септември 2008 година, Арсен Венгер потврдил дека Тотенхем, Челзи и Ливерпул сите биле заинтересирани за доведување на 16-годишниот Волкот во нивните состави. На 18 октомври 2008 година, Волкот го постигнал својот прв погодок за сезоната во Премиер лигата против Евертон, постигнувајќи го третиот и воедно последниот гол во натпреварот, кој Арсенал го доби со 3-1 и покрај тоа што беа во негатива откако Леон Осман го отвори резултатот. Три дена подоцна, Волкот го постигнал вториот гол на Арсенал во победата со 5-2 на гости против Фенербахче во Лигата на шампионите, заобиколувајќи го голманот пред да ја прати топката во голот од многу мал агол.

На 18 ноември 2008 година, Волкот го изместил неговото десно рамо за време на тренинг со репрезентативниот тим на Англија за пријателскиот натпревар против Германија.[23] Тој го имал своето целосно закрепнување во април 2009 година, постигнувајќи гол против Виган Атлетик за изедначување пред да го започне реваншот од двомечот од Лигата на шампионите против Виљареал, каде што постигнал погодок во 10-тата минута, по одличната асистенција на капитенот Фабрегас и неговиот одличен префрлачки удар преку голманот.[24] Арсенал поминал понатаму со вкупен резултат 4-1.

Во следниот натпревар, полуфиналето на ФА купот против Челзи, Волкот го доведе Арсенал во водство во првото полувреме, иако тие на крајот загубиле со 2-1. Три дена подоцна, Волкот влезе од клупата и го претрча половина од полето по должина пред да му ја постави топката на патот на Андреј Аршавин кој го донесе Арсенал во водство од 4-3 против Ливерпул во 90-тата минута, но натпреварот заврши 4-4.[25] Во мај 2009 година тој потпишал нов долгорочен договор со Арсенал.[26]

Сезона 2009-10Уреди

Сезоната 2009-10 за Волкот беше нарушена со повреди. Тој страдал од рамото, грбот, коленото и тетивата проблеми кои го ограничиле на само 15 старта за Арсенал.[27] Тој не одиграл ниту еден целосен натпревар од 90 минути до 9 декември 2009.[28] На 6 март 2010 година, Волкот го постигнал својот втор гол за сезоната против Барнли во победата од 3-1 за да им даде на Арсенал одлучувачки водство, шутирајќи со левата нога од работ на шеснаесетникот, откако со добар дриблинг од десната страна продре во внатрешноста.[28]

Волкот го постигнал првиот од двата гола за Арсенал во првиот натпревар од Лигата на шампионите на 31 март 2010 година против Барселона, а тимскиот колега Сеск Фабрегас го постигнал вториот од белата точка. По натпреварот тој рекол, "ако се погледне назад во натпреварот тие имаа многу поголем посед на топката и реми 2-2 веројатно беше фер резултат."[29] Токму влегувањето на Волкот беше пресвртна точка во играта на Арсенал за време на првиот натпревар против Барселона. Поради тоа Арсен Венгер, по многу дебати, го започнал реваншот со Волкот. Довербата на менаџерот тој не ја наградил со голови, но сепак придонесол со асистенција за голот на Никлас Бентнер, кој му донел водство на Арсенал.

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 Hugman, Barry J., ed. (2010). The PFA Footballers' Who's Who 2010–11. Mainstream Publishing. p. 426. ISBN 9-781845-966010.
  2. Smith, Ben (30 октомври 2012). "Рединг 5 – 7 Арсенал". BBC Sport. Посетено на 30 декември 2012.
  3. Вилсон, Стив (1 октомври 2008). "Децата се во ред: Најмладиот некогаш во фудбалот". Daily Telegraph. Посетено на 16 јуни 2012.
  4. "Theo Walcott". The Football Association. Посетено на 1 February 2013.
  5. Фрикер, Мартин (9 May 2006). "Theo Lions on His Shirt". The Daily Mirror. Лондон. Посетено на 22 мај 2006. Unknown parameter |coauthor= ignored (|author= suggested) (help)
  6. Lansley, Peter (26 мај 2008). "Theo Walcott sees action on two fronts in his national service". The Times. London. Посетено на 29 јули 2010.
  7. Wilson, Jeremy (10 January 2006). "Walcott spoilt for choice as Saints do their sums". The Guardian. London. Посетено на 7 July 2006.
  8. "Record Breaker!". saintsfc.co.uk. 8 декември 2006. Archived from the original on 14 октомври 2007. Посетено на 8 декември 2006.
  9. "Арсенал потпиша со тинејџерот на Саутхемптон Волкот". ESPNsocernet. Лондон. Reuters. 20 јануари 2006.
  10. Тонг, Стив (20 август 2006). "Арсенал - Астон Вила 1-1 : Чудото од дете Волкот новиот домашен херој". The Independent. Лондон.
  11. Остин, Сајмон (19 август 2006). "Арсенал 1-1 Астон Вила". BBC Sport. Посетено на 22 февруари 2014.
  12. Хајтнер, Дејвид (18 септември 2008). "Динамо се обиде да го уништи Волкот, вели лутиот Венгер". The Guardian. Киев.
  13. "Вилшер е најмладиот европски топџија". Arsenal.com. 25 ноември 2008. Посетено на 30 јуни 2009.
  14. Колингс, Тим (15 октомври 2006). "Арсенал 3 Ватфорд 0: Walcott gifts his manager real presence". The Independent. Лондон.
  15. "Walcott wins Young Sports award". CBBC Newsround. British Broadcasting Corp. 10 December 2006. Посетено на 10 December 2006.
  16. "Челзи 2–1 Арсенал". BBC Sport. 25 февруари 2007. Посетено на 26 февруари 2007.
  17. 17,0 17,1 Cheese, Caroline (23 октомври 2007). "Арсенал 7–0 Славија Прага". BBC. Посетено на 10 ноември 2008.
  18. Chowdhury, Saj (23 февруари 2008). "Birmingham 2–2 Arsenal". BBC Sport. Посетено на 24 февруари 2008.
  19. "Arsenal Statistics 2007/08". KickOff.co.uk.
  20. "Црвените подобри од Арсенал во трилер со шест гола".
  21. Венгер - Волкот е човек, но не и чудовиште.
  22. "Walcott to wear No 14 from 2008 to 2009 Season". Arsenal.com. 27 June 2008. Archived from the original on 30 June 2008. Посетено на 27 June 2008.
  23. "Волкот ја отфрли можноста по операцијата". BBC. 20 ноември 2008. Посетено на 14 мај 2009.
  24. "Во форма: Арсенал го собори Виљареал". Посетено на 22 февруари 2014. Unknown parameter |Последна= ignored (help); Unknown parameter |Прва= ignored (help); Unknown parameter |Датум= ignored (help); Unknown parameter |издавач= ignored (help)
  25. "Ливерпул 4-4 Арсенал". Посетено на 21 април 2009. Unknown parameter |работа= ignored (help); Unknown parameter |датум= ignored (help); Unknown parameter |издавач= ignored (help)
  26. Wilson, Jeremy (8 May 2009). "Тио Волкот потпиша нов договор со Арсенал". The Daily Telegraph. London. Посетено на 30 May 2010.
  27. "Walcott axed from England squad". Barclays Premier League. Посетено на 22 февруари 2014.
  28. 28,0 28,1 Hytner, David (8 март 2010). "Arsenal's Theo Walcott answers critics with display of brainpower". The Guardian. London. Посетено на 30 мај 2010.
  29. "Walcott: I knew I could do it". The Sun. Лондон. 31 март 2010. Посетено на 29 јули 2010.

Надворешни врскиУреди