Отвори го главното мени

Ендру Фен

британски велосипедист

Ендру Фен (англиски: Andrew Fenn; р. 1 јули 1990[1]) — британски професионален друмски велосипедист, кој возел за Шкотска на Комонвелтските игри 2010 и вози за професионалната континентална екипа Аква Блу Спорт.[2]

Ендру Фен
Фен на Тур де л’Ен 2013
Лични податоци
Цело имеЕндру Фен
ПрекарЕнди
Роден1 јули 1990 (1990-07-01) (29 г.)
Хартфордшир, Англија,  Обединето Кралство
Висина1,86 м
Маса79 кг
Податоци за клубот
Мом. клубАква Блу Спорт
ДисциплинаДрумски и велодромски велосипедист
УлогаВозач
Вид на возачСпринтер
Аматерски клубови

2007
2008
Велвин Вилерс
Ливерпул Меркури
Долан Р.Т./Долан Бајкс
Професионални клубови
2011
2012–2014
2015-2016
2017-
Ан Пост-Шон Кели
Омега Парма-Квик Степ
Тим Скај
Аква Блу Спорт
Значајни победи
Европски јуниорски првак (двапати)
Британски првак под 16 години (четирипати)
Последна промена
1 април 2018

КариераУреди

Јуниорска и аматерскаУреди

Фен се натпреварувал во повеќе спортови како дете, но се насочил кон велосипедизмот на 12-годишна возраст, кога се приклучил на Велвин-Вилерс.[3] Неговиот талент бил забележан од британската федерација и тој станал член на нивната олимписка развојна програма во ноември 2006 година. Во 2008 го освоил јуниорскиот Париз-Рубе, пред да се приклучи на олимписката академска програма во периодот 2009-2010.[1]

На Комонвелтските игри 2010, Фен - кој се квалификувал за Шкотска, бидејќи неговата мајка е Шкотланѓанка[4] – завршил 14 на хронометарот за мажи.

ПрофесионалнаУреди

Неговата прва година како професионалец била во 2011, кога освоил две победи и бронзен медал на Светското друмско првенство во категоријата под 23 години.[5]

Во септември 2014 година било објавено дека Фен потпишал за Тим Скај, со кој ќе вози за сезоната 2015.[6]

ДостигнувањаУреди

2004
1.   Национални велодромски првенства под 16 години - 500 метри хронометар
1.   Национални велодромски првенства под 16 години - Омниум под 14 години
2. Национални велодромски првенства под 16 години - Скреч
3. Национални велодромски првенства под 16 години - Спринт
3. Национални велодромски првенства под 16 години - Индивидуална потера
2006
1.   Национални велодромски првенства под 16 години - 500 метри хронометар
1.   Национални велодромски првенства под 16 години - Индивидуална потера
1.   Национални велодромски првенства под 16 години - Бодовна трка
2. Национални велодромски првенства под 16 години - Скреч
2008
1.   Европски јуниорски велодромски првенства - Индивидуална потера
1.   Европски јуниорски велодромски првенства - Екипна потера
1. Јуниорски Париз-Рубе
2. Национално јуниорско друмско првенство
2. Национални велодромски јуниорски првенства - Индивидуална потера
3. Национални велодромски јуниорски првенства - Кило
2010
1. Национални друмски првенства под 23 години
2011
1. Етапа 7 Тур де Бретања
1. Меморијал Ван Конгисло
Бронзен медал - Светско друмско првенство под 23 години
2012
1. Трофео Палма
1. Трофео Мигјорн
2013
1. Гулегем Курсе
6. Краен пласман Тур де Пикарди
2014
1. ГП Брик Шоте
5. Нокере Курсе
6. Бриселски велосипедски класик
9. Краен пласман Трка околу Катар
2016
3. Национално друмско првенство
7. Трофео Феланит-Сес Салинес-Кампос-Поререс
2018
5. Нокере Курсе

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 „Profile“. British Cycling. 
  2. „2018 rider roster and first races confirmed“. Аква Блу Спорт. Aqua Blue Sport Limited. 1 јануари 2018. конс. 5 јануари 2018. 
  3. „Минита со: Ендру Фен“. Cycling Weekly. 23 мај 2008. конс. 18 декември 2008. 
  4. „Енди Фен Интервју: Голема можност за Омега Парма-Квик Степ“. Velonation.com. 13 септември 2011. конс. 9 октомври 2012. 
  5. Ендру Фен. „Ендру Фен - Екипа: Омега Парма-Квик Степ“. Omegapharma-quickstep.com. конс. 9 октомври 2012. 
  6. [1]

Надворешни врскиУреди