Пирански Залив
Пирански Залив (словенечки: Piranski zaliv, Савудриска Вала (хрватски: Savudrijska vala) или Драгоњски Залив (Dragonjski zaljev)[1] — залив во северниот дел на Јадранското Море, на најјужниот крај на поголемиот Трстјански Залив. Наречен по градот Пиран во Словенија.
Пирански Залив Piranski zaliv / Savudrijska vala | |
---|---|
Пиранскиот Залив | |
Подрачје | Европа |
Координати | 45°30′16″N 13°33′43″E / 45.50444° СГШ; 13.56194° ИГД |
Сливни земји | Словенија, Хрватска |
Површина | 19 км2 |
Населени места | Пиран, Порторож |
Преглед
уредиТериторијално, заливот го делат Хрватска и Словенија. Се протега од Савудрискиот ’Рт на југ до ’ртот Медона на север и зафаќа околу 19 км2. Во 1990-тите, заливот во Хрватска се нарекува Савудриска Вала (Savudrijska vala).
На источната, словенечка страна се сместени населените места Пиран, Порторож и Луција. Од јужната, хрватска страна се неоѓаат камповите Црвени Врх и Канегра, изградени во 1980-тите. Најважна река што се влева во Пиранскиот Залив е Драгоња, чие устие лежи точно на границата. Долж устието се на сместени Сечовленските солани (Sečoveljske soline), на површина од 650 ха.
Подрачјето на заливот е предмет на подолготраен територијален спор помеѓу Хрватска и Словенија.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Jure Šonje, gl. ur., Rječnik hrvatskoga jezika, Leksikografski zavod Miroslava Krleže, Školska knjiga, Zagreb, октомври 2000, ISBN 953-6036-64-9, ISBN 978-953-0-40009-2, стр. 210.
Надворешни врски
уреди- Услови во Пиранскиот Залив Архивирано на 3 март 2016 г. — хидролошки податоци во графикони (словенечки)