Разговор со корисник:Brest/Архива/2008/декември/31

brest T 
архива на разговори (1,26M+)
тековни

2012/13 (67.6k)


2012.01.01 - 2013.12.30 67.6k 

2010/11 (205k)


2010.10.31 - 2011.12.30 30k 
2010.08.05 - 2010.10.31 58k 
2010.04.25 - 2010.08.05 74k 
2009.12.31 - 2010.04.25 43k 

2009 (318k)


2009.09.22 - 2009.12.31 32k 
2009.04.30 - 2009.09.22 44k 
2009.02.28 - 2009.04.30 58k 
2009.01.31 - 2009.02.28 129k 
2008.12.31 - 2009.01.31 55k 

2008 (460k)


2008.10.06 - 2008.12.31 76k 
2008.08.22 - 2008.10.06 63k 
2008.05.21 - 2008.08.22 63k 
2008.04.21 - 2008.05.20 46k 
2008.03.21 - 2008.04.20 50k 
2008.03.03 - 2008.03.21 50k 
2008.02.24 - 2008.03.03 39k 
2008.01.22 - 2008.02.24 34k 
2007.10.08 - 2008.01.22 39k 

2007 (209k)


2007.09.01 - 2007.10.08 56k 
2007.07.12 - 2007.09.01 39k 
2007.06.25 - 2007.07.12 32k 
2006.04.17 - 2007.06.25 82k 
mini
mini
За подобрување и унапредување на Македонската Википедија
за Брест од Виктор


Good evening, please can you translate in Macedonian the articles en:Martin Weinek and en:Kaspar Capparoni? Thanks in advance! Good evening to you and regards from en:Campora San Giovanni. I write you regarding the articles of a note police television series: en:Inspector Rex. For better saying some principal actors of the international series. Martin Weinek (pronunced Vaynek) and Kaspar Capparoni. Weinek (pronunced Vaynek) is the veteran of the Austrian series, now real member of the series international, as well as excellent agricultural and theatrical entrepreneur and an experienced wine-grower. Capparoni is the new entry of the series, but he has already worked and he works for international productions and with famous directors, I quote among everybody: en:Dario Argento. I think that the series will arrive within the winter 2008 thanks also to Rai International, that will be transmitted in 150 countries and in more than 60 languages, among which the Macedonian. Naturally if you will help me in this, me rechanghed really the favor translating a biography or a geographical article in Italian and Sicilian. In fact on the Italian edition they are biographer and geographer. In attends him of one certain answer of yours I thank you in advance and I greet you from Campora San Giovanni, my village native. Thanks still for the patience and the understanding.--Lodewijk Vadacchino (разговор) 22:01, 5 октомври 2008 (UTC)

Sorry, but I have no so much time to do that, in the last time I'm not very active on wikipedia. Please, move your request to village pump, and I hope that someone else will translate it. Best regards.--brest (разговор) 06:48, 6 октомври 2008 (UTC)
Well, Capparoni is a friend to my cousin, Weinek is my best actor, because he work in the country as me.--Lodewijk Vadacchino (разговор) 09:15, 10 ноември 2008 (UTC)

Системски пораки

уреди

Здраво, Брест. Забележав дека голем дел од default пораките се преведени од некој на beta. Не ми се јасни промените „датотека“ → „податотека“ и „прилагодувања“ → „нагодувања“. Нели се оригиналните имиња поправилни? Јас никаде немам слушнато за „податотека“, во сите книги од кои имам учено и секаде на интернет си е „датотека“. Што мислите за ова? Јас сум за употреба на старите термини. --Brainmachinewtf? 23:19, 5 октомври 2008 (UTC)

Здраво. На translatewiki.net (beta) имам јас преведувано, а би препорачал и на другите кои преведуваат да работат таму, бидејќи на тој начин ќе го имаме овој софтвер на македонски јазик не само на мк.вики туку и на сите Wikimedia проекти (останати јазични изданија и проекти) како и ќе помогнеме на оние кои го користат овој софтвер за други намени да работат со унифициран интерфејс на македонски јазик на кој се навикнале користејќи ја википедија на македонски јазик. Исто така таму постои подобар кориснички интерфејс за преведување, кој го олеснува самото преведување, а постои и можност за дискутирање со развивачите на софтверот во смисла да се интервенира таму каде што има некои неправилности со цел да се исправат или ако треба нешто да се надогради.
Што се однесува до датотека и податотека, јас ги имам направено овие преводи, таму каде што сум стигнал, бидејќи сум убеден дека така е правилно. Иначе не се работи за оригинални термини датотека и прилагодување, туку станува збор за првични преводи на англиските термини. Датотека е превод најчесто на терминот file, иако во недостаток на наша терминологија со датотека се преведувало и datafile, picture, image, mediafile, ... Значи англиското file би бил заеднички именител на претходно набројаните. Додека македонското датотека најповеќе би одговарало на datafile, т.е. дата - data, тека-file, понатаму медија-media, датотека-file, .... Ако можеш да забележиш прилично сме неконзистентни со термините. Иначе самиот термин датотека не е правилен т.е. поправилно е податотека. Зошто? Затоа што во теките се чуваат податоци а не датоци, како што во видеотека теката се чуваат видео записи, во винотеката се чува вино... По некоја аналогија во случајов најсоодветен превод на англиското file би било нашето тека, а колку што знам тека како посебен збор не постои во македонскиот јазик, така да правилно би било секогаш пред него да стои соодветен префикс кој ќе означува за каква тека се работи. Јас имам слушано предавања на факултет каде се употребува терминот податотека, за жал не од сите професори. Образложението на професорите кои го користеа тој термин беше ова што јас го дадов тука. Иначе погледни го Правописот на македонскиот литературен јазик, издание на Просветно дело (трето издание 1986 година) во редакција на Божо Видоески, Тодор Димитровски, Кирил Конески, Крум Тошев и Рада Угринова-Скаловска, на стр. 219, втора колона има дат., дата (ова се однесува на датум а не на податок) и датум, датив, ... но нема датотека ниту дата во смисла на податок. Во истиот правопис на страна 432, прва колона, има зборче податок. Се сложувам дека треба да се дискутира на оваа тема.
Што се однесува до нагодување vs прилагодување, го погледнав Правописот на македонскиот литературен јазик, издание на Просветно дело (трето издание 1986 година) во редакција на Божо Видоески, Тодор Димитровски, Кирил Конески, Крум Тошев и Рада Угринова-Скаловска, и на страна 361 втора колона, постојат зборовите нагоди, нагодува, нагодувачка. Додека на страна 475 од истиот правопис под прилаг... ги има зборовите прилага, прилега, .... И за чудо никаде го нема прилагодување, плус го користам нагодување бидејќи за некоја буква е пократок збор.--brest (разговор) 07:29, 6 октомври 2008 (UTC)
Знам, и јас добив дозвола за преведување на beta и се запознав со интерфејсот. Значи да се договориме финално: ќе ги користиме термините податотека и нагодувања. Моментално се зафатив со локално преведување на некои системски пораки, да видам чисто како изгледаат, плус вршам поправки на некои грешни преводи (на пр. MediaWiki:Monday треба понеделник, а не Понеделник, оти грешно доаѓа со голема буква кога ќе употребиш {{CURRENTDAYNAME}}). Сѐ што е финална верзија на пораката ќе го пренесувам во бета и ќе ги бришам локалните тест-верзии. Поздрав, Brainmachinewtf? 09:21, 6 октомври 2008 (UTC)
Ок, ако ги прифаќаш моите образложенија погоре тогаш мислам дека финален договор е податотека и нагодувања. Иначе и јас еднаш ги испреведов голем дел на системски пораки локално на мк.вики па после некоја виша сила добар дел од нив ми ги врати на старо, т.е. англиска верзија. Тоа беше поводот што се одлучив да одам на betawiki, а после сватив дека има и други бројни предности да си таму. Ако си нестрплив, може секоја порака која ќе ја преведеш локално на мк.вики истовремено тоа да го направиш и на betawiki, ама можеш тоа прво да го направиш на betawiki па подоцна (релативно брзо) тоа да се ажурира низ сите проекти, ова е за нијанса помалку работа од твојот начин а се постигнува истиот ефект. Што се однесува до системските пораки од типот MediaWiki:Monday или MediaWiki:January мислам дека има еден системски проблем, кој можеби треба да се дискутира на соодветно место. Имено во англискиот јазик деновите и месеците си се пишуваат со голема буква без разлика каде ќе се најдат во реченицата, кај нас не е така. Е сега можеби во некој случај одговара да се со мали букви ама тоа не е генерално решение. Би требало да има некој механизам сличен на PLURAL во системските пораки, кој за пораките од типот на MediaWiki:Monday, би кажувал кога ќе биде со голема а кога со мала буква. Поздрав, --brest (разговор) 10:47, 6 октомври 2008 (UTC)

Ptbotgourou & Gdgourou

уреди

Dear Brest. You blocked my bot Ptbotgourou (without alert/contact me)... OK It could be normal... but also my personal IP address... so I couldn't connect me until this moment to alert YOU... using a professional connection... that doesn't satisfy me. Please, remove the block of my personnal IP address. My bot is already stopped on MK and i just posted a request to have the flag here. Don't hesitate to contact me here, here (or every wikis i have already an account = 158 ) or by mail (consult your mailbox, mail sent 2 days ago) --Gdgourou (разговор) 09:56, 6 октомври 2008 (UTC)

OK, sorry, I forgot to alert you about blocking of your bot, but first of all, bot status must be approved. Please be patient, some of our beaurocrates will do it, asap.--brest (разговор) 10:51, 6 октомври 2008 (UTC)
No problem for the patience... I will bear with... But for the moment I couldn't check if my personnal IP address it or not blocked. Leave me a message to inform me about that. --Gdgourou (разговор) 14:41, 6 октомври 2008 (UTC)
It was blocked for the moment, by mistake, now it is unblocked.--brest (разговор) 17:33, 6 октомври 2008 (UTC)
Ok I was unbloked but it's was a mistake in my confi.py... It stopped my bot on the wrong wiki MI unstead of MK. I corrected it Sincerely Sorry. --Gdgourou (разговор) 18:08, 9 октомври 2008 (UTC)
No news regarding my request ? --Gdgourou (разговор) 07:58, 15 октомври 2008 (UTC)
It will be soon, I hope, see my notes to local beaurocrates, [1], [2] and [3].--brest (разговор) 09:17, 15 октомври 2008 (UTC)

Hello, user account global unification

уреди

I´m Amadís, from es:wikipedia; I need to confirm you are user:Brest2007 in es:wikipedia; there are in my userpage a request in order to change your user name ; please, write here, in your discussion, the confirmation, and then, write in my discussion a new confirmation; thaks! (sorry, my english isn´t very good) Amadís (разговор) 20:17, 8 октомври 2008 (UTC)

Thank you for your response. I confirm that I use user:Brest2007 on es.wikipedia, and because of account unification I ask you to merge user:Brest2007 with user:Brest on es.wikipedia. As I see user:Brest on es.wikipedia has no one contributions. Best regards. --brest (разговор) 21:19, 8 октомври 2008 (UTC)
Amadís poked me to have a look at your problem. Your account "Brest" is yet unified. No bureaucrat can rename accounts locally to "Brest". A steward has to delete your global account on meta. The es:wp account "Brest" can afterwards be renamed to e. g. "Brest (SUL)" and your "Brest2007" to "Brest". Finally you have to unify your account again. Regards, DerHexer (разговор) 13:30, 9 октомври 2008 (UTC)

Rename request at th wiki

уреди

Hi! I just rename away the conflict account and rename Brest2007 to Brest. -- th:User:Lerdsuwa 14:44, 9 октомври 2008 (UTC)

TUSC token ef9ef09a26697f5ad67de72777bbee33

уреди

I am now proud owner of a TUSC account! ....--brest (разговор) 01:22, 13 октомври 2008 (UTC)

Предлог: „Википедија: Рецензија“ и систем за оценување на квалитетот на статиите

уреди

Здраво! Те повикувам да го разгледаш овој предлог. Прашањето е отворено за дискусија. Благодарам, Brainmachinewtf? 11:45, 25 октомври 2008 (UTC)

Здраво! Ве, известувам дека на македонски јазик започнува со работа ВикиПроектот Рецензија. Доколку сте заинтересирани слободно може да станете член од овој проект. Исто така сакам да истакнам дека квалитетот на работата на Википедија на македонски јазик може многу да се подобри со членувањето во различните ВикиПроекти и следењето на начелата и критериумите пропишани во нив. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:57, 28 октомври 2008 (UTC)


Каскадна заштита на главната страница

уреди

Ај уште еднаш да прашам: кој ми ги блокира "на денешен ден" и "дали сте знаеле" на гл. стр. кога и онака речиси само јас ги уредував?!? --Црноризец (разговор) 02:36, 28 октомври 2008 (UTC)

Види каскадна заштита (2008.10.23) на главната страница, од страна на user:Brainmachine. Тоа значи дека главната страница и сите трансклудирани страници на главната страница се заштитени од уредување од страна на корисниците. Последица од ова е тоа дека дали сте знаеле нема да може никој да ги уредува освен администратори, бирократи и слични power корисници, додека статиите на денешен ден ќе може да бидат уредувани од сите корисници освен оние статии кои се однесуваат на тековниот датум. Заштитата веројатно е направена со цел да се заштити главната страница од вандализам, иако истата беше подолго време без каскадна заштита и немаше вандализми од таков вид а вредни корисници ги надополнуваа информациите на овие страници со што атрактивноста, актуелноста, точноста и информативноста на википедија на македонски јазик воопшто се подигаше на повисоко ниво. Иако има смисла каскадната заштита, сепак образложението од сега сите промени мора да одат преку дискусија дадено од страна на user:Brainmachine мене не ми изгледа доволно за да се воведе ова ниво за заштита, со оглед на вашиот досегашен позитивен ангажман и сегашен револт. Но сепак треба да се разговара со user:Brainmachine да се види дали има некои други дополнителни причини за превземената акција за каскадна заштита. Поздрав.--brest (разговор) 07:14, 28 октомври 2008 (UTC)

 Ок Готово Now, out of politeness you could devote now some your time to my cases, they are also all right a stub for the time being. Thanks still!--Lodewijk Vadacchino (разговор) 22:41, 7 ноември 2008 (UTC)

Иницијатива 22,222

уреди
Иницијатива 22.222
         Здраво, Brest/Архива/2008/декември/31!
Голема благодарност за Вашите придонеси во остварувањето на бројката од 20 000 статии на Википедија на македонски јазик. Но, сепак тоа веќе е минато, а мора да се стремиме кон иднината, па затоа покрената е нова иницијатива, според која очекуваме бројот на статии на Википедија на македонски јазик да ја достигне бројката од 22 222 до крајот на оваа година. Во време кога македонската Википедија е под револууционерни промени, кога очекуваме започнува со работа и ВикиПроектот Рецензија кој ги дава насоките во оценување на квалитетот на статиите, од особено значење е да се постигне многу и во зголемување на бројот на статиите. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

 ОкВи благодариме за Вашите придонеси во остварувањето на целите на иницијативата.

--Kiril Simeonovski (разговор) 22:50, 9 ноември 2008 (UTC)

Зошто само 22.222, нека биде 50.000.--brest (разговор) 23:11, 9 ноември 2008 (UTC)

Избрана слика на денот

уреди

Здраво, brest. Мислм дека идејата ти е супер, и треба што се вели уште од утре тоа да го спроведеме, а и причината во големиот број на слики во заедничката ризница е јасна. Но, исто така треба да се обрне внимание и на избраната статија. Се чини, ќе имаме проблеми, со оглед на тоа дека нема ниту една предложена статија за оваа седмица, па мораме да користиме замена во статијата Канада, што многу пати се има случувано. Јас предложувам, да се покрене иницијатива или да се додаде овој приоритет во ВикиПроектот Оддржување. Подоцна може и цел ВикиПроект да се формира само за оваа намена. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:21, 9 ноември 2008 (UTC)

Вилает или...

уреди

За тоа право да ти кажам размислував пред да почнам со креирање, но според мене подобро стои провинција бидејќи вилает е сепак турски збор. Но, како сакаш, ако треба ќе се замени--Астрион (разговор) 21:10, 11 ноември 2008 (UTC)

Моето гледиште е да се земе оној поим кој што е најадекватен. Да тоа е турски збор, ама се работи за административна поделба на турција.--brest (разговор) 21:53, 11 ноември 2008 (UTC)

Нешто слично како жупанија во Хрватска. Boyan (разговор) 11:17, 16 ноември 2008 (UTC)

Да мислам дека така е подобро, жупанија во Хрватска, области во Бугарија, вилаети во Турција, провинции некаде на друго место и сл.--brest (разговор) 11:25, 16 ноември 2008 (UTC)

Честитки

уреди

Здраво. Ајде со среќа нека ни е новиот модел на работа со избраните слики. Деновиве ми текна еден ефективен начин за зголемување на бројот на статии, кој го имаат спроведено речиси сите останати Википедии. Тоа се статиите за годините. На Википедија на македонски јазик немаме ниту една статија за годините пред новата ера, а на другите има за сите години од 1 милениум п.н.е. по една статија. Мислам дека тоа ни е потребно. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:36, 16 ноември 2008 (UTC)

Да потребни ни се и таквии статии. За да ставиме некоја содржина во нив, покрај другото можеме да ги искористиме статиите / биографии, ако се категоризираат по година на раѓање/умирање, јас нешто почнав со користење на шаблоните {{роден на}}, {{починал на}} и сл. Ако сметаш дека може тоа да ти користи слободно искористи го. Во секој случај секој допринос е добредојден.--brest (разговор) 11:25, 16 ноември 2008 (UTC)
Ок е. Јас вчера уредив околу 400 статии, а денес планирам да ги доуредам и останатите 500, па после можеме да ги пополнуваме. Навистина имаме многу статии за Античка Македонија, Античка Грција, Стариот Рим, па и за првите цивилизации кои содржат настани кои се случиле во години за кои немам статии. Истото важи за биографиите. Сега, со ова мислам дека тоа без проблем ќе се реши. Само не знам дали да уредувам статии за години од првиот милениум п.н.е. или и за вториот. На многу други Википедии се уредени само од првиот, но на српската пополнет е цел втор, па дури и 3 века од 3. милениум п.н.е. Мене приоритет ми е само првиот, бидејќи најмногу би ни користеле тие години. За вториот и третиот евентуалнио може да уредувам статии, со цел да порасне нивниот број. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:37, 16 ноември 2008 (UTC)

Вандал

уреди

Те молам ако можеш блокирај го овој корисник со ИП адреса 213.151.217.131 зошто вандалисира и навредува на статијата Античка Македонија.-- MacedonianBoy  Oui? 19:01, 17 ноември 2008 (UTC)

Brest, бидете малку повнимателни при блокирања на анонимни корисници на рокови од по 1 година(!) само за едно вандалско уредување. Јас го одблокирав IP-то. Оваа адреса можеби е динамична, ако сега му припаѓала на еден, утре ќе припаѓа на друг. Затоа ризикуваме некој друг да биде блокиран. Пред да блокирате некој корисник од анонимна адреса, најпрвин предупредете го еднаш, ако пак вандализира, дајте му крајна опомена, а трета е блок, но со малку поразумни периоди — на пр. една недела. Brainmachinewtf? 19:50, 17 ноември 2008 (UTC)
Баш убаво што го одблокира, направив голема грешка така да сега ме гризе совеста, нема да можам да заспијам.--brest (разговор) 19:53, 17 ноември 2008 (UTC)
Мило ми е што помогнав :) Brainmachinewtf? 19:59, 17 ноември 2008 (UTC)

Блокови

уреди

Brest, ве молам внимавајте со блоковите. Каде е логиката во блокирање на било кој корисник само за едноставно празнење на било која статија? На пример, некој штотуку се запознава со Википедија и нејзината можност за уредување, отвара на „уреди“ и ја празни целата страница со генерички коментар (гфгхфху). Чисто експериментално. И што добива за тоа? Блок од една недела без никакво предупредување. Што се случи со „претпоставете добри намери“? Ваквите блокови се контрапродуктивни пред сѐ. --Brainmachinewtf? 17:14, 18 ноември 2008 (UTC)

Пед да одблокираш некој кој е блокиран од друг администратор треба да продискутираш за тоа со администраторот кој го направил блокирањето. Погледни го правилото кое што го посочуваш. BTW уредувањето направено од блокираната IP воопшто не е со добра намера што може да се види од авион. Друг пат биди малку поактивен на википедија и реагирај со твоите укажувања на време, пред некој друг да превземе акција. --brest (разговор) 19:11, 18 ноември 2008 (UTC)
Но, јас го одблокирав бидејќи беше неправедно блокиран, за да ги заштитам неговите интереси, па мораше да интервенирам бргу. Нема потреба од дискусија за тоа дали блокот е валиден - мора да ги почитуваме корисниците, а повторно, блок од едно празнење на статија, без разлика дали е за Грција или за Четир' коња дебела, е едноставно — премногу! --Brainmachinewtf? 20:50, 19 ноември 2008 (UTC)

Слики

уреди

Те молам да ги видиш статиите што Крумески ги прави (односно не прави статии туку сликовници). Статиите немаат никаква естетика и лигат на страница од блог со закачени слики и слични глупости. Намали ги галериите имаат ставано безвезни слики како на пример камења во БГ или цвеќиња во БГ?!?!?!? Јас немам намера да се расправам со деца. Поздрав-- MacedonianBoy  Oui? 23:33, 18 ноември 2008 (UTC)

И уште нешто види го ова Прекрши 3РР правило. Поздрав-- MacedonianBoy  Oui? 23:36, 18 ноември 2008 (UTC)

За избраната слика

уреди

Здраво, brest. Ја поздравувам активноста со средувањето на категориите за години, а исто така и работата за секојдневно избрани слики. Но, сепак мислев дека ќе започнеме од декември, бидејќи и месецот започнува со нова седмица. Но, нели мислиш дека е чудно тоа што во ист ден и на Википедија на македонски и на Википедија на руски јазик истата слика е избрана? Или сепак станува збор за коинциденција? Во секој случај, супер се сликите за 2009. Но, исто така миора да бидеме и построги во изборот на статија на главната страница, бидејќи вака секоја статија што е предлошена се избира. Нема никаква конкуренција, а статијата џамија во последен момент ја средувавме за избрана. Мислам дека тука мора некои работи да се променат, а тоа мора да оридонесе до отпочнување со работа на ВикиПроектот Рецензија. Исто така, јас ќе покренам уште многу иницијативи со цел подобрување на квалитетот на статиите. Досегашниве се покажаа како одлични. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:16, 21 ноември 2008 (UTC)

И јас да се надоврзам во врска со сликите, гледам дека сите слики се од областа на биологијата, ботаниката или зоологијата. Нормално е дека кога се од ризницата нема да бидат за Македонија, но сметам дека треба повеќе да ги 'туркаме' сликите од Македонија. А ова некако е многу начесто за сликите слика на денот. И уште една примедба, во описот за сликите имаме секогаш лат. како кратенка, нешто што го среќавам во повеќе статии. На ниту една википедија (освен српската) не стои мак. или анг., секаде стои целосното име на јазикот, затоа и ги преправив од лат. во латински:. Се надевам не е проблем :)
П.С. За руската Википедија, веројатно и тие ги ставаат истите од ризницата слики.

гитардэмонговори со мной √ 19:13, 21 ноември 2008 (UTC)

Што се однесува до избрана слика на денот, мислам дека почетокот е завршена работа, сега треба да се преведат описите на сликите за идните месеци. Во моментов се на англиски јазик. Преводот треба да се прави на Commons, а после од таму може да се преземат со едно обично copy & paste. Но може да се работи и паралелно на преводот и на Commons и на мк.вики. Причините зошто го дадов овој предлог за слика на денот ги наведов во самиот предлог како и начинот на избор, кој што предвидува да се избере слика различна од онаа на Commons, иако најдобро би било некоја слика на наш корисник таму да биде избрана, бидејќи критиката таму е далеку поголема, но за содржини од интерес за нашата заедница ќе има простор и тука да се даваат придлози и да се усвојуваат. Практично тоа може да се случува секој ден доколку за тоа има интерес.
Иначе овој начин на работа со преземање на избраните слики од Commons покрај нашата википедија и како што имаш забележано руската, го имаат направено според мои сознанија и pt, bg, nl. Можеби има и некој друг случај ама не сум анализирал. Мое лично мислење е дека ова ќе стане пракса наскоро за сите помалку активни википедии. Можеби кон ова нема да се приклонат англиската, германската, француската википедија и сл. кои имаат извонредно големи и активни вики заедници. За помалите вики заедници, како нашата, ова е извонредно добар начин за збогатување на содржините со квалитетни слики кои ќе се менуваат дневно.
Што се однесува до избрани статии, лично мислам дека една недела е прекраток период споредено со тековната активност на уредувачите. Едноставно го немаме тој квалитет и квантитет. За жалење е, ама вистинито! Знаеш, на милионер некои би искористиле џокер уште на првото прашање. Погледни во скорешни промени, секоја чест на малиот број исклучоци, али ситуацијата е за жалење.
Мое мислење е дека треба нешто да се направи (незнам што) за да се привлечат квалитетни и несебични уредувачи кои можат и би сакале да го споделат своето знаење. Подигнувањето на критеиумите за квалитет ќе значи стоп за оние кои би сакале да придонесат ама не можат да ги задоволат тие критериуми. Симнувањето на критериумите ќе значи поголемо присуство на секакви уредувачи и да се надеваме дека од квантитетот ќе се роди квалитет. --brest (разговор) 19:40, 21 ноември 2008 (UTC)

За 20те илјади статии

уреди

Имам и една друга забелешка, а таа е дека ние во суштина немаме 21.327 статии. Впрочем имаме статии за секој датум (366 статии) и посебна статија за секој датум за родени, починати и настани (3 x 366 = 1098), а не знам ниту една друга Википедија да има вакво нешто. Тоа се плус 1.100 статии кои во суштина не постојат, т.е. се веќе вклучени во статијата за соодветниот датум. Е сега јас имав предложено да се реши тоа и пред подолго време но никој не одговори на мојот повик. Моето решение е на пример да бидат во форма 25 март/родени, 25 март/починале, 25 март/настани и тие да се трансклудираат во делот на главната страница 'на денешен ден' а воедно и во статијата за датумот, т.е. статијата за 25 март да има форма:


25 март...

==Родени==
{{{{PAGENAME}}/Родени}}

==Починале==
{{{{PAGENAME}}/Починале}}

==Настани==
{{{{PAGENAME}}/Настани}}


Мислам дека кодот вака работи, а ако не работи само PAGENAME го менуваме со 25 март и ќе фаќа. Како и да е, еве едно решение за 1.100 непостоечки статии. Мислам дека не е фер да мамиме со бројот на статиите.

--√ гитардэмонговори со мной √ 19:13, 21 ноември 2008 (UTC)

Забелешката може да се смета дека е на место, иако 25 март/родени, 25 март/починале, 25 март/настани ... се бројат не како една страница ами како три страници, провери ќе видиш. Што значи она што ти го предлагаш само е друга форма на она што сега е имплементирано. Ако сакаш да не се бројат како страници тогаш треба од главниот именски простор да се префрлат во некој друг, пример шаблонскиот именски простор. Но сепак ова не се шаблони, ами си се статии.

Но јас сум за тоа да стојат работите вака како што се. Не толку за да бројот на статии биде вештачки зголемен (за ова сум дискутирал и порано, тука а има и Википедија:Проект:На денешен ден) колку поради тоа што лично мислам дека доколку направиме една статија пример: 25 март и во неа имаме заглавија: родени, починати, настани, еден убав сончев ден повторно ќе се укаже потреба за добар дел од тие 366 статии да се направи split на неколку дела, од причини што ќе станат премногу големи листи така да нема да биде забавно комплетно да се читаат. Има сличност со случаите на големи листи. Пример листи на писатели. Од толку што биле големи се поделиле на 26 подлисти, па овие понатаму пак се делат на свои подлисти, ... Покрај тоа во порталот Биграфија се користат само 25 март/родени и 25 март/починале што е згодно, имаме динамичко пополнување и на главната страница и на порталот.--brest (разговор) 19:59, 21 ноември 2008 (UTC)

Во однос на ова прашање, јас ќе речам дека од една страна е добро, но од една лошо тоа што имаме повеќезначни статии за една дата. Мислам дека проблемот со тоа што треба да биде речиси е решен. Конкретно јас мислам, дека најдоборо би било наместо статиите од типот 25 март (настани), 25 март (родени) или 25 март (умрени) да стојат соодветни категории кон кои ќе има директни линкови од статијата. Нешто во овој стил:

::==Родени== {{main|Категорија:Родени на 25 март}}

Но, клучниот проблем е тоа што не треба да се жалиме на прекумерниот број на статии, бидејќи ни се потребни голем број на статии за месеци од секоја година. Ова посебно важи за последните неколку години, или за годините со голем број на настани, па така потребни ни се статии како: август 2008, април 2007, јуни 2006 и сл. Точно е дека овие статии ги има само на јазичните изданија на Википедии со најголем број на статии, но сепак мислам дека се потребни и на Википедија на македонски јазик, а сообено поради фактот што тоа индиректно спаѓа во доменот на ВикиПроектот: На денешен ден. Затоа мислам дека потребно е да се обрне поголемо внимание за работи кои се значајни, ги има на другите јазични изданија на Википедија, а ги нема на Википедија на македонски јазик, а не на нијанси во однос на распопредот на содржината на некои статии. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:36, 21 ноември 2008 (UTC)

RE:Цркви / џамии, категоризација

уреди

Вака сега, во моментот јас имам џамии, кои треба во Категорија:Цркви во Истанбул да ги преименувам во цркви. Но доколку ги преименувам во цркви, тогаш во “Категорија:Џамии во Истанбул“ тие повторно ќе си останат цркви. На англиската верзија не е така, туку си остануваат во Категорија:Цркви во Истанбул - цркви, во “Категорија:Џамии во Истанбул“ - џамии, и покрај тоа што се работи за исти статии. Можеби не те разбрав како што треба, ако сакаш покажи ми еден пример па јас ќе довршам. Фала, поздрав--Астрион (разговор) 18:02, 23 ноември 2008 (UTC)

Арапска џамија кога била црква се викала Црквата Свети Доменико, на пример.
Да, но не е како на англиската верзија за оваа црква-џамија. [[4]], Church of San Domenico (Constantinople), а кај нас останува Арапска џамија--Астрион (разговор) 19:37, 23 ноември 2008 (UTC)

..... Добро, сега е добро, но како оди тоа сеуште за жал не ми е јасно

Анализирај ја страницата за пренасочување, таа е клучот.--brest (разговор) 19:46, 23 ноември 2008 (UTC)
т.е. еве што треба да стои во статијата Црква "Свети Доменико"
#пренасочување [[Арапска џамија]]
[[Категорија:Цркви во Истанбул]]
Покрај тоа треба во статијата Арапска џамија да се тргне Категорија:Цркви во Истанбул.

Вандализам

уреди

Здраво Брест,

Забележав вандализам на статијата 24 ноември (настани) од 79.125.232.47. Прво, не е лошо да ја блокирате адресава. Второ, нели нерегистрирани корисници не можат да прават измени на статии од главната страница? Овој ги направил измените токму денес. Немој само пак и мене да ме блокирате (МацедонианБој или кој веќе...) :-)

Поздрав, --Црноризец (разговор) 21:56, 24 ноември 2008 (UTC)

Повеќе соопштенија и известувања

уреди

Здраво, brest. Го прочитав соопштението по повод 20.000 статии на Википедија на македонски јазик и навистина ми се допадна начинот на кој тоа беше соопштено и се појави на страниците на најчитаниоте веб-страници и портали во Македонија. Но, мислам дека е потребно односите со јавноста да се градат и од друг аспект. Имено, мислам дека е добро да испратиме известување, односно молба и до високообразовните институции, како и до МАНУ за нашата активност на Википедија на македонски јазик. Мислам дека е потребно да го следиме примерот на српската, хрватската, бугарската, а можеби и многу други јазични изданија на Википедија. Мислам дека добро би ни дошла подршка од страна, а преку односите со јавноста би можеле и да извлечеме корист од придобивање на нови корисници, подобра организација и повеќе материјал при уредувањето. Се разбира, ова нема никаква врска со политичките институции. Мислам дека е потребно да го запознаеме секој млад човек, а и сите луѓе воопшто со Википедија на македонски јазик, што можам да забележам дека и сега е на доста добро ниво. Оваој предлог ти го предложуувам тебе како искусен во оддржувањето на односи со јавноста, а доколку постои интерес може да го ставам и како предлог во порталот идеи. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:31, 29 ноември 2008 (UTC)

Секоја идеја и иницијатива е добредојдена. Доколку имаш можност за промовирање на википедија до горенабројаните институции веднаш искористи ја. Нам од особен интерес треба да ни се имателите на дигитални енциклопедиски содржини кои се подготвени да ги преотстапат под GFDL лиценцата, како и оние кои се подготвени да дадат свој придонес во уредувањето на википедија.--brest (разговор) 10:49, 30 ноември 2008 (UTC)

I am a owner of user:GnawnBot. I noticed recently that my bot is blocked here. I want to make a request for approval, but just can not find where I do! Please notify me through either Korean or English page. Regards.StormDaebak (разговор) 05:22, 5 декември 2008 (UTC)

Flag is granted, but bot is still is blocked. Unlock it promptly, please. Best regards,StormDaebak (разговор) 15:46, 7 декември 2008 (UTC)

Имаш ли забележано дека Корисник:Volkov малце прави flood на скорешните промени во последно време? Најверојатно го пушта ботот преку обичната сметка. Да го прашаме за bot flag да не треба? --Brainmachinewtf? 00:30, 8 декември 2008 (UTC)

Најверојатно наместо од Volkovbot го има стратувано од Volkov. Предупреден е на ru.wikipedia, тука е блокиран. После гледам работи со IP па и таа е на кратко блокирана. Мислам дека кога ќе забележи ќе се среди работата. Иначе не е проблем да функционира овој бот.
Hi there! No reason to worry about. Switching accounts in AWB has destroyed the bot's login data, resulting in some edits made under anon IP. This is an effect of an ever-lasting pywikipedia bug #1985308 and that was one of the reasons I used my main account with AWB. Sorry for flooding up your rc. I tried to use delays between edits, maybe they weren't big enough. Anyway, I hope these edits didn't make much harm and were in fact useful since they link mk.wiki to other wikis. All edits have been marked as minor, so they were easy to be hidden from rc. If you see any problem with my or my bot's edits, please let me know on my talk page @ ru.wiki, no need to apply long blocks, any issue can be fixed promptly. Regards, --Volkov (разговор) 07:21, 8 декември 2008 (UTC)

Иницијатива за квалитетни статии

уреди
Иницијатива
           Здраво, Brest/Архива/2008/декември/31!
Сакам да Ви се заблагодарам за досегашната помош во остварувањето на целите на иницијативите на Википедија на македонски јазик. Инцијативата за квалитетни статии има за цел е новиот предизвик, кој бара подобрување на квалитетот на постоечките статии, правејќи ги поверодостојни и обемни за да го привлечат вниманието на читателот. Во функција е и ВикиПроектот Рецензија со рецензијата која овозможува ситни промени во статиите. За повеќе информации видете:Википедија:ВикиПроект Квалитетни статии Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 01:38, 13 декември 2008 (UTC)

Иницијатива 25.000

уреди
Иницијатива
         Здраво, Brest/Архива/2008/декември/31!
Сакам да Ви се заблогадарам за големиот придонес во достигнувањето на бројката од 22 222 статии на Википедија на македонски јазик. Пред нас е нов предизвик, а тоа е постигнувањето на бројката од 25 000 статии. Имено, сакам да Ве повикам во интензивното уредување на нови статии, со што за краток период би ја достигнале и оваа бројка, со што би добиле енциклопедија, која во вистинско светло го афирмира македонскиот јазик. За повеќе информации видете: Википедија:ВикиПроект Нови статии Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 01:38, 13 декември 2008 (UTC)

Додавање шаблон

уреди

Здраво Brest, незнам дали треба да ставиме шаблон за еврејската или христијанската населба бидејќи тие сите се дел од Стариот град. барем на англиската верзија не е ставена. --Астрион (разговор) 23:04, 15 декември 2008 (UTC)

Здраво

уреди

Еј, здраво, се извинувам за задоцнувањето, но еве ја скенираната страница од „Речникот на странски зборови во македонскиот јазик“ која ми ја побара, а каде е содржан зборот датотека. Се надевам дека се чита убаво. Поздрав --Виолетова (разговор) 19:41, 17 декември 2008 (UTC)

Работа за бот

уреди

Здраво. Ова е категоријата, која може да се покаже како многу плодна ако ги имаме овие статии и на мк.вики. Затоа мислам дека треба да го симнеме ботот и да ги среди статиите. Има повеќе страници категоријата, со над 7500 статии. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:21, 20 декември 2008 (UTC)

Јас симнав еден Active Python, но чекам Милош ако може да ми ги прати командите, па да го програмираме. Ако знаеш нешто, види и ти. Јас се водев според неговата препорака, Pywikipedia.

Здраво. Python е програмски јазик. Потребно е да го инсталираш на твојот компјутер (локално). Потоа треба да испрограмираш бот или подобро да симнеш готов (веќе испрограмиран) и да извршиш нагодување за твои потреби. Пример meta:Using_the_python_wikipediabot. Овој бот може да: средува категории, креира интервики јазични врски, средува двојни пренасочувања и брише прекинати пренасочувања, .... (види повеќе детали на meta), но мислам дека овој бот не е тоа што нам ни треба. Можеби за тоа треба да се погледне oвде? Кога ќе имам малку повеќе време ќе погледнам подетално.--brest (разговор) 21:13, 23 декември 2008 (UTC)

По се изгледа може да се работи и со pywikipediabot на подигање на текстуални податотеки на википедија, т.е. статии, види тука. Тоа значи дека претходно треба овие текстуални податотеки да се креираат локално од некоја база. Она што е твојата идеја, за симнување на статии кои се во некоја категорија на некое друго јазично издание (пример оваа категорија на википедија на руски јазик) па после да се преведат и таквии да се подигнат на мк.википедиа можеби може да се изведе и со извоз (од ру.вики) --> превод (локално на твојот компјутер) ---> увоз (на мк.вики), во кој случај најверојатно нема потреба од бот.--brest (разговор) 23:00, 23 декември 2008 (UTC)
Исто така можеш да го погледнеш en:Wikipedia:AutoWikiBrowser, како и meta:MWiki-Browser, тоа се полуавтоматски алатки за уредување на википедија статии.--brest (разговор) 23:20, 23 декември 2008 (UTC)
А, зошто специјалната страница за увоз на мк.вки е празна. Може ли да се среди. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 09:19, 24 декември 2008 (UTC)
Не знам точно зашто, најверојатно недостигаат некои нагодувања или можеби таа опција е оневозможена. Треба да се провери.--brest (разговор) 09:20, 24 декември 2008 (UTC)
Добро, сепак мислам дека треба да размислиме за ботови, бидејќи ова бара преведување, што испаѓа исто како и при обичното уредување на статија. Ако можеш нешто стори преку овие страници, ако не, јас веќе го замолив Милош да ми објасни малце повеќе Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:34, 24 декември 2008 (UTC)

Превод

уреди

Books which have nerver been published in a particular language, should stay in the original language. The four books of Волен Сидеров have never been published in RM! Why did you add this? Потребител:Bogorm (разговор) 11:06, 24 декември 2008 (UTC)

Не се работи за референците, туку за текстот на статијата. Имате вметнато зборови кои не се македонски, најверојатно се руски, српски и бугарски. Би сакал да ве предупредам дека употребата на навредливиот акроним за нашата држава нема да се толерира во иднина (ниту во статиите ниту во страниците за разговор). Би ве замолил да го поправите вашиот однос кон останатите членови на вики заедницата.--brest (разговор) 11:16, 24 декември 2008 (UTC)
Доволен садa? Треба ли да исправим нешто друго? Потребител:Bogorm (разговор) 11:46, 24 декември 2008 (UTC)
Најискрено. Доста веќе уредуваш на оваа Википедија. Дај изгуби се и оди на руската или на бугарската Википедија. Немаме намера да те поправаме повеќе а и многу ја наруши атмосферата на оваа Википедија. Ти не си ни од корист па затоа најискрено и најдобронамерно те замолувам да престанеш да уредуваш тука бидејќи не го знаеш македонскиот јазик воопшто а и со твоите коментари можеш да добиеш блок за секогаш. Поздрав-- MacedonianBoy  Oui? 11:57, 24 декември 2008 (UTC)
Молим ви да не ме претите. Jа сакам само да сe ослободува Волен Сидеров од шаблонот. Согласен? Потребител:Bogorm (разговор) 12:13, 24 декември 2008 (UTC)
Reach the criteria in order to remove the templates and them stop editing here. Really we are tired of you and your behaviour. Regards-- MacedonianBoy  Oui? 12:19, 24 декември 2008 (UTC)

Мерни единици

уреди

И јас се размислував за истото и самиот не бев сигурен, но ете, сега ми се разјасни. Ги вратив приложните промени, а ќе гледам и да менувам секаде каде ќе наидам на неправилности. Благодарам --Б. Јанкулоскиразговор 09:31, 28 декември 2008 (UTC)

Буквите

уреди

Ај те молам кажи ми што беше спорно со буквата Н со цртиче што ја избриша? Таа е буква што означува ŋ. Поз-- MacedonianBoy  Oui? 17:41, 30 декември 2008 (UTC)

Ништо посебно спорно со буквата, ама после буквата имаше (Кирилица), спорна беше буквата К која не беше на кирилица туку на латиница. Кога се работи за ваков тип на грешки (во прашање се буквите кои имаат иста форма и исто звучат во кирилица и во латиница: А, Е, Ј, К, М, О, Т, односно буквите кои имаат иста фомрма но различно звучат: B, 3, S, P, C, X). За да провериш дали насловот е коректно напишан пробај да направиш пренасочување на статијата, при што ќе се потрудиш новиот наслов да го напишеш коректно. Ако пренасочувањето помине тогаш сигурно некаде има некоја финта со буквите кои се погоре посочени (не заборавај при тоа да ставиш шаблон за бришење на страницата за пренасочување, бидејќи тоа пренасочување е непотребно, секако ако има вики врски кои водат до неправилниот наслов на статијата, погрижи се истите да ги поправиш).--brest (разговор) 18:13, 30 декември 2008 (UTC)
Аха, ок. Не го сфатив убаво, ок е сег. Поздрав-- MacedonianBoy  Oui? 18:16, 30 декември 2008 (UTC)

Иницијатива за градови во Македонија

уреди
Иницијатива за градови во Македонија
         Здраво, Brest/Архива/2008/декември/31!
Сакам да Ви се заблагодарам за Вашите скорешни придонеси и да Ве известам дека во рмките на ВикиПроектот Македонија се покренува иницијативата за подобрување на квалитетот и проширување на статиите за градовите во Република Македонија. За повеќе информации посетете ја листата на градови кои бараат промени, поделени по региони, ВикиПроектот Македонија, како и ВикиПроектот Географија. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 20:24, 30 декември 2008 (UTC)

Назад на корисничката страница на „Brest/Архива/2008/декември/31“.