Разговор со корисник:Brest/Архива/2007/јули/12

brest T 
архива на разговори (1,26M+)
тековни

2012/13 (67.6k)


2012.01.01 - 2013.12.30 67.6k 

2010/11 (205k)


2010.10.31 - 2011.12.30 30k 
2010.08.05 - 2010.10.31 58k 
2010.04.25 - 2010.08.05 74k 
2009.12.31 - 2010.04.25 43k 

2009 (318k)


2009.09.22 - 2009.12.31 32k 
2009.04.30 - 2009.09.22 44k 
2009.02.28 - 2009.04.30 58k 
2009.01.31 - 2009.02.28 129k 
2008.12.31 - 2009.01.31 55k 

2008 (460k)


2008.10.06 - 2008.12.31 76k 
2008.08.22 - 2008.10.06 63k 
2008.05.21 - 2008.08.22 63k 
2008.04.21 - 2008.05.20 46k 
2008.03.21 - 2008.04.20 50k 
2008.03.03 - 2008.03.21 50k 
2008.02.24 - 2008.03.03 39k 
2008.01.22 - 2008.02.24 34k 
2007.10.08 - 2008.01.22 39k 

2007 (209k)


2007.09.01 - 2007.10.08 56k 
2007.07.12 - 2007.09.01 39k 
2007.06.25 - 2007.07.12 32k 
2006.04.17 - 2007.06.25 82k 
mini
mini
За подобрување и унапредување на Македонската Википедија
за Брест од Виктор

Php скрипта

уреди

Да, ми треба само место каде ќе се постави скриптата. Веб серверот треба да има модул за пхп и ништо друго. Инаку новите дискусии префрлете ги овде, инаку архивата би немала смисла ;) --Милош 19:45, 29 јуни 2007 (UTC)

По инерција Виктор ги има продолжено дискусиите во архивата, но бидејќи беа една целина не сакав сеуште да ја пренасочувам дискусијата тука. Но еве сега се случи префрлувањето таму каде што треба. За php скриптата само да ти отворам еден ftp account на http://wiki.ridarec.com, call me for uname/pwd.


Античка Македонија и Антички Македонци

уреди

Статиите за античка Македонија и антички Македонци представуваат оригинално истражување и даваат негации на официјалната светска историја без цитати.Барам да се делетираат и да се преведат соодветните статии од англиската википедија.89.205.10.187 2007-07-02T12:44:32

Потребно е на страниците за разговор на соодветните статии да започнете дискусија во врска со вашите гледишта. Најдобро е претходно да се регистрирате и вашите коментари да ги потпишувате со вашето корисничко име како би можеле останатите корисници лесно да ги следат вашите коментари во однос на коментарите од останатите корисници. Што се однесува до преведувањето на соодветни статии од википедија на англиски јазик мислам дека во случајов е неизводливо. Проектот википедија на англиски јазик е различен проект од проектот википедија на македонски јазик, зад двата проекта стојат во главно различни уредувачи. Може ли да ни посочите линк кон сајтот на официјалната светска историја, како би можеле од таму да ги превземеме официјалните светски историски одредници?--brest 11:20, 2 јули 2007 (UTC)

Перверзен предлог

уреди

Брест, овде се прави калакурница со историјата и предлагам сите статии поврзани со Македонија, Македонците, македонскиот јазик, македонската култура, македонското потекло и сл. да се заштитат и секоја потенцијална промена да се издискутира од сите страни. Ако ние го фалсификуваме своето постоење тогаш некој ќе треба да го докаже тоа, ако ние крадеме туѓо тогаш некој ќе треба да го докаже тоа, ако ние не посочуваме извори или посочуваме псевдо-извори или квази-извори тогаш они нека посочат неутрални и точни извори. Ова веќе преминува многу граници на толеранција... Следам што се случува, што се прави со статииве кои ги наведов, ама не сакам да се впуштам во расправија со некои полуписмени квази-уредници кои шират пропаганда каде не ѝ е место. Те молам да го разгледаш овој предлог, т.е. да размислиш околу него. Ова е веќе втор пат да предложам нешто вакво. Се надевам дека нема да треба да пишувам и трет пат ;-) --Филип што бе?

Дали те разбирам добро, кој предлог е перверзен:
  1. твојот предлог за заштита (од уредување) на статиите поврзани со Македонија, Македонците, македонскиот јазик, култура потекло и сл., или
  2. предлогот (барањето) на претходниот / анонимниот корисник?--brest 17:52, 2 јули 2007 (UTC)


Мојот,секако. Сепак не сакам да зборам у туѓо име :-D --Филип што бе?
Со оглед на тоа што на добар дел од статиите им е потребно понатамошно брусење, мислам дека во оваа фаза на развој на википедија сеуште е рано да се прибегнува кон масовно заштитување на статиите. Секако сите кои на вандалски начин ќе се обидат да ги менуваат статиите, па дури и таквии какви што се, мислам дека треба да се санкционираат, што до сега и е правено. Ако се почитуваат правилата на википедија, секој може да го даде својот допринос. Се надевам дека нема да има потреба од заштита на страниците, се со цел да ја оставиме можноста истите да се подобрат.--brest 20:58, 2 јули 2007 (UTC)

Објаснување

уреди

Вашето објаснување во однос на категориите баш и не ми помогна многу. Сега имам нова статија која сакам да биде во категоријата Книжевна теорија, но поради тоа што не би сакала да ви задавам мака и да ги пренасочувате статиите нема да ги ставам. Искрено, јас во wikipedi-јава главно правам copy-paste :) од претходните корисници, значи гледам како е тоа направено и истото го правам и јас, според моите придонеси можете да видите дека главно пишувам за книжевност, а за компјутериве сум целосно самоука. Така што, ако не ви пречи вие тоа да го правите за мене, ОК, ако ви пречи да најдеме начин како ќе ми објасните за да продолжам да ставам статии --Inajor

Токму начинот на кој што работите (copy/paste) може да ви помогне околу категоризирањето на статиите кои ги уредувате, и воопшто околу нивното уредување. Доколку нешто не ви е јасно како да уредите, можете да погледнете некоја добро уредена статија, кликнете на копчето уреди, и ќе ви се отвори прозорче каде може да го погледнете кодот на статијата.
Кога уредувате некоја статија може да се користите со некои предефинирани копчиња кои се наоѓаат во горниот агол: болдирање, закосување, подвлекување на текст, ... Можете слободно да ги пробате и да научите како функционираат.
Основните техники на уредување се мошне едноставни. Така на пример, додавање на линк правите со едноставно вметнување во аглести загради: [[]]. Ако сакате вашата статија да ја вметнете во некоја категорија, пример Книжевна теорија, тогаш називот на категоријата го вметнувате во аглест загради (двојни аглести загради) додавајчи пред него Категорија:. Прочитај те ги страниците за помош за да добиете основна престава како се врши викиформатирање. Побарајте помош од некој од поискусните уредувачи или од самите администратори. Навраќајте се повеќе пати на статиите кои сте ги започнале или сте направиле уредување, дополнувајте ги или извршете дополнително форматирање. На тој начин ќе стекнете вештина за добро форматирање и пишување на статии.
Ако ги оставите статиите неформатирани и некатегоризирани, најверојатно некој друг википедијанец ќе помогне во нивното уредување, но не очекувајте тоа да се случи веднаш откако ќе напишете нова статија и на начин подобар од она што сте очекувале или од она што вие самите го можете.
Администраторите имаат обврски околу одржувањето на википедија во поглед на заштита од вандализми врз постоечките статии, спроведување и дефинирање на основните политики на википедија и секако работат на свои сопствени проекти и статии. Така да најчесто од нивна страна на вашите статии може да бидат прикачени некои административни предупредувања од типот: внимание, никулец, превод, за бришење, не е категоризирано и сл., кои служат за предупредување на останатите корисници и на самиот уредувач за тоа во кој степен одредена статија (не) ги задоволува стандардите на википедија.
Трудејќи се да напишете статија со квалитетна содржина, добро форматирана и соодветно категоризирана вие помагате новите корисници да станат вредни уредувачи на википедија.--brest 21:19, 2 јули 2007 (UTC)


Aвторско право

уреди

Здраво ме интересира зошто го отстрани овој дел од статијата Авторско право: „Бидејќи Википедија на македонски јазик, содржи исклучиво текстови на Македонски јазик, оттука и содржината која е поставена на Википедија на Македонски јазик, подлежи на законот за Авторско право на Република Македонија односно пречистениот текст објавен Службен весник на РМ на 12.04.2005.“ Поздрав LBakraceski 18:23, 3 јули 2007 (UTC)

Во страницата за разговор ја образложив причината зошто тоа е направено. Википедија не е проект кој е во рамките на Република Македонија. Во суштина се работи за глобален проект. Во случајот на википедија на македонски јазик повторно имаме глобален проект во кој најповеќе учествуваат лица (правни и физички) кои го говорат македонскиот јазик, но не мора да подлежат на македонската правна јурисдикција.--brest 18:31, 3 јули 2007 (UTC)

Портали и на денешен ден

уреди

Брест, еве ме и мене, по неколкудневно отсуство, повторно назад. Се надевам дека не те намачив многу околу средувањето на јули, но навистина имав обврски; инаку и само ќе ги средeв деновите. Како и да е, таа работа е завршена. Сега август е проблемот. Како што веќе и кажа ти, годишните одмори ќе бидат проблем, а и јас не знам колку ќе имам време самостојно да ги приберам податоците како за јули. Затоа, мислам дека треба да се актуелизира прашањево кај сите активни корисници и на сите да им доделиме по неколку денови во август. Мислам дека (под претпоставка дека барем пет ќе најдат доволно време), нема да биде проблем еден човек да среди шест-седум дена. Од септември па натака ќе биде полесно. Сепак, ако имаш некое подобро решение на проблемов - кажи.

Сега околу порталите: очигледно сум заборавил да го средам Порталот:Уметност (иако планирав), но сега веќе поставив избрана статија и слика и повторно е функционализиран. Само проблемот е што изгледа истото сум го заборавил за уште едно четири-пет портали, поради што мислам дека не е сосема паметно да чекаме предлози и размислувања на корисници во овој период и затоа уште веднаш ќе се зафатам со поставување на избрани статии и слики до крајот на годинава, за потоа, кога ќе има и поголема заинтересираност од читачите на Википедија, да преминеме и на гласање и слично. Мислам дека така е најдобро (земи ја главната страница за пример).

Сега за сега толку.

Поздрав,

--Виктор Јованоски 10:04, 4 јули 2007 (UTC)

Да, август ќе биде проблем, ќе мора да го средиме овие денови. Мислам дека и сега може да се послужиме со А1. Иначе Милош направи една скрипта во php, со помош на која дел од работите се автоматизираат. Може да ја најдеш тука, и слободно можеш да ја користиш. Идејата е да се внесе година и форматиран викитекст а скриптата назад враќа комплетна википедија статија која треба само да ја копираш, и завршена работа. Е сега доколку Милош малку ја усоврши би било можно постоечка статија да се вчита од википедија, да се додадат некои промени или да се изврши корекција и истите да се запишат назад. Во секој случај и вакваа каква што е скриптата може да биде од корист.--brest 10:43, 4 јули 2007 (UTC)
Овој период тешко, можеби во август. Ајде направете распоред по денови, и јас се пријавувам да помогнам. --Милош 10:49, 4 јули 2007 (UTC)
Бидејќи сме тројца да земеме по десет дена, јас би ги земал последните десет дена од август [20, 31]). Само внимавајте да ги средите и постоечките статии од типот 2 август, ... бидејќи таму треба да се вметне {:2 август (настани)}, ... Доколку се пријави уште некој ќе ни олесни.--brest 11:21, 4 јули 2007 (UTC)
Јас се пријавувам за првите десет дена [1, 10]. Само мислам дека ова не е најдобро место за да бараме нови заинтересирани корисници (јас го забележувам ова со два дена задоцнување, а Милош изгледа сеуште го нема ни видено). Одлична идеја, Брест, за формирањето на Википедија:Проект:На денешен ден, само мислам дека треба да ги известиме повеќето активни корисници да го посетат (како кога ти бараше мислење за новата главна страница) и таму да направиме распоред (можеби и некој подолгорочен), па сите да можат да се пријавуваат за уредување и да кажуваат мислења и забелешки. Кажи ми што мислиш за ова, па ако треба јас веднаш ќе почнам со информирање. И уште едно кратко известување: Порталите Историја, Биографија, Уметност и Географија се средени и потполно функционални до крајот на годинава. --Виктор Јованоски 12:04, 6 јули 2007 (UTC)
Значи може понатамошните активности околу проектот на денешен ден да ги коментираме и документираме на страницатаВикипедија:Проект:На денешен ден или на нејзината страница за разговор. Што се однесува до информирањето на останатите корисници незнам колку ќе има интерес, иако според мене и ова прашање е со посебна важност. Да те информирам дека успеав од А1 да ги симнам сите настани (за цела година без јули и дел од август (до 20), не е проблем да ги симнам и останатите), така да ако мислиш дека може да ти помогне тоа може да ме контактираш. Очекувам твои коментари во врска со средувањето на статиите (како например 1 јули) со додавање на илиустрации. Доколку сметаш дека ќе вроди со плод повикот до другите корисници во поглед на средување на статиите поврзани со проектот на денешен ден, тогаш те подржувам да ги повикаш останатите корисници кои сметаш дека ќе бидат заинтересирани. Еве и јас во оваа прилика ги повикувам да го дадат својот допринес, како и коментари и предлози со идеи на страницата за тој проект.--brest 18:14, 6 јули 2007 (UTC)

М О Л Б А

уреди

У историји измена видео сам да сте ви највише допринели чланку Битола, а онда сам видео и да "доста добро говорите српски" па се усуђујем да приметим нешто. Чланак Битола сам прошле године превео са македонско на српски, како од тада на вашој википедији ништа није мењано, морао сам да преводим са енглеске википедије. Мој самосталан допринос о Битољу, нешто је мањи од македонског чланка. Како до информација о том граду немогуће доћи ( свако лето проведем у Битољу и опет ништа) , а ви чим толико пишете о овом граду мора и да живите у њему. Мислим да би било супер када бисте превели са српске википедије и ДОДАЛИ још много тога о Битољу, јер је , искрено, срамота да Срби о Битољу пишу више од Македонаца. Иначе на српској је овај чланак биран и за сјајни (није то и постао) управо зато што нико не зна ништа о том граду. ПА ПИШИТЕ ВИ, МИ ДА ПРЕВЕДЕМО. ПОМОЗИ НАМ МАКЕДОНИЈО!!! ХВАЛА. или ако ме памет служи БЛАГОДАРАМ.-Битољчанин 16:53, 6 јули 2007 (UTC)

Големо благодарам за вашиот интерес за Битола. Навистина имате прекрасна статија за Битола на википедија на српски јазик и се надевам дека наскоро ќе биде избрана за пример помеѓу останатите. Википедијанците кои ја уредуваат википедија на македонски јазик, морам да ви признаам добро имате забележано, имаат посветно релативно малку внимание на уредување на статијата за Битола. Лично јас само технички ја средував статијата без да вметнам некои нови позначајни содржини. Иако има многу работи поврзани со Битола кои тука можат да се запишат. Се надевам дека во блиска иднина тоа и ќе се случи.--brest 17:29, 6 јули 2007 (UTC)

Hi! Can you write this article on hr.wikipedia.org and sr.wikipedia.org?? It's english version: http://en.wikipedia.org/wiki/Kolonka. It's very personal place for me. Please.. :) pl:Wikipedysta:Poznaniak1975

Крадењето на Мона Лиза

уреди

Брест, имаше напишано дека и на 21 и на 22 август во 1911 година е украдена Мона Лиза. Проверив и видов дека, всушност, на 22 е откриена кражбата, па го поправив ова. Патем, внимавај на вакви моменти, зашто и јас додека средував на два-три пати забележав ист настан на две различни дати во два различни извори. Во тој случај побарај трет извор и води се според него. Поздрав, --Виктор Јованоски 12:41, 9 јули 2007 (UTC)

Благодарам за исправката.--brest 16:00, 9 јули 2007 (UTC)

Мала помош

уреди

Здраво Брест, сакам да ти кажам фала и браво за шаблонот што го поправи :)! Уште поблагодарен би ти бил кога би ме упатил во преведување/создавање нови шаблони, некој линк, мала помош, туторијал, било што - зашто навистина имам една листа од шаблони што сакам да ги преведам. Благодарам однапред, Поречанец 12:44, 11 јули 2007 (UTC)

Хммм, шаблони. Пример ако сакаш да менуваш некој постоечки шаблон, исто како и уредувањето на статијата притискаш на копчето уреди и ги правиш саканите измени. Ако нешто расипеш секогаш можеш да се вратиш на историјата на шаблонот и да ја поправиш работата. За почеток можеш да почнеш со едноставни шаблони, па да се префрлаш на покомплицирани. За оние посложените потребно ти е информатичко познавање од теоријата на парсирање. Не е ништо тешко ако имаш желба можеш да научиш како функционира. Ако сакаш да експериментираш со посложени шаблони тогаш подобро направи копија на шаблонот па експериментирај на твојата корисничка страница или на твојата страница за разговор, бидејќи најверојатно шаблонот се користи во други статии, па менувајќи го шаблонот фактички ги менуваш и страниците кои го користат него. Ако не можеш да ја поправиш ситуацијата, тогаш најдобро е да известиш некој администратор за твојата работа кој во последно време е активен, за да ја врати ситуацијата во исправна состојба, бидејќи администраторите обично поседуваат таквии вештини. Не чепкај по шаблони кои се високоризични (означени како таквии или така ти изгледаат) бидејќи може лесно без пардон да бидеш баниран од аминистраторите за твоите дејствија. Сепак манипулацијата со шаблоните од страна на корисниците е добредојдена за секоја википедија и не е забранета. Детални напатствија, на англиски јазик, можеш да најдеш на http://meta.wikimedia.org. Ако сакш да преведуваш некој шаблон, пример од англиски, тогаш од википедија на англиски јазик го копираш во википедија на македонски јазик, најубаво името на шаблонот да не го менуваш за почеток. Потоа земаш и преведуваш се што може да се преведе освен клучните зборови и знаци кои се дел од parser-от (#if, #ifexist, #switch, ....). Тоа е тоа.--brest 14:43, 11 јули 2007 (UTC)

За категоризацијата

уреди

Свесен сум Brest, извини, збрлавев. Се обидувам некако да направам некој ред, знам дека малку згрешив таму, но претходната состојба беше ужасна, дури и имаше две категории „Државно уредување“ и „Државни уредувања“ што би требале да бидат една. Ја земав втората како поправилна, те молам избриши ја првата. Те молам погледни сега како е направено стеблото и те молам кажи ми ако не ти се допаѓа нешто, сакам да се направи некаков ред, сѐ беше измешано.
Конкретно, за Категорија:Политика - од неа излегуваат Категорија:Политички теории, Категорија:Политички спектар и Категорија:Државни уредувања
Спектарот е конкретно за левичарски и десничарски политики, Уредувања се уредувања, а во Политички теории се сите теории (без државните уредувања). И уште еднаш извини за Форми на владеење. --Поречанец 13:12, 12 јули 2007 (UTC)

За повеќе информации за тоа што значат категории, види http://meta.wikimedia.org/wiki/Category (на англиски). Не се којзнае како средени категориите, ама во оваа ситуација треба да се седуваат само очигледните пропусти. Пример Категорија:Државни уредувања, Категорија:Државно уредување, може да направиш обид да ги споиш. Ама не можеш се да ставиш во еден кош, пример форми на владеење и државни уредувања, ...--brest 13:19, 12 јули 2007 (UTC)
Назад на корисничката страница на „Brest/Архива/2007/јули/12“.