Разговор со корисник:Brest/Архива/2008/март/3

brest T 
архива на разговори (1,26M+)
тековни

2012/13 (67.6k)


2012.01.01 - 2013.12.30 67.6k 

2010/11 (205k)


2010.10.31 - 2011.12.30 30k 
2010.08.05 - 2010.10.31 58k 
2010.04.25 - 2010.08.05 74k 
2009.12.31 - 2010.04.25 43k 

2009 (318k)


2009.09.22 - 2009.12.31 32k 
2009.04.30 - 2009.09.22 44k 
2009.02.28 - 2009.04.30 58k 
2009.01.31 - 2009.02.28 129k 
2008.12.31 - 2009.01.31 55k 

2008 (460k)


2008.10.06 - 2008.12.31 76k 
2008.08.22 - 2008.10.06 63k 
2008.05.21 - 2008.08.22 63k 
2008.04.21 - 2008.05.20 46k 
2008.03.21 - 2008.04.20 50k 
2008.03.03 - 2008.03.21 50k 
2008.02.24 - 2008.03.03 39k 
2008.01.22 - 2008.02.24 34k 
2007.10.08 - 2008.01.22 39k 

2007 (209k)


2007.09.01 - 2007.10.08 56k 
2007.07.12 - 2007.09.01 39k 
2007.06.25 - 2007.07.12 32k 
2006.04.17 - 2007.06.25 82k 
mini
mini
За подобрување и унапредување на Македонската Википедија
за Брест од Виктор

Not Yet Written и „Главна страница“

уреди

Здраво Брест, Треба да се смени тагот што се појавува после непостоечки линк (пишува „not yet written“) види:  . Покрај тоа, би предложил „Главна страница“ да се прекрсти во „Прва“, „Почетна“ или „Насловна“. Поздрав, Црноризец

Види Разговор:Главна страница/Архива 1#Почетна страница е правилно!, тоа е дискусија во врска со темата која тебе те интересира. Во секој случај можеш истото прашање повторно да го отвориш на страницата за разговор на Главната страница. Што се однесува до Not_yet_written ќе гледам да го исправам. П.С. се потпишуваш со --~~~~ а софтверот автоматски го генерира време и корисник кој го напишал коментарот. Поздрав --brest 11:08, 24 февруари 2008 (UTC)
Not Yet Written, средено. --brest 23:43, 1 март 2008 (UTC)

Варшавски договор

уреди

Направив нова статија Варшавски договор, само гледам дека на некои места се референцира како „Варшавски Пакт“. Што треба да се направи за и „Варшавски Пакт“ да води до истава страница? Поздрав, --Crnorizec 00:42, 25 февруари 2008 (UTC)

Креирај нова страница насловена како Варшавски пакт, содржината на страницата да биде #redirect [[Варшавски договор]]. Тоа е тоа.--brest 00:47, 25 февруари 2008 (UTC)

Filipgd, вандализам и 3 times revert rule

уреди

Корисникот Filipgd вандализира статијата Бугарски владетели, како повеке од 3 пати враќа промена, за коjа што сме се споразумеле со администраторот Корисник:Виктор Јованоски. Нема потреба да полним википедиjа со постојано враќане за нешто за кое веќе сме се споразумеле. Премногу е полна со ова... --Мизиец 16:18, 25 февруари 2008 (UTC)

Спорот би било најдобро да го разрешите на соодветната страница за разговор за страницата Бугарски владетели. Колку што јас видов во статијата нема наведено никакви извори ни про ни контра ставовите кои ги застапувате. Бидејќи јас како администартор не сум бил инволвиран во случајов би ве замолил евентуално спорот прво да пробате да го разрешите со администраторот Виктор. Јас го задржувам правото како прва мерка да го применам 3R правилото за да спречам потенцијална уредувачка војна, но мислам дека Вие можете да го разрешие спорот на соодветната страница за разговор.--brest 16:35, 25 февруари 2008 (UTC)
Здраво, спорот сме го решиле веќе (преди повеќе од 6 месеци), но Filipgd не го интересира ова. Види промената на Виктор: [1]. За жал Виктор не е онлаjн да jа враќа.--Мизиец 17:05, 25 февруари 2008 (UTC)
Брест, нема начин да се стигне до согласие со Филип. Во сите jазикови версии на статиjата кланот Комитопули е пишуван како дел от бугарските владетели - без исклучок. Ова беше и во макеоднската википедиjа преди Филип да ги избрише. --Мизиец 18:34, 25 февруари 2008 (UTC)
Јас сепак би почекал Виктор да го погледне овој спор кога ќе биде он-лајн. Сепак спорот не е толку акутен за да не може да почека малку.--brest 21:10, 25 февруари 2008 (UTC)
Секако дека ќе го избришам кога тоа е навреда за припадниците на народот на чиј мајчин јазик е јазикот на оваа Википедија (тоа ве исклучува таквите како тебе СтанПрог и Ли4ката!) и е во спротивност со сета општо прифатена македонска наука. Башка, тоа не е решено пред 6 месеци него Виктор ја направил промената на 28 јануари. ПС статистика од типот кланот Комитопули е пишуван како дел от бугарските владетели - без исклучок не ти држи вода. --Филип 19:35, 25 февруари 2008 (UTC)
Ова е верзиjа на википедиjа на македонски книжевен jазик, не место за национал-пропаганда. Виктор враќа вандализирането на Филип на 28 јануари, а се согласи на промената на преди 5 месеци, на 29 септември ([2]) --Мизиец 20:50, 25 февруари 2008 (UTC)
Точно, не е место за „национал-пропаганда“. Прво: затоа Самоил, Гаврил Радомир и Иван Владислав нема да се вбројат како бугарски цареви. Второ: самото твое македонски книжевен jазик е национал-пропаганда. Нели на Уикипедия го користите тој термин за нашиот јазик кога со доза на цинизам му лепите „книжовен“ за да кажете дека е бугарски дијалект? --Филип 21:04, 25 февруари 2008 (UTC)
Мислам дека сепак ќе се дојде до заеднички став, само ќе ни треба малку време. Секако дека треба да се има во предвид како спорот е решен и на другите јазични едиции на википедија, иако можно е во некои од нив и воопшто да не е отворен спорот. Значи повторно би се свеле на разгледување на јазични едиции на википедија каде може реално да се јави заинтересираност ваков спор да се отвори. А тоа се најверојатно википедија на македонски јазик и википедија на бугарски јазик евентуално на википедија на српски јазик. Другите јазични изданија веројатно оваа тема ја третираат само како автоматски превод од википедија на англиски јазик или на некоја од гореспоменатите јазични едиции, што би можело да значи дека не би требало да се релевантни за разгледување. --brest 21:07, 25 февруари 2008 (UTC)

Li4kata, StanProg, бугарските ханови и бугарскиот шовинизам

уреди

Го цитирам професорот Драган Ташковски, „За македонската нација“, Наша Книга, Скопје, 1976:

...ако тоа царство (Турано-Бугарското) навистина било словенско, секако дека не би дошло до тоа во 927 година, по смртта на цар Симеон, да се одделат словенските српски делови во посебна српска држава, а во 969, по смртта на цар Петар и македонските Словени, и заедно со Словените од софиската област да формираат своја посебна држава позната под името Самуилова држава...

Сега, значи Самоил не бил бугарски цар, следствено нема што тој и неговите наследници да се вбројани во листа на бугарски владетели. --Филип

Добро, значи имаме став дека Самоил и неговите наследници не се бугарски владетели (кој го брани Филип подржан со дадениот навод погоре а веројатно има и други) и имаме став дека се Бугарски владетели (кој го бранат StanProg и Li4kata кој исто така веројатно може да биде подржан со наводи / кои јас овде не ги гледам). Значи имаме два става. Генерално овие два става взаемно се исклучуваат. Но согласно принципот на НГТ мислам дека слично како и во википедија на бугарски јазик со наведување дека во Македонија се смета дека .... (интерпретиран ставот на Филип)... спорот би се разрешил на обострано задоволство. Доколку се продолжи да се инсистира на исклучивост на некој од статвовите тогаш би требало да се изнесат многу повеќе наводи од кои би можела да се види исклучивоста.--brest 21:06, 25 февруари 2008 (UTC)


Уредувачка војна

уреди

Мислам дека веќе со векови аргументираме и се е попусто, така да некогаш човек и теба да биде груб. Понекогаш изливот на емоции е посилен од културата, така да ќе се обидам со научни тези колку што можам.  Рашо  (Раз)Raso mk 22:50, 25 февруари 2008 (UTC)

Брест, не се работи за уредувачка војна, едноставно го браниме нашето културно-историско наследство. Нема никакви проблеми, јас статијата дури скоро приметив дека е таква каква што беше (со сѐ Самоил во неа!). И порано пробувале да ни наметнат некакво компромисно решение, па сме издржале. Отворено кажувам: јас немам намера да дозволам словенски македонски цареви да бидат нарекувани бугарски. --Филип 06:09, 26 февруари 2008 (UTC)

Меѓутоа мора аргументирано да се води дискусијата со останатите корисници кои имаат спротивставени ставови. Јас тоа не можам да го видам од твоја страна.--brest 16:33, 26 февруари 2008 (UTC)
Et tu, mi fili Brute! Се сомневаш ли дека Комитопулите биле словено-македонски цареви? -- Ф и  л  и п   што бе? 19:30, 26 февруари, 2008
Овој текст: ПС ставив цитати уште вчера! е твој. BTW другите двајца корисници имаат наведено многу повеќе извори.--brest 07:02, 27 февруари 2008 (UTC)
Секако дека имаат. Истите тие ќе ти извадат податоци дека во секое село во Македонија има само Бугари-егзархисти, дека народните песни од битолско, охридско, прилепско итн се бугарски... треба ли да набројувам понатака? Ќе ти извадат източник дека Зајди, зајди е балгарска карчмарска песен. И те молам одговори ми: дали ТИ го сметаш Самоил за бугарски цар? -- Ф и  л  и п   што бе? 17:09, 27 февруари, 2008
Јас го сметам Самуил за македонски цар. Но сепак мора да се почитуваат принципите на википедија, НГТ, 3RR, ... Ако имаш факти наведи ги. Едно е да сметаш друго е да докажеш, ти си барем математичар. 2 + 2 = 4 тоа секој го знае ама ела нека докаже ако може.--brest 16:22, 27 февруари 2008 (UTC)

Јазик и азбука

уреди

Брест, не ли мислиш дека е крајно време нешто да се преземе околу користењето на странски азбуки и странски јазици на Википедија на македонски јазик? Тоа што некои мислат дека нашиот јазик не е јазик, не е наш проблем и не би требало да го трпиме тоа. Впрочем, се зачудив колку многу мои врсници немаат абер што е тоа я, ю, й, ъ, и навистина не разбираат голем дел од зборовите што ги користат бугарите. Мислам дека не е фер нашите млади да имаат, а сепак да немаат Википедија на својот јазик. Те замолувам како администратор да размислиш за тоа и конечно да се стави крај на таа лудост. --Поречанец A? 11:39, 26 февруари 2008 (UTC)

Да, текствовите на статиите се на македонски јазик и веднаш штом се забележи дека не се на македонски јазик се маркираат, корегираат или бришат. Иначе мое мислење е дека и на страниците за разговор треба да се користи македонскиот јазик а користењето на други јазици да биде соодветно регулирано. Нешто слично како во википедија на англиски јазик - en:Wikipedia:Talk page guidelines. А би требало да се има во предвид и en:Wikipedia:Dispute resolution.--brest 16:42, 26 февруари 2008 (UTC)

Брест, не сакам да го злепостувам Филип, ама той системно ги брише поставените източници во статията и не можам да го разберам. Те молам сърдечно или ме мен изблокирай или я заключи статия по тоа што е очегледно дека се кршат основни правила на Википедия (мислам не от мен). --Li4kata 07:41, 27 февруари 2008 (UTC)

Брест, ако сметаш дека треба да ме блокираш, стори го тоа, секако ако заслужувам. -- Ф и  л  и п   што бе? 17:11, 27 февруари, 2008

Е сега кого од вас двајца да блокирам. Или може и двајцата, за да се смират страстите. Дајте ве молам најдете компромисно решение. Како што реков некаде порано имате две опции: или да се согласите дека треба некако и двата става да се интерпретираат или ако сакате исклучивост мора да докажете дека едниот став го исклучува другиот. Сега да не испадне дека јас седам од страна и уживам во вашите препирки, ќе кажам дека навистина немам време да навлегувам подлабоко во проблематиката во овој момент, а бидејќи вие сте навлезени во спротивставување на вашите гледиште повелете докажувај те се ама со факти а не со revert на содржината. Ако така продолжите ќе блокирам.--brest 16:27, 27 февруари 2008 (UTC)

Брест тука воопшто не си во право. Филип нема никаква кривица на оваа страна, туку некојси Dochko, кој прв започна со фалширања и искривувања (барем колку што забележав). А и оној погоре со 4 во името на многу места прави некоректни интервенции и искривува настани. Па бидејќи го кандидираат за администратор на бугарската вики, дај сега и ние тука да го кандидираме и па ке си ја оправиме работа. Мислам дека на неколку работи им погеднуваш низ прсти. -- Рашо  (Раз) 16:57, 27 февруари 2008 (UTC)
Погледни во историјата на статиите и ќе видиш кој ги прекршува правилата, тука нема што да се коментира. Што се случува на други википедии не би требало да не интересира во случајов. Доколку имаш забележано некоректни интервенции од страна на било кој корисник нотирај ги и ќе се превземат соодветни мерки. Нема ништо да направиме ако сме самобендисани и застапуваме ставови непоткрепени со докази.--brest 17:43, 27 февруари 2008 (UTC)
И што сум направил аз? Видев дека Филип е нарушил 3RR и пишува пропаганда (каков е проблема с вероjатно Банско? и с глас в пустиня?). Тоj не предостави резон за теа промени а само ревърт. --Dochko 22:03, 27 февруари 2008 (UTC)
Здраво Брест, Може ли Li4kata да користи македонска азбука и зборови, или треба ние сите сега да се прилагодиме кон него? Те молам како администратор да не дозволуваш вакви импровизации. Исто и за Елизабета II - пола напис е на англиски, и веројатно има и други... Со цела почит кон братскиот Бугарски народ и јазик, ама ова треба да е Македонска енциклопедија! --Crnorizec 23:25, 27 февруари 2008 (UTC)
И што сакаш да кажеш дека сега Li4kata ни е крив затоа што Елизабета II - пола напис е на англиски, и веројатно има и други... ?--brest 11:00, 28 февруари 2008 (UTC)
Дека македонската Википедија треба да биде на Македонски, без оглед чие дело се - на Li4kata или на некој друг. Нели? --Crnorizec 10:33, 29 февруари 2008 (UTC)
Се сложувам дека Википедија на македонски јазик треба да биде на македонски јазик, ама дека коментираше во контекст на статијата Свети Паисиj Хилендарски испадна дека Li4kata ни е крив затоа. --brest 11:21, 29 февруари 2008 (UTC)

Законска регулатива

уреди

Сметам дека гигантската страница Законска регулатива треба дефинитивно да оди на Викикнигите бидејќи не е статија за неа, туку содржина на самата законска регулатива. --Б. Јанкулоскиразговор 03:56, 28 февруари 2008 (UTC)

се сложувам, а може и да се брише.--brest 11:01, 28 февруари 2008 (UTC)

Я кажи какво е това

уреди

Явно ти и твоите приятелчета обичате да се изживявате като цензори. Добре, нямам нищо против - но те съветвам да си вземаш поука, защото човек сам гради образа за себе си в очите на другите. Аз се аргументирах, доказах своите твърдения - но понеже видя, че съм прав, а на теб (и на пропагандния апарат в Скопие) не ви изнася някои да говори истината, се направихте че не ме разбирате, а после казахте, че не говоря по темата, и накрая ти ме блокира. Много добре знам, че ме разбираш. Най-малкото не съм вандал - в българската версия имам 2 избрани статии и над 200 други написани, обвиненията във вандализъм са най-малкото несериозни. Очевидно ти предпочиташ да мажеш своите псевдо-факти - така да бъде. Блокирай ме колкото пъти си искаш, аз ако бях такъв ентусиаст да работя толкова по "македонската" версия, щях да си вляз без проблем и пак да си пиша. Тъй че - много ти здраве и продължавай с цензурата. В крайна сметка истината възтържествува. –   Tourbillon 16:40, 29 февруари 2008 (UTC)

Во секој случај подобро е да пишувате на македонски јазик, бидејќи се наоѓате на википедија на македонски јазик и уште повеќе претендирате да дадете свој придонес уредувајќи ги постоечките статии во истата. Јас Ве разбирам што пишувате, како што велите многу добро и ти знаеш. Јас не сум го проверувал Вашиот придонес на други изданија на википедија, и немам намера тоа да го правам, но на википедија на македонски јазик имате се на се десетина придонеси. Во тие десетина придонеси константно го употребувате бугарскиот јазик. Имате само две уредувања на статијата за Косово, каде ни две ни три ја бришете одредницата македонци муслимани а вметнувате одредница бугари на нејзино место. Ако барем малку не бевте вандал одредницата македонци муслимани ќе ја оставевте а ќе додадевте и одредница бугари. За мене и тоа е спорно! А како потврда за тоа наведувате приватен веб сајт http://www.geocities.com/goranite кој може секоја будала да го креира (можеби тоа сте Вие), што воопшто не може да се земе за доверлив извор на информации. Затоа сте блокирани и ќе бидете блокирани во иднина за тоа.--brest 17:13, 29 февруари 2008 (UTC)
Извинете вака што ќе се вмешам само малку, ама да кажам уште нешто што не е во ред. Tourbillon, ти отворено изјави некои твои ценети ставови што на саркастичен начин ја негираат засебноста на македонскиот јазик, а па да не говориме за народот. Цензурата главно беше за тоа. Ставовите за Косово и етничката структура можеш да ги претставиш цивилизирано на македонски јазик или барем нешто блиску, без притоа да коментираш за нашето непостоење. Ако сакаш да нѐ убедиш да скокнеме главечки на бетон, прво мораш да ни пристапиш убаво ;) --Поречанец A? 19:44, 29 февруари 2008 (UTC)

Инфокутија Јазик

уреди

Еј Брест, видов дека си ја тргнал стандардната инфокутија на статијата Француски јазик. Зошто? :) Мислам, ти верувам на тебе, веројатно има причина, само не ја знам, ако може да ми кажеш :) --Поречанец A? 16:07, 1 март 2008 (UTC)

Никогаш никому не верувај, секогаш проверувај. Извини ама не забележав дека има нова / стандардна инфокутија, па правев реверт на одредени податоци кои беа избришани веројатно откако ти ја имаш ставено новата инфокутија, а ми се чинеше дека тие податоци се битни, ај ќе ја средиме работата.--brest 17:21, 1 март 2008 (UTC)
Во ред е, лесно ќе ја вратам. Значи добро што прашав :) --Поречанец A? 20:38, 1 март 2008 (UTC)

Тасманово Море?

уреди

Брест молам за совет: Тасманово Море или Тасманово море? Фала во аванс! --Li4kata 22:00, 1 март 2008 (UTC)

Види дискусија за Атлантски океан, според што би требало д абиде Тасманово Море.--brest 22:02, 1 март 2008 (UTC)
А можеби и Тасманиско Море, според Тасманија? --Crnorizec 04:04, 2 март 2008 (UTC)
  • Морето е Тасманово, по Абел Тасман како што пишува во статијата (и во нејзината англиска варијанта), а треба да биде со големо М како и сите други мориња и езера. --Б. Јанкулоскиразговор 04:26, 2 март 2008 (UTC)

Брест, дај смени го Red-link-title од „$1 (not yet written)“ во „$1 (сѐ уште не е напишана)“ или „$1 (сѐ уште ненапишана)“ или како и да мислиш дека е правилно. Јас немам таква моќ ;) --Поречанец A? 23:19, 1 март 2008 (UTC)

Not Yet Written, средено. --brest 23:43, 1 март 2008 (UTC)
Хм, можеби „сѐ уште ненапишана“ би било поправилно, бидејќи отсутната именка е „статија“ (ненапишана статија). А можеби би било поубаво и глагол да има, „сѐ уште не е напишана“ :) Не знам за второво, ама првото мислам дека е така. --Поречанец A? 00:49, 2 март 2008 (UTC)
Мислам дека видов дека се појавува и кај слики кои недостасуваат, затоа ставив среден род, сакајќи и нив да ги опфатам. Значи не се однесува на статии стриктно. Сега не сум 100% сигурен дека се појавува и кај слики кои недостасуваат, ама треба да се провери.--brest 09:17, 2 март 2008 (UTC)
Ако ја поставиш како слика, само се појавува името на сликата во црвено и не го пишува тоа:
Ако ја поставиш како линк, се однесува исто како непостоечка статија и го пишува тоа:
На англиската пишува „Page does not exist“, можеби би било најправилно „Страницата не постои“! Што викаш? --Поречанец A? 09:33, 2 март 2008 (UTC)
Ако е така, да смениме во „Страницата не постои“, па ако има потреба ќе менуваме пак.--brest 09:36, 2 март 2008 (UTC)
Или да провериме прво како велат нашите браќа: руси, бугари, срби, босанци, хрвати и сл.?--brest 09:41, 2 март 2008 (UTC)

Па прво тоа го направив, и тие се поделени:

  • bg: все още не съществува
  • ru: страница отсутствует
  • sr: није још написан
  • hr: još nije napisano

Sr и hr се сепак погрешни затоа што не одговараат за слики и друга медија, а bg и ru се според мене добри, затоа што одговараат на сѐ, токму како и на en. Затоа, мислам дека „Страницата не постои“ или „Сѐ уште не постои“ се најсоодветни, а повеќе ме влече накај второто, затоа што одговара баш на сѐ! :) Размисли. --Поречанец A? 11:42, 2 март 2008 (UTC)

Благодарам за Вашата драгоцена помош. Јас би избрал „Страницата не постои“. Кажете дали е конечно и од Ваша страна и да менувам?--brest 11:45, 2 март 2008 (UTC)

Добро е, мислам дека и другите би се сложиле. --Поречанец A? 23:50, 2 март 2008 (UTC)
Наредена е работата.--brest 00:54, 3 март 2008 (UTC)

Непостоечки страници

уреди

Здраво Брест, сега кога направив една статија-никулец за Источна Германија забележав дека преку 30 страници се референцираат на неа. Ист случај беше и со Студена војна (преку 25 линкови) и со Варшавски договор (20). Дали има начин да се види кои теми/статии се „missing links“ (многу страни ги референцираат, а тие не постојат) за да им дадеме некој приоритет?--Crnorizec 00:49, 3 март 2008 (UTC)

Оди во специјални страници а таму најди Што води овде?, во првото поле напиши линк кој сакаш да провериш, притискаш на копче Оди и ќе добиеш листа на страници кои имаат линк до текстот напишан во првото поле.--brest 00:58, 3 март 2008 (UTC)
И да имаш таму еден линк барани страници, кој ги дава страниците кои се најповече барани. А има и други интересни работи за тебе таму. Поздрав. --brest 01:00, 3 март 2008 (UTC)
Назад на корисничката страница на „Brest/Архива/2008/март/3“.