Википедија:Проект:На денешен ден

Оваа страница се однесува на проектот насловен како На денешен ден, а има за цел дефиниција на проектот, опис на начинот на функционирање, учесници во проектот, документација на проектот.

Во дефинирањето и реализацијата на овој проект добредојдено е учеството на сите членови на заедницата.

Историја на проектот

уреди

Според историјата на страниците поврзани со проектот На денешен ден, може да се претпостави дека истиот започнува со предложно додавање на статии за денови, месеци и години, започнувајќи некаде од Јуни 2005. И тоа предлошки од следниов вид:

Предлошки за денови

уреди
{{Патрлок}} '''5 јули''' е 186-иот ден во годината според [[Грегоријански календар|грегоријанскиот календар]] (187-и во [[престапна година]]). Остануваат 179 денови до крајот на годината. {{Јули {{CURRENTYEAR}}}} == Настани == * == Родени == * == Починале == * == Празници == * {{Месеци}} [[Категорија:Годишни денови|705]]

Предлошки за месеци

уреди
'''Јули''' е седмиот [[месец]] во годината според [[Грегоријански календар| Грегоријанскиот календар]] и еден од седумте месеци според овој календар што имаат 31 [[ден]]. {{Месеци}}

Предлошки за години

уреди
{{21 век}} == Настани == * == Родени == * == Починале == * '''Поврзано''': * [[Категорија:21 век|02005]]

Сегашна состојба

уреди

Во моментов од страна на википедија уредувачите се врши пополнување на вака предложно определените статии за денови, месеци и години. Предлошките се добро осмислени, постои навигација помеѓу деновите, месеците, годините и сл.

Но поради слабата активност на уредувачите овие статии до сега се делумно пополнети. Причината зошто уредувачите не се активни може да лежи и во непознавањето на постоењето на овие статии и како тие податоци можат да се искористат.

Предности

уреди
  • Едноставен начин на пополнување на настаните.

Слабости

уреди
  • Слаби можности за манипулација со податоците сместени во овие статии.

Предлог за измени

уреди

Имајќи ги во предвид слабостите на постојниот систем и слабата пополнетост на веќе предложно создадени статии, се започнува овој проект кој има за цел да го стартува овој проект, да предложи измени на постоечката состојба, да ги анимира уредувачите да дадат свој допринос во пополнувањето на википедија со овој тип на содржини, да им овозможи на корисниците на изданието на википедија на македонски јазик можност за користење на овие содржини.

Напоредно со редизајнот на главната страница, кој се совпадна со надминувањето на бројката од 10.000 статии, се воведува и автоматско создавање на оддел на главната страница со содржини од типот на денешен ден. Постоечките податоци, започнувајчи од 25/26 јуни па до 31 јули за секој ден се преработени и генерирани се нови потстатии за секоја статија од типот ден месец, во следниве поттипови:

  • ден месец (настани)
  • ден месец (родени)
  • ден месец (починале)
  • ден месец (празници)

Голем допринос во пополнувањето на новокреираните подстатии даде Виктор Јованоски обработувајќи го месец Јули. Misos изработи една помошна процедура/скрипта која, по неколкуте модификации направени од Брест, на потенцијалните уредувачи може да им биде од доста голема помош при уредувањето на статиите. Може слободно да се користи од сите заинтересирани. Идејата е да се внесе година и форматиран викитекст а скриптата назад враќа комплетна статија која треба само да се копира во соодветната статија на Википедија.

Главната страница автоматски ги повикуваа овие подстатии и ги прикажува за секој ден посебно.

Според првичните истражување надвор од википедија проектот, посериозна база на податоци за овој тип на содржини може да се најде на веб страницата на телевизија А1.

По слободна пороценка базата на податоци на википедија има сериозни шанси да прерасна во број еден база на податоци за овој тип на содржини на македонски јазик, како по квантитет на содржинити така и по квалитетот на содржините кој ќе го понуди.

Вметнување на илустрации

уреди

Постоечките статии од типот ден месец се преработени така што сега само се повикуваат соодветните подстатии. Како пример за добро уредување на овие статии може да се погледне статијата 1 јули, каде од левата и десната страна има вметнато и соодветни илустрации за соодветните настани. На овој начин би се добиле квалитетни статии, за кои би постоел зголемен интерес да се прегледуваат и надополнуваат.

  • Генерално илустрациите треба да бидат поврзани со настаните кои се дефинирани за тој ден. И тоа од левата страна се започнува со илустрации кои се однесуваат на настани, па под нив следат портрети на лица кои се родени на тој датум. Од десна страна, под календарот за месецот се поместуваат портрети на лица кои починале на тој датум.
  • Изборот на илустрации / портрети се врши според начелото на важност на настанот, односно лицето.
  • Пожелно е бројот на илустрациите да соодветствува на должината на тесктот на во статијата.
  • Се препорачува сликите да бидат прикажани во рамка, а во описот на рамката да биде посочена врска кон релевантна статија за настанот односно личноста.
  • Пожелно е големината на илустрациите (ширина) доколку ги има повеќе на една страна од страницата да бидат еднаква, освен доколку не се сака да се остави некој посебен впечаток кој подобро ќе ја илустрира содржината.

Дефинирање на нови поттипови

уреди

Покрај воспоставените поттипови: настани, родени, починале, и празници, може да се користат и други поттипови доколку за тоа се укаже потреба, при што потребно е секој нов поттип претходно да се предложи на оваа страница за проектот за да може и другите учесници во проектот да бидат запознаено со новиот поттип.

Дефинирање на изводи од страници

уреди

Бидејќи бројот на настани за еден ден може да биде голем и непогоден за објавување автоматски на главната страница, потребно е да се креира соодветна страница (извод), каде ќе се извлечат поважните настани на тој ден погодни за објавување на главната страница. Насловот на оваа страница извод би бил од типот 13 јули (главна страница).

Од причини на архивирање на објавените содржини на главната содржина, можно е изводите да се именуваат и со додавање на година за кои се однесуваат, пример 13 јули (главна страница 2007), наместо 13 јули (главна страница).

Предлошката {{Шаблон:Главна страница / на денешен ден}}, треба да се доработи со цел да ги опфати и ваквиите случаи.

Учесници во проектот

уреди
реден број корисник датум на пријавување
1 Brest 2007.07.05
2 Виктор Јованоски 2007.07.05
3 Misos 2007.07.08
4 Aleksandar L 2007.07.17
5 Б. Јанкулоски 2009.08.23
6 Maxim Stoyalov

Учесниците можат да додадат предлошка дека се учесници во проектот.

  Овој корисник е член на ВикиПроектот На денешен ден.