Отвори го главното мени


ВикиПроектот Рецензија е збир на упатства, насоки и критериуми претставени на неколку страници кои им овозможуваат на членовите на проектот да вршат систематски преглед на статиите на Википедија на македонски јазик, како и подобрување на нивниот квалитет и обележување на статиите кои се со висок квалитет.

Ако сте заинтересирани да се вклучите во работата на проектот, слободно додадете го Вашето име во листата на учесници. Доколку сакате нешто да предложите слободно користете ја страницата за разговор.

УчеснициУреди

Nuvola apps kdmconfig.png Ако сакате да се приклучите на проектот, слободно додадете го вашето име на списокот на учесници!

Исто така, учесниците и другите Википедијанци кои сакаат да покажат поддршка за овој проект, можат слободно да го додадат шаблонот {{Корисник ВикиПроект Рецензија}} на нивните кориснички страници.

Што е рецензија?Уреди

Рецензија (латински: recensere) означува критичко прегледување, стручно прикажување, оценување на некој труд, како и постапка во која преку споредба со други ракописи се бара најдобриот текст на еден писател.

Како функционира Википедија:ВикиПроект Рецензија?Уреди

Работата на членовите на ВикиПроектот Рецензија е постојана, но сепак може да се објасни во неколку фази:

Фаза 1

Со создавањето на нови статии тие се појавуиваат во листата на нови статии, но и во листата на статии за рецензија. Постои и посебна листа на која секој корисник може да предложи статија за рецензија.

Фаза 2

Членовите на проект, а и членовите на целата Вики-заедница ги разгледуваат статиите од двете листи и одлучуваат кои промени треба да се извршат на наведените статии.

Фаза 3

По утврдувањето на недостатоците на статиите (доколку се оцени дека ги има) следува уредување на статиите со цел отстранување на недостатоците и подобрување на квалитетот на статиите.

Фаза 4

Секоја рецензирана статија се обележува со додавање на шаблон кој ќе соодветствува на квалитетот на статијата по извршената рецензија.

(Внимание: Ве молиме бидете реални во проценката на квалитетот на рецензираните статии. Секогаш додавајте го шаблонот за квалитет на статијата којшто соодветствува на нејзиниот квалитет согласно критериумите за проценка на квалитетот на статии. Доколку рецензирате веќе рецензирана статија и согласно критериумите за проценка на квалитетот на статии го подобрите нејзиниот квалитет на повисок степен, слободно заменете го шаблонот со некој шаблон за повисок квалитет.)

Што се рецензираните статии?Уреди

Врпшењето на контрола и преглед на статиите од страна на Вики-заедницата претставува појдовна основа во создавањето на квалитетни статии со висок стил на пишување, корисни за читателот со веродостојни инфомации. Статијата која го поминала процесот на рецензија и е обележана со соодветниот шаблон претставува висококвалитетени извор на информации и енциклопедиска содржина во вистинска смисла на зборот (висок стил на пишување, компатибилина содржина со насловот, адаптибилност во должината на содржината со бројот на податоци поврзани со неа). Рецензираните статии кои ги задоволуваат и критериумите за избрана статија се препорачуваат во нивниот избор за избрани на главната страница или на страницата на некој портал.

Како се номинираат страници за рецензија?Уреди

Секоја новосоздадена статија на Википедија на македонски јазик се појавува во листатана нови статии, но и во листата нови статии за рецензија. Но, исто така корисниците на Википедија сами може да предложат статии за рецензија со нивно додавање во листата на номинирани статии статии за рецензија.

ШаблониУреди

Puzzle A.png

ОпштиУреди

  • {{Корисник ВикиПроект Рецензија}} - шаблон за учесници во проектот, секој корисник член на проектот ја додава на својата корисничка страница.
  • {{Рецензија}} - шаблон кој се додава на статиите кои се номинирани за рецензирање.

КвалитативниУреди

  • {{Внимание}} - се користи за означување на статиите на кои им е потребно правилно форматирање, категоризирање и поправка на пртавописни грешки.
  • {{Добра статија}} - се користи за означување на статиите кои ги исполнуваат критериумите за добри статии.
  • {{А класа}} - се користи за означување на статиите кои ги исполнуваат критериумите за да бидат во групата на статии од А класа.
  • {{Избрана}} - се додава на оние статии кои биле избрани на главната страница.

КвантитативниУреди

  • {{Никулец}} – се додава на оние статии кои се мали по содржина и имаат потреба од понатамошно проширување.

Видете исто такаУреди