Разговор со корисник:Brest/Архива/2009/април/30
brest | T |
архива на разговори (1,26M+) | |
тековни | |
2012/13 (67.6k) | |
2012.01.01 - 2013.12.30 | 67.6k |
2010/11 (205k) | |
2010.10.31 - 2011.12.30 | 30k |
2010.08.05 - 2010.10.31 | 58k |
2010.04.25 - 2010.08.05 | 74k |
2009.12.31 - 2010.04.25 | 43k |
2009 (318k) | |
2009.09.22 - 2009.12.31 | 32k |
2009.04.30 - 2009.09.22 | 44k |
2009.02.28 - 2009.04.30 | 58k |
2009.01.31 - 2009.02.28 | 129k |
2008.12.31 - 2009.01.31 | 55k |
2008 (460k) | |
2008.10.06 - 2008.12.31 | 76k |
2008.08.22 - 2008.10.06 | 63k |
2008.05.21 - 2008.08.22 | 63k |
2008.04.21 - 2008.05.20 | 46k |
2008.03.21 - 2008.04.20 | 50k |
2008.03.03 - 2008.03.21 | 50k |
2008.02.24 - 2008.03.03 | 39k |
2008.01.22 - 2008.02.24 | 34k |
2007.10.08 - 2008.01.22 | 39k |
2007 (209k) | |
2007.09.01 - 2007.10.08 | 56k |
2007.07.12 - 2007.09.01 | 39k |
2007.06.25 - 2007.07.12 | 32k |
2006.04.17 - 2007.06.25 | 82k |
Медија на денот
уредиСе обидував да го направам истото, и со сите постапки (вклучувајќи и копирање на наведените на твојата листа за овој месец од Ризницата), ама никако не се поредуваат како што треба и сите се испомешани, иако содржината и кодот е идентична на онаа кај претходните вакви страници кои очигледно работат. Затоа си реков дека е најдобро сè да избришам, па да те прашам ако можеш да го средиш ова. За среќа еве си :) Се андевам дека ќе успееш :)
Патем, кога ќе имаш прилика, би било добро да ги ставиш сликите на денот за следните месеци, знаеш дека моја одговорност е да ги преведувам и пишувам статии за нив, па би сакал навремено да ги има. Поздрав и многу благодарам --Б. Јанкулоскиразговор 10:11, 1 март 2009 (UTC)
- Ок, тоа и работам сега. Само да те информирам дека сега ќе направам бот процедура која директно ќе ги презема сликите и медија на денот од commons вклучувајќи ги и викиврските (до сега се преземаше само голиот текст). Тоа значи дека твоја задача ќе биде на commmons убаво да ги средиш овие работи а јас ќе ги преземам. На овој начин со помалку работа ќе бидеме поефикасни. Поздрав.--brest (разговор) 10:16, 1 март 2009 (UTC)
Април 2009
уредиЗдраво Брест. Се наближува времето за дополнување на страниците за избрани слики и избрана медија, а јас немам поим како тоа се прави. Би било добро ако може да се постават што поскоро, и по можност што повеќе месеци однапред. Барем наредниов месец ми е итен бидејќи не би сакал да ги оставам преводите за последен момент, кога можеби и нема да имам време. Поздрав и извести ме кога ќе ги поставиш --Б. Јанкулоски (разговор) 08:03, 18 март 2009 (UTC)
- Поздрав, како што реков на почетокот од овој месец (види мој коментар погоре и коментар на твојата страница за разговор), потребно е да се средат преводите на македонски само на commons, потоа со помош на бот (кој го имам веќе креирано) од таму директно ќе се префрлат на мк.вики, за секој нареден месец на крајот од тековниот месец. Тоа значи дека на commons можеш да ги средуваш преводите за сите расположиви содржини (тековен и наредни месеци). Покрај преводите може да се средуваат и врски до мк статиите за поимите кои се појавуваат во описите на содржините (како што до сега тоа го имаш работено). Доколку има потреба од измена на веќе преземени податоци од commons на мк.вики тогаш евентуалните измени треба да се прават и на commons и на мк.вики. --brest (разговор) 08:30, 18 март 2009 (UTC)
За Ризницата
уредиА да, сосема заборавив дека тоа работеше така. Фала многу, ќе преведам сè што треба и ќе ти соопштам. Поздрав --Б. Јанкулоски (разговор) 06:41, 19 март 2009 (UTC)
- Готово, ги завршив сите `слики на денот` (т.е. нивен превод и поставување на соодветни врски). Значи преостанува да се префрлат на нашата главна страница по методот кој го опиша. Еве ги тука. Освен тоа, денес ќе започнам со исто такво средување на `медиите на денот`, но не сум сигурен дали ќе бидат готови денес или утре. За тоа ќе те известам подоцна. Благодарам на соработката и поздрав --Б. Јанкулоски (разговор) 01:14, 21 март 2009 (UTC)
- Еве, ги завршив и медиите на денот, еве ги и нив тука.
Мај 2009
уредиГи преведов сите избрани слики и медии за месец мај, така што сега се готови за префрлање. Поздрав --Б. Јанкулоски (разговор) 10:40, 24 април 2009 (UTC)
- Википедија:Избрана слика/2009/мај & Википедија:Избрана медија/2009/мај се средени. Одлична работа.--brest (разговор) 21:03, 24 април 2009 (UTC)
Брест, нема потреба од преместување на страницата како Willage pump. Прво, нема потреба од преименување под туѓ јазик, иако сите врски кои водат до неа водат преку Village pump (што значи - можат да се снајдат корисниците кои не говорат македонски), а второ, од каде тоа W во village (село)? Затоа ќе ја вратам назад страницата како што си беше (Википедија:Селска чешма (Други јазици)), оти сепак е посебен форум од селската чешма како целина. Инаку добра идеја е ова со одделните страници за барања на ботови, често имаме барања и добро е да си стои тоа на посебно место. Поздрав, Brainmachinewtf? 16:57, 1 март 2009 (UTC)
БарањА за одобрување на бот статус
уредиПред да ме ревертираш повторно, размисли што е поправилно: ВП:Барања за администраторски статус, en:WP:Requests for administrator attention, en:WP:Wikipedia:Requests for mediation, en:WP:Requests for comment, en:WP:Requests for investigation, итн. — наспроти еднинската форма - барање. Па не е само едно барање! Brainmachinewtf? 23:14, 1 март 2009 (UTC)
Години по области
уредиИнтервики, години во науката
уредиЗдраво, brest. Ќе те замолам ако може со ботот да се среди и да се стават интервики до Википедиите на босански, англиски, латвиски и српски јазик за статиите за годините коишто ги уредив. Повеќе нема да уредувам вакви статии, бидејќи мислам дека е доволно, иако на некои од споменативе Википедии има многу повеќе вакви статии. Мислам дека статии од овој вид ни се потребни, а тоа се статии за годините во науката, уметноста (тука оделно во филмот), спортот и сл. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:38, 9 март 2009 (UTC)
- OK, ќе разгледам. Мислам дека добро би било да направиме напор оваа проблематика малку подобро да ја разработиме во рамките на проектотНа денешен ден или да започнеме некој сличен проект. Најпрво да видиме што е приоритет и како сето тоа може ефикасно да се заврши.--brest (разговор) 21:37, 9 март 2009 (UTC)
Категории
уредиЗдраво, brest. Ќе те замолам ако може да ги средиш категориите на новите статии што МБ ги уредуваше или пак да ми пратиш некоја скрипта, јас со мојот бот да ги средам. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:47, 9 април 2009 (UTC)
На пр. 1800 во науката.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:05, 9 април 2009 (UTC)
- Конкретно оваа 1800 во науката има категории.--brest (разговор) 23:06, 9 април 2009 (UTC)
- Мислиш на интервики врски? Што да стои на страницата за разговор, имаш ли креирано соодветен шаблон?--brest (разговор) 23:33, 9 април 2009 (UTC)
- Не, мисли на категориите да се отворат. Имено има многу такви статии со години по области и имаат црвено категории. Па сака со бот да се создадат. Тоа е се. Некои категории Кирил рачно ги правеше а јас правев статии а некои категории останаа неотворени. Поздрав--MacedonianBoy 23:36, 9 април 2009 (UTC)
- ПС: Кирил кажи кои категории останаа неотворени, на кои статии?
- Не, мисли на категориите да се отворат. Имено има многу такви статии со години по области и имаат црвено категории. Па сака со бот да се создадат. Тоа е се. Некои категории Кирил рачно ги правеше а јас правев статии а некои категории останаа неотворени. Поздрав--MacedonianBoy 23:36, 9 април 2009 (UTC)
Делумно да. Треба и интервики да има, но мислев и на категориите, како на пр. Категорија:1800 година во науката. А, за уредување на страницата за разговор, ќе средам шаблон, кој ќе означува дека статијата е поврзана со време.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:38, 9 април 2009 (UTC)
- Аха, ама немате и интервики врски. Направете некое шаблонче што ќе оди на страницата за разговор на секоја од овие статии и категории, јас ќе го додадам со ботот. Плус сите овие статии може да се креираат со бот. Кажете ми од која до која година ги имате креирано статиите и за кои области.--brest (разговор) 23:40, 9 април 2009 (UTC)
- Имаме создадено за археологија, архитектура, наука, музика, филм, книжевност, шах и спорт. Сите имаат направено статии од 2009 до 1900, освен книжевност и уметност кои имаат до 1800. Останатите треба да ги доправам до 1800. А за категориите Кирил ги правеше.--MacedonianBoy 23:43, 9 април 2009 (UTC)
За спорт и филм нема повеќе што да се уредува. Мислам дека е доволно само за 20. и 21. век. Е, сега потребни се статии во науката и уметноста од 1500; во музиката од 1550; во книжевноста од 1560; во поезијата од 1700 до денес; во авијацијата од 1900 до денес; во телевизијата од 1930; во радиото од 1920. Исто така ги разгледував и следниве две листи од англиската: самостојни држави по години и шефови на држави по години.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:53, 9 април 2009 (UTC)
Готов е и шаблонот.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:01, 10 април 2009 (UTC)
- Направив некои измени во шаблонот, дали се согласуваш дека се во ред?--brest (разговор) 00:07, 10 април 2009 (UTC)
Ок.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:18, 10 април 2009 (UTC)
- Го пуштив ботот за години во науката од 1806 па до 2020 година.--brest (разговор) 00:20, 10 април 2009 (UTC)
Статии за години
уредиSalut Brest. Да те прашам, дали ботот прави статии за години по области 1800 па надолу? Ако прави добро, а ако не да седнам и да направам некои. Поздрав--MacedonianBoy 16:06, 10 април 2009 (UTC)
- Поздрав. Сега за сега не, само од 1800 до 2008/9. Не е проблем да ги прави, само треба да размислуваме како да ги пополниме со барем по некој корисен податок. Така да ако сакаш можеш да поработиш на таа проблематика.--brest (разговор) 16:10, 10 април 2009 (UTC)
- Јас ги средив статиите за години во шахот и речиси половина ги пополнив. Можам да седнам и останатите да ги средам, а ќе фатам нешто и од спортот. SmartM&M беше задоволен од статиите во филмот и ми рече дека би му помогнале многу. Но, сепак мислам дека добро ќе биде да се покрене една иницијатива. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:47, 10 април 2009 (UTC)
- Исто така мора да ја смениме и Википолитиката. Најдобро би било при уредувањето на статии за личности или некои настани кои содржат хронолошки подредена содржина да се пополнуваат и статиите за години во соодветна област. Мора да направиме многу и при автоматската употреба на категориите и нивната поврзаност со статиите. Не знам колку е остварливо, но најдобро би било да направиме шаблон, кој автоматски ќе ги категоризира личностите по години, а со самото јавување во категоријата за соодветна година, името на личноста (статијата) ќе се појавува и во статијата за година.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:52, 10 април 2009 (UTC)
- ОК, важно е да се пополнуваат со содржини во почеток, за да се создаде навика кај останатите корисници да го прават тоа. Што се однесува до автоматско пополнување има начин но треба подобро да бидеме организирани. Значи во статиите да се користат шаблони (едни од тој тип се шаблоните роден на/во) но и други невидливи шаблони како например persondata од англиската википедија. Кога овие шаблони би постоеле во статиите тогаш со бот би можело да се извлечат податоците од нив и да се сместат на пример во статиите за години. Теоретски може да се креира бот кој и од ваквиите статиите какви што се би можел да извлекува некои податоци кои би можеле да се искористат во статиите за години. Но треба да се мозга и за тоа.--brest (разговор) 05:53, 11 април 2009 (UTC)
- Статиите за години во шахот од 1927 до 2008 се речиси пополнети. Додека ги пополнував забележав дека и годините во другите области се пополнуват. Сега добро би било, податоците со кои се пополнети статиите во шахот, ако може со бот да се внесат во статии за денови во шахот. Тоа сакам што е можно побрзо да го реализираме, бидејќи планирам на порталот шах да поставам нова секција, која ќе наликува на секцијата на денешен ден, која се наоѓа на Главната страница. Исто така, јас и MacedonianBoy размислувавме за како да ги пополнуваме страниците и решивме најпрвин да ги средиме сите статиите во областите наука, уметност и книжевност од 1500 до денес и во музиката од 1600 до денес. Потоа имавме во план да ги пополниме овие години со по некој настан, а подоцна да продолжиме со уредување на статиите за шефови на држави по години. Последниве се над 2000, односно има статии за шефови на држави и пред нашата ера, но сепак мислам дека се многу значајни поради тоа што доколку имаме вакви статии, многу ќе биде полесно уредувањето на статиите за кралеви, цареви, претседатели, дипломати и сл., а тоа се статии кои се меѓу најпотребните. Исто така, сакам да прашам дали да продолжиме со уредувањето на статии за години и отпосле со бот да се додадат интервики, да се создадат клатегории и уредат страниците за разговор или да почекаме ботот да ги среди најпрвин сите оние што немаат, па отпосле паралелно со ботот да уредуваме нови статии. Во меѓувреме, ќе ги пополнуваме статиите. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:49, 16 април 2009 (UTC)
- Може и така и така, ботот ќе ја земе во предвид тековната ситуација. Најважно е да нема празни статии без ниту еден корисен податок.--brest (разговор) 08:44, 23 април 2009 (UTC)
Години во архитектурата
уредиЗдраво Брест. Има статии за години во архитектурата што ги правел твојот бот, но има една грешка. Имено, статиите од 1760 до 1890 година имаат погрешна категорија. Наместо да стои категоријата [[Категорија:Архитектура по година]] стои категоријата [[Категорија:Години во архитектурата]]. Таа првата категорија се користи кај повеќето статии за години во архитектурата па ако може некако со бот да се смени втората категорија со првата кај статиите што ја користат? Јас почнав рачно но има многу статии. Поздрав--MacedonianBoy 10:19, 25 април 2009 (UTC)
- Види историја на уредувања. Тие статии ги имаш делумно и ти креирано. Јас сега ќе го пуштам ботот и ќе ги средам категориите.--brest (разговор) 16:52, 25 април 2009 (UTC)
- Ама мене баш не ми е најјасно како треба точно да стои, бидејќи и за други години ботот имам на сличен начин додавано категории. Дај малку подобро објасни како треба.--brest (разговор) 16:56, 25 април 2009 (UTC)
- Има мои статии, ги уредував со копи паст, но сум копирал од ботот па така и јас грешни сум правел. Во тие одредени статии има категорија Категорија:Години во архитектурата но таа е грешна и наместо таа треба да стои категоријата Категорија:Архитектура по година. Значи треба да се замени.Поздрав--MacedonianBoy 18:37, 25 април 2009 (UTC)
- И уште нешто, ни се здосади мене а верувам и на Кирил рачно да ги уредуваме овие статии за години. Има мислам уште две области за правење па дали ќе може ботот да ги среди за минутка? Наместо да ги правиме статиите можеме ние да пополнуваме. Ако може ботот да ги среди ќе ти ги кажам областите за кои треба да се направат статии.--MacedonianBoy 18:42, 25 април 2009 (UTC)
- Има мои статии, ги уредував со копи паст, но сум копирал од ботот па така и јас грешни сум правел. Во тие одредени статии има категорија Категорија:Години во архитектурата но таа е грешна и наместо таа треба да стои категоријата Категорија:Архитектура по година. Значи треба да се замени.Поздрав--MacedonianBoy 18:37, 25 април 2009 (UTC)
- Погледни en:1501 in architecture, пренасочува кон en:1500s in architecture, а тоа важи и за 1502, 1503, ... Не велам дека мора и кај нас така да биде, ама не верувам дека ќе најдеме во догледно време настани од архитектурата во секоја година посебно за да ги пополниме овие статии до едно пристојно ниво. Веројатно слична ситуација ќе имаме и со години во науката, уметноста, литературата, ... --brest (разговор) 19:39, 25 април 2009 (UTC)
Лидери на држави по години
уредиЗдраво brest. Значи дефинитивно да ги уредуваме со година по бројот? Досега уредивме околу 250 статии без тоа „година“ на крајот, но не би требало да има проблем да се пренасочи. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:10, 29 април 2009 (UTC)
- Мислам со година по бројот. Види Разговор со корисник:Виолетова#Како е поправилно?, а и некако логично ми изгледа, иако без година е пократок насловот. Јас веќе го путив ботот, кој меѓу другото додава и интервики врски на страницата, плус на страницата за разговор додава хронолошки шаблон. А сега ми текна ќе додам и шаблон никулец.--brest (разговор) 18:14, 29 април 2009 (UTC)
Бот
уредиЗдраво, brest. Јас го логирав ботот како што треба, а и му отворив корисничка сметка и конечно овој пат немаше проблем. Сега те молам ако може да ми пратиш неколку скрипти од тие што ми ги покажуваше и да ми наведеш некоја ако ја немам видено за што е, за да може да го програмирам и да почне да уредува. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:55, 14 март 2009 (UTC)
Панаѓурско богатство
уредиЗдраво! Сега останува да се избирше статиjава зошто не била на македонски. На 20 март? Се надевам, не мислиш на специфичните поjмови кои се универзални како фиала, ритон, кентаури и така натаму и не се преведуват.--Иван (разговор) 01:33, 15 март 2009 (UTC)
Датотека/Податотека
уредиЕј, веќе некое време стои ова: Википедија:Селска чешма#Датотека vs. Податотека. Може ли овде да го искажиш своето мислење? Tnx, Brainmachinewtf? 20:23, 16 март 2009 (UTC)
- Здраво, Brest. Оти веќе нема никакви противења во однос на ова прашање, дали да користиме датотека или податотека (веќе 4 недели никој не дава алтернативи во дискусијава, ниту ти, иако те известив погоре), ќе почнам да употребувам секаде датотека. Ќе ги сменам системските пораки на translatewiki, ќе те замолам да не ме ревертираш. Поздрав, Brainmachinewtf? 16:12, 29 март 2009 (UTC)
- Јас до сега на неколку наврати сум го кажал моето мислење (1, 2). Сега уште еднаш, не сум исклучиво против датотека, но сум против твојата идеја за унификација (ќе почнам да употребувам секаде датотека, твои зборови погоре). Ако мислиш да одиш по мене и да ги менуваш овие зборови ќе бидеш ревертиран од моја страна, бидејќи не си ме убедил поинаку (веќе 4 недели никој не дава алтернативи, твои зборови погоре).--brest (разговор) 11:12, 31 март 2009 (UTC)
Прашање, слика во никулци
уредиАбе Брест, за ова со шаблончето за нилулците за чешми, чуки и клисури, се едно исто сликиче има. Нетреба ли да риде различно за секоја тема?--Р ашо 15:00, 17 март 2009 (UTC)
- Да брат, треба да се смени, ако имаш време и соодветно сликиче направи замена, ако не јас ќе барам подоцна. Поздрав.--brest (разговор) 15:04, 17 март 2009 (UTC)
За чуките
уредиВо врска со статиите за чуките мислам дека е избран лош формат на текстот, а особено на сликата. Еве како мислам да изгледа, па ако можеш направи го. Значи, мојата идеја е да има рамка околу мапата задолжително бидејќи вака изгледа лошо, и координатите да не бидат нафрлени во лошо формулирана реченица, туку да биде нешто во стилот кој го напишав јас (мислам дека ИГД и СГШ е во ред). И уште една техничка работа за тие, овие симболите што ги искористив јас подолу за степени, минути и секунди (° ' ") нема да ти ја пореметат вики-синтаксата бидејќи се сосем во ред за користење (не се истите што се користат за закосени букви). Значи обиди се да ги ставиш овие ако можеш, да не ги уредувам рачно сите, бидејќи нема смисла. Фала однапред, знам дека е тешко и неблагодарно да управуваш бот, но ништо лично за забелешките. -{админинстратор}- гитардемон 17:02, 17 март 2009 (UTC)
- What is done is done, ќе видиме за понатаму, некои работи ќе имплементирам секако.--brest (разговор) 17:12, 17 март 2009 (UTC)
- Заменив неколку од страниците за појаснување во статии со врска до статиите кои беа појаснати. (не знам ни сам што кажав, види Голема Чука за да сфатиш). Се надевам дека нема да влијае на работата на ботот, доколку додаде да речиме друга чука со име Голема Чука, направи ги да бидат и со името на регионот во заграда доколку статијата веќе постои. Сега ќе се погрижам и за другите статии на кои има две чуки да направам страница за појаснување, а потоа секоја чука да си добие своја статија. Вака и расте бројот на статии (наместо една, имаме една за појаснување плус две за чуките), а не дека ни е тоа цел, но е оправдано во случајов, а и е плус. Инаку таму ги направив статиите во форма како што предложив подолу. -{админинстратор}- гитардемон 18:14, 18 март 2009 (UTC)
- P.S. Го променив и шаблонот малку што се користи на страницата за разговор за чуките, па сега не мора да го додаваш името на статијата во шаблонот, автоматски се додава. И малку го сменав изгледот, мислам дека е во ред. -{админинстратор}- гитардемон 18:35, 18 март 2009 (UTC)
- Заменив неколку од страниците за појаснување во статии со врска до статиите кои беа појаснати. (не знам ни сам што кажав, види Голема Чука за да сфатиш). Се надевам дека нема да влијае на работата на ботот, доколку додаде да речиме друга чука со име Голема Чука, направи ги да бидат и со името на регионот во заграда доколку статијата веќе постои. Сега ќе се погрижам и за другите статии на кои има две чуки да направам страница за појаснување, а потоа секоја чука да си добие своја статија. Вака и расте бројот на статии (наместо една, имаме една за појаснување плус две за чуките), а не дека ни е тоа цел, но е оправдано во случајов, а и е плус. Инаку таму ги направив статиите во форма како што предложив подолу. -{админинстратор}- гитардемон 18:14, 18 март 2009 (UTC)
Моментална форма
уредиГолема Чука е чука во Република Македонија, со следниве географски координати: латитуда 40o 59' 06'', лонгитуда 21o 07' 36''.
Предложена форма
уредиГолема Чука е чука во Република Македонија, со координати 40° 59' 6" СГШ, и 21° 7' 36" ИГД.
Ги видов шаблоните за никулци и мислам дека се добри. Но, мислам дека добро би било да ставаме и шаблони на страниците за разговор. Веќе имаме од проектот Македонија, мислам дека е добар. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:22, 17 март 2009 (UTC)
Шаблон:Добредојде
уредиЗдраво Брест. Да те информирам, направив замена на шаблоните Добредојде со Добредојде3. Имено, штом ботот го користи шаблонот Добредојде3 и еве почнаа и корисници тој да го користат, го преместив со ново име Добредојде а содржината од шаблонот Добредојде ја преместив во шаблонот Добредојде3. Поднамести го ботот да го користи шаблонот Добредојде. Поздрав--MacedonianBoy 13:45, 18 март 2009 (UTC)
Известување
уредиВидете ја последната секција за марионетство. Ви благодарам.--MacedonianBoy 14:44, 21 март 2009 (UTC)
За главната страница
уредиЕј, зошто си го сменал она на главната страница? Подобро е да излегува тоа дека се ажурира избраната статија, отколку избраната статија од првата недела (за по 10 минути да се промени, а ако некој не знае да го исчисти кешот ќе му се прикажува многу подолго). Ја вратив како што беше, бидејќи покрај горенаведеното, не излегуваше точно (имаше грешки во синтаксата), се прикажуваа многу непотребни знаци (тарабите, заградите... т.е. кодот). -{админинстратор}- гитардемон 00:31, 6 април 2009 (UTC)
- ОК, не би требало да се декларира дека нешто се ажурира кога во суштина не се ажурира, самиот процес на ажурирање трае една секунда. Ако немаше никој присутен ова ќе си стоеше до утре сабајле, така да подобро е да стои некоја deafult порано избрана статија (ако некој не знае да го исчисти кешот ќе му се прикажува многу подолго и изјавата дека сеуште се ажурира). Значи во иднина треба овој проблем поинаку да се реши, т.е. си беше решен на начин како што јас го променив пред малку и кој што беше со мнозинство гласови прифатен.--brest (разговор) 00:51, 6 април 2009 (UTC)
- OK, ама го сменав оти имаше некој проблем со синтаксата, не беше точна, па излегуваа некои одвишок знаци (тараби загради, делови од кодот). Може да го разгледаме и да го промениме. Според мене, наместо да седи првата статија, подобро би било да излегува статијата за Википедија. Во секој случај некој ќе ја ажурира избраната страница (update-промена во согласност најновите податоци, значи сепак е ажурирање), така што не е толку сериозно. Мислам дека треба да размислиме која статија да биде, а не оваа за Ерусалим да излегува. -{админинстратор}- гитардемон 03:20, 6 април 2009 (UTC)
- За тоа која статија да излегува ако нема ажурирано нова е работа за дискусија и јас се сложувам дека треба на поинаков начин да се избере која ќе биде. Може да биде некоја фиксна (пример Википедија) или пак со мало подобрување на кодот, по случаен редослед избор на некоја до тогаш избрана. Но не сум за тоа да стои моменталната состојба (изјава за ажурирање), бидејќи често пати знаеме да не ја ажурираме промената на новата избрана статија подолго време. Една од причините за тоа е и начинот на избор, т.е. до 24.00 се гласа а веќе во 00 треба да се направат измени, што значи и технички тоа не е можно да се направи. Мој предлог во оваа смисла е гласањето да завршува разумно време порано. Јас мислам дека 24 часа пред моментот на објавување е разумно време, но оставам простор за расправа околу ова прашање.--brest (разговор) 08:06, 6 април 2009 (UTC)
Прашање за слики
уредиЕј здраво Брест! Тукушто добив дозвола од еден сајт за користење слики. Но сликите се со жиг (голем). Што да правиме. Дозволено ли е? Еве ти пример: Има и само со 1 жиг, а има и со жиг и веројатно реклама. позз--Р ашо 20:30, 10 април 2009 (UTC)
- Сликите се со одличен квалитет. Се зависи под кои услови е дадена дозволата за користење. Ако е GFDL тогаш имаме голема слобода да правиме што сакаме со сликите, т.е. да ги менуваме, што вклучува и отсекување на делот каде е логото (skyprespa) и рекламата. Не е пожелно да бидат објавувани со лого и реклама, бидејќи се премногу експлицитни, а тоа не е википедија. Доколку би можел да издејствуваш да ги добиеш сликите без лого би било одлично. Ова е мое мислење, не е лошо за ова да го консултираш и БМ.--brest (разговор) 05:47, 11 април 2009 (UTC)
Среќен роденден
уредиСреќен роденден, Brest!!!--Kiril Simeonovski (разговор) 09:04, 13 април 2009 (UTC)
Правописни поправки
уредиБудало, правилно е сфати/сфаќа! --203.206.98.18 (разговор) 15:48, 15 април 2009 (UTC)
- Исто така треба да сфатиш дека „честопати“ (слеано) и „често пати“ (одделено) не се синоними:
- Тој често пати од [болест/заболување].
- Тој честопати [глагол].
- Вакви поправки не можат да бидат автоматизирани. --203.206.98.18 (разговор) 15:54, 15 април 2009 (UTC)
Боже мој! „Не мајќи“ пишано одделено? Кој те науч->е<-- тебе македонски? --203.206.98.18 (разговор) 15:56, 15 април 2009 (UTC)
Вашите коментари ги сметам за конструктивен придонес во прилог на развојот на вВикипедија. Поздрав.--brest (разговор) 17:01, 15 април 2009 (UTC)
- Каде се наоѓа списокот на „грешките“? --203.206.98.18 (разговор) 17:41, 15 април 2009 (UTC)
Предлог за преведување на референци
уредиВидете ја дискусијата за предлогот за преведување на референците (не сите, видете за повеќе детали во излагањето на селската чешма) на македонски јазик, поткрепена со примери. Можете да дадете свој предлог и да придонесете кон развивањето на дискусијата. -{админинстратор}- гитардемон 23:34, 23 април 2009 (UTC)
Блокот на Богорм
уредиБрест ќе те замолам да го вратиш на три месеци зошто корисникот е веќе блокиран на три дена поради истите причини и предупредуван од мене најмалку седум пати. Се мислев да го блокирам на 6 месеци но намалив на три и ќе те замолам да го вратиш блокот на три. За кросс Вики ние сме биле блокирани со исто толку време на англиската. Поздрав--MacedonianBoy 20:45, 29 април 2009 (UTC)
- Еве го предупредувачкото блокирање, сега треба повеќе, како што наведов 3 месеци (и тие се малку). --MacedonianBoy 20:53, 29 април 2009 (UTC)
- Не велам дека е цвеќе, ама сепак прави некаков кворум тука на мк.вики, нема да биде интересно без него. А плус уредува! Јас не сум за подолго блокирање во моментов. Нека остане вака, ако продолжи со лош табиет во иднина, тогаш ќе бидеме поригорозни.--brest (разговор) 21:24, 29 април 2009 (UTC)
- Јас го сменив на 1 месец, не дека ти терам инат, но тој не сфаќа дека сме сериозни. Колку пати само сум го предупредил и сум премолчил и за Фиром, и за бугари и за вештачка нација, дека англисчаните била вакви и такви, но џабе. Јас мислам да избалансираме, па 1 месец нека го отрезни. Поз--MacedonianBoy 21:28, 29 април 2009 (UTC)
- Не велам дека е цвеќе, ама сепак прави некаков кворум тука на мк.вики, нема да биде интересно без него. А плус уредува! Јас не сум за подолго блокирање во моментов. Нека остане вака, ако продолжи со лош табиет во иднина, тогаш ќе бидеме поригорозни.--brest (разговор) 21:24, 29 април 2009 (UTC)
- Мене не ми се допаѓа воопшто што го блокиравме. Го блокиравме баш кога започна корисни работи да уредува. Гледам ги пополни сите статии од XX и XXI вел за лидери на држави по години. Точно е дека не ги пополни целосно, но важно почна. И јас мислам дека 3 дена му се доволни.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:48, 29 април 2009 (UTC)
- Почна, да, но таков говор не се толерира, да бидете реални. Поз--MacedonianBoy 21:49, 29 април 2009 (UTC)
- Мене не ми се допаѓа воопшто што го блокиравме. Го блокиравме баш кога започна корисни работи да уредува. Гледам ги пополни сите статии од XX и XXI вел за лидери на држави по години. Точно е дека не ги пополни целосно, но важно почна. И јас мислам дека 3 дена му се доволни.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:48, 29 април 2009 (UTC)
Соопштение
уредиЗдраво brest. Сакам да прашам дали ќе праќаме соопштение за 30.000 до медиумите? Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:04, 29 април 2009 (UTC)
- Не е лошо да испратиме едно соопштение, нека чита народ за празници. Ќе те замолам да составиш едно ако можеш, по урнек на постоечките / претходните, стави го на вики пред да биде испратено за да може да го корегираме ако има евентуално потреба и да го пуштаме вечерва за да може да го печатат во текот на утрешниот ден (или можеби е веќе доцна, ако утре пуштаат двоброј за празниците).--brest (разговор) 21:24, 29 април 2009 (UTC)
- Готово е соопштението.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:54, 29 април 2009 (UTC)