Разговор со корисник:Brest/Архива/2008/февруари/24
brest | T |
архива на разговори (1,26M+) | |
тековни | |
2012/13 (67.6k) | |
2012.01.01 - 2013.12.30 | 67.6k |
2010/11 (205k) | |
2010.10.31 - 2011.12.30 | 30k |
2010.08.05 - 2010.10.31 | 58k |
2010.04.25 - 2010.08.05 | 74k |
2009.12.31 - 2010.04.25 | 43k |
2009 (318k) | |
2009.09.22 - 2009.12.31 | 32k |
2009.04.30 - 2009.09.22 | 44k |
2009.02.28 - 2009.04.30 | 58k |
2009.01.31 - 2009.02.28 | 129k |
2008.12.31 - 2009.01.31 | 55k |
2008 (460k) | |
2008.10.06 - 2008.12.31 | 76k |
2008.08.22 - 2008.10.06 | 63k |
2008.05.21 - 2008.08.22 | 63k |
2008.04.21 - 2008.05.20 | 46k |
2008.03.21 - 2008.04.20 | 50k |
2008.03.03 - 2008.03.21 | 50k |
2008.02.24 - 2008.03.03 | 39k |
2008.01.22 - 2008.02.24 | 34k |
2007.10.08 - 2008.01.22 | 39k |
2007 (209k) | |
2007.09.01 - 2007.10.08 | 56k |
2007.07.12 - 2007.09.01 | 39k |
2007.06.25 - 2007.07.12 | 32k |
2006.04.17 - 2007.06.25 | 82k |
Избрана статија
уредиBrest Би сакал да те прашам: 1, Кој и како одлучува при бирањето на статија на неделата? (администраторите)! 2, Дали јас би можел да предложам некоја статија? 3, И ако можам лично да ми кажеш колку ми се шансите за статија на неделата да биде Струмица
Поздрав--Астрион 17:11, 22 јануари 2008 (UTC)
- За избрана статија на седмицата се одлучува врз основа на гласање од страна на регистрирани уредувачи по претходно доставени предлози исто така од регистрирани корисници.
- Предлози може да даде секој регистриран корисник за секоја седмица по еден или повеќе предлог, за тековната седмица или за било која наредна,
- Шансите една статија да биде прогласена за избрана статија зависат од квалитетот на техничкото уредување на статијата, бројот на уредувачи кои учествувале во нејзино уредување, атрактивноста на темата, временски период на уредување на статијата и сл. Впрочем со увид на веќе избраните статии и споредба со вашиот предлог може да направите проценка колкави се шансите вашиот предлог да биде избран.
- Во недостаток на предлози или други специфични случаи некој од администраторите може самиот да одлучи која статија ќе биде изложена на главната страница како избрана.
- При гласањето еден уредувач може да биде за, против или воздржан во однос на предлогот, како и да даде свој коментар по однос на предлогот.
- Поздрав и слободно давајте свои предлози или дадете го мислењето за предлозите на останатите уредувачи.--brest 17:21, 22 јануари 2008 (UTC)
Нов завет
уредиBrest би сакал да ти кажам дека статијата Нов завет веќе постои9знам оти сам ќе си видиш, ама ајде). поздрав--Астрион 17:24, 13 февруари 2008 (UTC)
- Го забележав анонимниот корисник 89.205.37.50, како вметнува текстови со едноставно cut/paste од некој блог www.angelfire.com/falcon/voznesenie/ мислев дека тоа го зема само како основа за своите уредувања, ама изгледа дека си играл играчки. Би те замолил, да ги погледнеш и овие статии кој тој ги има креирано: Син Божји, Света Троица и Кастанеда, бидејќи твоите познавања во оваа област се далеку поголеми од моите. Па доколку сметаш дека овие статии се излишни или не се во склад со принципте на Википедија, известиме да превземеме некои мерки. --brest 08:03, 14 февруари 2008 (UTC)
- зборот ми беше тоа што во самите статии напишани од тој корисник се цитира Библијата а колку што гледам на балканските и англиската википедија тоа таму е дадено на многу подруг начин. Добро, ако ми “дозволиш“ ќе се потрудам од неговите статии и додадено нешто од балканските да ги уредам јас како што мислам во следните денови--Астрион 10:40, 14 февруари 2008 (UTC)
- ок, се разбира дека “имаш дозвола“.--brest 11:12, 14 февруари 2008 (UTC)
Син Божји
уредиВо врска со статијата Син Божји според мене и како што е и кај другите википедии треба да се преименува (во нашиот случај целосно да се избриши) во Исус Христос. За моја жал јас не знам како се прави тоа (два наслови со една статија). Ако сакаш да ми кажеш или ти го направи тоа. Поздрав--Астрион 14:58, 15 февруари 2008 (UTC)
- Извршена е редирекција на Син Божји во Исус Христос, може тоа да го направи било кој, ако во текстот на статијата (во случајов Син Божји) се вметне командата #REDIRECT [[Исус Христос]].--brest 15:30, 15 февруари 2008 (UTC)
- Всушност постојат два начина тоа да го постигнеш. Едниот начин е постоечката статија Антиохија да ја преместиш во статија Антакија, wiki автоматски содржината на постоечката статија ќе ја замени со #REDIRECT Антиохија, што значи и двата поими Антиохија и Антакија ќе покажуваат на иста содржина поместена во статијата Антакија. Друг начин е да креираш нова статија именувана како Антакија и во содржината да вметнеш #REDIRECT Антиохија. Ефектот е сличен како претходно само што сега содржината ќе биде сместена во статијата Антиохија. Пробај ќе видиш како функционира. Или разгледај што има во статијата Син Божји од претходниот случај, ќе сватиш.--brest 15:59, 15 февруари 2008 (UTC)
- Благодарим--Астрион 18:57, 15 февруари 2008 (UTC)
Republic of Macedonia???
уредиздраво брест, јас сум нов на википедија но она што го видов на артикалот [1] на англиски не ми се допадна и затоа ти пишувам. читајќи го текстот повеќе ме потсетуваше на бугарска а се помалку на македонска историја(во историјата на Македонија Илинденското востание- илинденско преображенско, цар самуил - цар самуил бугарски, фиром со болд букви на почетокот... )... па би сакал да прашам дали има некој одговорен што го следи сето тоа бидејќи мислам дека е една од поважните страни...јас направив некои аматерски промени бидејќи бев стварно изнервиран... благодарам поздрав
- Поздрав и до тебе, Корисник:Medarski. Најпрво добредојде на Википедија, феноменот Википедија. Жалам што одредени написи уште на самиот почеток од вашето искуство со Википедија имале негативно влијание врз вас. Се надевам дека ќе имате време поблиску да се запознаете со принципите на Википедија и системот како таа функционира. Сепак на крајот мислам дека ќе дојдете до сознание дека со сите недостатоци и мани кои ги поседува Википедија сепак може да даде огромен придонес во ширењето на вистината. Но да не должам многу, што се однесува до статијата Republic of Macedonia на википедија на англиски јазик, како што сте забележале има низа на моменти кои на многумина не им се допаѓаат и како што рековте повеќе наликува на бугарска отколку на македонска историја. Вие сте пробале да го наметнете вашето гледиште, и за кратко време сте успеале во тоа. Википедија поседува механизми кои помагаат во утврдувањето на вистината, за кои сепак е потребно малку поголем ангажман за да се активираат. За содржината на Википедија одговорни се сите нејзини корисници и уредувачи без исклучок. --brest 08:03, 14 февруари 2008 (UTC)
- Брест, како да ги активираме „механизмите за утврдување на вистината“ дури и по цена на поголем ангажман ?? Некоја препорака?
Поздрав, Црноризец
- Вистината има повеќе лица. Едно е како ја гледаме од наш агол на гледање, друго е како некој ја гледа од свој агол на гледање. Важен принцип е НГТ (неутрална гледна точка). А секако важен принцип е и наведувањето на проверливи и доверливи извори на информации. Покрај другите начела и насоки ова се важни механизми / принципи кои би ни овозможиле да ја утврдиме вистината, за што мора да се сложите дека навистина ни треба голем личен ангажман и значајни ресурси. Мора да ги имаме фактите, мора да се доверливи и проверливи, мора да се достапни On-line и мора на википедија да ги пласираме согласно нејзините принципи. Ако се придржуваме кон ова не е можно некој така лесно да ги менува статиите поврзани за Republic of Macedonia односно општо за Macedonia. Мое лично мислење е дека таа борба е мошне тешка ако ја водиме на туѓ терен. Википедија на македонски јазик е наш терен каде што може да направиме солидна база од каде ќе може да тргнеме со ширење на нашата вистина.--brest 17:53, 18 февруари 2008 (UTC)
79.125.135.165
уредиБрест, би те замолил анонимниот корисник 79.125.135.165 да биде блокиран поради нарушување на three-revert правилото на статијата Кирил Пејчиновиќ каде постојано врши измена на презимето во целата статија од Пејчиновиќ на Пејчинович, што е ниту точно според правилата за транскрипција (авторот се потпишува како КYРIЛЛЪ ТЕТОЕЦ ПЕИЧИНОВИЋЬ, а Ћ се транскрибира со Ќ), ниту пак е прифатено во македонската книжевна терминологија, што и му го објаснив на дотичниот корисник овде. Сметам дека истиот корисник се крие зад ИП адресите 79.125.150.199, 79.125.146.94 и 79.125.130.88. Поздрав. --Филип 15:28, 4 февруари 2008 (UTC)
- Ги нема уште постигнато условите за 3RR блокирање, ама ептен е упорен а нема потреба.--brest 16:04, 4 февруари 2008 (UTC)
Фала
уредиФала за теглата ајвар. Да имам што да јадам во текот на зимата ;) (Zdravko 14:00, 5 февруари 2008 (UTC))
Зашто
уредиСъжалявам, че не говоря на прав език, ама и нямам ги претенциите. Молам те да отговориш, като администратор, зашто ми махна промените ОМО Илинден - Пирин и зашто ме блокира за "бугарска пропаганда". Не съм махал ништо - само сложих ((факт)) поради штото нема податоци да е така както пише. Штом мислаш дека е верно, зашто не дадеш податоци? Или зашто ФилипГД не даде? Да не ми да няма? И оште - в статията пишува дека ова не е партия, поради штото не е зарегиструвана. А тогава зашто у првото изречение се казва дека е политичка партия? И оште - Евреопскиот Парламент не може да наложи на Бугариja да признае ова за партия - няма правомоштиjата. Не съм бил некоректен или нешто такова и не съм ширил никаква пропаганда. Само сложих ((факт)) не местата, където пишуваше глупости. Ако велаш ште ти кажа зашто съм сложил таг за всеки един от тях. Ама така в момента не е коректно. --Dochko 15:36, 5 февруари 2008 (UTC)
- Самото уредување од страна на анонимни корисници врз статии од оваа природа носи ризик за блокирање, посебно кога враќање на уредувањето врши регистриран корисник (Корисник:Filipgd). Моја сугестија до вас е да се регистрирате (што и сте го сториле) и потоа да вршите уредување на статиите. Доколку дојде до конфликт со некој друг уредувач обидете се да го разрешите конфликтот на страницата за разговор. Незнам точно од која IP адреса сте ги вршиле промените (87.126.173.230 или 87.126.171.205). Можеби и некој друг ја користи оваа IP адреса и настапувал од позиција на бугарска пропаганда па затоа таа адреса била блокирана.--brest 16:12, 5 февруари 2008 (UTC)
- А мога ли сега да го върна? Има ли нешто грешно? Няма забрана да слагам тагове за (факт) нали? --Dochko 16:46, 5 февруари 2008 (UTC)
- Може, но внимавај на 3RR правилото.--brest 17:30, 5 февруари 2008 (UTC)
Благодарам
уредиБрест, благодарам на признанието. Се надевам дека ќе ја оправдам укажаната доверба! Поздрав! --Филип што бе? 10:05, 6 февруари 2008 (СЕВ)
Здраво Брест
уредиЗдраво Брест ги уредувам категориите за да се не повтарат, така Кат:Античка Македония я добавив кон Кат:История на Македония, потоа що, па таа я има во Кат:Македония. Така Кат:Античка Македония ке я има во Кат:История на Македония само. Мислам дека не сом навредлив со тоа постапка. Дади ми одобрения да ги подредам статиите. Па ако сакаш ми дай инструкции и ако се не оправам те молам да ме банираш за 2 месеца поне. Молим! --Li4kata 16:14, 6 февруари 2008 (UTC)
- 99% од твоите уредувања на категориите се ОК, јас само ги враќам оние кои сметам дека не би требало да се во ред. Конкретно за Античка Македонија, сметам дека треба да биде подкатегорија на Македонија. Можеби може и да се стави како подкатегорија во Историја на Македонија. Само продолжи со твојата работа. Овие уредувања се значајни. Поздрав. --brest 16:57, 6 февруари 2008 (UTC)
- Сум уредувал статийте за балканските войни така, че да бидат во Кат:Балкански войни, па ова Кат е част от големата Кат:Македония, по тоя я избришав Кат:Македония от нив. Се изяснувам да ме не мислиш дека навредувам. :)
- Я са уще сметам дека би требвало да бидат сите статии за балканските войни во Кат:Балкански войни, по тоа що ова е част от Кат:Македония. Но ако кажеш, че бива да биде и во двойцата ке се прирав, шо ке правам :) --Li4kata 14:55, 7 февруари 2008 (UTC)
- Одлична работа правиш човеку. Сепак дали мислиш дека Балканските војни, или Букурешкиот договор не се дел од Историјата на Македонија? Тие се дел како што се дел од Историјата на Бугарија, како и од Историјата на Србија, ... Поздрав. --brest 15:01, 7 февруари 2008 (UTC)
Лого за википедија за 15.000 стории
уредиЗдраво, вака бидејќи колку што видов се приближуваме кон бројката од 15.000 статии, направив мал редизајн на логото, кое мислам дека би можеле да го употребиме кога ќе дојдеме до бројката од 15.000 статии која мислам дека ќе биде набрзо. Ако се согласуваш еве го логото. :) Поздрав LBakraceski 16:46, 8 февруари 2008 (UTC)
- Одлично, и јас мислам дека е добра прилика да се истакне вашиот редизајн на логото на википедија на македонски јазик.--brest 21:49, 9 февруари 2008 (UTC)
прашање
уредибрест имам проблем со новит шаблон што го направив за грузиските региони. него го зедов од анг вики и малку го преведов. ама кога ќе го ставам на нова страна изгледа вака: Гурија. види ако можеш нешто да направиш,мене не ми иде. шаблонот е Шаблон:Infobox Region of Georgia. raso mk 20:10, 12 February 2008 (UTC)
- Мислам дека сега е ок, провери.--brest 20:27, 12 февруари 2008 (UTC)
- еј фала.видов .супер е. ај да му се фрлам на работа сега. raso mk 20:30, 12 February 2008 (UTC)
Категории
уредиЗдраво, Брест. Ако можеш погледни го овој разговор. Зашто, искрено, не можам да сфатам што точно прави Li4kata. Случајно да не (на)правам некоја грешка. Ако нешто не ти е јасно - пиши. Поздрав, --Виктор Јованоски 20:43, 13 февруари 2008 (UTC)
- Здраво, Виктор. Јас го следам Li4kata, имав и разговор со него (види погоре). Мислам дека прави нешто што некој од нас требаше порано да го направи. Се разбира можни се грешки од негова страна, со оглед на тоа дека сепак тој ги гледа работите од еден поинаков агол. Но во голема мера мислам дека неговата работа околу категориите е ок. Доколку настане некој проблем мислам дека лесно може да го надминеме. Значи има одредени случаи каде и јас сум реагирал, а гледам и ти некаде имаш реагирано во врска со неговите активности, но сепак поголемиот дел од неговата работа е полезен и потребен. Мој став е дека неговата работа до овој момент е со добра воља и добри намери.--brest 22:38, 13 февруари 2008 (UTC)
Тогаш, во ред Брест. Ќе продолжиме да го следиме, а јас ќе му се извинам за сомнежите. Поздрав, --Виктор Јованоски 15:26, 14 февруари 2008 (UTC)
Проект: Политика
уредиЗдраво Брест, извини што вака ти ја уредувам страницава, ама не знам како поинаку да ти пратам порака?! Направив статија за Елизабета II, па мислам дека треба некако да влезе во проектот политика, некаде кај политичари. Како да ја внесам во тој систем?
И воопшто, нели забележуваш дека со категоризацијата малце е хаос :-) ?
Поздрав, Црноризец
ууууупс! сега видов дека постои статија Елизабета II, многу поопширна, така што мојава статија Елизабета II (Кралица) треба да се избрише за да не прави збрка... како се брише статија?
- Токму така се праќа порака, преку уредување на страницата за разговор. Постои статија за Елизабета II, но како што можеш да забележиш само почетокот е преведен на македонски јазик, останатиот дел останува на англиски јазик, поради што статијата е предложена за бришење (барем на делот кој не е преведен). Така да можеш да продолжиш со уредување / преведување на оваа статија. Иначе јас се обидувам да ја најдама статијата Елизабета II (Кралица) која ја имате вие креирано но не ми успева? Ако сакате/сметате некоја страница треба да биде избришана оставете само маркер за бришење {{Брзо бришење}} или {{Бришење}}, па некој од администраторите кој има моќ за тоа можеби ќе го стори ако наведената причина за бришење е оправдана. Што се однесува до категоризацијата, може ли да посочиш каде има настанато хаос? Некој пример, за да можеме да го средиме.--brest 07:34, 15 февруари 2008 (UTC)
- веројатно некој веќе ја избришал? нема врска... само добро е и оваа што постои да се вклопи во проектот Политика. јас и' додадов категорија „политичари“, ако тоа помага. во врска со категориите, речиси секаде има неконзистентности: нпр. во животни имаше 5-6 статии,а всушност постојат десетици. Потоа, фали и стручна категоризација, нпр. дали ќе се категоризираат животни/месојади/тревопасни или животни/рбетници/птици/риби/.... на многу места луѓето си ставале категории во кои се содржи само по една (нивната) статија, а и не се поврзани со ниедна друга, нпр. Елизабета II е со категорија „британски монарси“ и сл., а не е ставена во категориите кои веќе постојат. И то... Поздарав,
- Да избришана е. Околу категоризацијата на статиите има доста работа. Претпоставувам некој ќе најде време да седне и да ги среди.--brest 20:11, 15 февруари 2008 (UTC)
шаблон-проблем
уредибрест ај види го ако сакаш шаблонот Шаблон:Венпод некако неможам да му става сина лента горе. вака изгледа глупо и нема естетика. позз --Raso mk 15:40, 15 февруари 2008 (UTC)
- Дефинитивно ова е многу сложен шаблон, кој некаде лошо е дефиниран, за жал не успеав да пронајдам каде е проблемот. Без разлика на тоа, можеш да продолжиш со користење на шаблонот како што до сега го користиш па кога ќе се среди шаблнот автоматски ќе се среди секаде каде што се употребува. Поздрав и само напред.--brest 17:12, 15 февруари 2008 (UTC)
- ОК. сепак фала на помошта. поздрав--Raso mk 17:19, 15 февруари 2008 (UTC)
- Проблемот е некаде во начинот на употреба на стиловите. Можеби воопшто не е проблем навигациониот шаблон, проблемот лежи во дефинирањето на глобалните стилови. Ќе испитаме во блиска иднина. Само да го запишам мојот сомнеж овде, за да може да се потсетам подоцна.--brest 17:28, 15 февруари 2008 (UTC)
Атлантски Океан
уредиЗдраво Брест. Има две статии за Атлантски Океан, едната е со мало „о“, другата со големо „О“. Таа со големо „О“, значи, „Атлантски Океан“ е речиси празна и може да се брише. Како да се избегнат вакви дуплирања? Поздрав, Црноризец
- P.S. Бидејќи забележав дека повеќе линкови водат до статијата со големо „О“, ја префрлив содржината и ги поправив останатите линкови, па сега онаа со мало „о“ може да се брише.
- Избришано Атлантски Океан со мало о. Иначе треба да се придржуваме кон правописните правила. Ако е правилно Атлантски Океан наспроти Атлантски Океан тогаш така треба да стои. Иначе википедија нуди можност со редирекција ова лесно да се надмине. P.S. потпишувањето најдобро е да го вршите со притисок на копчето со стилизиран потпис горе во алатникот, второ од десно на лево. За правопис би те препорачал да го консултирате Виктор Јованоски бидејќи сметам дека тој е далеку подобар од мене во таа област.--brest 17:36, 18 февруари 2008 (UTC)
- Заборавив на тебе? Дека и ти можеш да бидеш од голема помош за проблеми од овој тип. Поздрав.--brest 11:35, 19 февруари 2008 (UTC)
Пилат
уредиBrest сакам да ми кажеш дали статијата треба да се вила Пилат Понтиј или Пилат Понтиски. Друго, не знам каде да ја категоризирам(дали во Рим или во историја за Ерусалим)--Астрион 18:19, 19 февруари 2008 (UTC)
- Мислам дека Јанкуловски и INkubusse веќе ти одговорија на твоите прашања побрзо од мене. Во секој случај кога сакаш некоја статија да ја категоризираш надјобро е да се консултираш со некоја друга википедија (англиска, српска, бугарска и сл.) и на крајот да додадеш и јазични врски (интервики линкови).--brest 11:11, 24 февруари 2008 (UTC)