Разговор со корисник:Brest/Архива/2008/мај/20

brest T 
архива на разговори (1,26M+)
тековни

2012/13 (67.6k)


2012.01.01 - 2013.12.30 67.6k 

2010/11 (205k)


2010.10.31 - 2011.12.30 30k 
2010.08.05 - 2010.10.31 58k 
2010.04.25 - 2010.08.05 74k 
2009.12.31 - 2010.04.25 43k 

2009 (318k)


2009.09.22 - 2009.12.31 32k 
2009.04.30 - 2009.09.22 44k 
2009.02.28 - 2009.04.30 58k 
2009.01.31 - 2009.02.28 129k 
2008.12.31 - 2009.01.31 55k 

2008 (460k)


2008.10.06 - 2008.12.31 76k 
2008.08.22 - 2008.10.06 63k 
2008.05.21 - 2008.08.22 63k 
2008.04.21 - 2008.05.20 46k 
2008.03.21 - 2008.04.20 50k 
2008.03.03 - 2008.03.21 50k 
2008.02.24 - 2008.03.03 39k 
2008.01.22 - 2008.02.24 34k 
2007.10.08 - 2008.01.22 39k 

2007 (209k)


2007.09.01 - 2007.10.08 56k 
2007.07.12 - 2007.09.01 39k 
2007.06.25 - 2007.07.12 32k 
2006.04.17 - 2007.06.25 82k 
mini
mini
За подобрување и унапредување на Македонската Википедија
за Брест од Виктор

Благодарам!

уреди

Благодарам за блокот! Да не беше тој немаше да научам две животни лекции: дека постојат Македонци кои се мегаломански националисти и дека Калимеро е во право кога вика „кај што има сила нема правда“. Сега ќе ги имам и нив во предвид. Поздрав. --Филип 14:25, 16 април 2008 (UTC)

Блокиран си чисто од технички причини, бришење на содржини од страниците, а на пат си да бидеш повторно блокиран на подолго време, повторно од технички причини. Иначе баш ми е драго што сум делувал воспитно на тебе ако навистина е така.--brest 19:11, 17 април 2008 (UTC)
Филип, не го обвинувај Брест за мегаломанство само ако теоријата што тебе ти одговара не е главната застапена, смири се малку. Не може секогаш по твое да биде. --Поречанец A? 21:37, 16 април 2008 (UTC)

БГ владетели

уреди

Здраво! Мислам дека најдобро ќе биде да не се ставаат целата царска фамилија на Цар Самуил затоа што доаѓа до конфликти мразење помеѓу нас самите. Јас ги отстранив нив од листата на Бугарски владетели па мислам дека ќе биде најдобро ако ја оставиш така како што е. Најдобро решение ќе биде. Поздрав--MacedonianBoy 13:09, 17 април 2008 (UTC)

Сепак ќе треба со аргументи да се направат сите измени, без разлика дали нешто е вистина или не е. Ако немаме референци / докази за нашето тврдење тогаш најверојатно (според принципите на википедија) нашето тврдење не е точно.--brest 19:13, 17 април 2008 (UTC)

Несоодветни муабети

уреди

Мислам дека е крајно време да преземеме нешто околу оние добро познати несоодветни муабети на страниците за разговор. Не зборувам за навредување и слично (всушност тоа нема многу), туку за зборување за нешто што воопшто нема врска со статијата. Сигурно знаеш за што зборувам; најчесто тоа се случува на страници поврзани со нашата историја (за која Бугарите имаат поинакво гледање): прво ќе се започне тема за некој крајно контроверзен проблем, потоа одговор со доза на непријателство, потоа уште полош одговор, и тоа брзо ескалира во „меѓунационално препукување“, или уште полошо, лично. Не е проблемот само со тие препукувања, туку општо, на англиската Википедија (и на сите други, впрочем), штом се започне разговор што е далеку од темата или разговор за проблем што веќе одамна се решил, веднаш прекинува муабетот, односно некој администратор става точка и секоја следна порака е цензурирана (а испраќачот опоменуван). Мислам дека добро ги знаеш тие работи, само што кај нас сѐ уште не сме го средиле тој проблем. А мислам дека е проблем! Како пример, еве го последното нешто на што налетав, ама има милион други такви. Се надевам се сложуваш. --Поречанец A? 01:44, 18 април 2008 (UTC)

Секако дека се сложувам и треба да се престане со расфрлање на енергијата на овој начин. Треба да најдеме што поскоро начин и сили да и ставиме крај и на оваа појава.--brest 08:47, 18 април 2008 (UTC)
Се согласувам дека овоj проблем требе да се реши, не е полезен за википедиjа, но мислам дека коренот на проблемот е некаде другаде. Овие разговори се само резултат. Мислам дека сите контроверзни нешта требе да се дискутираат (со извори), и да се стигне до заедничко решение, а не да изпадаме во уредувачки воjни. Вандализмот не требе да се толерира. Исто така, кога се бара извор за некое тврдење, по долго от 1 или неколку месеци, требе тврдењето да се избрише. Ако нема извори нема и тврдење. Наместо да работам по статии во македонската википедиjа поврзани со Бугариjа, jас требе да гледам, некоj да не ми избрише нештата, без разговор и дискусиjа, нешта за кои сум дал извори. Исто така ако се почутува неутралната гледна точка ке биде от помош. --Мизиец 10:17, 18 април 2008 (UTC)
StanProg, за тој проблем, отвори нова тема со нов наслов, јас не зборувам за тоа. Нема врска со вандализам и со контроверзии. Зборувам само за правење муабети, од било кој тип, што не се поврзани со статијата или не придонесуваат никако или веќе одамна се затворени. А, инаку, мислам дека решението на проблемот е многу јасно. Администраторот има должност кога и да наиде на таков муабет, веднаш да го прекине. И, да се разбереме, тоа не е злоупотреба на сила, туку употреба на сила. :D За наше добро :) --Поречанец A? 18:47, 18 април 2008 (UTC)

мислење?

уреди

Википедија:Портал/Идеи#Важно   гитардемон  16:11, 22 април 2008 (UTC)

Еј јас сум нов тука и имам некои идеи кој ќе помогнат се разбира.

уреди

Вака јас сум нов овдека а имам слушнато за тебе дека си администратор така што би сакал малку помош. Досега имам зборувано со iNukbusse и тој ми кажа дека ти си администратор. Не барам специјална помош мислам дека iNukbusse знае доволно и тој ми помогна премногу многу сум му благодарен но поентата ми беше дека сакам да знам дали добиваш информации за тоа кога некој станува нов член во Википедија дека кога станав никој не се понуди да ми покаже што се работи тука и како. Ова го кажувам дека знам колку и е потребно на Википедија да има корисници сите Википедии се преполни и организирани заради големиот број на корисници но нашава не е организирана ама ич и мислам дека имам план како да го сменам тоа треба да се привлечат голем број корисници со желба да помогнат и со амбиции да станат Администратори така да можам да донесам голем број членови но треба да имам подршка од тебе како администратор да речеме да можеш да им посакаш едно „топло добредојде“ и да знаат што е ова и за што се работи. И како прво ако неможеш тоа да го направиш барем организирај некој да ги пополни страните во кои има упатства дека има страни кои се празни и никој не може да научи ништо ако нема кој да му покаже. Се надевам дека разбираш дека имам само добри намери и дека тебе ти го кажувам ова бидејќи не познавам друг администратор.:) Smart M&M 17:22, 27 април 2008 (UTC).

Поздрав од мене и добредојде на википедија на македонски јазик. За комплетна листа на администратори види тука. Во скорешни промени покрај останатото има информација кој скоро се има регистрирано, односно ако погледнете Специјални:ListUsers добивате листа на сите регистрирани корисници, ... ако пак се погледне тука може да се набљудуваат различни дневници битни за администраторите,... Секако дека би било убаво на секој нов корисник да му се посвети внимание, најчесто тоа се прави со тоа што на неговата страница за разговор се вметнува шаблонот {{добредојде}} со основни линкови до страниците за помош неопходни за почетници на википедија. Покрај администраторите порака за добредојде може да постави и било кој друг уредувач, дури и анонимните. Што повеќе време поминувате на википедија уредувајќи ја или само користејќи ги информациите кои ги нуди навлегувате во филозофијата на тоа како функционира овој систем. Моментално на википедија има преку 3.000 регистрирани корисници од кои за жал многу мал процент се активни уредувачи. А токму активните уредувачи креираат нови содржини или ги прават побогати веќе постоечките. Сите содржини на википедија, вклучително и страниците за помош се дело на таканаречените добронамерни уредувачи без разлика дали се регистрирани или анонимни. Јас ве повикувам да дадете ваш допринос на википедија и секако дека ќе бидат прифатени вашите планови како да ја подобрите википедија. Поздрав.--brest 21:02, 28 април 2008 (UTC)
Супер што ме сфати сериозно супер што не ме сфати дека ти мислам нешто лошо туку дека сакам да помогнам. Вака идејата ми беше дека еве на пример англиската Википедија има доста страни на кои има упатства за работа каде секој може да си прочита што како се работи. А нашава нема такви страни мислам има, ама не се сите и не се целосни како тие на англиската. И јас можам да ги пополнам ама незнам многу за Википедија па си помислив да ги преведам ама не се исти со англиските туку се по различен редослед. Сакам да кажам ако можеш ти или некој што се разбира во овие работи да ги пополни би било супер. Ако постојат овие страни ќе можам да им кажам на сите што ги знам дека можат да станат корисници на Википедија дека верувај незнаат многу луѓе за Википедија некои незнаат дека постои а не па дека е слободна енциклопедија. Мислам дека кажав што мислам. И нешто друго ако можеш да ми објасниш зошто статијата АМЕРИКАНСКИ ТЕЛЕВИЗИСКИ СЕРИИ има толку мала листа односно зошто се ставаат сериите кои ги има во Македонија само а не сите. Знам дека ова не е забрането да се стават и други ама пак прашувам ако е проблемот дека одвај се постигнува уредување на нив а не па на други тогаш тој проблем ќе го решам јас јас ќе се погрижам за сите серии да има доволно работи. И уште нешто кажи ми како оди тоа со влезната страна кој ја уредува нејзе кој става слики. Фала од напред и поздрав.
P.S. Фала за информациите од минатото барање. --SmartM&M 16:11, 29 април 2008 (UTC)
Слободно може да пристапите на преведување на страниците за помош од англиската википедија, на тој начин ќе и помогнете на википедија на македонски јазик а воедно и ќе научите што точно е википедија и како функционира, ќе помагам колку што можам. Иначе активните корисници, даваат максимум од себе за да ја подобрат википедија на македонски јазик во било кој поглед и работат на тоа максимално да ја промовираат во јавноста и секој кој ги има истите цели е добредојден во нашиот клуб на википедијанци. Што се однесува до статијата АМЕРИКАНСКИ ТЕЛЕВИЗИСКИ СЕРИИ, најверојатно мислите на Категорија:Американски телевизиски серии, повторно се работи за недостаток на ресурси и заинтересираност истите да се пополнат. Доколку сте заинтересирани и имате слободно време тоа да го направите јас ве охрабрувам истото да го направите што е можно поскоро, со што ќе придонесете википедија да стане побогата во таа област.--brest 17:49, 29 април 2008 (UTC)

Македонска Православна Црква

уреди

Слика во шаблон

уреди

Здраво Брест! Дали би било возможно во {{Шаблон:Инфокутија - Македонска Православна Црква (цркви)}} некаде каде што е мапата под неа да може да се става слика од соодветната црква. Мислам баш би било интересно и плус во последниот дел од шаблонот го пишуава името и местотo на црквата, па добро би дошло некаде помеѓу картата и името да може да се стави слика на соодветната црква. Поздрав--Raso mk 20:28, 29 април 2008 (UTC)

Незнам точно која ти е идејата, ама ако мислиш како во статијата Манастир „Св. Преображение“ - Зрзе, тогаш може.
Само јас размислувам мапата да се замени со некоја подобра. Да ги има реките, патиштата и поголемите градови, за да може човек подобро да се ориентира каде се наоѓа црквата т.е. манастирот.--brest 20:55, 29 април 2008 (UTC)
Идејата ми беше таа, само што јас си мислев сликата да оди под картата, ама сеедно би било. Со слика поубаво изгледа.--Raso mk 20:56, 29 април 2008 (UTC)
Се обидов и јас да ја ставам инфокутијата за лешочкиот манастир,ама без координатите не успеав. прашањето ми е како да дојдам до координати, бидејќи за лешок не најдов никаде.--Raso mk 21:40, 29 април 2008 (UTC)
Види тука за дополнителни информации.--brest 21:47, 29 април 2008 (UTC)
Ок. фала--Raso mk 21:49, 29 април 2008 (UTC)

Парохии во шаблон

уреди

Брест јас пак за ова {{Шаблон:Инфокутија - Македонска Православна Црква (цркви)}}!!!! Дали во него има ставено дел од која парохија е црквата или нема воопшто. Си мислев бидејќи намесништвата се поделени на парохии, па и самата инфокутија би требала да има дел во кој би се покажувало во која парохија се наоѓа црквата. позз--Raso mk 11:54, 1 мај 2008 (UTC)

Нема, ама изгледа дека треба да се стави. --brest 11:56, 1 мај 2008 (UTC)
Па би можел ли? --Raso mk 12:00, 1 мај 2008 (UTC)

Форматирање на насловот

уреди

За статиите со манастирите и црквите, дали не мислите дека е многу подобро да бидат во формат:


Црква „Св. Атанасиј“, Радиовце

наместо


Црква "Св. Атанасиј" - Радиовце

Наводниците ужасно ми пречат вака американски како што се (иако сега видов дека не се на сите статии така), а тоа со цртичката да се замени со запирка мислам дека е веќе пракса, бидејќи кај американските градови пишуваме Мемфис, Тенеси... или Атина, Џорџија и сл.

ова е само предлог, меѓутоа мислам дека е повеќе во склоп со нашиот правопис запирката (а и наводниците)   гитардемон  12:02, 1 мај 2008 (UTC)

Мислам дека Црква „Св. Атанасиј“ - Радиовце, е според правописот, бидејќи овој стил го имам забележано над влезните порти во македонските храмови, наскоро ќе подигнам една слика како потврда за тоа.
BTW, зошто вие двајцата не се зачлените во Википедија:Проект:МПЦ - Цркви и Манастири, заедно ќе бидеме посилни.--brest 12:08, 1 мај 2008 (UTC)
 
Манастир Св. Преображение - Зрзе
Еве овде една слика со натпис Манастир Св. Преображение - Зрзе, интересно ама без наводници! Искрено прават проблеми наводниците без разлика какви се. Треба да се разгледа можноста да се тргнат наводниците.--brest 12:43, 1 мај 2008 (UTC)
Не би требало да има потреба да се тргаат наводниците, туку едноставно преку редирект нека има повеќе верзии, и со и без.--Raso mk 12:49, 1 мај 2008 (UTC)
Мене подобро ми изгледаат со наводници и тоа вака Црква „Св. Атанасиј“ - Радиовце а не вака Црква "Св. Атанасиј" - Радиовце. Ама сепак треба да направиме некоја стандардизација, за да си олесниме некои други работи.--brest 12:56, 1 мај 2008 (UTC)
Стандардизација треба секако, но што правиме кога некој сака да побара некоја црква тука на вики и нема да најде. Нема да најде поради наводниците и цртичката, па празните места и сл. Еден стандард нека има, но уште 5 нека се пренасочуваат кон него. Како на пр кај лешочкиот манастир. Има име но и обичната кратенка е корисна.--Raso mk 13:01, 1 мај 2008 (UTC)
Добро, прво обавезно да се стандардизира насловот на статиите, а за редирекцијата може било која форма која има смисла. Така да стандардно сите статии би имале наслов од типот Црква „Св. Атанасиј“ - Радиовце, а би имале редирекции од типот на: Црква Св. Атанасиј - Радиовце, Црква Свети Атанасиј - Радиовце и сл.--brest 13:05, 1 мај 2008 (UTC)

Можеби ќе звучи глупо но незнам каде да се обратам.

уреди

Вака знам дека ќе звучи глупо но навистина ми требаат податоци за рециклирање хартија ама на македонски да бидат те молам ако имаш некои работи или знаеш каде има те молам да ми помогнеш очаен сум. Ми требаат на 2 мај да ги имам веќе ако тоа е можно прати ми ги на maks-n@hotmail.com фала незнам како да се обратам на друг начин фала однапред. --SmartM&M 19:30, 1 мај 2008

Не знам каде точно има таквоо нешто, но пробајте на google да побарате нешто повеќе информации.--brest 18:12, 1 мај 2008 (UTC)

заштита

уреди

мое мислење е дека треба да ја заштитиме статијата грција од вандализам од анонимци, сигурно 2-3 пати се случило веќе Gorjan 22:41, 6 мај 2008 (UTC)

Блокирани се IP адресите од кои вршени вандалските уредувања на статијата. Тоа сега за сега е доволно.--brest 00:55, 7 мај 2008 (UTC)

Листа на корисници

уреди

Те молам поправи ги следниве системски пораки:

стои: Прикажни корисници почнувајќи од:
треба: Прикажи корисници почнувајќи од:
стои: Не е пронајден корисник.
треба: Не е пронајден ниеден корисник.
Благодарам, средено е.--brest 09:26, 8 мај 2008 (UTC)

Патем, можеби можеш да ми помогнеш со следново: сакам да направам врска до листата со сите администратори. Листата се наоѓа кога од Специјални:Listusers (Листа на корисници) ќе одбереш „Администратори“, но не можам да направам директна врска до администраторите. На англиската тоа се прави со Special:Listusers/Sysop, но кај нас тоа не функционира. Можеби е нешто со кратенките, само што не знам каде се наоѓаат тие, а и да знаев, не можам да ги уредувам. Фала однапред. --Поречанец A? 01:07, 8 мај 2008 (UTC)

Аххх, најдов веднаш откако ти ја оставив пораката. Многу го мразам ова, извини! Кај нас кратенката била со мало s, /sysop. --Поречанец A? 01:11, 8 мај 2008 (UTC)

ок.--brest 09:26, 8 мај 2008 (UTC)

Уште:

стои: Оваа специјална страница ги прикажува последните промена на страниците кои се поврзани. Вашите набљудувани страници се замастени
треба: Ова е листа на последните промени направени на страници поврзани од одредена страница (или од страници од одредена категорија). Вашите набљудувани страници се прикажани со '''задебелени букви'''. --Поречанец A? 23:26, 8 мај 2008 (UTC)
Ставив вака: Оваа е листа на скорешни промени направени на страниците кои се поврзани со наведената страница (или членови на наведената категорија). Вашите набљудувани страници се прикажани со задебелени букви., иако уште не ми е баш најјасно што е целта на оваа страница.--brest 08:13, 9 мај 2008 (UTC)
Ок, уште подобро, само наместо Оваа треба Ова. Тоа е листа на скорешни промени на страници до кои има внатрешни врски (линкови) од некоја страница што корисникот ќе ја наведе. Тоа се страниците што ги има во Што води овде? за одредена страница - на кои им биле вршени измени. Пример:
Антички македонски календар има една врска до Престапна година (односно, до Престапна година има врска од Антички македонски календар). Неодамна направив измена на Престапна година. Оди на Специјални:Recentchangeslinked/Антички македонски календар[1] и таму ќе ја најдеш промената на Престапна година бидејќи си одбрал да гледаш промени на страници што се поврзани од Антички македонски календар.
Исто така, има опција да видиш промени на страници што имаат врски до наведената страница. Патем, на тоа му треба превод:
стои: Show changes to pages linked to the given page instead
треба: Прикажи промени на страници кои имаат врски до наведената страница.
Можеби би било добро да ги означиме од и до со задебелени букви за лесно да се увиди разликата. --Поречанец A? 09:03, 9 мај 2008 (UTC)
Средено е.--brest 09:08, 9 мај 2008 (UTC)

Транскрипција

уреди

Здраво! Ја пишував статијата за Транскрипција на туѓи иминња на македонски јазик и ми остана уште едно а тоа е кинеското. Ако сакаш да ми кажеш од каде да најдам извор за тоа затоа што немам поима од каде да препишувам или барем да гледам пример. Кинеските имиња се специфични па затоа ми треба пример од некаде. А два јазика оставив и несакам да ги пишувам а и нема потреба таму да седат. Ќе воочиш за кои зборувам. Поздрав--MacedonianBoy 11:03, 10 мај 2008 (UTC)

Во правописот што е наведен како извор подолу во статијата која е предмет на твоите уредувања за жал нема секција за предавање на кинески имиња. Веројатно треба да се повикаме на тоа како се изговараат кинеските имиња, т.е. да се користи Пинјин романизацијата на кинескиот јазик воведен 1956 година во НР Кина. Или пак да се користи системот Вејд-Џајлс кој е поблиску до вистинскиот изговор. Пример 日照 - Rizhao - Рижао (симплифициран кинески - романизација - македонска транскрипција). Што се однесува до другите два јазика кои ги имате оставено, најверојатно некој друг уредувач подоцна ќе ги уреди и нив, така да не е некој голем проблем. Поздрав. --brest 15:12, 10 мај 2008 (UTC)

Мислам дека е крајно време некој да ја заштити статијата од анонимни корисници. --Поречанец A? 15:22, 10 мај 2008 (UTC)

Сега за сега не мора, еден ист анонимен корисник е, којшто ги менува само IP адресите. Претпоставувам дека ќе свати дека неговите пакости нема да имаат никаков ефект.--brest 18:27, 10 мај 2008 (UTC)

Скриени категории

уреди

Те молам:

+

  • Tog-showhiddencats: Прикажувај ги скриените категории (сегашното е сосема спротивно; мора да биде Прикажувај, не Прикажи).

--Поречанец A? 17:15, 10 мај 2008 (UTC)

Средено. --brest 18:25, 10 мај 2008 (UTC)

Категорија:Википедија:кат

уреди

Брест, некако мораме да ги организираме Википедиините категории, односно категориите што се однесуваат на Википедија, а не на статии. На англиската се препознаваат така што имаат префикс „Category:Wikipedia кат“ (пример: Category:Wikipedia deletion), на речиси сите други проекти имаат префикс „Категорија:Википедија:кат“ (пример: Categoría:Wikipedia:Borrar), а кај нас не се препознаваат никако. Мораме да се одлучиме како ќе ги означуваме тие категории, вака настанува хаос. Мој брз предлог е и кај нас да имаат префикс „Категорија:Википедија:“ (само англискиот јазик дозволува „Категорија:Википедија кат“, без дветочки) и не гледам никаква причина зошто да не биде така. Мислам дека нема потреба да ја одложуваме одлуката, па, ако се сложуваш, ќе ти означам кои категории имаат лошо име, тие избриши ги, и ќе ги заменам со правилни. Те молам најбрзо што можеш кажи ми дали е во ред. --Поречанец A? 12:06, 11 мај 2008 (UTC)

Да секако, ја имаш мојата подршка/--brest 17:03, 11 мај 2008 (UTC)


Избрана статија и слика за 20. седмица

уреди

Здраво Брест, статијата и сликата се одлично избрани, само те молам стави ги и во соодветните страници за разговор за да ја запазиме договорената постапка за избор. Поздрав, --Crnorizec 09:53, 12 мај 2008 (UTC)

ВикиПроект Филм

уреди

Потстраниците на ВикиПроектите треба да бидат и буквално потстраници. Грешка направив и јас со „Категорија:ВикиПроект Филм/Учесници“ (не може категорија да биде потстраница). Треба да постои „Википедија:ВикиПроект Филм/Членови“ (и други соодветни потстраници). Всушност, треба да има и категории за одредени делови од проектот, ама повеќето категории за овој проект се со лоши имиња. Пример, „Категорија:ВикиПроект: Филм, членови на проектен тим“ би требало да биде „Категорија:Учесници во ВикиПроект Филм“ (нешто како на англиската :D). Сега ќе ја средам целата организација на проектот (според англиската, таму има style guidelines за сѐ за проектите), а потоа те молам избриши ги непотребните категории и страници. Ок? --Поречанец A? 19:43, 13 мај 2008 (UTC)

ОК, се сложувам. Патем, она што го работиш во последно време е одлично сработена работа. Само напред.--brest 19:35, 13 мај 2008 (UTC)
Фала ти, добро ми доаѓа поддршка :) Имам во план многу, си направив огромна листа за средување, главно за техничкиот дел на Википедија, организација, категоризација, страници во именскиот простор Википедија и слично. Ми требаат повремени консултации, сега си единствениот што може да ми помогне за тоа. --Поречанец A? 19:45, 13 мај 2008 (UTC)
Тоа е навистина потребно и добро е што се ангажираш околу овие работи. Ме радува тоа што покрај зачестениот вандализам во последно време од страна на крајно несериозни посетители има и некој кој сериозно ги сваќа работите.--brest 19:55, 13 мај 2008 (UTC)
Еј на википроектот филм креирам линк до Хари Потер и Каменот на Мудрецот(филм) (јас ја започнав и ја пополнувам) но има грешка во самиот наслов, како да смени од Каменот на Мудрецот(филм) во Каменот на Мудроста(филм) итн. --Delix 16:10, 16 мај 2008 (UTC)

Македонски писма

уреди

Здраво! Сакам да те прашам дали има потреба да пишувам за секцијата средновековна македонска кирилица и за секцијата грчка азбука користена за пишување на македонски јазик? Јас ги избришав тие две секции но ако треба ќе ги вратам. Средновековната кирилица горе долу е слична со старата кирилица а за грчката азбука дали треба да ја ставам денешната грчка азбука или старата (ако има потреба да пишувам за таа секција). Поздрав--MacedonianBoy 17:25, 14 мај 2008 (UTC)

Интересно прашање. Ако го гледаме насловот на статијата, тогаш малку нема смисла. Но ако се гледа во смисла на системи на пишување кои се користеле или користат за пренесување на македонскиот јазик тогаш има смисла да стои и таа секција. Така грчкиот алфабет не е македонско писмо ама се користел за пренесување на македонскиот јазик, за што имаме и бројни сведоштва.--brest 17:43, 14 мај 2008 (UTC)

Блокирање, IP адреса 78.90.139.116

уреди

Кога ќе можеш да го блокираш под итно еден корисник со IP адреса 78.90.139.116. Види на портал Македониај вовед[2]. Ја вратив јас ама он треба да се блокира поради вандализам и иредентизам. Поздрав--MacedonianBoy 16:07, 17 мај 2008 (UTC)

Блокиран од страна на   гитардемон . Јас последните денови не бев активен на википедија. Поздрав.--brest 11:29, 18 мај 2008 (UTC)

Дали можеш да ми помогнеш да го наместам Шаблон:Кирилица? Ставив една буква и ми се зголеми шаблонот незнам зошто. Поздрав--MacedonianBoy 11:01, 18 мај 2008 (UTC)

Сега гледам е добро, самите сте го средиле. Поздрав.--brest 11:29, 18 мај 2008 (UTC)
Назад на корисничката страница на „Brest/Архива/2008/мај/20“.