Добре дојде!

Здраво, Arwena, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде! --Милош 12:35, 14 октомври 2006 (UTC)

Добредојде

уреди

Еве, како администратор да ти посакам добредојде на Википедија. Се надевам на успешна и плодородна соработка.

Мој предлог е статијата Римски период да се спои (т.е. инкорпорира) во веќе постоечката статија Римска Македонија бидејќи и двете се со иста тематика. Се разбира, бидејќи ова не е национална, туку светска енциклопедија на македонски јазик, статиите треба да се именуваат прецизно, според карактерот на конкретната статија: пр. „Римски период во Македонија“ или нешто слично. На статијата исто така и е потребнно т.н. „Вики-форматирање“ за да ги исполнува критериумите за изглед и функционалност. За тоа како да изгледа една статија, види: Помош:Како да уредам страница. За сето она што не е јасно, било тоа крупна или најситна работа, јас, и сите други администратори, стоиме на располагање. СО задоволство ќе помогнеме за било што. Поздрав и пожелувам успех. --Б. Јанкулоскиразговор 06:05, 28 ноември 2006 (UTC)

Благодарам Бојан на добредојдето.

Твојот предлог е прифатен. Сметам дека најсоодветен наслов за обете статии сепак би бил „Римски период во Македонија“. Не постои такво нешто како Римска Македонија. Ќе се обидам да поправам и да инкорпорирам се што е во двете статии. Би било штета да се избрише туѓ труд. :)

Инаку знам да форматирам обичен текст во стандардна вики статија. Вчера ги ставив само текстовите зошто беа наведени дека фалат. Мислев денес да ги форматирам, ама сте ме предухитриле.

ВИ благодарам. Сте направиле одлична работа визуелно написите да изгледаат одлично. Ова е веќе четиво кое може слободно да се цитира.:)

Има и некои грешки од типот во табелата за периодите не постои период означен како Доцно камено доба. Постои палеолит (ран, среден, доцен) и тоа е се. Но ќе се поправи тоа.

Одг: Благодарам

уреди

Епа... како администратор работа ми е да надгледвам во новите текстој... а и старите... :) како и да е, мило ми е шо ете, нема проблем со то шо ги суредвам текстојте, пошто имавме случаи ко други корисници го прифаќаја то како навреда... т.е. дека не се доволно добри и се лутеја... не е важно то, важно е дека супер тргна работата, баш немавме некој шо помага за археологија. инаку се надевам и дека нема проблем шо пишам на битолски :) ако треба можам на литературен македонски, нема проблем (ама после сѐ ова е разговорна страница, зато вака разговорно)   guitardemon666   муабет   guitardemon666  

Re:Благодарам

уреди

Што се донесува до мене можеш да пишуваш како сакаш, само гледај да можам да те разберам. :)

Инаку тамам работа да се лутам за промените. Напротив, јас и не стигнувам секогаш да ги форматирам статиите до крај, а за визуелното обликување семтам дека постојат одлични познавачи. Можам евентуално да дадам предлози за некои работи.

Благодарам на комплиментот. Секоја сугестија е добредојдена. На Википедија сме сите исти, вклучени сме во заеднички проект и нема место за лутење, суета и натпревар.

Корисник:Arwena 15:07, 01 декември 2006 (UTC)

ај да се изјаснам јас

уреди

тие статии за иконите во никој случај не се избришани. оргиналниот наслов е избришан пошто имаше во него наводници шо не се користат во македонскиот јазик, и ја преместив на друга статија шо ја преместив на трета статија и сложена приказна, како и да е, не се избришани статиите... и гледам дека гледате сите дека ме критикуваат па си мислите ај и јас... епа не избришав ништо и се држам настрана од секакви кавги, пошто немат смисла и се беззначајни... пак викам, видете за статиите, таму се статиите. а то дека не смеам да вршам промени на внесен текст, не е точно, тоа е и духот на вики заедницата... ако сте ја напишале вие незначи дека јас немам право да гибам, ако знам да напишам нешто подобро (немора јас, ете, кој било, пример земаме) можи да се избриши цела статија и да се напиши одново... зборам ако е подобра содржината... јас немислам дека прам лошо, а дефинитивно НЕМАМ ништо избришано во последно време...

  guitardemon666   муабет   guitardemon666  

Предог за измена на Главната страница

уреди

Те повикувам да го дадеш твоето мислење во поглед на предлогот за измена на Главната страница--brest 09:46, 16 јуни 2007 (UTC)

Предлог за нов вики проект, попис на археолошки локалитети во Република Македонија

уреди

Бидејќи вие сте дипломиран археолог, би сакал да го знам вашето мислење за стартување на нов проект на википедија на македонски јазик на кој би се евидентирале сите археолошки локалитети во Република Македонија па и пошироко, со нивната лична карта како за почеток. Дали сте подготвени да земете учество во еден ваков проект? Кои би биле вашите очекувања од еден ваков проект?.--brest 15:12, 12 август 2007 (UTC)

Тоа е одлична идеја, иако мојата првобитна намера беше поставување на Портал за археологија во рамките на Македонската Википедија. Проектот не е невозможен, но би рекла дека поголем број од податоците кои се достапни за употреба од Археолошката карта на Македонија, Том2, 1996, издание на МАНУ, треба да се апдејтуваат во вистинска смисла на зборот. Затоа убаво би било прво да се почне со Македонија, а за пошироко мислам дека ќе биде потребно многу повеќе отколку само ентузијазам. Во секој случај подготвена сум да земам учество (во зависност од слободното време) и навистина не би можела да го предвидам токот на овој проект, па следствено на тоа би причекала и за реакцијата. Но, заинтересирана сум да го чујам мислењето и на другите Вики корисници за оваа одлична идеја.--Arwena 17:37, 12 август 2007 (UTC)

OK. Секако дека вики порталот за археологија би бил дел од овој проект. За почеток не е лошо да го дефинираме вики проектот, за да знаеме што да очекуваме од него. Моите размислувања се:
  • Форматирање на листа на археолошки локалитети. Поточно табела, во која би ги попишале археолошките локалитети со нивните основни податоци. Барам помош од тебе да ми кажеш кои би биле основните податоци кои би опишале некој локалитет. Јас сум аматер за археологија ама претпоставувам некои атрибути, кои ти можеш лесно да ги дополниш:
  1. Географска/тополошка локација,
  2. Период од кој потекнува локалитетот,
  3. некаков си ранг на важност (прва/втора/трета категорија)
  4. Поважни откриени аретфакти и сл.
  5. Кога се вршени позначајни истражувања
  6. Од кого се вршени позначајни истражување
  • Автоматско генерирање / изработка на лична карта / вики статија, за секој локалитет од погоре дефинираната листа
  • Паралелно уредување на Портал:Археологија
  • Категоризација на постоечките вики статии од областа на археологијата согласно новиот прокет
  • Постепено проширување на статиите кои ќе произлезат од овој проект до целосно оформени вики статии (never end project)
Тоа се моите размислувања.--brest 15:57, 12 август 2007 (UTC)

Погледни германска верзија на трипериодниот шаблон

Трипериоден систем
Холоцен Железно време Протоисторија
Доцно бронзено време  
Средно бронзено време
Младо бронзено време
Бронзено време
Бакарно време (енеолит)    
Младо камено време (неолит) Праисторија
Мезолит / Епипалеолит
Плеистоцен Доцен палеолит  
Среден палеолит
Ран палеолит
Палеолит
Камено време

, http://de.wikipedia.org/wiki/Vorlage:Dreiperiodensystem.

--brest 23:36, 13 август 2007 (UTC) има некој период ние што го немаме, Што мислиш не е ли подобро да го преименуваме шаблонот под друго име, трипериоден систем, мислам дека тоа е посоодветно--brest 23:38, 13 август 2007 (UTC)

Се сложувам, граматички е порегуларно Трипериоден систем, а сите категории треба да бидат адаптирани и на нашите периоди. --Arwena 00:14, 14 август 2007 (UTC)

Погледни го шаблонот за трипериодниот систем. Се обидов да го средам согласно германскиот, холандскиот и францускиот. Ако нешто сум испуштил кажи. Мене не ми се вклопува некако епипалеолитот. Види дали треба да биде тука.--brest 10:58, 15 август 2007 (UTC)

Шаблонот е добар со уште неколку мали корекции. Можеби француската табела http://fr.wikipedia.org/wiki/Mod%C3%A8le:%C3%82ges_pr%C3%A9historiques повеќе ќе помогне, од типот да се стават во еден ред Епипалеолит/Мезолит. --Arwena 13:06, 15 август 2007 (UTC)

Аха, ќе видам и тоа да го направам. Иначе гледам дека го копираш комплетниот шаблон во секоја статија. Доволно е само да го ставиш во двојни големи загради т.е. {{Tрипериоден систем}}, на почетокот од статијата. Слично се работи и со шаблонот {{археологија-никлуци}} кој го ставаш обично на крајот од статијата. Овој шаблон автоматски врши категоризаија на статијата во категоријаат археолошки никулци така да не мора да ставаш на крај [[Категорија:Археолошки никулци]]. Овој шаблон не мора да го ставаш ако статијата е доволно содржајна, т.е. има барем неколку пасуси, внатрешни и надворешни линкови , референци и сл. и е добро форматиран (вики форматиран). Гледам брзо учиш како функционира вики. Мислам дека ќе ја биде нашава работа, започнавме сериозно.--brest 11:34, 15 август 2007 (UTC)

Благодарам за подршката. Инаку што се однесува до табелата за трипериодниот систем, сметам дека ќе биде подобро наместо расчленување на дополнителни периоди, да стои само Бронзено доба. Сепак нашето Бронзено доба не е толку добро истражено како она на Германците или Французите. --Arwena 14:16, 15 август 2007 (UTC)

Јас би ја оставил шемата како што е, ми личи како стандардна шема.--brest 17:11, 15 август 2007 (UTC)

Шемата е стандардна, проблемот е во нас. Ние сме тие кои немаме доволно археолошки податоци, бидејќи како што веќе нагласив, немаме ни доволно материјал со кој би ги пополниле статиите. А со оглед на ситуацијата, нема да имаме ниту во следните 10 години, за жал. Затоа сметам дека е подобро само да стои Бронзено време, без поделби. --Arwena 20:00, 15 август 2007 (UTC)

Со тек на време ќе превземеме материјали од тие што имаат а и ќе пронајдеме нешто кај нас. Не е проблем. Википедија ќе постои повеќе од следните 10 години--brest 18:14, 15 август 2007 (UTC)

Може ли да напишеш статии - никулци за тумул, базилика, доцноантичко време, среден век, и сл. Добро би било да ги има.--brest 09:49, 16 август 2007 (UTC)

Ќе поставам во најскоро време, најбрзо што можам. --Arwena 11:48, 16 август 2007 (UTC)

Инфокутија за археолошки локалитети

уреди

Потребно е да ги пополниш атрибутите во инфокутијата, тип, тип1, ..., период, период1,.... После ова инфокутијата, автоматски ќе ја категоризира статијата во соодветни категории. Само доколку некоја категорија недостасува, додади ја на крајот. Погледни некоја слична статија која јас ја имам уредено претходно. Мој предлог е прво да ја креираш листата Блатец (археоархеолошки наоѓалишта) па потоа да ги формираш статиите за секој локалитет поодделно. Така сметам дека ќе биде побрзо, поефикасно и со помалку грешки. Ја имаш мојата целосна подршка.--brest 13:13, 17 август 2007 (UTC)

Исто така погледни ја корегираната статија Грамади - Блатец (археолошки локалитет)‎, ќе станат работите појасни.--brest 13:19, 17 август 2007 (UTC)

overformating

уреди
  • Премногу вики форматирање. Бројките не мора да се форматираат.
  • Кратенките за мерките, метар, километар и сл. се на латиница, m, km.
  • 60 џ 40 м подобро изгледа како 60x40 m
  • интерниот линк Грамади - Блатец (археолошки локалитет) подобро изгледа вака Грамади
--brest 14:23, 17 август 2007 (UTC)

начин на форматирање на листата

уреди
  1. Дали сметаш дека е подобро да се користи е или запирка после називот на локалитетот?
  1. Јас во статиите се обидов да ги исфрлам имињата на лица (селани кај кои се чуваат некои монети и сл. што биле наоѓани, како и сопствениците на имоти: ниви и сл.). Мислам дека ова е важно поради заштита на приватноста.

--brest 17:54, 17 август 2007 (UTC)

Мислам сека варијантата *Грамади е населба со некропола од римското време, е подобра. За вториот случај си во право. ќе гледам да не гои ставам работите кои можат да ја нарушат приватноста на некои луѓе. --Arwena 17:59, 17 август 2007 (UTC)

Преместуавње

уреди

Зошто не можам статијата за Виничко Кале - Виница (археолошки локалитет), да ја преместам на име Виничко Кале? Што треба да се направи во овакви случаи? --Arwena 14:59, 16 август 2007 (UTC)

Може да се премести само доколку под новото име нема веќе креирана статија. Во случајов има и затоа не допушта да се направи преместување. Можеш само да направиш редирекција на Виничко Кале - Виница (археолошки локалитет) во Виничко Кале.--brest 15:26, 18 август 2007 (UTC)

Во моментов на статијата нема таква опција за редирекција, ја има само македонската за преместување која не дозволува да се направи овааа акција. --Arwena 15:29, 16 август 2007 (UTC)

Редирекција се прави со впишување на командата #REDIRECT [[Виничко кале]] во содржината на статијата. Но јас во меѓувреме ја избришав статијата Виничко Кале - Виница (археолошки локалитет) бидејќи нема потреба да егзистира.--brest 15:40, 18 август 2007 (UTC)

Благодарам за објаснувањето. Ќе го имам во предвид како опција ако е потребно за некој сличен пример --Arwena 16:43, 16 август 2007 (UTC)

Денес работите одат многу подобро. Мислам дека влегуваш во штос, ќе дојде време кога нема да можеме да те стигнеме. Имаме исто така голема помош од Виктор, така да ако не се, оладиме проектов има шанси да успее. И Бојан исто така даде голем допринос со уредување на статиите за средновековните крепости. Треба да внимаваме да не преклопиме некои локалитети, слично како со Виничко Кале. Иако се може да се поправи.--brest 21:22, 18 август 2007 (UTC)

Дуплирани имиња на статии

уреди

Прво, ви благодарам на сите вас кои ми помагате да се снајдам во сето ова. Археомак 2.0 е веројатно еден од најголемите проекти кои се случил на кибер небото од областа на археологијата и ќе биде база за многу работи понатаму.

Би сакала да прашам како ќе ги именуваме статиите за градиште, могила и рудник од Категоријата Типови на археолошки локалитети, бидејќи се поклопуваат со истоимените називи на населените места Градиште, Могила и Рудник. А веќе доста линкови водат токму кон овие имиња.

Таму каде што има преклопувања ако не може да се реши на поинаков начин ќе треба да се креира нова статија за појаснување. Пример за такваа статија е статијата Маркови Кули (појаснување). Во нашиов случај јас би предложил креирање на статии од типот Градиште (тип на археолошки локалитет), Могила (тип на археолошки локалитет), Рудник (тип на археолошки локалитет) и слично плус за секој од овие страница за појаснување Градиште (појаснување), ....--brest 08:10, 19 август 2007 (UTC)

Второ. Моментално ги работам археолошките локалитети во Виница. Би сакала да ми укажете како можам да ги организирам слично на она што го прави Виктор - со Надворешни врски во форма на лента и наведени локалитетите под неа. Подобро е за навигација. --Arwena 21:50, 16 август 2007 (UTC)

Најдобро е да се обратиш за помош на страницата за разговор на Виктор, бидејќи Виктор ги креираше овие шаблони. Јас би го препуштил тој дел од работата да го заврши тој. Мислам дека и без да му кажеме тој тоа ќе го стори само чека да се дефинираат листите на археолошки локалитети.--brest 08:10, 19 август 2007 (UTC)

Ќе му се обратам за помош на Виктор за уредувањето. Мене статии од типот Градиште (тип на археолошки локалитет), Могила (тип на археолошки локалитет), Рудник (тип на археолошки локалитет) ми изгледаат комплицирано за пронаоѓање. Бидејќи се сите тие архитектонски градби, можеби би можеле на пример во појаснувањето да ставиме статии од типот Градиште (архитектура), или Градиште (архитектонска градба) или Градиште (градба). --Arwena 08:33, 16 август 2007

Празни статии

уреди

Морам да прашам, ќе се пополнат овие статии или ќе останат само категориите во нив? Ако е само за категоризација, нема потреба, ќе се бришат. --Милош 01:16, 19 август 2007 (UTC)

Сите статии ќе бидат пополнети, но мораше пробитно да бидат организирани по категории. Така е полесно за навигација. --Arwena 07:52, 19 август 2007 (UTC)

Конфликт на интереси

уреди

Ете токму со ова уредување овде доаѓа до израз конфликтот на интереси и неможноста да се одржи неутралност при уредувањето на страниците, кога лицата за кои е поврзана статијата се обидуваат да ги уредуваат. Од Вашето име сте ставиле линк до Вашата страница за разговор. Ве молам сфатете дека Википедија е енциклопедија, а не блог или форум и во иднина воздржувајте се од уредување на статии поврзани со Вас. Ако сметате дека Ви е нанесена штета на статијата поврзана со Вас (односно, информациите не се точни), можете да се пожалите на Википедија:Портал и да побарате да се отстрани или поправи неправилноста. Освен тоа, можете да отстранувате очигледен вандализам на страницата. Видете ја оваа страница на англиската Википедија - en:Wikipedia:Autobiography - која објаснува повеќе за дадената тема. --Brainmachinewtf? 13:23, 19 јули 2008 (UTC)

Во ред, иако со ова не може да се пренебрегне фактот дека сум јас автор на книгата Археолошки дневник, а истовремено и корисник на Македонската Википедија под псевдонимот Arwena.

Жалам што немам време за подетални дебати, па нека остане страницата за сега таква каква што е. Но ќе го имам овој пример во предвид при првата наредна средба на Википедијанците.Arwena 16:07, 20 јули 2008 (UTC)

Ок, само на кратко, не можеме да ставаме линкови во енциклопедиски статии до кориснички страници на Википедија. Линкови може да има само до други енциклопедиски статии. И друга работа е што авторите не смеат да пишуваат за себе си, бидејќи се стремиме кон неутралност, а тоа може да се направи само ако некој од страна пишува за Вас. Тоа е официјално начело на Википедија, не само овде на македонската. Не мислам ништо лошо, ниту ги измислувам правилата, простете ако бев малку остар. Поздрав, Brainmachinewtf? 14:36, 20 јули 2008 (UTC)

Иницијатива 22,222

уреди
Иницијатива 22.222
         Здраво, Arwena!
Голема благодарност за Вашите придонеси во остварувањето на бројката од 20 000 статии на Википедија на македонски јазик. Но, сепак тоа веќе е минато, а мора да се стремиме кон иднината, па затоа покрената е нова иницијатива, според која очекуваме бројот на статии на Википедија на македонски јазик да ја достигне бројката од 22 222 до крајот на оваа година. Во време кога македонската Википедија е под револууционерни промени, кога очекуваме започнува со работа и ВикиПроектот Рецензија кој ги дава насоките во оценување на квалитетот на статиите, од особено значење е да се постигне многу и во зголемување на бројот на статиите. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

 ОкВи благодариме за Вашите придонеси во остварувањето на целите на иницијативата.

--Kiril Simeonovski (разговор) 22:50, 9 ноември 2008 (UTC)

Иницијатива за квалитетни статии

уреди
Иницијатива
           Здраво, Arwena!
Сакам да Ви се заблагодарам за досегашната помош во остварувањето на целите на иницијативите на Википедија на македонски јазик. Инцијативата за квалитетни статии има за цел е новиот предизвик, кој бара подобрување на квалитетот на постоечките статии, правејќи ги поверодостојни и обемни за да го привлечат вниманието на читателот. Во функција е и ВикиПроектот Рецензија со рецензијата која овозможува ситни промени во статиите. За повеќе информации видете:Википедија:ВикиПроект Квалитетни статии Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 01:55, 13 декември 2008 (UTC)

Иницијатива 25.000

уреди
Иницијатива
         Здраво, Arwena!
Сакам да Ви се заблогадарам за големиот придонес во достигнувањето на бројката од 22 222 статии на Википедија на македонски јазик. Пред нас е нов предизвик, а тоа е постигнувањето на бројката од 25 000 статии. Имено, сакам да Ве повикам во интензивното уредување на нови статии, со што за краток период би ја достигнале и оваа бројка, со што би добиле енциклопедија, која во вистинско светло го афирмира македонскиот јазик. За повеќе информации видете: Википедија:ВикиПроект Нови статии Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 01:55, 13 декември 2008 (UTC)

Иницијатива за градови во Македонија

уреди
Иницијатива за градови во Македонија
         Здраво, Arwena!
Сакам да Ви се заблагодарам за Вашите скорешни придонеси и да Ве известам дека во рмките на ВикиПроектот Македонија се покренува иницијативата за подобрување на квалитетот и проширување на статиите за градовите во Република Македонија. За повеќе информации посетете ја листата на градови кои бараат промени, поделени по региони, ВикиПроектот Македонија, како и ВикиПроектот Географија. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 20:39, 30 декември 2008 (UTC)


Иницијатива 2009-година на астрономијата

уреди
Иницијатива
           Здраво, Arwena!
Голема благодарност за Вашите придонеси во исполнувањето на целите на досегашните иницијативи. Како што веќе знаете 2009 е прогласена за меѓународна година на астрономијата, па затоа на Википедија на македонски јазик е покрената иницијатива за зголемување на бројот на статии поврзани со астрономијата, како и проширување на постоечките, создавање на нови портали, шаблони и инфокутии во тековната година. Во функција на оваа иницијатива е ВикиПроектот Астрономски објекти. Секој Ваш придонес е добредојден. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 14:20, 23 јануари 2009 (UTC)

Иницијатива 500 (избрани) статии

уреди
Иницијатива 500 (избрани) статии
           Здраво, Arwena!
Најпрвин сакам да Ви се заблагодарам за Вашите придонеси во остварувањето на целите на претходните иницијативи. Сакам да Ве известам дека на Википедија на македонски јазик се покренува иницијативата за уредување на 500 (избрани) статии, која ќе има за цел проширување на постоечките и уредување на нови квалитетни статии, кои без поголеми промени може да бидат избрани на Главната страница. Може да придонесувате со уредување на квалитетни статии од сите области. Подобрените квалитетни статии или новите квалитетни статии додадете ги во порталот со 500 статии. Порталот служи и како увид за тоа како напредуваме во остварувањето на целта, а е и помагало за полесен избор на избрана содржина. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 00:41, 1 февруари 2009 (UTC)

Вики средба

уреди

Здраво. Ве известуваме дека на 29 август, сабота, со почеток во 12:00 ќе се одржи Вики средба во трговскиот центар Ramstore во Скопје, на која главно ќе се разговара за здружението Викимедија Македонија, за чие основање сте заинтересирани. Ве поканувам да присуствувате да оваа средба, а Вашето присуство може да го потврдите овде. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:57, 24 август 2009 (UTC)

Слики на Комонс

уреди

Во последно време пробуваме да прогураме практика за подигнување на слики (слободни) на комонс. Па ако подигнуваш слики на Википедија, а се слободни, подигни ги на Комонс за да не се оптоварува нашата Википедија бидејќи за тоа е Комонс. Поз--Никола Стоіаноски 19:09, 24 декември 2009 (UTC)

Благодарам за советот, така и ќе постапам, бидејќи имам многу авторски фотографии кои пред се се однесуваат на културното наследство од Република Македонија. Arwena 19:15, 24 декември 2009 (UTC)

Вики средба

уреди

Здраво. Ве известуваме дека на 4 август, со почеток во 19:00 во Пјаца Либерта, Скопје ќе се одржи Вики средба. Доколку сте во можност и сте заинтересирани да присуствувате Вашето присуство или евентуално отсуство може да го најавите овде. Доколку не сте присуствувале на некоја Вики средба и сакате да добиете повеќе информации, може да испратите порака на vikipedija@lists.softver.org.mk, по што навремено ќе добиете одговор со потребните информации. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:46, 28 јули 2010 (CEST)Одговори

Лидери по година

уреди

Здраво. Со создавањето на ВикиПроектот Години, започна иницијативата за пополнување на статиите за години на Википедија на македнски јазик. Првата активност е пополнување на списоците за лидери на држави по години. Доколку сте заинтересирани да помогнете во извршувањето на оваа задача, може да се пријавите на страницата наменета за оваа активност, на која и може да дадете свој коментар. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:30, 12 октомври 2010 (CEST)Одговори

10 години Википедија

уреди
        Здраво, Arwena!
Голема благодарност за Вашите придонеси на Википедија, која веќе 10 години е со нас и нуди слободен пристап кон слободното знаење. По тој повод, насекаде во светот ќе бидат организирани настани за прослава на овој јубилеј, а прослава ќе се одржи и во Скопје на 15 јануари 2010 година во кафе-барот Ла кања во Старата скопска чаршија. Повеќе информации за настанот може да добиете на страницата посветена на истиот. Во рамките на настанот ќе биде организирана и Вики средба, на која како и обично Вашето присуство може да го најавите на соодветната страница. Се надевам дека ќе присуствувате на оваа прослава и ќе се запознаете со многу останати корисници, кои придонесуваат за споделување на знаењето како и Вие.

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 00:11, 13 јануари 2011 (CET)Одговори

Покана за Вики средба

уреди
      Здраво, Arwena!
Сакам да Ве известам дека на 7 јуни 2011, во Скопје ќе се одржи Вики средба, па по тој повод Ве поканувам доколку сте во можност да присуствувате. Целта како и на секоја Вики средба е дружење и запознавање на корисниците кои постојано соработуваат уредувајќи на Википедија, како и дискутирање на теми поврзани и неповрзани со Википедија. Повеќе информации за средбата може да добиете на соодветната страница.

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 03:27, 4 јуни 2011 (CEST)Одговори

Јубилејна статија

уреди

Здраво. Откако веќе го ндминавме бројот од 50.000 статии, мислам дека би било добро да воведеме јубилејна статија, која ќе го означи трудот вложен кон надминување на одреден број на статии. Вашето учество е добредојдено во дискусијата на страницата за идеи, каде што е изнесен предлогот. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:38, 2 октомври 2011 (CEST)Одговори

Програмски план на Викимедија Македонија за 2012 година

уреди

Изготвен е предлог „Програмски план на Викимедија Македонија за 2012 година“. Оваа година би сакале да ги вклучиме и членовите на вики заедницата и јавноста во процедурата на усвојување на програмскиот план, со јавно изложување на работната верзија на овие планови неколку месеци пред годишното собрание на Викимедија Македонија, кое ќе се одржи во втората половина на месец декември 2011 година. Сите заинтересирани имаат можност да дебатираат околу предлог целите. Како еден од активните корисници на Википедија ве повикувам да дадете свој придонес. Поздрав. --brest (разговор) 14:43, 19 октомври 2011 (CEST)Одговори

Цоцев Камен

уреди

Здраво Arwena. Не ми е јасно зошто ги врати уредувањата на статијата, која иако не е во добар стил напишана, како податоци можат да останат на вики, а да се додаде шаблон внимание!--Тиверополник (разговор) 15:59, 20 ноември 2011 (CET)Одговори

Здраво. Ова е мој оригинален научен труд кој е публикуван (http://scr.bi/hdt8C1)и со тоа ги имам авторските права над него. Ти си ја украл целата моја статија, си ја копирал, си ги земал референците од неа како да кој знае колку се разбираш од археологија, и згора на тоа никаде не го гледам моето име. Со ова знаеш дека ги прекрши правилата на Википедија на македонски јазик, а јас ќе побарам твојата сметка и уредувања да бидат предмет на подетални набљудувања. Да се прегледа да не си сторил вакви работи и со други статии. Arwena (разговор) 16:07, 20 ноември 2011 (CET)Одговори

Бог да те чува, ниту сум сакал ниту сум имал намера. Сепак, бидејќи не се однесуваш културно, прави што сакаш--Тиверополник (разговор) 16:08, 20 ноември 2011 (CET)Одговори
Го прекрши основното правило на Википедија на македонски јазик за цитирање, а згора на тоа и се чаталиш наместо да се извиниш. Што е уште потрагично, ти си администратор и треба да бидеш пример за другите, но не со вакво однесување. Arwena (разговор) 16:13, 20 ноември 2011 (CET)Одговори
А вие, наместо да ми укажете на грешката, па јас да ви се извинам ти ми пишуваш кој колку се разбирал од археологија и ми се закануваш дека ќе преземаш незнам какви мерки. Јас сум активен администратор, кој иако сум ги прекршил основите на вики, сепак не треба така да се однесуваш. Како и да е, нема да влегувам понатаму во дискусија, што сакаш преземи тоа е твое право.--Тиверополник (разговор) 16:18, 20 ноември 2011 (CET)Одговори

Технички подобрувања на Википедија на македонски јазик

уреди

Здраво. На селската чешма предложив неколку технички подобрувања, кои мислам дека ќе го подобрат квалитетот на Википедија на македонски јазик. Мислам дека е многу важно, па затоа Ве повикувам на дискусија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:34, 10 декември 2011 (CET)Одговори

Гласање за јубилејна статија

уреди

Здраво. Мало потсетување дека е во тек гласањето за јубилејна статија. Се надевам дека и овој пат ќе избереме статија со занимлива содржина. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 10:18, 11 декември 2011 (CET)Одговори

Јубилејна статија

уреди

Здраво. Потсетување дека е во тек гласањето за јубилејна статија. Се надевам дека и овој пат ќе избереме статија со занимлива содржина. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:08, 31 јануари 2012 (CET)Одговори

Стара скопска чаршија

уреди

Здраво. Во изминатиов период ја средував статијата за Старата скопска чаршија, која мислам дека одамна заслужуваше да има подобра статија од она што беше. Моментно, во неа се наведени сите знаменитости кои се опфатени со историската дефиниција за чаршијата, но со Рашо започнавме разговор околу тоа дали треба уште некои други градби да бидат вклучени, мислејќи на црквата „Св. Богородица“ и евентуално џамиите Јаја-паша и Хатанџук, иако мислам дека овие две се релативно далеку и не се во толку голема врска со самата чаршија. Исто така, добредојдена нѝ е помош во врска со списокот на објекти кои некогаш постоеле и треба да бидат додадени. Разговорот се одвива наизменично на страницата за разговор на Рашо и на мојата. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:24, 11 февруари 2012 (CET)Одговори

- Благодарам за известувањето, ќе ја погледнам статијата и ќе дадам мои сугестии --(Arwena (разговор) 17:38, 11 февруари 2012 (CET))Одговори

Одговорив на страницата кај Рашо и мислам дека прво е најдобро да се утврди дали Старата скопска чаршија може да се поистоветува со Старо Скопје и доколку не, кои биле нејзините природни граници низ историјата. Потоа, треба да направиме список на сите градби кои се наоѓале во самата чаршија и во нејзината околина и да одлучиме кои треба да бидат вклучени во статијата. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:37, 11 февруари 2012 (CET)Одговори

Покана за Вики средба

уреди

На 2 март 2012 година (петок), со почеток во 20.00 часот, во кафулето EveryDay во Скопје, ќе се одржи Вики средба на која уредувачите на википедија на македонски јазик и нејзините корисници ќе имаат прилика да се дружат и разговараат за теми од заеднички интерес. Се радуваме што во изминатиот период уредувавте на википедија и со задоволство ве покануваме на средбата. Повеќе информации за средбата може да најдете тука, односно за локацијата на кафулето - http://g.co/maps/qq7q5. Поздрав. Brest-bot (разговор) 17:57, 1 март 2012 (CET)Одговори

Солидарност кон Википедија на руски јазик

уреди

Здраво. Википедија на руски јазик денес нее достапна, како знак на штрајк од страна на нејзините корисници кон сослушувањето во врска со предлог-измените во „Законот за информации на Русија“. По тој повод се собираат потписи во знак на подршка и солидарност со ставот на колегите од Википедија на руски јазик. Вашата солидарност може да ја искажете овде. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:02, 10 јули 2012 (CEST)Одговори

Јубилејна статија

уреди

Здраво. Известување дека во тек е гласањето за избор на јубилејна статија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:04, 20 јули 2012 (CEST)Одговори

Конкурс за фотографија

уреди

Здраво Василка, дали ќе сакаш да пишеш свое мислење (ти се чини корисно или не) околу конкурсот за фотографија на споменици во Македонија. На селска чешма ја отворив темата - линк. Поздрав --Виолетова (разговор) 15:36, 2 август 2013 (CEST)Одговори

Уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2017“

уреди

Во тек е спроведувањето на меѓународниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2017“, кој учествуваат мноштво земји од Средна и Источна Европа, за чии земји недостигаат бројни статии на Википедија на македонски јазик. Помогни и приклучи се во спроведувањето на овој уредувачки натпревар со пишување на дел од предложените статии од самите организатори, со што значително би се подобрил квалитетот на самата Википедија. За натпреварот се обезбедени награди. Прочитајте ја самата проектна страница, а за сите прашања стојам на располагање. Поздрав, Ehrlich91

Помогнете да се зголеми квалитетот на нашата Википедија

уреди

Здраво, од 25 септември (утре) започнува нов уредувачки натпревар насочен кон зголемување на општиот квалитет на нашата Википедија преку подобрување и средување на сите можни статии кои се обележани со посебни шаблони за средување. Помогнете да го зголемиме квалитетот на нашата Википедија. За најдобрите тројца уредници, како и за најдобрата статија подобрена во текот на натпреварот, обезбедени се награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. --MediaWiki message delivery (разговор) 15:52, 24 септември 2017 (CEST)Одговори

Уредувачки натпревар за вулкани

уреди

Здраво, во текот на целиот декември се одржува уредувачки натпревар насочен кон пишување статии за вулкани од сите земји во светот, со што би се зголемил опфатот на нашата Википедија на оваа тема. За најдобрите тројца уредници, како и за најдобрата статија и за оној кој ќе напише најмногу статии за вулкани од различни земји, обезбедени се награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. --MediaWiki message delivery (разговор) 18:10, 4 декември 2017 (CET)Одговори

1000 статии што секоја Википедија мора да ги има

уреди

Здраво, во текот на од 5 февруари до 4 март ќе се уредувачки натпревар со цел создавање и подобрување на статии на тема „1000 статии што секоја Википедија мора да ги има“. Според овој критериум, македонската Википедија се наоѓа на 37. место и целта на натпреварот е да го подигнеме квалитетот на нашата Википедија, создавајќи и подобрувајќи статии кои се оценети како неопходни од целокупната заедница. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 22:54, 31 јануари 2018 (CET)Одговори

Почеток на регионалниот натпревар СИЕ Пролет 2018

уреди

Здраво, во текот од 21 март до 31 мај ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2018“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 22:13, 19 март 2018 (CET)Одговори

Земете учество во натпреварот за средување на статии на нашата Википедија

уреди

Здраво, еден месец со почеток од 1 септември ќе трае уредувачкиот натпревар „Временски периоди“, чија цел е да се средат илјадниците постоечки статии поврзани со години, векови, години во области и слично. За натпреварот се обезбедени и награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 21:00, 2 септември 2018 (CEST)Одговори

Регионален натпревар СИЕ Пролет 2019

уреди

Здраво, во периодот од 21 март до 20 април ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2019“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.

Да ги средиме статиите за државите во светот

уреди

Здраво, те повикувам да се приклучиш на натпреварот „Држави во светот“ и да ги подобриме статиите за државите во светот во периодот од 1 до 31 јули, со кој сакаме да ги подобриме статиите за државите во светот на нашата Википедија. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 16:44, 29 јуни 2019 (CEST)Одговори

Нов уредувачки натпревар

уреди

Здраво, те повикувам да се приклучиш на натпреварот „Автомобили“ и да создадеме повеќе статии за автомобилските модели во периодот од 20 септември до 19 октомври, со кој сакаме да создадеме нови содржини за оваа тема на нашата Википедија. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.--MediaWiki message delivery (разговор) 22:35, 17 септември 2019 (CEST)Одговори

Ракомет

уреди

Здраво, како што во Македонија е особено популарен ракометот, а темата на Википедија е доста слабо покриено, дојдовме до идеја да организираме уредувачки натпревар на тема „Ракомет“, со цел да ги подобриме постоечките статии, но и да создадеме нови. Натпреварот ќе се одржува цел декември. Има обезбедено награди за учество во натпреварот. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земи учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.--MediaWiki message delivery (разговор) 12:23, 30 ноември 2019 (CET)Одговори

Земи учество во СИЕ Пролет 2021

уреди

Здраво, во периодот од 1 до 30 април ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2021“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.MediaWiki message delivery (разговор) 21:03, 3 април 2021 (CEST)Одговори