Археолошки дневник
Археолошки дневник е книга од македонската блогерка Arwena, издадена во едицијата „Блог-записи“. Едицијата е составена од 14 книги на независни автори - блогери на издавачката куќа „Аквариус пет“.[1]
Вистинско име на авторот е Василка Димитровска, дипломиран археолог. Во својата книга таа го оживува мртвиот свет на археологијата, давајќи прикази на пештерните цркви, Скопското Кале, Цоцев Камен, менхири, трилити, кромлеси и др.
„Почвата под нас може да ни даде многу информации. Затоа драги мои блогери, и попатни минувачи низ овој блог... треба да бидеме внимателни, зошто ние всушност постојано газиме врз нашите археолошки докази.“ - вели Димитровска.[2]
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Наводи
уреди- ↑ Метаморфозис, фондација за одржливи информатички решенија - 14 македонски блогера промовираа печатени книги, 28 март 2008. [Страницата е посетена на 17 јули 2008]
- ↑ Археолошки дневник, Скопје:2008; ISBN 978-608-4502-03-6
- Археолошки дневник - блог од кој се вклучени постовите во книгата
Надворешни врски
уреди- Археолошки дневник vol.2 - официјално мрежно место
- Arheoblog Архивирано на 29 јуни 2007 г. - блог на англиски јазик