Плеистоцен
Плеистоценот е епоха на квартарот, која на геолошката скала го опфаќа периодот од околу 2.580.000 до 11.700 година пред денешно време. Тој ја опфаќа најблиската ера пропратена со низа леднички промени.
Плеистоценот е шестиот период во кенозојската ера.[1] Тој се надоврзува на плиоценот и е претходник на холоценската епоха.
Името плеистоцен потекнува од грчките зборови πλεῖστος (плеистос „најмногу“) и καινός (каинос „ново“).
Во археолошки рамки, крајот на плеистоценот се поистоветува со крајот на палеолитската доба.
Наводи
уреди- ↑ Гибард и фан Колфшотен (2004) „Плеистоценот и Холоценот“ 22 поглавје PDF (2.96 MiB) Во Градштајн, Ф. М., Ог, Џејмс Г., и Смит Гилберт Геолошка временска скала 2004 Cambridge University Press, Кембриџ.
Надворешни врски
уреди„Плеистоцен“ на Ризницата ? |
Оваа статија поврзана со геологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |