Википедија:Википедија 10

На 15 јануари 2011 година, слободната енциклопедија Википедија ќе прослави 10 години постоење. Основана од Џими Велс во 2001, Википедија денес е петта најпосетена веб-страна во светот, со 410 милиони читатели месечно (comScore, ноември 2010). Денес, со над 17 милиони статии на 270 јазици (бројот постојано расте), Википедија е единствената топ 10 веб-страна во светот која е вистински создадена, поддржана и одржувана од корисниците. За време на последните 10 години, стотици илјади луѓе придонесоа со повеќе од една милијарда уредувања за овој витален ресурс.

Википедија е од нас, за нас. Затоа, по повод 10 години Википедија, волонтери од целиот свет, на повеќе од 260 локации, на сите 5 континенти, го прославуваат 10-тиот роденден на Википедија. 10 години Википедија ќе се прославува и на Интернет: на Facebook, со организирање на видео конференции на 7 локации, мрежни комуникации со посредство на Skype, IRC и QQ, на Twitter со користење на хаш-ознака #wp10 и #wikipedia10.

И во Скопје, главниот град на Македонија, во организација на Викимедија Македонија, поддржана од повеќе организации, групи и поединци, ќе се одржуваат повеќе настани да се одбележи овој исклучителен јубилеј, од кои најголемиот дел ќе се одржат во Старата скопска чаршија, срцето на градот и многувековен амалгам на различни култури и религии.

Главниот настан ќе се одржи во кафе-барот Ла Кања, каде по средбата на вики-заедницата на Македонија, ќе се одржат неколку презентации, и секако, роденденска журка со диџеи на Канал 103.

Доколку сакате, но не е задолжително, може да се додадете на списокот на посетители пополнувајќи го овој формулар, со што ќе ни помогнете подобро да го организираме овој настан.

Може да се пријавите за учество на настанот и на Facebook.

Настанот е отворен за сите.

Програма уреди

Датум Час Опис Место Организатор
15.01 11:00 - 12:00 Гостување на Викимедија Македонија во отворена радио емисија. Канал 103 Канал 103
15.01 18:00 - 19:30 Вики-средба на членови на локалната вики заедница, други активности. Ла Кања, Стара чаршија Македонска вики-заедница
15.01 20:00 - 21:30 Презентации на: Ла Кања, Стара чаршија Викимедија Македонија
15.01 21:30 - Вечерна забава со диџеи на Канал 103 (Danse Macabre и Марсо) Ла Кања, Стара чаршија Викимедија Македонија
18.01 11:30 - 12:30 Презентација на Викимедија Македонија Универзитет за Туризам и Менаџмент - Скопје Викимедија Македонија, httpool Online Advertising
дд.02 Презентација на Викимедија Македонија, работилници на неколку факултети Економски факултет, УКИМ Викимедија Македонија, httpool Online Advertising

Централниот настан е организиран од волонтерите на Викимедија Македонија, со поддршка од Слободен Софтвер Македонија, Compressor, кафе-барот Ла Кања и други лица. Настанот е медиумски поддржан од: IT.com.mk и Канал 103.

Канал 103 уреди

На 15 јануари 2011 година претставници на Викимедија Македонија ќе учествуваат во отворена радио емисија на Канал 103. Ќе се разговара за различни прашања поврзани со Википедија и Викимедија Македонија, со фокус на настаните околу 10-тиот роденден на Википедија.

Овде може да поставите прашање на кое би сакале да одговорат претставниците на Викимедија Македонија.

Ла Кања уреди

Викисредба уреди

Почеток: 18 часот.

На 15 јануари 2011 година ќе се одржи првата вики-средба за 2011 година на уредници на Википедија.

Средбата ќе се одржи во Ла Кања во старата скопска чаршија. Поканети се сите заинтересирани за присуство на средбата. На настанот ќе се разменат личните искуства на википедијанците.

Презентации уреди

Презентациите по повод 10-годишнината ќе бидат наменети за целата публика, без разлика на нивното ниво на технички познавања за Википедија. Целта на презентациите е да информираат и да инспираат понатамошно ширење на Википедија и слободното знаење, а посетителите да увидат дека идејата за слободно знаење и култура е жива и активна во Македонија.

Видео-обраќање на Џими Велс уреди

Почеток: 20 часот.

Емитување на видео-обраќањето на Џими Велс по повод 10-тиот роденден на Википедија. Обраќање на Слободан Јаќоски.

Што е Википедија? уреди

Почеток: 20:10.

Презентација на Кирил Симеоновски за запознавање на посетителите со основите на Википедија, начинот како таа функционира, Википедија на македонски јазик, итн. Кратка сесија за прашања.

2с.мк уреди

Почеток: 20:30.

Новица Наков од Слободен софтвер Македонија за ширењето на хакерскиот дух: Каде е пресекот помеѓу слободната култура, слободниот софтвер и хакирањето? Локални и глобални перспективи.

Фондација Метаморфозис уреди

Почеток: 20:50.


Викимедија Македонија: завршни зборови уреди

Почеток: 21:10.

Кратка презентација на Слободан Јаќоски за Викимедија Македонија и нејзините цели. Кратка сесија за прашања. Обраќање на претседателот на здружението, Димче Грозданоски.

Забава уреди

Почеток: 21:30.

Делење на торта! :) Забава до доцните вечерните часови со диџеи на Канал 103 (Danse Macabre и Марсо)

Универзитет за Туризам и Менаџмент уреди

На 18 јануари 2011, со почеток во 11:30 часот на Универзитетот за Туризам и Менаџмент - Скопје, Викимедија Македонија ќе одржи предавање.

Настанот е во организација на Викимедија Македонија, httpool Online Advertising.

Економскиот Факултет, УКИМ уреди

Планиран е настан во текот на месец февруари на Економскиот Факултет во Скопје.

Настанот би бил во организација на Викимедија Македонија, httpool Online Advertising.

Медиумско покривање уреди

  • 7 јануари, 2011. ТВ Сител, национална телевизија, прилог по повод прославата, проследен со изјава на претставници на Викимедија Македонија.
  • 11 јануари, 2011. fun.mnogoo.mk, Десетгодишнина од постоењето на „Википедија“
  • 12 јануари, 2011.
    • www.inpress.com.mk, Прослава на 10-тиот роденден на Википедија во Македонија
    • kajgana.com, Среќен роденден Википедија
    • it.com.mk, Википедија го слави својот 10-ти роденден, сите се поканети
  • 15 јануари, 2011. Канал 103. Радио емисија во живо, посветена на прославата на 10 години од Википедија, во емисијата ќе учествуваат претставници од Викимедија Македонија. Поставете прашање на кое би сакале одговор од претставниците на Викимедија Македонија.

Прослави на 10 години Википедија низ целиот свет уреди

 Сите настани во Обединетото КралствоСите настани во Индија и БангладешСите настани во АзијаСите настани во АфрикаСите настани во Северна АмерикаСите настани во Јужна АмерикаСите настани во ЕвропаСите настани во Австралија
Events
(Локациите се дадени приближно)