Ерол Ризаов (Кочани, 18 ноември 1950) — македонски новинар и политички аналитичар. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје во 1975 г. на отсекот историја на уметност. Со новинарство почнал да се занимава во 1977 г. Прво работел како приправник во Градската рубрика, а потоа како соработник и коментатор во внатрешно-политичката рубрика на весникот Нова Македонија. Едно време ја вршел функцијата заменик на главниот и одговорен уредник, а во периодот 1996-1999 бил одговорниот уредник во дневниот весник Нова Македонија.

Ерол Ризаов
Роден(а)18 ноември 1950
Кочани, Република Македонија
НационалностМакедонија Македонски Турчин
ДржавјанствоМакедонија Македонија
ЗанимањеНовинар, политички аналитичар
Активен период1977-денес

Тој е еден од основачите на Утрински Весник, а воедно и негов прв директор (1999), како и главен и одговорен уредник пет години подоцна.[1] Објавувал текстови во љубљанско „Дело“.[2] Моментално работи како уредник-коментатор во Утрински, а неговите колумни излегуваат секој работен ден во рамките на весникот. Во 2013, Ризаов ја добил наградата „Жан Моне“ за најдобар новинарски текст на тема „Европска Унија“, награда која ја доделува делегацијата на ЕУ во Македонија.[3] Во февруари 2015, Ризаов ја добил наградата за животно дело „Крсте Мисирков“, која ја доделува Здружение на новинарите на Македонија.[4] Во мај 2015, Ризаов промовирал четири книги кои ги содржат неговите најзначајни текстови што ги напишал во периодот 2007-2015.[5] Во текот на својата кариера, тој направил интервјуа со познати светски личности како Лех Валенса, Герхард Шредер, Тургут Озал, Милан Кучан и други.

Наводи уреди

  1. „Ерол Ризаов главен и одговорен уредник на „Утрински весник". Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2013-02-09.
  2. Македонска енциклопедија (втор том), МАНУ, Скопје, 2009, стр. 480
  3. „Ерол Ризаов ја доби наградата „Жан Моне". Архивирано од изворникот на 2016-03-10. Посетено на 2014-01-23.
  4. Наградата за животно дело на ЗНМ за Ерол Ризаов[мртва врска]
  5. „Четири книги на Ерол Ризаов како цивилизациски архив“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2015-05-20.

Надворешни врски уреди