Ердоан Максут

македонски театарски и филмски глумец

Ердоган Максут (турски: Erdoğan Maksut; роден во 24 мај 1959 во Скопје) — македонски театарски и филмски глумец од турска народност.

Ердоган Максут
Роден 24 мај 1959.(1959-05-24)(64 г.)
Скопје
Националност Македонски Турчин
Познат по улогата во:
Македонски народни приказни
Андер
Ах, љубов моја
Комшиски Приказни
Занимање глумец
Татко Џемаил Максут
Мајка Сузан Максут
Деца Теоман Максут

Биографија уреди

Ердоган Максут во 1985 година дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, отсек театарска глума во класата на проф. Владимир Милчин. Во периодот од 1999-2001 г. во првата класа ги завршил постдипломските студии по Театрологија и успешно ја одбранил магистерската теза „Трагедијата на репертоарот на Н.У. Турски театар - Скопје во првата половина на осмата декада од XX век“, под менторство на проф. д- р Нада Петковска и се здобил со научна титула Магистер по Театролошки науки.

Член е на “Н.У. Турски театар“ од Скопје од 1978 г. до 2012 г. Надвор од матичната сцена има остварено улоги во “Театар за деца и млади“ од Скопје, културниот центар „Скрб и Утеха“, разни независни продукции, телевизии, радио драми, филмови итн.

Максут исто така бил и асисетент по режија во повеќе од десет претстави на матичната сцена на Турскиот тетар, напишал сценарио и режирал мини ТВ серија од пет епизоди “Olaylar“ (Случки) снимена на турски јазик со македонски превод. Учествувал во Македонските народни приказни.

Од 2012 г. е член на Н.У. Театар Комедија - Скопје, каде исто така остварува повеќе значајни улоги.

Ердоан Максут е син на Џемаил Максут и Сузан (Радмила) Максут кои исто така биле глумци во Н.У. Турски театар од Скопје.

Театарски улоги уреди

  • „Дневникот на лудиот“ Н.В. Гогољ
  • „Соблазна во долината Шентфолиријанска“ од Иван Цанкар
  • „Приказна што зборува за патувањето“ од Жан Клод Ван Итали
  • „Мостот на честа“ од Хасан Мерџан
  • „Кафкаски круг со креда“ од Бертолт Брехт
  • Белото Циганче“ од Видое Подгорец
  • „Шеќерна приказна“ од Славко Јаневски
  • „Аман да не чуе жена ми“ од Жорж Фејдо
  • „Искрените“ од Мариво
  • „Хурем Султан’’ од Орахан Асена
  • „Предлог за брак“ и „Просидба“ од А. П. Чехов
  • „Орхан од нашата улица“ од Неџати Зекерија
  • „Дас Капитал“ од Братислав Димитровски
  • „Мајка Елиф“[1]
  • „Ах љубов моја“ од Коле Ангеловски
  • „За секого има по една“ од Венко Андоновски
  • „Хамлет во пикантен сос“ од Алдо Николај
  • „Бракот е брак“ од А. П. Чехов

Филмографија уреди

Филмографија на глумецот Ердоан Максут
Год. Назив Улога
1980.-те
1982. Јужна патека ТВ филм
1989. Тврдокорни ТВ серија
1990.-те
1990. Македонски народни приказни ТВ серија /
1989-1991. Еурека ТВ серија /
1993. Македонска сага ТВ филм Екрем
1998. Денес, утре ТВ филм
2000.-те
2001. Прашина ТВ филм османлиски војник
2002. Заведени ТВ серија /
2004. Чекор пред времето Краток филм
2004. Андер[2] ТВ филм
2007. Сенки ТВ филм
2007. Досие-К ТВ филм
2007-2009. Збогум Румелија ТВ-серија Командантот
2008-2009. Народни Приказни ТВ-серија /
2009-2010. Македонски народни приказни ТВ серија
2010.-те
2012-2013. Македонски народни приказни ТВ-серија
2014-2015. Македонски народни приказни ТВ-серија
2016-2017. Комшиски Приказни ТВ-серија
2017. Ах, љубов моја ТВ-серија Ѓорче
2017. Наградата ТВ-филм
2018. Црни и Криви Краток филм

Наводи уреди

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2017-01-11. Посетено на 2016-11-25.
  2. http://www.maccinema.com/Person.aspx?p=77

Надворешни врски уреди