Јаго Аспас

(Пренасочено од Иаго Аспас)

Јаго Аспас Хункал (шпански: Iago Aspas Juncal; роден на 1 август 1987, во Моања) — шпански фудбалер, напаѓач на Селта Виго и на шпанската репрезентација.

Јаго Аспас
Лични податоци
Полно име Јаго Аспас Хункал[1]
Роден на 1 август 1987(1987-08-01)(37 г.)
Роден во Моања, Шпанија
Држава Шпанија Шпанија
Висина &100000000000001760000001,76 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Селта Селта Виго
Број 10
Младинска кариера
Моања
Селта Селта Виго
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2006-2009 Селта Б Селта Виго Б 84 (11)
2008-2013 Селта Селта Виго 139 (46)
2013-2015 Ливерпул Ливерпул 14 (0)
2014-2015Севиља Севиља 16 (2)
2015- Селта Селта Виго 318 (145)
Репрезентација
2016- Шпанија Шпанија 20 (6)

Тој го поминал поголемиот дел од својата кариера во Селта Виго, играјќи во 493 службени натпревари во текот на 15 сезони и постигнувајќи 204 голови.[2] Тој го направил своето деби во Примера Дивисион токму со Селта во 2012 година, за потоа да се пресели во Ливерпул следната година, враќајќи се во Селта во 2015 година, после една сезона на позајмица во Севиља.

Дебитирал за шпанската репрезентација во 2016 година. Аспас ја претстававувал својата земја на Светското првенство 2018 во Русија.

Биографија

уреди

Тој има постар брат, Хонатан, кој исто така е фудбалер и исто никнал во младинскиот сектор на Селта.[3][4] Нивните братучеди, Аитор Аспас, Раул Бланко и Адријан Крус се занимаваат со истиот спорт.[5][6]

Аспас има три деца со својата сопруга Џенифер Руеда, со која се оженил во јуни 2019 година.[7][8]

Клупска кариера

уреди

Селта

уреди
 
Аспас играјќи за Селта во 2012

Аспас е роден во Моања, Провинцијата Понтеведра, Галисија. Никнат во младинските редови на локалниот клуб Селта Виго, тој го направил своето деби за првиот тим во сезоната 2007–2008 во Сегунда Дивисион.[9][10] Година дена подоцна, на 6 јуни 2009, Аспас го одиграл својот втор натпревар за клубот, влегувајќи од клупата за резерви во 59-тата минута против Алавес, тој ги постигнал двата гола за неговата екипа во победата со 2–1 на домашен терен, што била од есенцијално значење за да може клубот да избегне испаѓање во понизок ранг на крајот од сезоната.[11]

Аспас бил дефинитивно промовиран во првиот тим за време на сезоната 2009–2010, играјќи 36 натпревари во второто ниво на кој постигнал и пет гола. Во сезоната 2011–2012, тој постигнал рекордни во кариерата 23 гола, завршувајќи како втор најдобар стрелец во првенството зад напаѓачот на Алмерија на Леонардо Улоа[12] и придонесувајќи обилно за Селта да може да се врати во Примера Дивисион по петгодишно отсуство.[13] Како награда за неговите настапи, тој бил избран за најдобар напаѓач и добитник на Трофејот Зара.[14]

Своето деби во елитната шпанска дивизија Аспас го направил на 18 август 2012 година, започнувајќи во поразот на домашен терен од Малага 0-1.[15] Својот прв гол во Примера го постигнал следниот месец, придонесувајќи за победата со 2-0 над Осасуна на Балаидос,[16] додавајќи уште 11 во текот на сезоната за да му помогне на тимот да избегне испаѓање во последното коло од првенството, во кое тој обезбедил асистенција за голот на Начо Инса во победата со 1-0 над Еспањол.[17][18]

На 15 март 2013, за време на поразот од 3–1 во Галисиското дерби против Депортиво Ла Коруња, Аспас бил исклучен по половина час поради удирање на Карлос Марчена.[19]

Ливерпул

уреди

Во мај 2013 година, нашироко се шпекулирало дека била договорена сума од 7 до 9 милиони фунти за Аспас да му се приклучи на Ливерпул, во очекување на лични услови и медицинските прегледи.[20][21][22] На 13 јуни, двата клуба постигнале договор за купување на играчот од страна на црвените, под услов да се комплетира документацијата, но тоа било одложено кога неговиот поранешен агент побарал од Шпанската кралска фудбалска федерација да ја запре меѓународната дозвола поради спор околу неговото застапување;[23][24][25] сепак, договорот конечно бил завршен, на 23 јуни, и тој потпишал за Ливерпул земајќи го дресот со број 9.[26]

 
Менаџерот на Ливерпул, Брендан Роџерс, му дава инструкции на Аспас во август 2013 година

Аспас го направил своето деби за Ливерпул на 13 јули 2013 година, постигнувајќи го својот прв гол, како и асистенција за Рахим Стерлинг во претсезонската победа со 4–0 во пријателски натпревар против Престон Норт Енд.[27] Тој го направил своето деби во Премиер лигата на 17 август, обезбедувајќи асистенција за Даниел Стариџ во победата со 1–0 над Стоук Сити на Анфилд.[28]

Својот прв гол во официјален натпревар за Ливерпул, го постигнал на 5 јануари 2014 година, во победата со 2–0 над Олдам Атлетик во ФА Купот.[29] За време на неговиот престој при црвените, тој играл улога на втора виолина за Филипе Коутињо, Стерлинг, Стариџ и Луис Суарес во освојувањето на второто место во првенството;[30] мачејќи се и со своето ограничено познавање на англискиот јазик, Аспас ја завршил сезоната со само 15 настапи за Ливерпул и еден постигнат гол.[31]

Севиља

уреди

На 14 јули 2014 година, Аспас се вратил во својата татковина, приклучувајќи и се на Севиља на позајмица од крајот на сезоната 2014-2015, со последователен задолжителен откуп на крајот на сезоната кој би требало да му осигури договор со клубот на три години.[32][33] Своето деби го направил на 12 август во натпреварот од Суперкупот на УЕФА 2014 на Стадионот Кардиф Сити, заменувајќи го другиот "новајлија" Алеиш Видал по 66 минути во поразот со 0–2 од Реал Мадрид.[34]

На 14 септември 2014 година, Аспас се појавил за првпат во дресот на Севиља во првенствен натпревар, влегувајќи на местото на Карлос Бака во последните седум минути од победата на домашен терен со 2-0 против Хетафе.[35] Неговиот прв гол за новиот клуб дошол на 2 октомври, кога го отворил резултатот во ремито 2-2 против ХНК Риека во групната фаза на Лига Европа.[36] Кон крајот на тој месец тој ги одиграл сите 90 минути и постигнал хет-трик во победата со 6-1 против Сабадел во Купот на Шпанија,[37] додавајќи уште еден за само четири минути во победата со 5-1 во реваншот;[38] последователно, тој заедно со Нејмар, завршиле како најдобри стрелци на турнирот, со по седум гола.[39]

Првиот првенствен гол на Аспас за Севиља тој го постигнал на 1 февруари 2015 година, победничкиот во успехот со 3–2 над Еспањол. Претходно во натпреварот, тој упатил удар по кој противничкиот голман Кико Касиља интервенирал со рака надвор од шеснаесетникот, што резултирало со исклучување на голманот.[40]

Враќање во Селта

уреди

На 12 јуни 2015 година, Севиља го потпишала Аспас од Ливерпул како дел од договорот меѓу двата клуба склопен претходното лето, за потоа истиот ден да го продаде во Селта.[41][42] Висината на трансферот изнесувала 5 милиони евра, а играчот потпишал петгодишен договор со клубот во кој ја започнал својата кариера.[43][44] На 23 септември, тој постигнал два гола во победата со 4-1 на домашен терен над Барселона.[45]

 
Аспас во акција со Селта во 2017

Аспас бил избран за Играч на месецот во Ла Лига за октомври 2016 година, откако постигнал пет гола, вклучително и погодоци во победата со 4–1 против Депортиво и ремито 3–3 со Лас Палмас, за како шлаг на тортата да додаде и гол и асистенција во победата со 4–3 над актуелниот шампион Барселона.[46] На 23 февруари, тој постигнал гол од пенал во последените моменти на реваншот од шеснаесеттина финалето на Лига Европа против Шахтјор Донецк за да го одведе двомечот во продолженија, по што шпанците излегле како победници.[47]

На 21 мај 2017 година, во последниот натпревар за сезоната, Аспас постигнал гол од пенал во ремито 2–2 на домашен терен против Реал Сосиедад, достигнувајќи до 19 гола (негов личен рекорд), кои му овозможиле да го освои Трофејот Зара.[48][49] Следната сезона, тој повторно бил најдобриот шпански стрелец во лигата со 22 гола, заостанувајќи единствено само зад Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Луис Суарес.[50] Тој постигнал хет-трик во победата од 5–2 над Лас Палмас на 16 октомври 2017,[51] и во победата со 4–0 над неговиот поранешен тим Севиља на 7 април,[52] како и два гола во победата со 3–1 во дербито против на крајот испаднатиот Депортиво;[53] на 5 ноември 2017 година, со уште два гола во поразот на домашен терен со 3–1 од Атлетик Билбао, тој дошол до 100 гола за својата Селта, избивајќи на шесттото место на клупската листа на стрелци на сите времиња.[54]

Во сезоната 2018–2019, Аспас отсуствувал поради повреда на потколеницата три месеци од крајот на декември, при што Селта паднала од 9-тото на 18-тото место на табелата.[55] Тој постигнал два гола во победата со 3–2 над Виљареал по враќањето на терен на 30 март 2019 година, во натпреварот што бил и неговиот 300-ти за тимот.[56] Аспас потпишал нов договор со клубот до 2023 година, кога била и стогодишнината на клубот.[57]

На 24 јуни 2020 година, Аспас го постигнал единствениот гол во натпреварот против Реал Сосиедад со што стигнал до бројката од 100 голови во Примера во 209 натпревари; само четворица играчи од шпанската граѓанска војна наваму го сториле тоа побрзо.[58] Три дена подоцна, тој го постигнал 150-тиот гол за Селта во неговиот 339-ти натпревар за клубот, ремито 2-2 со Барселона.[59] На 30 јуни, го постигнал својот 100-ти гол за клубот во Примера во поразот со 5-1 од Мајорка.[60]

Аспас постигнал гол во поразот од 3–1 на домашен терен од Реал Сосиедад на 1 ноември 2020 година, со неговиот 105-ти гол за тимот во првата дивизија, кршејќи 69-годишен рекорд поставен од Хермидита.[61] Тој повторно бил избран за најдобар во лигата за декември, придонесувајќи за осум од 11-те гола на Селта, бидејќи тие биле непоразени во пет натпревари.[62] На крајот на сезоната, тој успеал да постигне барем 14 гола за шестта година по ред;[63] според различни извори, неговиот 160-ти гол го израмнил со Нолете како втор најдобар клупски стрелец,[64] или го надминал основачкиот член Рамон Поло како најдобар стрелец на клубот на сите времиња.[65]

На 6 ноември 2021 година, Аспас постигнал два гола со кои му помогнал на неговиот тим да се врати од 3-0 до 3-3 против Барселона, вклучувајќи го и погодокот во шесттата минута од дополнителното време.[66] Тој постигнал вкупно 17 голови за сезоната за повторно да стане најдобар национален стрелец.[67]

Во ноември 2023, Аспас се нашол на насловните страници на спортските изданија во Шпанија, откако во фрустрација го фрлил ВАР мониторот од теренот на земја по одлуката на Селта да и се ускрати пенал во последните моменти од ремито 1-1 со Севиља.[68][69][70] На 17 февруари 2024, тој го постигнал својот 200-ти гол во кариерата во поразот на домашен терен од Барселона со 1-2.[71]

Репрезентативна кариера

уреди
 
Аспас игра за Шпанија на Светското првенство 2018

Во декември 2012 година, Аспас, заедно со Мичу, бил известен да биде подготвен да добие повик од селекторот Висенте дел Боске за да дебитира за шпанската репрезентација, во пријателски натпревар против Уругвај на 6 февруари 2013 година во Доха, Катар.[72] Сепак, ниту еден од двајцата споменати играчи не учествувал во тој натпревар.[73]

Аспас конечно го добил својот прв повик во репрезентацијата на 15 ноември 2016 година, под водство на новиот тренер Хулен Лопетеги, заменувајќи го Хуан Мата на почетокот од второто полувреме од пријателскиот натпревар против Англија, постигнувајќи го во истиот и својот прв гол за својата земја.[74] На 24 март следната година, тој ги одиграл последните шест минути од домашната победа со 4-1 над Израел во квалификациите за Светското првенство 2018.[75][76]

После три одиграни натпревари во квалификациите и два постигнати гола, Аспас бил вклучен во составот од 23 играчи за завршницата на Светското првенство 2018 во Русија.[77] Дебитирал на турнирот на 15 јуни, заменувајќи го Диего Кошта, кој постигнал два гола, за последните 14 минути од првиот натпревар од групната фаза против Португалија што завршил 3-3;[78] десет дена подоцна, откако го заменил истиот играч, во последните минути тој постигнал гол со пета за да и помогне на својата репрезентација да израмни на 2–2 против Мароко и да се пласира во нокаут-фазата како први во групата.[79]

На 1 јули 2018 година, повторно откако го зазел местото на Кошта, Аспас бил еден од двајцата шпански играчи кои промашиле удар од белата точка во поразот со 4-3 на пенали од Русија во осминафиналето.[80]

Во март 2023 година, по речиси четири години без настап,[81] сега веќе 35-годишниот напаѓач бил повикан од новиот селектор Луис де ла Фуенте за квалификациските натпревари за Европското првенство 2024 против Норвешка и Шкотска.[82] Тој бил стартер во победата со 3-0 над Норвешка, додека во поразот со 2-0 од Шкотска три дена подоцна се појавил во игра од клупата за резерви во 57-мата минута.

Хронологија на репрезентативните настапи

уреди
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Шпанија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
15-11-2016 Лондон Англија   2 – 2   Шпанија Пријателска 1   46'   65'
24-3-2017 Хихон Шпанија   4 – 1   Израел Квал. за СП 2018 -   83'
28-3-2017 Сен Дени Франција   0 – 2   Шпанија Пријателска -   84'
6-5-2017 Мурсија Шпанија   2 – 2   Колумбија Пријателска -   56'
5-9-2017 Вадуц Лихтенштајн   0 – 8   Шпанија Квал. за СП 2018 2   46'
9-10-2017 Ерусалим Израел   0 – 1   Шпанија Квал. за СП 2018 -   46'
11-11-2017 Малага Шпанија   5 – 0   Костарика Пријателска -   46'
27-3-2018 Мадрид Шпанија   6 – 1   Аргентина Пријателска 1   46'
3-6-2018 Виљареал Шпанија   1 – 1   Швајцарија Пријателска -   46'
9-6-2018 Краснодар Тунис   0 – 1   Шпанија Пријателска 1   76'
15-6-2018 Сочи Португалија   3 – 3   Шпанија СП 2018 - Прва фаза -   80'
25-6-2018 Калининград Шпанија   2 – 2   Мароко СП 2018 - Прва фаза 1   74'
1-7-2018 Москва Шпанија   1 – 1 прод.
(3 – 4 пен.)
  Русија СП 2018 - Осминафинале -   80'
8-9-2018 Лондон Англија   1 – 2   Шпанија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -   68'
11-10-2018 Кардиф Велс   1 – 4   Шпанија Пријателска -   73'
15-10-2018 Севиља Шпанија   2 – 3   Англија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -   57'
15-11-2018 Загреб Хрватска   3 – 2   Шпанија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -   64'
7-6-2019 Торшавн Фарски Острови   1 – 4   Шпанија Квал. за Евро 2020 -   56'
25-3-2023 Малага Шпанија   3 – 0   Норвешка Квал. за Евро 2024 -   58'
28-3-2023 Глазгов Шкотска   2 – 0   Шпанија Квал. за Евро 2024 -   57'   83'
Вкупно Настапи 20 Голови 6

Титули

уреди

Клупски

уреди

Севиља

уреди
2014-2015

Поединечни

уреди
2014-2015 (7 гола, изедначен со Нејмар)
2016-2017, 2017-2018, 2018-2019, 2021-2022

Наводи

уреди
  1. „FIFA World Cup Qatar 2022 – Squad list: Belgium (BEL)“ (PDF). FIFA. 15 November 2022. стр. 3. Посетено на 15 November 2022.
  2. „Iago Aspas, la perla del Celta“ [Iago Aspas, Celta's gem]. El Periódico de Catalunya (шпански). 8 January 2013. Посетено на 30 May 2013.
  3. Collarte, César (11 June 2009). „La saga moañesa del Celta“ [Celta's Moaña saga]. Faro de Vigo (шпански). Посетено на 29 May 2013.
  4. „Jonathan Aspas ve a Iago cerca del Valencia“ [Jonathan Aspas sees Iago close to Valencia]. Faro de Vigo (шпански). 26 March 2013. Посетено на 29 May 2013.
  5. „Aitor Aspas emula con el Coruxo el gol de Messi contra el Getafe“ [Aitor Aspas emulates Messi's goal against Getafe with Coruxo]. Marca (шпански). 20 January 2014. Посетено на 9 April 2016.
  6. Guerra, Guada (6 May 2021). „La saga Aspas Juncal continúa“ [The Aspas Juncal saga continues]. Marca (шпански). Посетено на 15 September 2024.
  7. „Aspas and Hugo Mallo's children star in the minikit Christmas spot“. Celta Vigo. 29 November 2018. Посетено на 18 June 2019.
  8. „Vídeo | Así fue la boda de Iago Aspas y Jennifer Rueda“ [Video | This is how wedding of Iago Aspas and Jennifer Rueda went down]. La Voz de Galicia (шпански). 17 June 2019. Посетено на 18 June 2019.
  9. Sánchez, T. (9 June 2008). „El Salamanca se da una fiesta a costa del Celta“ [Salamanca throw party at Celta's expense]. Mundo Deportivo (шпански). Посетено на 17 June 2013.
  10. „Aspas debutaba con el Celta tal día como hoy“ [Aspas made debut with Celta on a day like today]. La Voz de Galicia (шпански). 8 June 2019. Посетено на 19 November 2021.
  11. „El Celta sufre para lograr la permanencia y empuja al Alavés al borde del abismo“ [Celta suffer to stay afloat and push Alavés to abyss]. Marca (шпански). 6 June 2009. Посетено на 15 June 2013.
  12. „Iago Aspas (Celta) se sitúa a cuatro goles de Ulloa (Almería)“ [Iago Aspas (Celta) four goals behind Ulloa (Almería)]. ABC (шпански). 27 May 2012. Архивирано од изворникот на 4 February 2014. Посетено на 3 June 2012.
  13. Gozalo, Víctor M. (2 June 2012). „Iago Aspas, Oubiña y De Lucas, claves en el ascenso“ [Iago Aspas, Oubiña and De Lucas, key to promotion] (шпански). Te Interesa. Посетено на 30 May 2013.
  14. „Iago Aspas y Álex López, galardonados como mejor delantero y centrocampista de la Liga Adelante“ [Iago Aspas and Álex López, chosen best forward and midfielder in Liga Adelante]. La Voz de Galicia (шпански). 18 October 2012. Посетено на 25 June 2013.
  15. „Olinga makes history“. ESPN FC. 18 August 2012. Посетено на 29 May 2013.
  16. „First win for Celta“. ESPN FC. 1 September 2012. Архивирано од изворникот на 22 October 2013. Посетено на 29 May 2013.
  17. Castro, X. R. (12 November 2012). „Aspas, goleador gallego tras 30 años“ [Aspas, Galician scorer after 30 years]. La Voz de Galicia (шпански). Посетено на 25 June 2013.
  18. „Aspas recupera el olfato goleador“ [Aspas regains scoring touch]. Faro de Vigo (шпански). 26 February 2013. Посетено на 25 June 2013.
  19. „Aspas se ganó la expulsión por un cabezazo a Marchena“ [Aspas earned himself an expulsion for a headbutt on Marchena]. Marca (шпански). 15 March 2013. Посетено на 9 April 2016.
  20. „Liverpool sign Celta Vigo forward Iago Aspas for £9m“. The Daily Telegraph. 29 May 2013. Посетено на 9 June 2013.
  21. „Liverpool will complete Aspas deal by end of week“. ESPN FC. 6 June 2013. Архивирано од изворникот на 2013-10-12. Посетено на 9 June 2013.
  22. „Liverpool: Striker Iago Aspas joins from Celta Vigo“. BBC Sport. 14 July 2014. Посетено на 14 July 2014.
  23. „Reds agree Aspas deal in principle“. Liverpool F.C. 13 June 2013. Архивирано од изворникот на 18 June 2013. Посетено на 13 June 2013.
  24. Garrido, Clemente (14 June 2013). „Aspas transfer to Liverpool delayed due to rift with ex-agent“. Diario AS. Архивирано од изворникот на 2013-06-18. Посетено на 18 June 2013.
  25. „El representante de Aspas denuncia al jugador y bloquea su tránsfer“ [Aspas' agent files complaint against the player and blocks his transfer]. Mundo Deportivo (шпански). 14 June 2013. Посетено на 18 June 2013.
  26. „Aspas completes Liverpool switch“. Liverpool F.C. 23 June 2013. Архивирано од изворникот на 26 June 2013. Посетено на 23 June 2013.
  27. „Reds hit Preston for four – report“. Liverpool F.C. 13 July 2013. Посетено на 13 July 2013.
  28. Smith, Ben (17 August 2013). „Liverpool 1–0 Stoke“. BBC Sport. Посетено на 17 August 2013.
  29. Sanghera, Mandeep (5 January 2014). „Liverpool 2–0 Oldham Athletic“. BBC Sport. Посетено на 5 January 2014.
  30. Malam, Charlie (20 June 2015). „Iago Aspas and Liverpool: What went wrong?“. Vavel. Посетено на 1 February 2016.
  31. „Yes, Iago Aspas embarrassed Barcelona... but that doesn't mean Liverpool should have kept him“. Eurosport. 24 September 2015. Посетено на 24 April 2016.
  32. „Liverpool striker Iago Aspas to join Sevilla on season-long loan deal“. BBC Sport. 14 July 2014. Посетено на 14 July 2014.
  33. Bernardo, Julio (15 July 2014). „El Sevilla ficha a Aspas hasta junio de 2018“ [Sevilla sign Aspas until June 2018]. Faro de Vigo (шпански). Посетено на 12 June 2015.
  34. Phillips, Rob (12 August 2014). „Super Cup: Cristiano Ronaldo scores twice in Real Madrid win“. BBC Sport. Посетено на 13 August 2014.
  35. Ruiz, Fernando (14 September 2014). „Sevilla F.C. 2–0 Getafe: Efectivo y con las ideas claras“ [Sevilla F.C. 2–0 Getafe: Effective and clear-headed]. Estadio Deportivo (шпански). Посетено на 19 November 2021.
  36. „Rijeka 2–2 Sevilla: Mbia rescues a point for 10-man Rojiblancos“. Goal. 2 October 2014. Посетено на 2 October 2014.
  37. Campos, Tomás (29 October 2014). „El Sevilla engrasa la máquina“ [Sevilla tune machine up]. Marca (шпански). Посетено на 29 October 2014.
  38. Campos, Tomás (3 December 2014). „Aspas abusa de un valiente Sabadell“ [Aspas abuses valiant Sabadell]. Marca (шпански). Посетено на 3 December 2014.
  39. „Neymar iguala a Aspas como máximo artillero en Copa“ [Neymar equals Aspas as top scorer in the Cup]. Marca (шпански). 30 May 2015. Посетено на 9 April 2016.
  40. „Iago Aspas' late winner gives Sevilla vengeful win against Espanyol“. Fox Sports. 1 February 2015. Посетено на 1 February 2015.
  41. „Report: Sevilla sell Iago Aspas straight back to Celta Vigo“. This Is Anfield. 12 June 2015. Посетено на 24 July 2016.
  42. „El regreso más esperado: Iago Aspas vuelve a su casa“ [The most awaited return: Iago Aspas returns home] (шпански). Celta Vigo. 12 June 2015. Архивирано од изворникот на 23 April 2016. Посетено на 12 June 2015.
  43. „Iago Aspas ya es jugador del Celta tras firmar su contrato“ [Iago Aspas already is a Celta player after signing his contract] (шпански). Celta Vigo. 18 June 2015. Архивирано од изворникот на 19 June 2015. Посетено на 18 June 2015.
  44. „Iago Aspas vuelve al Celta“ [Iago Aspas returns to Celta]. La Nueva España (шпански). 15 June 2015. Посетено на 18 June 2015.
  45. „Iago Aspas scores twice as Celta Vigo give Barcelona shock thrashing“. The Guardian. 23 September 2015. Посетено на 24 September 2015.
  46. „Iago Aspas named LaLiga Santander Player of the Month for October“. La Liga. 14 November 2016. Архивирано од изворникот на 30 June 2019. Посетено на 14 November 2016.
  47. „Épica celeste en Ucrania“ [Sky blue epic in Ukraine] (шпански). UEFA. 23 February 2017. Посетено на 2 March 2017.
  48. Conde, Jaime (22 May 2017). „Un empate para despedir a Berizzo“ [A draw to say goodbye to Berizzo]. Faro de Vigo (шпански). Посетено на 8 July 2017.
  49. González, Montserrat (22 May 2017). „El gol de la Liga tiene color celeste“ [The League's goal is coloured sky blue]. Faro de Vigo (шпански). Посетено на 8 July 2017.
  50. „Así queda el Pichichi de LaLiga 2017–2018“ [How the 2017–2018 La Liga Pichichi looks]. Sport (шпански). 20 May 2018. Посетено на 19 October 2018.
  51. „Celta Vigo beats Las Palmas 5–2 with hat trick by Iago Aspas“. USA Today. 16 October 2017. Посетено на 19 October 2018.
  52. „La Liga round-up: Iago Aspas scores hat-trick as Celta Vigo thump Sevilla“. Sky Sports. 7 April 2018. Посетено на 19 October 2018.
  53. Moreno, Jonathan (23 December 2017). „Iago Aspas impone su ley en 'O Noso Derbi' [Iago Aspas imposes his law on 'Our Derby']. Sport (шпански). Посетено на 19 October 2018.
  54. „Iago Aspas marca su gol 100 vestido de celeste“ [Iago Aspas scores his 100th goal in sky blue]. Faro de Vigo (шпански). 5 November 2017. Посетено на 19 October 2018.
  55. Lowe, Sid (1 April 2019). „Tears and cheers as Iago Aspas returns to save Celta Vigo again“. The Guardian. Посетено на 17 April 2019.
  56. „Iago Aspas plays 300th official match with Celta“. Celta Vigo. 31 March 2019. Посетено на 17 April 2019.
  57. Valero, Rafa (17 April 2019). „Iago Aspas signs new Celta Vigo contract until 2023“. Marca. Посетено на 17 April 2019.
  58. Bravo, Alberto (25 June 2020). „Iago Aspas, el goleador centenario“ [Iago Aspas, the centennial goalscorer] (шпански). El Desmarque. Посетено на 2 December 2020.
  59. Bravo, Alberto (29 June 2020). „Iago Aspas: 150 celebraciones con la casaca celeste“ [Iago Aspas: 150 celebrations in the sky blue jersey] (шпански). El Desmarque. Посетено на 2 December 2020.
  60. „Aspas firmó su gol número 100 con el Celta en Primera“ [Aspas scored his 100th goal for Celta in Primera]. La Voz de Galicia (шпански). 1 July 2020. Посетено на 2 December 2020.
  61. „Aspas se convierte en el máximo goleador celeste en Primera con 105 dianas“ [Aspas becomes the top sky blue scorer in Primera with 105 strikes]. La Voz de Galicia (шпански). 2 November 2020. Посетено на 2 December 2020.
  62. „Iago Aspas named LaLiga Santander Player of the Month for December“. La Liga. 7 January 2021. Посетено на 8 January 2021.
  63. @OptaJose (22 May 2021). „14 – Iago Aspas 🇪🇸 is the seventh player to score at least 14 goals in each one of the last six season“ (Tweet). Посетено на 13 June 2021 – преку Twitter.
  64. „Aspas, segundo máximo goleador de la historia del Celta tras estrenarse con el Getafe“ [Aspas, second highest goalscorer in the history of Celta after starting against Getafe]. La Voz de Galicia (шпански). 24 December 2021. Посетено на 11 May 2022.
  65. Melchor, Edgar; Gómez, Hilda (22 April 2022). „Gol al Dépor con el peroné roto: así era el Celta de los años 30 y 40“ [Goal against Dépor with a broken fibula: how Celta were in the 30s and 40s]. Faro de Vigo (шпански). Посетено на 11 May 2022.
  66. „Soccer-Barcelona draw 3–3 at Celta Vigo after stunning second-half collapse“. Reuters. 6 November 2021. Посетено на 6 November 2021.
  67. Melchor, Edgar (21 May 2022). „El Zarra de Aspas alegra una despedida de vacío del Celta“ [Aspas' Zarra brings joy to Celta's empty goodbye]. Faro de Vigo (шпански). Посетено на 1 December 2023.
  68. „Aspas throws VAR screen to the ground during draw vs. Sevilla“. ESPN. 5 November 2023. Посетено на 22 November 2023.
  69. Hayward, Ben (5 November 2023). „Celta Vigo's Iago Aspas throws pitchside VAR monitor to the ground in draw vs Sevilla“. FourFourTwo. Посетено на 22 November 2023.
  70. Lusby, Jack (6 November 2023). „Ex-Liverpool striker trashes VAR monitor after latest controversy in Spain“. This is Anfield. Посетено на 22 November 2023.
  71. Valero, Rafa (18 February 2024). „Iago Aspas no pudo celebrar sus 200 goles con el Celta de Vigo“ [Iago Aspas could not celebrate his 200 goals with Celta de Vigo]. Marca (шпански). Посетено на 22 February 2024.
  72. Hart, Danny (25 December 2012). „Swansea forward Michu promised Spain call-up by Del Bosque“. Goal. Посетено на 6 September 2020.
  73. „Del Bosque: "De momento no encontramos sitio a Michu y Aspas" [Del Bosque: "No place for Michu and Aspas at the moment"]. Marca (шпански). 1 February 2013. Посетено на 15 April 2014.
  74. McNulty, Phil (15 November 2016). „England 2–2 Spain“. BBC Sport. Посетено на 15 November 2016.
  75. „Spain 4–1 Israel“. BBC Sport. 24 March 2017. Посетено на 8 July 2017.
  76. „El tuit de Iago Aspas después del debut“ [Iago Aspas' tweet following his debut]. Mundo Deportivo (шпански). 25 March 2017. Посетено на 22 May 2022.
  77. „Morata misses out on Spain's 23-man World Cup squad“. Goal. 21 May 2018. Посетено на 21 May 2018.
  78. Wallace, Sam (15 June 2018). „Cristiano Ronaldo scores sensational hat-trick as Portugal hold Spain in instant World Cup classic“. The Daily Telegraph. Посетено на 16 June 2018.
  79. Draper, Kevin (25 June 2018). „Spain advances despite draw against Morocco“. The New York Times. Посетено на 25 June 2018.
  80. „Russia reach last eight thanks to penalty shoot-out win over sorry Spain“. Jersey Evening Post. 1 July 2018. Посетено на 1 July 2018.
  81. Pacheco, Jorge; Trujillo, Jaime (23 March 2023). „Iago Aspas: "¿El tiempo fuera de la Selección? Me dolió porque trabajé para estar con los mejores" [Iago Aspas: "My time away from the national team? That hurt because I worked to be with the best"]. El Español (шпански). Посетено на 29 March 2023.
  82. „OFICIAL | Lista de convocados para los encuentros clasificatorios frente a Noruega y Escocia“ [OFFICIAL | Squad selected for qualifiers against Norway and Scotland] (шпански). Royal Spanish Football Federation. 17 March 2023. Посетено на 29 March 2023.

Надворешни врски

уреди