Мигел Перес Куеста (роден на 21 март 1986 во Овиедо), или попознат како Мичу, е поранешен шпански фудбалер, напаѓач.

Шпанија Мичу
Лични податоци
Роден на 21 март 1986(1986-03-21)(38 г.)
Роден во Овиедо, Шпанија
Држава Шпанија Шпанија
Висина &100000000000001850000001,85 м
Играчки податоци
Позиција напаѓач
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2003–2007 Реал Овиедо Реал Овиедо 100 (13)
2007-2008 Селта Виго Б 28 (10)
2010-2012 Селта Селта Виго 103 (15)
2011-2012 Рајо Валјекано Рајо Валјекано 37 (15)
2012-2015 Свонзи Сити Свонзи Сити 52 (20)
2014-2015Наполи Наполи 3 (0)
2015-2016 Лангрео 13 (10)
2016-2017 Реал Овиедо Реал Овиедо 27 (1)
Репрезентација
2013  Шпанија 1 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Клупска кариера уреди

Рани години од кариерата и настапите во Селта уреди

По почетокот на својата кариера во локалниот тим Реал Овиедо во долните лиги на шпанскиот фудбал, Мичу се пресели во вториот тим на Селта Виго (Селта Виго Б) во Сегунда дивизион Б во 2007 година. Во средина на сезоната 2007-08, тој го доби својот прв повик во првиот тим на Селта, а сезоната ја заврши како првотимец во почетниот состав во дресот на тимот од Сегунда дивизион.

Во средината на јануари 2010 година, тој се поврзуваше со трансфер во тимот од Ла Лига Спортинг Хихон, со цел да го замени Мичел кој замина во Бирмингем Сити, но на крајот трансферот пропадна и Мичу остана во Селта.

Во неговaтa последнa сезонa во Селта, Мичу постигна 12 гола за Галисијанците. На 8 јуни 2011 година, откако му помогна на клубот да заврши на шестата позиција во регуларниот дел од сезоната, тој го постигна единствениот гол на првиот натпревар од Плејофот за промоција во повисок ранг против Гранада, дома; во реваншот, сепак, тој го промаши својот пенал и Селта беше елиминирана на пенали (4-5).

Рајо Ваљекано уреди

На 27 јули 2011 година, откако неговиот договор со Селта беше истечен, Мичу потпиша двегодишен договор со Рајо Ваљекано, тим кој само што се врати во Ла Лига. Тој го направи своето деби во лигата на 28 август во ремито 1-1 нагости против Атлетик Билбао.

Во својата прва сезона, Мичу беше најдобар стрелец на клубот и најефикасниот фудбалер од средината на теренот во лигата со 15 голови. Тој беше двоен стрелец на неколку натпревари против Реал Сосиедад (4:0 победа), Расинг Сантандер (4-2, дома) и ФК Осасуна (6:0, дома). На 24 септември 2011 тој им приреди студен туш на навивачите на Реал Мадрид откривајќи го резултатот уште во првата минута. Подоцна тој постигна уште еден погодок на овој натпревар но Реал Мадрид победи со 6-2 (на домашен терен).

Свонзи Сити уреди

На 20 јули 2012 година, Мичу потпиша три-годишен договор со англискиот Премиер лигаш Свонзи Сити за сума од £ 2.000.000. По заминувањето на Гилфи Сигурдсон, клубот го доведува Мичу за да ја пополни позицијата на играч кој ќе игра зад напаѓачот во 4-2-3-1 формација.

Во своето деби во лигата на 18 август, Мичу постигна два гола и му додеде на Скот Синклер за еден погодок во победа од 5-0 на гостувањето кај Квинс Парк Ренџерс. Првиот од неговите голови беше воедно и прв постигнат гол во сезоната, а тој подоцна го опиша својот деби настап како "неверојатен". Мичу остана на врвот на списокот на стрелци во Премиер Лигата откако постигна погодок и во второто коло кога Свонзи го совлада на домашен терен Вест Хем Јунајтед со 3-0. Мичу го постигна вториот погодок по катастрофалната грешка на Џејмс Колинс.

Наполи уреди

На 17 јули 2014 година, Мичу се преселил на позајмица во Наполи во Серија А за претстојната натпреварувачка сезона, со можност за постојан траансфер.[1] Тој го направил своето деби во првото коло од сезоната во победата над Џенова со 2-1, влегувајќи како замена на местото на Лоренцо Инсиње за последните пет минути од натпреварот.[2] Во натпреварот против Торино на домашен терен на 5 октомври се здобил со тешка повреда која го оддалечила од терените до крајот на сезоната, па откаку Наполи не го откупил неговиот договор тој ја завршил својата авантура во Кампанија со само 5 настапи за клубот.

Враќање во Шпанија уреди

Набргу откако го напуштил Свонзи, Мичу се вратил назад во својата родна Шпанија каде потпишал за четвртолигашот Лангрео, чиј тренер бил неговиот брат.[3] На 19 август 2016 тој се вратил во клубот во кој ја започнал својата професионална кариера Реал Овиедо, потпишувајќи едногодишен договор.[4]

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. „Мичу на позајмица во Наполи“. mkd.mk. 18 јули 2014. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 30 септември 2014.
  2. Weir, Stewart (31 August 2014). „Genoa 1-2 Napoli: Dramatic De Guzman strike seals victory“. Goal.com. Посетено на 31 August 2014.
  3. Dosadilo mu: Michu prešao u četvrtoligaša, trenira ga brat 24sata.hr/sport
  4. „Michu, new player of Real Oviedo“ (шпански). Real Oviedo. 19 August 2016. Посетено на 19 August 2016.