Безвучна забна струјна согласка

Безвучната нешушкава забна струјна согласка ('безвучен забен фрикатив) е вид на согласка што се среќава во некои јазици. Во латиницата, гласот е познат како англискио или албанскио th. Иако, во светски рамки, гласот е редок како фонема, истиот се среќава во некои од најраспостранетите и највлијателни јазици. Меѓународната фонетска азбука (МФА) ја бележи согласката со симболот ⟨θ⟩, а во X-SAMPA истата е означена со T.

Безвучна забна струјна согласка
θ
МФА-бр.130
Шифрирање
Единица (дек.)θ
Уникод (хекс.)U+03B8
X-SAMPAT
КиршенбаумT

 

Забните струјни согласки честопати се нарекуваат „меѓузабни“ бидејќи се изговараат со јазикот меѓу горните и долните заби, а не со јазикот врз задната страна на горните заби, како кај забните согласки.

Од вкупно 60 јазици во светот со повеќе од 10 милиони говорници, само англискиот, литературниот арапски, кастиљскиот шпански (т.е. само во Шпанија), бурманскиот и грчкиот ја имаат оваа согласка.

Низ историјата, со текот на времето гласот се изгубил во некои јазици како највеќето германски јазици и говори, задржувајќи се само во англискиот и исландскиот.

Особености

уреди

Безвучната забна струјна согласка ги има следниве особености:

  • Начинот на творба е струен, што значи дека се добива со стеснување на воздушниот тек низ тесен провод во местото на творба, предизвикувајќи бурно струење. Ја нема забразденоста на јазикот, насоченоста на воздушниот тек и високите честоти на шушкава согласка.
  • Местото на творба е забно, што значи дека се создава со јазикот во допир со горните или долните заби или обете. (Највеќето избувни и течни согласки што се опишуваат како забни се всушност забно-венечни.)
  • Фонацијата е безвучна, што значи дека се создава без треперење на гласните жици. Во некои јазици, гласните жици активно се одвојуваат, така што согласката е секогаш безвучна. Во други пак, жиците се лабави, па така согласката може да ја поприми звучноста на соседните гласови.
  • Ова е устена согласка, што значи дека воздухот излегува само низ устата.
  • Ова е средна согласка, што значи дека се создава со насочување на воздушниот тек долж средината на јазикот наместо по страните.
  • Воздушниот механизам е белодробно издишен, што значи дека се создава со истиснување на воздух единствено низ белите дробови и дијафрагмата, што важи за највеќето гласови.

Јазици

уреди
Јазик Збор МФА Значење Белешки
ајкулозаливски [θar] 'четири'
албански thotë [θɔtə] 'вели'
амамиски [θeda] 'сонце'
англиски thin [θɪn] 'тенок'
арапахо [jɔːθɔn] 'пчела'
арапски литературен[1] ثابت [ˈθaːbit] 'цврст'
башкирски уҫал [uθɑɫ] 'налутен'
берберски кабилски fa [faθ] 'сече'
берта [θɪ́ŋɑ̀] 'јаде'
бурмански ? thuuu [θòʊ̃] 'три'
велшки saith [saiθ] 'седум'
волајтански [ɕiθθa] 'цвет'
галисиски cero [θeɾo] 'нула'
гвено [riθo] 'око'
гвичински th [θaɬ] 'панталони'
грчки θάλασσα [ˈθalasa] 'море'
емилискоромањолски faza [ˈfaːθɐ] 'лице'
каренски сгау [θø˧] 'три'
карук [jiθa] 'еден'
квама [mɑ̄ˈθíl] 'се смее'
кикапу [nɛθwi] 'три'
корнски eth [ɛθ] 'осум'
леонски ceru [θeɾu] 'нула'
лоредијакаркар [θar] 'четири'
маса [faθ] 'пет'
санички ŦES [teθʔəs] 'осум'
сардински нуорски petha [pɛθa] 'месо'
свахили thamini [θɑmini] 'вредност'
сириски западноновоарамејски ܬܠܬܐ [θloːθa] 'три'
сиуански лакота ? [ktũˈθa] 'четири'
танакрошки thiit [θiːtʰ] 'жарчиња'
тода [wɨnboθ] 'девет'
туркменски sekiz [θekið] 'осум'
тучонски северно наречје tho [θo] 'панталони'
јужно наречје thü [θɨ]
ридскојумански хавасупајски [θerap] 'пет'
хулапајски [θarap]
јавапајски [θerapi]
хан nihthän [nihθɑn] 'сакам'
харасиски [θəroː] 'два'
хебрејски ирачко наречје עברית [ʕibˈriːθ] 'хребрејски јазик'
јеменско наречје [ʕivˈriːθ]
хлајски басадуншки [θsio] 'еден'
џуаншки saw [θaːu˨˦] 'јазик'
шони nthwi [nθwɪ] 'три'
шпански кастиљски[2] cazar [kaˈθar] 'лови'

Безвучна венечна нешушкава струјна согласка

уреди
Voiceless alveolar non-sibilant fricative
θ̠
ɹ̝̊

 

Безвучната венечна нешушкава струјна согласка (безвучен алвеоларен несибилантен фрикатив) е согласка што се јавува во извесни јазици. МФА нема посебни симболи за венечните согласки (се користи еден ист за сите преднојазични места на творба што не се меки). Гласот обично се претставува со <θ̠>, <θ͇> (вовлечено или венечно θ), или пак со <ɹ̝̊> (стиснато безвучно ɹ).

Особености

уреди
  • Начинот на творба е струен, што значи дека се добива со стеснување на воздушниот тек низ тесен провод во местото на творба, предизвикувајќи бурно струење. Ја нема забразденоста на јазикот, насоченоста на воздушниот тек и високите честоти на шушкава согласка.
  • Местото на творба е венечно, што значи дека се создава при допир на врвот или рамниот дел на јазикот и забниот венец, па затоа може да биде „врвнојазична“ или „рамнојазична“.
  • Фонацијата е безвучна, што значи дека се создава без треперење на гласните жици. Во некои јазици, гласните жици активно се одвојуваат, така што согласката е секогаш безвучна. Во други пак, жиците се лабави, па така согласката може да ја поприми звучноста на соседните гласови.
  • Ова е устена согласка, што значи дека воздухот излегува само низ устата.
  • Ова е средна согласка, што значи дека се создава со насочување на воздушниот тек долж средината на јазикот наместо по страните.
  • Воздушниот механизам е белодробно издишен, што значи дека се создава со истиснување на воздух единствено низ белите дробови и дијафрагмата, што важи за највеќето гласови.

Јазици

уреди
Јазик Збор МФА Значење Белешки
англиски Ливерпул[3] attain [əˈθ̠eɪn] 'постигнува' Алофон на /t/
Ирска[4] Italy [ˈɪθ̠ɪli] 'Италија'
исландски þakið [θ̠akið̠] 'покрив'


Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Thelwall (1990:37)
  2. Martínez-Celdrán, Fernández-Planas & Carrera-Sabaté (2003:255)
  3. Marotta & Barth (2005:385)
  4. Hickey (1984:234–235)

Библиографија

уреди
  • Hickey, Raymond (1984), „Coronal Segments in Irish English“, Journal of Linguistics, 20 (2): 233–250, doi:10.1017/S0022226700013876
  • Marotta, Giovanna; Barth, Marlen (2005), „Acoustic and sociolingustic aspects of lenition in Liverpool English“ (PDF), Studi Linguistici e Filologici Online, 3 (2): 377–413, Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-02-25, Посетено на 2012-08-06
  • Martínez-Celdrán, Eugenio; Fernández-Planas, Ana Ma.; Carrera-Sabaté, Josefina (2003), „Castilian Spanish“, Journal of the International Phonetic Association, 33 (2): 255–259, doi:10.1017/S0025100303001373
  • Thelwall, Robin (1990), „Illustrations of the IPA: Arabic“, Journal of the International Phonetic Association, 20 (2): 37–41, doi:10.1017/S0025100300004266
  • Wells, John C (1982), Accents of English, second, Cambridge: Cambridge University Press, ISBN 0-521-24224-X

Надворешни врски

уреди
Табела на белодробни согласки по МФА  аудио
По место → Уснени Преднојазични Среднојазични Заднојазични Гласилни
↓ По начин Дво​уснени Уснено-​забни Заб​ни Венеч​ни Задно-​венеч. Свие​ни Предно-​непчени Задно​непчени Ресич​ни Голтни​чки Надгла​сил​ни Гласил​ни
Носни m ɱ n ɳ ɲ̥ ɲ ŋ̊ ŋ ɴ
Избувни p b t d ʈ ɖ c ɟ k ɡ q ɢ ʡ ʔ
Струјни ɸ β f v θ ð s z ʃ ʒ ʂ ʐ ç ʝ x ɣ χ ʁ ħ ʕ ʜ ʢ h ɦ
Приближни ʋ ɹ ɻ j ɰ
Трепетни ʙ r ɽ͡r ʀ я *
Едноударни ⱱ̟ ɾ ɽ ɢ̆ ʡ̯
Стран. струј. ɬ ɮ ɭ˔̊ ʎ̥˔ ʎ˔ ʟ̝̊ ʟ̝
Стран. прибл. l ɭ ʎ ʟ
Стран. едноуд. ɺ ɺ̠ ʎ̯
Небелодробни согласки
Чкрапави ʘ ǀ ǃ ǂ ǁ
ʘ̃ ʘ̃ˀ ʘ͡q ʘ͡qʼ
Уфрлени ɓ ɗ ʄ ɠ ʛ
Исфрлени ʈʼ
θʼ ɬʼ χʼ
tsʼ tɬʼ cʎ̝̥ʼ tʃʼ ʈʂʼ kxʼ kʟ̝̊ʼ
Слеани согласки
p̪f b̪v ts dz ʈʂ ɖʐ
ɟʝ cʎ̥˔ ɟʎ˔ kʟ̝̊ ɡʟ̝
Сложени согласки
Незаградни ʍ w ɥ ɧ
Заградни k͡p ɡ͡b ŋ͡m
Табелава содржи фонетски симболи што може да не се прикажат правилно кај некои прелистувачи. [Помош]
Онаму кајшто симболите се дадени во парови, „лев—десен“ претставува „безвучна—звучна“ согласка.
Исенчените полиња претставуваат неизводливи гласовни творби.
* Симболот го нема во МФА.