Туркменскиот (türkmençe, türkmen dili;түркменче, түркмен дили) e туркиски јазик кој е службен во централноазиската држава Туркменистан. Јазикот е дел од подгрупата на огуски јазици и е сроден со турскиот и азербејџанскиот јазик. Туркменскиот јазик го зборуваат околу 4 милиони луѓе во Туркменистан. Покрај тоа, јазикот се зборува од околу 700.000 лица во Авганистан и 1.400.000 во Иран.[1][2]

Туркменски јазик
Türkmençe, Türkmen dili, Түркменче, Түркмен дили, تورکمن ﺗﻴلی, تورکمنچه
Застапен воТуркменистан, Иран, Авганистан, Русија
Говорници7 милиони (2007)  [1]
Јазично семејство
туркиски
  • огуски
    • источноогуски
      • туркменски јазик
Писмотуркменска азбука
Статус
Службен во Туркменистан
Јазични кодови
ISO 639-1tk
ISO 639-2tuk
ISO 639-3tuk
Linguasphereдел од 44-AAB-a

Класификација

уреди

Туркмескиот јазик е дел од групата на туркиски јазици. Тој е дел од подгрупата на огуски јазици, каде е и хорасанскиот туркиски јазик. Туркменскиот е тесно сврзан со турскиот и азербејџанскиот јазик и сите се меѓусебно разбирливи.

Туркменскиот е аглутинативен јазик и има самогласна хармонија. Јазикот нема граматички рода или неправилни глаголи. Основниот зборовен редослед е подмет-предмет-прирок. Стандардниот литературен јазик се заснова на дијалектот теке.

Писмо

уреди

Од 1991 година, туркменскиот официјално ја користи латиничната верзија на туркменската азбука. Од 1938 до 1991 година јазикот се пишувал на кирилица, а од 1929 до 1938 година користел латиница. Претходно јазикот користел и арапско писмо. Латиничната азбука од 1991 година често се нарекува „täze elipbiý“ или во превод „нова азбука“. Сепак и денес голема е употребата на кирилицата. Така на пример, голем број од мрежните места или публикации на туркменистанската опозција се на кирилица за да се дистанцираат од латиничната азбука која ја создал Сапармурат Нијазов.

Кирилица

Аа, Бб, Вв, Гг, Дд, Ее, Ёё, Жж, Җҗ, Зз, Ии, Йй, Кк, Лл, Мм, Нн, Ңң, Оо, Өө, Пп, Рр, Сс, Тт, Уу, Үү, Фф, Хх, (Цц), Чч, Шш, (Щщ), (Ъъ), Ыы, (Ьь), Ээ, Әә, Юю, Яя

Латиница

Aa, Bb, Çç, Dd, Ee, Ää, Ff, Gg, Hh, Ii, Jj, Žž, Kk, Ll, Mm, Nn, Ňň, Oo, Öö, Pp, Rr, Ss, Şş, Tt, Uu, Üü, Ww, Yy, Ýý, Zz

Гласовен систем

уреди
Туркменски јазик
Писмо кирилица и латиница
Пример Прв член од „Декларацијата за човекови права“
Текст Хемме адамлар өз мертебеси ве хукуклары бюнча дең ягдайда дүнйә инйәрлер. Олара аң хем выждан берлендир ве олар бир-бирлери билен доганлык рухундакы гарайышда болмалыдырлар.
Hemme adamlar öz mertebesi we hukuklary boýunça deň ýagdaýda dünýä inyärler. Olara aň hem wyždan berlendir we olar bir-birleri bilen doganlyk ruhundaky garaýyşda bolmalydyrlar.
Македонски Сите човечки суштествa се раѓaaт слободни и еднакви по достоинство и правa. Tиe се обдарени со разум и совест и требa да се однесувaaт еден кон друг во дуxот на општо човечкaтa припaдност.
Портал: Јазици

Самогласки

уреди
Предни Задни
незаоблени заоблени незаоблени заоблени
Затворени i/и /i/ ü/ү /y/ üý/үй /yː/ y/ы /ɯ/ u/у /u/
Средни e/е /e/ ö/ө /ø/ o/о /o/
Отворени ä/ә /æː/ a/а /a/1

Согласки

уреди
Билабијални Дентално/
алвеоларни
Посталвеоларни Непчани Меконепчани Глотални
експлозивни p b
п б
[p] [b]
t d
т д
[t̪] [d̪]
k g
к г
[k]/[q] [g]/[ʁ]
носни m
м
[m]
n
н
[n]
ň
ң
[ŋ]
треперливи r
р
[r]
фрикативни f w
ф в
[ɸ] [β]
s z
с з
[θ] [ð]
ş ž
ш ж
[ʃ] [ʒ]
h
х
[h]/[x]
африкативни ç j
ч җ
[t​͡ʃ] [d​͡ʒ]
апроксимантни l
л
[l]
ý
й
[j]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Nationalencyklopedin "Världens 100 största språk 2007" The World's 100 Largest Languages in 2007
  2. Етничката група позната како Ирачки Туркмени всушност зборуваат на јужноазербејџански дијалект. Исто така не сите Туркмени во Иран зборуваат туркменски.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди