Исландската азбука е писмо што се користи за пишување на исландскиот јазик. Азбуката е заснована врз стандардната латинична азбука со некои мали модифицирања на некои букви за приспособување на исландскиот фонетски и правописен систем. Азбуката има 32 букви и карактеристично за неа е тоа што ги користи сѐ уште старата руничка буква Þþ. Азбуката е слична со останатите скандинавски азбуки и е официјална на територијата на Република Исланд.

Азбука

уреди
Големи букви
A Á B D Ð E É F G H I Í J K L M N O Ó P R S T U Ú V X Y Ý Þ Æ Ö
Мали букви
a á b d ð e é f g h i í j k l m n o ó p r s t u ú v x y ý þ æ ö

Изговор и имиња на буквите

уреди
Буква Име МФА Македонски изговор
Aa a [a] а
Áá á [au̯] ау
Bb [pjɛ] п (без призвук)
Dd [tjɛ] т (без призвук)
Ðð [ɛð̠] нема на македонски, англиско „th“
Ee e [ɛ] е
Éé é [jɛ] је
Ff eff [ɛfː] ф, в
Gg [cɛ] к, ќ, грлен глас, х, ј
Hh [hau̯] х
Ii i [ɪ] и
Íí í [i] долга и
Jj joð [jɔð̠] ј
Kk [kʰau̯] к, х
Ll ell [ɛtl̥] л
Mm emm [ɛmː] м
Nn enn [ɛnː] н
Oo o [ɔ] о
Óó ó [ou̯] оу
Pp [pʰjɛ] п
Rr err [ɛr] р
Ss ess [ɛs] с
Tt [tʰjɛ] т
Uu u [ʏ] у, слично на германско u
Úú ú [u] у
Vv vaff [vafː] в
Xx ex [ɛxs] хс (грлено)
Yy ufsilon y [ʏfsɪlɔn ɪ] и
Ýý ufsilon ý [ʏfsɪlɔn i] долго и
Zz zeta [sɛːta] с
Þþ þorn [θ̠ɔtn̥] нема на македонски, англиско „th“
Ææ æ [ai̯] ај
Öö ö [œ] нема на македонски, германско ö

Поврзано

уреди