Алтернативен рок
Алтернативен рок (исто така наречен и алтернативна музика, алт-рок или едноставно алтернатива) — жанр на рок-музиката што се појавува во 1980-тите години и станува многу популарен во 1990-тите. Алтернативниот рок се состои од различни поджанрови кои потекнуваат од независната музичка сцена уште од 1980-тите години, како што се гранџ, бритпоп, готик рок, инди поп, и инди рок. Овие жанрови се обединети од страна на нивните колективи, кои се должат пак, на стилот на панк рокот, кој ги поставил темелите за алтернативната музика во 1970-тите. Понекогаш алтернативниот рок се користи како сеопфатна фраза за рок-музиката од андерграунд уметниците во 1980-тите, и за сите други музички праваци кои потекнуваат од панк-рок (вклучувајќи го и самиот панк како правец, т.н. "new wave" музички стил и постпанкот).
Иако неколку бендови како R.E.M., The Cure, Jane Addiction, Nirvana, Radiohead и White Stripes постигнаа комерцијален успех и станаа светски признаени музички бендови, многу други алтернативни рок-музичари во текот на 1980-тите години култни со делата кои ги снимија со независни етикети ja добија нивната изложеност преку колеџ радијата. Со пробивот на Нирвана и популарноста на гранџот и бритпопот како правци во текот на 1990-тите, алтернативниот рок се здоби со значајно место во музичкиот свет и многу бендови стекнаa значајна популарност.
Алтернативен рок како термин
уредиПред терминот алтернативен рок да започне секојдневно да се употребува околу 1990-те години, видот на музиката за кој денешниот термин се однесува бил познат под различни термини. Во 1979 година, Terry Tolkin го користел терминот алтернативна музика за да ги опише групите за кои тој пишувал во неговите статии. Колеџ рок се користел во САД за да се опише музиката во текот на 1980-тите години поради врските со колеџ радијата и музичките вкусови на студентите. Во Обединето Кралство, пак, неколку т.н. DIY (Do it yourself -направете го тоа сами) дискографски куќи се обединиле поради појавата на панкот како субкултура. Според основачот на една од овие дискографски куќи, списанијата Cherry Red, NME и Sounds објавија музички листи врз основа на малите музички продавниците наречени "Алтернативна графика".
Првата национална листа врз основа на дистрибуција е наречена Инди Шема и се објавла во јануари 1980 година. Истата, веднаш успеала да им помогне на малите дискографски куќи. Во тоа време, терминот инди рок се користел буквално да се опишат независно дистрибуираните музички записи. Веќе во 1985-та година, тој термин здоби одредени жанрови, или група на поджанрови, наместо едноставно да има значење дистрибутивен статус.
Употребата на поимот алтернатива за да се опише рок-музиката потекнува од средината на 1980-те. Во тоа време, во музичката индустрија за ваков тип на музика се употребуваа термини како new music и post modern, со цел да се опфатат свежите звуци и да се реконтекстуализираат звуците од минатото.
Лицата кои работеле како диџеи и промотори во текот на 1980-тите години тврдат дека терминот потекнува од едно американски ФМ радио од 1970-тите, и се употебувал за да ја опише прогресивната алтернатива на Топ 40 рок радио листите каде што се наоѓале подолги песни и истите им давеле на DJ-ите поголема слобода во селекција на самата музика.
Еден поранешен диџеј и промотор, во тоа време изјавил: "На некој начин терминот алтернатива беше повторно откриен од едно колеџ радио, а луѓето веднаш го употребија во контекст на нов пост-панк, инди или каква и да е друга андерграунд музика."
Од почеток, терминот се однесувал на не толку популарните рок акти, кои не биле под влијание на "хеви метал баладите, езотеричната new wave музика и high-energy dance химните ".
Терминот алтернатива се здоби со уште поширока употреба, а успехот се должи на основачите на фестивалот Lollapalooza и фронтменот на групата Jane's Addiction Пери Фарел, кои за време на фестивалот го употребиле терминот Алтернативна нација. Во доцните 1990-ти, дефиницијата за овој термин стана уште поконкретна. Во 1997 година, Нил Штраус од Њујорк Тајмс го дефинираше алтернативниот рок како "hard-edged rock" од 70-тите инспириран од китираните звуци на гитарата и агонијата на пејачите, обидувајќи се да ги пребродат нивните проблеми, сè додека нивната музика не заземе епска пропорција.
Дефинирање на музиката како алтернатива, многу често е тежок чекор, бидејќи во овој збор има две спротивставени значења. Алтернативата може да ја опише музиката што го предизвикува статус кво-то или како "жесток иконоборец, антикомерцијална, и антимејнстрим", но терминот исто така се користи и во музичката индустрија за да се означат можностите достапни на потрошувачите преку продавниците, радиото, кабловската телевизија, и на интернетот. Користејќи далеку поширока дефиниција на жанрот, Дејв Томпсон во својата книга Alternative Rock го наведува формирањето на Sex Pistols и објавувањето на албумите Horses од Пети Смит и Metal Machine Music од Лу Рид како трите клучните настани којшто го основале алтернативниот рок.
Особености
уредиИмето "алтернативен рок" во суштина служи како заеднички термин за целокупната андерграунд музика, која произлегла од панк рокот во средината на 1980-тите. Во својата историја, алтернативниот рок во голема мера се дефинира како музика која не ја прифаќа комерцијалноста на мејнстрим културата. Алтернативните бендови во текот на 1980-тите години главно имале настапи во мали клубови, снимени за инди дискографски куќи.
Алтернативниот музички правец немаше поставено темели за една целина, иако весникот "Њујорк тајмс" во 1989 година, пишуваше за алтернативниот рок дека е жанр од составен од “гитарски звуци кои продуцираат моќни акорди”.
Многу почесто отколку во другите стилови на рокот во текот на 1970-тите години, текстовите во алтернативниот рок, најчесто се однесувале на теми од социјалниот аспект, употребата на дрогата, депресијата и екологијата.
Овој пристап кон пишување на текстови со оваа тематика, се развил како рефлексија на социјаните и економските стеги во САД и Велика Британија во текот на 1980-тите и раните 90-ти.
Историја
уредиАлтернативен рок во 1980-тите
уредиОд 1984 година, мнозинството од групите коишто имаа потпишно договори со независните дискографски куќи, свиреа вариации на рок,особено рок од 1960-тите. Ова претставуваше остра пауза од футуристичките, и хипер-рационалните постпанк-години.
"Алтернативната музика е музика која нема сè уште активни следбеници односно меинстрим публика,алтернативата повеќе не е нов бран, туку диспозиција на умот. Алтернативната музика е всушност секаков вид на музика која има потенцијал да стигне до пошироката публика. Исто така, има вистинска сила, вистинскиот квалитет, вистинска возбуда, и тоа треба да биде од општествено значење, што е секако спротивно на една Витни Хјустон."
Цитати од Марк Џозефсон, извршниот директор на New Music Seminar во 1988 година.
Во текот на 1980-тите години, алтернативниот рок главно беше “подземен” феномен. Иако,од време на време, некоја песна стануваше комерцијален хит, добиваше критики и публикации во списанија како Ролинг Стоун, алтернативниот рок во 1980-тите години беше главно поврзан со независните дискографски куќи и колеџ радиостаниците.
Атернативните бендови изградија т.н. “подземен стил”, од турнеи и постојано лансирање на нискобуџетни албуми.
Иако, американските алтернативни уметници од 1980-тите никогаш не генерираа спектакуларни продажби на албуми, постигнаа значајно влијание врз наредните генерации на алтернативни музичари и ги поставија темелите за нивните успеси.
До 1989 година жанрот стана толку популарен што беше изведена заедничка турнеја на New Order, Public Image Limited и The Sugarcubes низ цела Америка.
Американски андерграунд во 1980-тите
уредиПрвите американски алтернативни бендови како R.E.M., The Feelies, и Violent Femmes го комбинираа влијанието на панкот со фолк музиката и популарните музички правци во тоа време. R.E.M инстантно доживеа успех со нивниот деби албум Murmur (1983), кој успеа да влезе на Топ 40 листата, и да си создаде свои џангл поп обожаватели.
Paisley Underground, бенд од Лос Ангелес, во раните 1980-ти, успеа да ги оживее звуците од 60-тите, комбинирајќи психоделија, богати вокални хармонии, гитарски звуци на фолк рок и “подземни” влијанија на панкот преземајќи од The Velvet Underground.
Независните американски инди дискографски куќи како SST Records, Twin/Tone Records, Touch and Go Records, и Dischord Records ја предводеа промената од хардкор панкот, кој доминираше на тогашната американска сцена, кон повеќе различни стилови на алтернативен рок.
Бендовите Hüsker Dü и The Replacements од Минеаполис, беа показатели за оваа промена. Двата бенда, започнаа како панк рок бендови, но набрзо почнаа да ги пренасочуваат нивните звуци, и почнаа да свират помелодична музика.
Michael Azerrad од Hüsker Dü тврдеше дека неговиот бенд е клучната алка помеѓу хардкор панкот и повеќе мелодичната музика.
Michael Azerrad напиша: "Hüsker Du одигра огромна улога во убедувањето на т.н “подземен музички свет” дека помелодичната музика и панк рокот не се антитеза."
Бендот, воедно беше и првата група од американската инди сцена што потпиша договор за голема издавачка куќа, што му помогна колеџ рокот да биде перцепиран како "профитабилен бизнис."
Со фокусирање кон искрени текстови и игра на зборови, наместо на политичките проблеми, The Replacements направија голем број на “подземени” настапи. Azerrad истакна дека "Hüsker Dü заедно со The Replacements се едни од ретките “подземени” бендови чии текстови им се допаднаа и на меинстрим слушателите.
До крајот на 1980-тите години, на американската алтернативна сцена доминираа стилови кои се движеа од ексцентрична поп алтернатива (They Might Be Giants и Camper Van Beethoven), па сè до бучен рок (Sonic Youth, Big Black) и индустриски рок (Ministry, Nine Inch Nails). Овие звуци потоа ги проследија и Boston's the Pixies и Los Angeles' Jane's Addiction. Во исто време, се појави поджанрот гранџ, во Сиетл и Вашингтон.
Гранџот се засноваше на меки, кашести звуци на гитара и синтетизиран хеви метал и панк рок. До крајот на деценијата, голем број на алтернативни бендови започнаа да потпишуваат договори со големи дискографски куќи. Иако на почетокот, бендовите кои меѓу првите потпишаа вакви договори, како Hüsker Dü и The Replacements, немаа голем успех, подоцна, некои од нив како R.E.M и Jane's Addiction остварија златни и платински плочи,и на тој начин ја отворија сцената за пробив на алтернативата на светската музичка сцена. Бендот Pixies, беше еден од оние бендови којшто имаше огромен успех, надвор од Америка, а на домашниот пазар беше комплетно игнориран.
Британски жанрови и трендови во 1980-тите
уредиГотскиот рок се развива во доцните 70-ти години и потекнува од Британскиот постпанк. Со репутација на "најтемната форма во андерграунд рокот", во готскиот рок се користи синтисајзер и гитарски звуци засновани на постпанк звуците, кои имаат за цел да репродуцираат тага, жал и епски звуци. Исто така текстовите најчесто се обраќаат на романтизмот, морбидноста, религиозниот симболизам и натприродниот мистицизам.
Деби-синглот на "Баухаус" наречен "Bela Lugosi's Dead" објавен во 1979 година, се смета за почетокот на готик рок-жанрот. Приближно во тоа време, постпанк-групите како Siouxsie and the Banshees и The Cure започнаа да свират нови звуци.
Еден од клучните алтернативни бендови кои се појавија во текот на 1980-тите во Манчестер беа The Smiths. Музичкиот новинар Симон Рејнолдс ги издвои The Smiths и нивните американски современици R.Е.М како "двете најважни алт-рок бендови на денот", коментирајќи дека тие "беа бендови од осумдесеттите само во чувството да се биде против осумдесеттите години".
The Smiths го практикуваа повеќе звукот на гитарата и тоа во ерата на синтисајзерот, и овој период се смета за сигнализација на крајот на New wave музиката и доаѓањето на сцена на алтернативниот рок во Велика Британија. И покрај ограничениот успех на бендот и нивната куса кариера, The Smiths, имаат значајно влијание врз Британската инди сцена.
Касетата наречена C86, во која фигурираа бендови од типот на The Wedding Present, Primal Scream, The Pastels,и Soup Dragons имаше голем удел во развојот на инди попот во Британија.
Во текот на 1980-тите години, во Велика Британија започнаа да се развиваат и други форми на алтернативен рок, почнувајќи од звуците на бедовите The Jesus and Mary Chain, во комбинација со меланхоличниот звук на Velvet Underground, поп мелодиите на Beach Boys, па и некои експерименти на техно и хаус од страна на бендот Joy Division.
Популаризација во 1990-тите
уредиСè до почетокот на 1990-тите години, музичката индустрија беше заведена од комерцијалните можности на алтернативниот рок и големината на бендовите како Jane's Addiction, Dinosaur Jr, Faith No More, Firehose, и Nirvana. Особено за пример, беше земан успехот на R.E.M., кој во текот на 1990-тите беше еден од најпопуларните бендови во светот.
Сепак, алтернативниот рок станал најпопуларен, со откривањето на ултрапопуларниот бенд Nirvana, во текот на 1990-тите години. Издавањето на синглот "Smells Like Teen Spirit" од нивниот втор албум наречен Nevermind (1991), ја запечати потрага та по т.н. феномен во гранџ музиката. Заради огрмната слушаност и гледаност на овој сингл и останатите песни на Nirvana, албумот Nevermind се продаде во 400,000 копии само за една недела од Божиќ во 1991. Успехот на овој албум ја изненади музичката индустрија. Nevermind не само што успеа да го попуиларизира гранџот, туку и успеа да воспостани културна и комерцијална оддржливост на алтернатиовниот рок, воопшто. Michael Azerrad тврдеше дека овој албум , се сметак за огромна промена во рок-музиката.
Изненадувачкиот успех на албумот Nevermind, на Nirvana, беше предвесник кон нови хоризонти на алтернативниот рок кај комерцијалните радио станици, и исто така им го отвори патот на другите алтернативни бендови.
Во периодот на најголемата популарност и слушаност на албумот, дискографските куќи, збунети од успехот, брзаа да профитираат при тоа потпишувајќи големи договори со алтернативните бендови.
New York Times во 1993 година објави “Алтернативниот рок изгледа повеќе не е толку алтернативен како порано. Секоја голема дискографска куќа има голем број на бендови коишто свират гитари, со износени фармерки, растегнати кошули, лошо држење на сцена, добри рефрени...бендови кои практикуваат интересни мелодии но се кријат позади својата ноншалантност. ”
Сепак, многу алтернативни рок уметници го отфрлија успехот, во знак на протест.
Експлозија на гранџот
уредиИ други гранџ бендови последователно го реплицира успехот на Нирвана. Pearl Jam го објави својот деби-албум Ten, еден месец пред Nevermind во 1991 година, но продажбите на албумот го зедоа својот замав дури една година подоцна. До втората половина на 1992 година Ten оствари голем успех, и стана број 2 на Billboard 200 листата.
Албумите Badmotorfinge на Soundgarden, Dirt на Alice in Chains, и Temple of the Dog, во изработен во соработка со ченовите на Pearl Jam и Soundgarden, беа помеѓу 10-те најпродавани албуми за 1992 година.
Soundgarden беше под влијание на блуз рок од 1970-ите, и хеви метал панкот од 1980-ите. Нивниот албум Superunknown дебитираше како број 1 во 1994 година и доби две Греми награди. Популарноста на овие гранџ бендови, го поттикна популарниот магазин Rolling Stone, да му даде прекар на градот Сиетл и да го нарече "новиот Ливерпул". Големите дискографски куќи потпиша договори со најголемиот дел од истакнатите гранџ бендови во Сиетл, додека останатите бендови се преселија во градот со надеж дека и тие ќе постигнат таков успех.
Во исто време, критичарите тврдеа дека рекламирањето на елементите на гранџот го претворило во мода. Entertainment Weekly коментираше во 1993 година во еден нивни натпис, " Не е видено ваква експлоатација на некоја субкултура, од времето кога медиумите го популаризираа хипи стилот во 60-тите години” New York Times го спореди гранџот во Америка со масовниот маркетинг на панк рокот, диското и хип-хопот од претходните години.
Како резултат на силната популарност на жанрот, се разви и против реакција во Сиетл. Следниот албум на Нирвана In Utero од 1993 година, беше намерно направен абразивен албум, кој басистот на Нирвана Krist Novoselic го опиша како “див,агресивен звук,вистинска алтернатива”. Сепак, со објавувањето во септември 1993 година, овој албум, се искачи на врвот на Билборд листите.
Pearl Jam, исто така, продолжи да се претставува комерцијално и со својот втор албум, Vs. (1993 година), кој се најде на врвот на Билборд топ листите со продажба од рекордни 950.378 копии во првата недела на продажба.
Бритпоп
уредиПопуларниот гранџ од Америка, започна да доминира и на британската сцена во раните 1990–ти години. Како реакција, многу британски бендови “сакаа да се ослободат од овој тренд и да и објават војна на Америка”, а за тоа го искористија домашниот музички печат. Ова движење беше наречено Бритпоп од страна на медиумите. Предводници на ваквото движење беа Blur, Oasis, Suede, и Pulp. Тие всушост беа еквивалент на американската гранџ експлозија. Бритпоп бендовите беа под вилијание на британската гитарска музика од минатото, особено движења и жанрови како British Invasion, глам рок и панк рок.
Во 1995 година, феноменот Бритпоп кулминираше со соперништвото помеѓу фронтмените на двата бенда, Oasis и Blur, симболизиран со издавање на синглови во ист ден. Во “Битката на Бритпопот” победи Blur, но Oasis наскоро го надмина успехот на својот соперник, со нивниот втор албум What's the Story) Morning Glory? од 1995 година, кој стана третиот најпродаван албум во британската историја.
Останати трендови
уредиВо текот на втората половина на 1990-тите, гранџот беше заменет со постгранџ. Набргу се појавија постгранџ-групи како што се Candlebox и Bush. На овие уметници им недостигаа корените на гранџот и беа под големо влијание на “многу популатна форма на хард рок”. Постгранџот беше повеќе комерцијално остварлив жанр со дисторзирани гитари и полирана радио продукција.
Построкот беше основан од албумите на Talk Talk, Laughing Stock и Spiderland на Slint', двата издадени во 1991 година.
Во построкот има влијание од голем број на жанрови, вклучувајќи Krautrock, прогресивниот рок и џезот. Жанрот често преработува или отфрла конвенции, или инкорпорира електронска музика. Додека името на жанрот му беше дадено од страна на музичкиот новинар Simon Reynolds во 1994 година, музичкиот звук на жанрот беше зацврстен со издавањето на Millions Now Living Will Never Die во 1996 година, од страна на чикагшката група Tortoise.
Пост-рокот стана доминантна форма на експериментална рок-музиката во 1990-тите.
Исто така, еден сличен жанр, наречен math rock, достигна кулминација во средината на 1990-тите години. Во споредба со построкот, math rock-от повеќе се заснова на комплексни ритми и преплетени фрази.
Иако до крајот на декадата, се појави силна реакција против построкот како правец, поради неговатата “непристрасна интелектуалност”и “предвидливост” сепак одредени бендови како Godspeed You! Black Emperor и Sigur Rós продолжија и понатаму да го следат овој жанр.
После скоро една деценија, станаа популарни и “подземните” ска настапи. Во 1996 година во САД, бендовите Mighty Mighty Bosstones, No Doubt, Goldfinger, Reel Big Fish, Less Than Jake и Save Ferris добија голема радио-популарност.
Пад на трендот
уредиДо крајот на оваа деценија, трендот на популарноста на алтернативниот рок започна да оди во надолна линија. Ова се должеше на неколку клучни настани, првенствено смртта на фронтменот на групата Nirvana, Kurt Cobain во 1994 година, а потоа и тужбата на Pearl Jam против мрежното место за продажба на билети Ticketmaster, кој пак предизвика групата да не настапува на многу големи настапи низ Америка. За падот на гранџот придонесоа и британските бендови, односно третиот избледен и неуспешен албум на Oasis, Be Here Now и лошите критики за Blur.
Како знак дека популарноста на алтернативниот рок се намалува, беше неуспешниот обид во 1998 година, да се најдат звучни имиња за фестивалот Lollapalooza. Поради тоа, Spin изјави, “Фестивалот се наоѓа во кома исто како и алтернативниот рок во моментов”.
Но и покрај намалената популарност на алтернативниот рок, некои уметници се задржаа кон тој правец. Постгранџот остана комерцијално остварлив во почетокот на 21 век, кога бендови како Creed и Matchbox Twenty станаа едни од најпопуларните рок во Америка. Во исто време, започна да опаѓа и популарноста на Бритпопот.
Radiohead успеа да собере позитивни критики за нивниот трет албум, OK Computer (1997), потоа и Kid A (2000) и Amnesiac (2001). Radiohead, заедно со постпритпоп бендовите како Travis и Coldplay, беа водечки сили на британската рок сцена во наредните години.
Алтернативен рок во 21 век
уредиВо текот на доцните 1990-ти и почетокот на 2000 година, неколку алтернативни рок-бендови како што се The Strokes, Franz Ferdinand, Interpol, и The Rapture се појавија на сцената, влечејќи инспирација од пост панкот и new wave правците. Комерцијални успеси во раните 2000-ти доживеаа The Strokes, The White Stripes, и други бендови како Modest Mouse, The Killers, и Yeah Yeah Yeahs.
Поради успехот на овие бендови, Entertainment Weekly 2004 година објави, "По скоро една деценија на доминација на рап-рок и ну-метал бендовите, алт-рокот е конечно добар повторно тренди”.
Алтернативен рок во Македонија
уредиАлтернативната рок-музика во Македонија се јавува на почетокот на 1980-тите. Меѓу зачетниците на овој правец се сметаат бендовите: Мизар, Архангел, Анастасија, Падот на Византија, Бастион, Хаос ин Лаос, Телонаука Совршена и други. Во 1990-тите се појавуваат групите: Suns, Last Expedition, Паркети, D'Daltons, а бендот Санаториум почнува да експериментира со хеви метал звукот. Во 2000-тите се формира бендот Bernays Propaganda кои брзо успеваат да го привлечат вниманието на регионот, а во овој период особено се истакнуваат и бендовите Суперхикс, Верка, К.У.Р., Mooger Fooger, Новиот почеток, Фониja и други. Во текот на 2010-тите се формираат бендовите Визија, ХаХаХа, Foolish Green, Smoke shakers, Молокаи, Chromatic Point, Темпера, Culture Development и други коишто експериментирајќи со својата музика носат еден нов звук на македонската алтернативна рок сцена.