Логото на Nine Inch Nails
Од лево кон десно: Напред: Џорди Вајт, Трент Резнор, Арон Норт; Назад: Алесандро Кортини, Џош Фриз.
Од лево кон десно:
Напред: Џорди Вајт, Трент Резнор, Арон Норт
Назад: Алесандро Кортини, Џош Фриз.
Информации
Потекло САД
Жанрови Алтернативен рок
Индастриал рок
Активни 1988 - денес
Издавач Interscope, Nothing, Island, TVT, Rykodisc
Мрежно место www.nin.com
Членови
Трент Резнор

Nine Inch Nails (Најн инч нејлс, превод од англиски: девет инчни шајки) или скратено NIN е американска индастриал рок група основана во 1988 од Трент Резнор во Кливленд, Охајо. Како нејзин главен продуцент, пејач, текстописец и инструменталист, Резнор е единствен официјален член на Nine Inch Nails и самиот е одговорен за нејзиното управување. Музиката на NIN опфаќа повеќе различни музички жанрови (синт поп, метал, електроника итн.), задржувајќи карактеристичен звук кој вклучува електронски инструменти и обработка. По снимањето на нов албум, Резнор често собира група за живи настапи за да настапуваат со него; оваа група е различен ентитет од Nine Inch Nails од студиото каде се снима албумот. На сцената, NIN често употребуваат спектакуларни визеулни елементи, кои често кулминираат со уништување на нивните инструменти.

Андерграунд публиката топло ги прифатила Nine Inch nails во нивните почетни години. Групата ќе создаде неколку силно влијателни албуми во 90-тите што ќе постигнат огромен успех: неколку песни на Nine Inch Nails ќе станат радио хитови, два албуми на NIN ќе добијат Греми награди, и групата ќе продате над дваесет милиони албуми ширум светот, со 10,5 милиони само во САД. Во 2004, Rolling Stone ги става Nine Inch Nails на 94то место на нивната список на 100 најголеми рок артисти на сите времиња. Групата ќе има големо влијание на групите кои се појавиле во 90-тите како Rammstein, Marilyn Manson, Stabbing Westward итн. Исто така, групата е заслужна за популаризацијата на индастриал музиката, дотогаш позната само на мал број обожаватели.

И покрај успесите, групата имала повеќе расправии со корпорациската страна на издавачката индустрија. Во 2007, Трент Резнор објави дека Nine Inch Nails ќе продолжат да издаваат музика независно од издавачките куќи.

Во минатото, NIN издавале поголеми студиски албуми со големи паузи меѓу нив, пополнети со ремикси и албуми во живо. Резнор тврди дека причината за ова се неговите лични проблеми, и неговите песни често опфаќаат темни самоиспитувања. Најновиот албум на Nine Inch Nails наречен Year Zero е исклучок од интроспективната природа на текстовите на Резнор и долгиот инкубационен период меѓу изданијата.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди