Лос Анџелес

(Пренасочено од Лос Ангелес)

Лос Анџелес (англиски: Los Angeles), познат по скратеницата LA е град сместен со плажата на Тихи Океан, на југ во сојузната држава Калифорнија во Соединетите Држави. Овој град според статистиките во 2005 година, има 3,877,129 што го прави најголем град во Калифорнија, и после Њујорк, втор град по број на жители во САД. Лос Анџелес е познат како еден од најважните културни и забавни центри. Во градот се наоѓаат многубројни училишта, здравствени и научни институции, театри и музеи. Лос Анџелес е центар на фимлската и телевизиската индустрија која е сместена во неговото преградие Холивуд, а со тоа е и важен центар на музичката сцена како и индустријата за авиони. Градот освен тоа, беше и двапати домаќин на Олимписки Игри кои во него се одржувале 1932 и 1984 година.

Од врв: Поглед на градот; Вениска Плажа; Грифит Опсерваторија; Холивуд Знак

Лос Анџелес како тема во уметноста и во популарната култураУреди

  • Патот за Лос Анџелес“ - роман на американскиот писател Џон Фанте од 1985 година.[1]
  • Лос Анџелес“ (Los Ángeles) - мексичко-германски филм од 2014 година, во режија на Демијан Џон Харпер.[2]
  • „Девојка од Л. А.“ (L.A. Girl) - песна на американската панк-рок група „Адолесентс“ (Adolescents) од 1981 година.[3]
  • „Поздрав од Л. А.“ (Greetings From L.A.) - албум на американскиот рок-музичар Тим Бакли (Tim Buckley) од 1972 година.[4]
  • „Лос Анџелес“ (Los Angeles) - песна на американскиот рок-музичар Френк Блек (Frank Black) од 1993 година.[5]
  • „Жена од Л. А.“(L.A. Woman) - песна од истоимениот албум на американската рок-групаДорс“ (The Doors) од 1971 година.[6]
  • „Го сакам Л. А.“ (I Love L.A.) - песна на американскиот музичар Ренди Њумен (Randy Newman) од 1983 година.[7]
  • „Битката за Лос Анџелес“ (The Battle Of Los Angeles) - албум на американската рок-група „Рејџ агеинст д машин“ (Rage Against the Machine) од 1999 година.[8]
  • „Л. А. блуз“ (L.A. Blues) - песна на американската рок-група „Стуџис“ (The Stooges) од 1970 година.[9]
  • „Л. А.“ (L.A.) - песна на англиската рок-група „Фол“ (The Fall) од 1985 година.[10]
  • „Л. А.“ (L.A.) - песна на британската рок-група „Фол“ од 1985 година.[11]

НаводиУреди