Travis (група)

шкотска група

Travis (македонска транскрипција: Тревис) ― шкотска рок-група основана во Глазгов во 1990 година. Во состав на групата се: Френ Хили (главен вокал, ритам гитара), Даги Пејн (бас гитара, придружен вокал), Енди Данлоп (главна гитара, бенџо, придружен вокал) и Нил Примроуз (тапани, удирачки инструменти). Името на групата потекнува од ликот Тревис Хендерсон (го глуми Хари Дин Стентон) од филмот Париз, Тексас (1984). Travis стекнале популарност со нивните бројни хитови: „Driftwood“, „Sing“, „Turn“, „Side“, „Why Does It Always Rain on Me?“ и други.

Travis
Travis пред концерт во Лос Анџелес, 21 ноември 2007
Животописни податоци
ПотеклоГлазгов, Шкотска
Жанрови
Период на активност1990–денес
Издавачи
Мреж. местоtravisonline.com

Групата својот прв албум, Good Feeling го издала во 1997 година, и забележале умерен успех,[10] а во јануари 2000 година бил награден со сребрен тираж од BPI.[11] Нивниот втор албум, The Man Who (1999), бил поуспешен; поминал девет недели на прво место на топ-листата за албуми во Велика Британија и вкупно 134 недели во топ-100 на листата.[10] Во 2003 година, The Man Who од BPI бил сертифициран како деветкратно платинест албум, што значи продажба од преку 2,68 милиони примероци само во ОК.[11] По овој успех, групата го издала третиот албум The Invisible Band (2001). The Invisible Band го продолжил успехот на нивниот претходен албум; дебитирал на прво место на топ-листата за албуми во Обединетото Кралство и четири недели се задржал на тоа место, петнаесет недели бил во топ-10 и вкупно педесет и пет недели во топ-100 на листата;[10] исто така се искачил до триесет и деветтото место на американската топ-листа за албуми Билборд 200 табела со албуми, каде се задржал седум недели.[12] Една година по објавувањето на The Invisible Band, BPI алумот го сертифицирала како четирикратно платинест.[11]

Групата потоа објавила уште неколку студиски албуми: 12 Memories (2003), The Boy with No Name (2007), Ode to J. Smith (2008), Where You Stand (2013), Everything at Once (2016), 10 Songs (2020), и Travis Rock (2023).

Во 2004 година, групата го издала нивниот прв албум со најголеми хитови, Singles, кој поминал деветнаесет недели во топ-100 на табелата за албуми во Обединетото Кралство.[10] Тревис двапати ја добил наградата за најдобра група на BRIT Awards, а NME во 2000 година им ја доделил наградата за музички изведувач на годината.[13] Во 2016 година, добиле признание на Шкотските музички награди за нивниот исклучителен придонес во музиката.[14] Медиумите се согласуваат дека групата го трасирала патот на другите групи, како што е Колдплеј, во остварувањето на светски успех во текот на 2000-тите, најмногу со успехот на албумот The Man Who.[15]

Членови на групата

уреди
  • Френ Хили – главен вокал, ритам гитара, пијано (1990-денес)
  • Дјуи Пејн – бас гитара, придружен вокал (1994–денес)
  • Енди Данлоп – главна гитара, бенџо, придружни вокали (1990–денес)
  • Нил Примроус – тапани, перкусии (1990–денес)
Поранешни членови
  • Џеф Мартин – клавијатури (1990–1996)
  • Крис Мартин – бас гитара (1990–1996)
  • Сајмон Џарвис – тапани, перкусии (1990)
  • Кетрин Максвел – главен вокал (1990–1991)

Дискографија

уреди
Студиски албуми
  • Good Feeling (1997)
  • The Man Who (1999)
  • The Invisible Band (2001)
  • 12 Memories (2003)
  • The Boy with No Name (2007)
  • Ode to J. Smith (2008)
  • Where You Stand (2013)
  • Everything at Once (2016)
  • 10 Songs (2020)

Албуми во живо

  • Live at Glastonbury ‘99 (2019)
  • The Invisible Band Live (2023)

Компилациски албуми

  • Singles (2004)

Список на награди и номинации

уреди
Брит награди

Брит наградите се годишни награди за поп-музика од Британската фонографска индустрија.

Година Номинирана Награда Исход
1998 Travis Британски пробив во музиката Номинација
2000 Travis Британска група Победник
The Man Who Британски албум на годината Победник
"Why Does It Always Rain on Me?" Британска песна на годината Номинација
2001 "Coming Around" Британски видео спот на годината Номинација
2002 Travis Британска група Победник
The Invisible Band Британски албум на годината Номинација
"Sing" Британски видео спот на годината Номинација
Q награди

Наградите Q се годишни музички награди во Обединетото Кралство кои ги доделува музичкото списание Q.

Година Номинирана Награда Исход
1999 Travis Најдобар нов изведувач Номинација
The Man Who Најдобар албум Номинација
"Why Does It Always Rain on Me?" Најдобра песна Победник
2000 Travis Најдобар изведувач на светот денес Победник
Најдобра изведба во живо Номинација
"Coming Around" Најдобро видео Номинација
2001 Travis Најдобар изведувач на светот денес Номинација
The Invisible Band Најдобар албум Победник

Наводи

уреди
  1. Dowling, Stephen (19 August 2005). „Are we in Britpop's second wave?“. BBC. Посетено на 30 March 2015.
  2. Collar, Matt. „Travis – Singles“. AllMusic. Посетено на 30 March 2015.
  3. Smith, Jack. „Travis – Singles Review“. BBC. Посетено на 30 March 2015.
  4. Brown, Helen (16 August 2013). „Travis, Where You Stand, review“. The Daily Telegraph. Архивирано од изворникот 12 January 2022. Посетено на 30 March 2015.
  5. Cohen, Ian (2 August 2019). „The Band That Defined—and Shed—the "Next Radiohead" Label“. The Ringer. Посетено на 9 October 2020.
  6. Peacock, Tim (21 June 2021). 'The Man Who': How Travis' Second Album Became A Hit“. UDiscoverMusic.
  7. Ryan, Jim (2 November 2020). „Travis Frontman Fran Healy On New Album '10 Songs,' Working With Bangle Susanna Hoffs And Animating His Own Music Video“. Forbes.
  8. Hart, Tina. „Caroline International Signs Travis Album Deal“. MusicWeek.
  9. Trefor, Cai. „TRAVIS ANNOUNCE NEW ALBUM EVERYTHING AT ONCE + NEW SINGLE '3 MILES HIGH'. Gigwise.
  10. 10,0 10,1 10,2 10,3 „Travis“. Official Charts. The Official UK Charts Company. Посетено на 8 July 2017.
  11. 11,0 11,1 11,2 „Certified Awards Latest News“. British Phonographic Industry. Архивирано од изворникот на 2016-09-17. Посетено на 8 July 2017.
  12. Празен навод (help)
  13. „Blur's award hat-trick“. BBC News Entertainment. BBC. 1 February 2000. Посетено на 8 July 2017.
  14. „Travis honoured for music contribution at Scottish awards ceremony“. BBC News Scotland. BBC. 27 November 2016. Посетено на 8 July 2017.
  15. Zaleski, Annie (3 June 2014). „Travis' The Man Who paved the way for Coldplay's sensitivity“. A.V. Club. Onion Inc. Посетено на 8 July 2017.

Надворешни врски

уреди