Soundgarden
Soundgarden е американска рок група од Сиетл, Вашингтон, формирана во 1984 година од страна на пејачот и ритам-гитарист Крис Корнел, гитаристот Ким Таил и басистот Хиро Јамамото.
Soundgarden беше една од водечките групи кои се должни за настанувањето на гранџ стилот на сцената на алтернативниот рок во Сиетл. Soundgarden беше првата гранџ музичка група која потпиша договор со голема издавачка компанија.
Најголем успех на оваа група беше албумот Superunknown од 1994 година кој дебитирање на местото број 1 на топ списокот на Билборд 200. За сингловите „Black Hole Sun“ и „Spoonman“ групата имаше добиено Греми награди.
Групата постоше до 1997 година кога нејзините членови се разидоа поради несогласувања околу насоката во која нивната музика треба да се развива. Повторно беше составена во 2010 година, за издавање на албумот King Animal.[1]
Наводи
уреди- ↑ „KIM THAYIL Says New SOUNDGARDEN Album Is Being Mastered“. BlabberMouth.net. 2012-06-14. Архивирано од изворникот на 2013-08-19. Посетено на 2012-06-14.
Надворешни врски
уреди„Soundgarden“ на Ризницата ? |
- Матична страница
- Soundgarden на Семрежната филмска база на податоци (англиски)