Хахаха

македонска музичка група

Хахаха[1] — македонска панк рок музичка група.

Хахаха (ХаХаХа)
ПотеклоСкопје, Македонија
Жанровиалтернативен рок, панк-рок, пост панк
Период на активност2009-2019 година
ИздавачиMoonlee Records, Prügelprinz Records, Thrashbastard, Gaphals, Направи Заедно, Doomtown Records,Strictly No Capital Letters, Black Lake Records, Dhpak47
Мреж. местоxaxaxa.bandcamp.com
Членови
Васко Атанасоски(вокал, текстописец)
Ненад Трифуновски-Трипе (бас - гитара)
Џано Куч (тапани)
Саша Павловиќ (бас)
Кристијан Лафазановски (тапани)

Историја

уреди

На крајот од 2009 година, Васко Атанасоски ја создал групата Xaхaхa, која своето деби пред скопската публика го имала на 11 ноември 2009 во МКЦ како предгрупа на „Еди Седвиг“.

Во април 2010 година, медиумите во државата и пред сè музичкото радио „Канал 103“ започнале да го промовираат пост-хардкор бендот Хахаха и неговото првенче, деби-албумот Танго револуционер. Но изданието не го добило заслуженото внимание од јавноста, а албумот вистински заживеал дури по неколку години, заедно со останатите изданија на бендот.

Десетте теми поместени на албумот Танго револуционер биле снимени во декември 2010 година, а вокалите во февруари следната година во студиото на Евгениј Каревски. Дизајнот е дело на Кристина Горовска.

Следела концертна промоција во Скопје, на 23 април 2011 година во МКЦ, во рамките на првото издание на тогаш дводневниот фестивал „Здраво млади“. Во периодот 6 мај – 27 јуни 2011 година, бендот заминал на првата европска турнеја, најчесто отворајќи ги концертите за Бернајс пропаганда.

Во МКЦ, од мај до јуни 2012 г., во продукција на Трипе е создаден албумот Сиромашни и богати, повторно со 10 теми, музички и текстуално логично продолжение на деби-албумот. Гости на снимањето биле: Кристина Горовска-Тина како вокал во Колку назад можеш да се вратиш?, Панче Бујуклиев на електрично пијано и Владан Дробицки на тромбон во Кон своите се вртиш и во Секој работи, а во последната наведена тема на перкусии им се придружила и Тина.

На 1 септември 2012 година, бендот настапил во Виница на фестивалот „Слободна зона 3“. Само еден ден пред официјалното објавување на албумот, бендот заминал на нова едномесечна турнеја, од 7 септември до 6 октомври, овојпат во придружба со новата кумановска надеж, групата СИЗ. Кратко по враќањето од оваа турнеја, на 19 октомври токму со СИЗ како гости, Хахаха ја имале и скопската концертна промоција на албумот во МКЦ.

На 13 ноември 2012 г. Хахаха заминале на една кратка балканска турнеја, која започнала со настап во Ниш, а завршила на 18 ноември со концерт во Пула.

Трет албум

уреди

По подолга пауза, во периодот од јуни до јули 2014 година, Хахаха снимиле нов албум, Сами мажи и жени со 8 песни.[2] Музички, албумот го надополниле Сеад Хаџиќ-Сецко и Драган Гиновски како гости на мандолина и на гитара, како и Кристина Горовска, Идриз Амети и Сашо Митревски како вокали во одделни теми. Кратко по објавувањето на албумот, на 18 септември 2014 година, бендот заминал на договорената долга есенска турнеја низ Европа, заедничка со Бернајс пропаганда.

На 26 декември 2014 година, во МКЦ, Хахаха настапиле на концерт. За крајот на концертот Хахаха ги одсвиреле: „Сакам дома да живеам“ и „Колку назад можеш да се вратиш?“, проследени со комплетна еуфорија во салата.

Дискографија

уреди

Студиски албуми[3]

уреди
Година Наслов Издавач
2011 Танго револуционер (CD, Album) Moonlee Records, Направи заедно
Танго револуционер ‎(LP, Album) Moonlee Records, Prügelprinz Records, Thrashbastard, Gaphals, Направи заедно, Doomtown Records, Dhpak47
2012 Сиромашни и богати ‎(CD, Album) Moonlee Records, Направи Заедно
Сиромашни и богати ‎(LP, Album) Moonlee Records, Prügelprinz Records, Направи заедно, Gaphals, Dhpak47
2014 Сами мажи и жени ‎(CD, Album) Moonlee Records
Сами мажи и жени ‎(LP, Album) Moonlee Records, Prügelprinz Records

Синглови и компилации

уреди
Година Наслов Издавач
2014 Xaxaxa / Plaids ‎(10", Red) Strictly No Capital Letters, Black Lake Records, Направи заедно

Наводи

уреди
  1. Филиповски, Тошо (2018 година). Македонска рок енциклопедија (1963 - 2018). Скопје: Корпус Деликти Рекордс, Тошо Филиповски. стр. 405–407. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  2. Најава за албумот
  3. „Xaxaxa“. Discogs (англиски). Посетено на 2023-03-18.

Надворешни врски

уреди