Божин Ливрински
Божин Н. Ливрински (? во Чучер, Скопско — 1944 во Качаничка Клисура) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1][2]
Животопис
уредиПроизлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиште во селото. Активно бил вклучен во помаrањето на народно-ослободителната борба против окупаторот.[1] Со доаѓањето на Шеснаесеттата македонска ударна бриrада, во неговиот крај, стапил во нејзините редови. Учествувал во сите борби на бригадата, како и во бројните акции против балистите и германските моторизирани колони во Качаничката Клисура. Во тие борби, во октомври 1944 година, кај месноста Дувол[2] - Садовина, загинал. Неговите останки биле пренесени и закопани на гробиштата во неговото родно село.[1][2]