Живко Урдаревски
Живко Велков Урдаревски ( 1921 во Чучер, Скопско — 14 април 1945 во Илинци, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1][2]
Животопис
уредиЗавршил основно училиште во селото. Немајќи услови за натамошно образование, се занимавал со земјоделство. На 21 септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада ѝ веднаш се вклучил во борбите против балистите, кои биле навлезени во неговото село. Гонењето на балистичките банди го продолжил ѝ на Косово сè до нивното конечно разоружување и уништување. Потоа заминал за Срем, каде завршил воена обука. На 12 април 1945 година учествувал во големата Сремска офанзива, во пробивот на фронтот и гонењето на Германците. Во натамошните борби кај Илинци, храбро загинал на 14 април 1945 година. Бил закопан на борбената позиција.[1]