Крсто Чуксанов
Крсто Николов Чуксанов ( 1888 во Чучер, Скопско — 1944 во Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1][2]
Животопис
уредиПотекнувал од сиромашно семејство. За време на окупацијата на Македонија, бил симпатизер на НОВ и активно ги помагал партизаните. Во септември 1944 година бил подмолно убиен од албански контрачетници, а потоа масакриран. Неговите останки се погребани на селските гробишта.[1][2]
Поврзано
уреди- Стеван Чуксанов — македонски партизан, учесник во НОВ[2]
- Љубомир Чуксанов — македонски партизан, учесник во НОВ[2]
- Санде Чуксанов — македонски партизан, учесник во НОВ[2]