Трипун Урдаревски

Трипун Нешов Урдаревски (23 јануари 1924 во Чучер, Скопско10 ноември 1944 во Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1][2]

Трипун Урдаревски
Роден 23 јануари, 1924 година
Чучер, Скопје, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 10 ноември, 1944 година
Скопско, Македонија
Ѕверски мачен од страна на балистите, а подоцна убиен.
Спомен плоча на сите загинати борци во НОВ од селото Чучер-Сандево, меѓу кои и Трипун Урдаревски

Животопис

уреди

Потекнувал од сиромашно селско семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. За време на окупацијата бил симпатизер на НОВ и активно го помагал движењето за ослободување на Македонија.[1] Стапил во редовите на Шеснаесеттата македонска ударна бригада и учествувал во сите борби против балистичките банди и Германците. На 10 ноември 1944 година, неколку денови пред ослободување на Скопје, во една жестока борба против балистите бил тешко ранет и заробен од непријателите. Балистите на ѕверски начин го мачеле, а потоа го убиле.[1][2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 277. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. 2,0 2,1 Стојановски - Цоњче, Бојко (1999). Скопско црногорие: од Бразда до Брњарци - III Книга. Скопје: "Гоце Делчев". стр. 96. ISBN 9989-35-022-1.