Анче Каевски
Анче Никчев Каевски ( 1925 во Чучер, Скопско — 12 април 1945 во Шид, Србија) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1][2]

Животопис уреди
Потекнувал од сиромашно селско семејство. Неговото село од првиот ден на востанието било на страната на НОВ.[1] При доаѓањето на Шеснаесеттата македонска ударна бригада во Чучер, стапил во нејзините редови. Учествувал во сите борби против балистите и Германците на Скопска Црна Гора. По ослободувањето на Македонија, ја продолжил борбата сè до конечното ликвидирање на балистичките банди на Косово. На 12 април 1945 година учествувал во големите борби при пробивот на Сремскиот фронт. Во тие битки храбро загинал кај Шид, во јуришот на 12 април 1945 година. Бил закопан на борбената позиција.[1][2]
Поврзано уреди
- Живко Каевски — македонски партизан, учесник во НОВ[2]