Давина Кула

археолошко наоѓалиште во Македонија
Давина Кула

Остатоци од ранохристијански храм и ѕидините на Давина Кула

Карта

Местоположба 42°05′09.2″N 21°21′16.3″E / 42.085889° СГШ; 21.354528° ИГД / 42.085889; 21.354528
Основни податоци
Место Чучер-Сандево
Тип

 населба


Период доцноантичко време
римско време
Портал „Археологија“

Давина Кула или Девина Кулатврдина и регионално средиште 3 км југозападно од Чучер и 12 км северозападно од Скопје, покрај магистралниот пат за Косово, на јужниот крај на Качаничката Клисура. Претставува издолжен рид, горе зарамнет, чиј јужен дел паѓа 230 м длабоко во долинката на Лепенец. Преку едно благо седло на северниот дел продолжува постепено во венецот на Скопска Црна Гора. Падините му се стрмни и лесно е пристапен само од североисток. Озгора има преглед врз магистралниот пат повеќе километри на север (во клисурата) и на југ (низ Полето). Стари рудници на железо регистрирани се на неколку километри североисточно оттука[1].

Карта
Местоположба на Давина Кула

Најстари остатоци

уреди

Акропола

уреди

На јужниот крај на ридот што е највисок, во доцноантичко време бил изграден кастел со овална форма, со димензии 185 × 110 м (1 ха). Обѕидието, градено од камен со вар и зајакнато со низа кули, потекува од доцноримско време (IV век), генерално е обновено во VI век (несомнено по земјотресот во 518 г.). Обновена била и внатрешноста, што и денес одлично се гледа на површината: низа станбени градби со неколку одделенија, вклопени во низи долж тесни паралелни улички. На највисоката позиција стоела црква, опркужена со неколку помошни градби.

Јадро

уреди

Северно од акрополата, на тесна зарамнета тераса која е малку пониска било изградено јадрото на градот по однапред утврден план. Опфатено е со двојно обѕидие, зајакнато со кули и со голема порта на северниот крај. Во центарот стоел мал квадратен плоштад, врамен со дуќани. Северно од него стоеле поголеми куќи за живеење, а јужно од него базилика и повеќе други големи градби.

На јужниот дел, во подножјето на акрополата, има слаб извор што го снабдувал со вода. Сето ова било изградено наеднаш и по еден однапред осмислен урбан план, во текот на VI век. Градот со укрепениот простор за збег крај него зафаќал површина од 8,4 ха. Покрај спомнатите две базилики во градот евидентирани се уште шест други цркви во блиската околина. Стопанската моќ на жителите се потпирала главно врз експлоатацијата на железо и врз металургијата. Најдени се многу голем број ситни железни предмети — фибули, алатки и делови од опрема и покуќнина, исковани тука (главно во VVI век). На еден оловен печат се чита името на епископот Тома.

Средновековни остатоци

уреди
 
Остатоци од полкружни ѕидини

Изворот денешното население го вика Давина; по него така е наречен и целиот рид. Обѕидието и внатрешните градби извонредно добро се запазени до денес и во среден век тие биле практично употребливи, со извесни обнови. Наодите од VIIVIII век се маркантни: неколку аплики и окови за појас изработени од бронза и легура на сребро, или од железо тауширани со сребро; тие носат византиски — предсловенски белези. Еден амулет, резбарен од парошка на еленски рог, има на горниот дел 4 лица наоколу; тоа е несомнено претставата на ПерунСветовид — врвното словенско божество (од IXX век?). Истиот се поврзува со словенското претхристијанско име на местото, Давина (Дева), главната словенска божица која можеби тука имала свое светилиште.

Останатите наоди се од следните векови: византиски монети — бакарни скифати од XIIXIII век. Базиликата (од VI век) на акрополата била делумно обновена во зрелиот среден век: врз нејзиниот среден кораб била изградена нова црква. Пред еден век Артур Еванс (1885, 92—93) тука забележал делови од камен саркофаг од времето на Немањиќи (?).

Несомено е дека доцноантичката акропола, добро запазена, служела и во средновековието како висока стража на влезот во Качаничката Клисура, демнејќи го магистралниот пат од Скопје на север — кон Косово, Рашка и Белград. Блиските лежишта на железната руда веројатно повторно биле експлоатирани и така израснало и подградието, „градот Давина” според месното предание. Овој значаен укрепен пункт со многу веројатност бил седиште на една од енориите во рамките на Скопската епископија; можеби Преамор или Принип, споменати во повелбата на Василиј II од 1019 г.

Македонските археолози претпоставуваат дека една од можните места за наоѓалиштето на сѐ уште неоткриениот град Јустинијана Прима би можела да биде токму ова место, бидејќи Давина Кула е единствениот досега потврден град од 6 век на територијата на Скопје што ги има сите одлики на рановизантиски град[2].

Поврзано

уреди

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. А. Evans 1883, 92—93; — И. Микулчиќ 1982, 107—116, 148 (доцноантички наоди)
  2. Богатиноски, Мартин (7 октомври 2014). „Ќе ги открие ли Давина Кула тајните на Јустинијан Први?“. Историски блог. Архивирано од изворникот на 2019-05-31. Посетено на 31 мај 2019.

Надворешни врски

уреди