Ѓорѓија Ливрински

Ѓорѓија Стојков Ливрински ( 1925 во Чучер, Скопско1944 во Облавце, Кумановско) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1][2]

Ѓорѓија Ливрински
Роден 1925 година
Чучер, Скопско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 1944 година
Облавце, Кумановско, Македонија под фашистичка окупација
Спомен плоча на сите загинати борци во НОВ од селото Чучер-Сандево, меѓу кои и Ѓорѓија Ливрински

Животопис уреди

Произлегува од сиромашно семејство. 3авршил основно училиште па продолжил да се занимава со земјоделство.[1] На 19 јуни 1944 година стапил во Третата македонска ударна бригада. Се пројавил како примерен борец. Учествувал во многу борби против бугарскиот фашистички окупатор. Во секоја од нив впечатливо се истакнувал, како одлучен и смел борец. Но, во една крвава борба против бугарската фашистичка полиција, храбро загинал кај Облавце, Кумановско во 1944 година. Посмртните останки му биле пренесени и закопани во Бутел.[1][2]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 84–85. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. 2,0 2,1 Стојановски - Цоњче, Бојко (1999). Скопско црногорие: од Бразда до Брњарци - III Книга. Скопје: "Гоце Делчев". стр. 95. ISBN 9989-35-022-1.