Дел од темата
Христијанство

Христијански крст

Историја на христијанството
Исус од Назарет
Раѓање · Крстење
Распнување· Воскреснување
Велигден

Рано христијанство
Апостолите
Милански едикт · Екуменски совет

Среден век
Голем раскол
Крстоносни војни
Реформација

Свето Тројство
Господ-Отецот
Христос-Синот
Светиот Дух

Христијанска теологија
Црква
Христијанско богослужение
Божествена благодат · Спасение
Проповед на планината
Десет Божји заповеди

Библијата
Стар завет
Нов завет
Апокрифи

Христијански звања

Католицизам
Римокатолицизам · Англикализам
Независни· Стар католизам

Источно христијанство
Православие · Древноисточни цркви
Асирска црква на Истокот

Протестантство
Лутеранство · Калвинизам · Методизам
Анабаптизам · Баптизам · Адвентизам
Евангелизам · Свето движење
Пентекостализам

Антитринитаризам
Јеховини сведоци
Движење за подоцнежните светци
Унитаријанство
Христоделфијани
Единствен пентекостализам

Христијанствомонотеистичка религија заснована врз животот, учењата и делата на Исус Христос, според раскажувањата во Новиот завет.

Со 2,5 милијарди верници, христијанството е најраспространетата религија. По потеклото, таа е сродна со јудаизмот, со кој дели религиозни текстови и својата рана историја; поточно, заеднички за двете религии се Хебрејската Библија, која во христијански контекст е позната како Стар завет. Христијанството се смета за аврамска религија, заедно со јудаизмот и исламот.

Во светото христијанско писмо, поимот „христијански“, а така и „христијанство“ најпрвин се посведочило во Дела 11:26: „Цела година се среќавале во црквата и учеле многу луѓе. И кај Антиохија учениците на Исус биле наречени христијани“ (Гр. χριστιανους, од Христос Гр. Χριστός, што значи „миропомазаниот“).

Називи

уреди

Во рамките на христијанството постојат разни групи со разни верувања кои прилично се разликуваат од култура до култура и од место до место. Од времето на реформацијата, христијанството се дели на три главни гранки:

Други цркви кои се самонарекуваат „христијански“, но се оддалечуваат од горенаведената класификација бројат 275 милиони членови. Овие се африканските домородечки цркви со 110 милиони членови (проценките прилично варираат), Мормони) со повеќе од 12 милиони членови, Јеховини Сведоци со 6,6 милиони членови и други групи. Основоположниците на овие групи сите првобитно биле протестанти.

Овие генерални поделби не подразбираат едногласност. Напротив, некои гранки се соочуваат со огромни внатрешни несогласувања, додека во други случаи постојат симпатии помеѓу две различни групи. И покрај тоа, ова е стандарден преглед на разликите, особено според погледите на западниот свет.

 
Лоза на главните црковни ограноци од заеднички корен

Верувања

уреди
 
Распетие христово, церемонијална икона, XIII век. Галерија на икони, Охрид (првобитно во Света Богородица Перивлепта, Охрид)

Постои огромна разновидност на верувањата помеѓу христијаните. Без оглед на тоа, одредени учења се заеднички за сите нив.

Света Троица

уреди

Ова е верувањето дека Бог е единствено и вечно битие кое се состои од три засебни, вечни и неделиви личности: Отецот, Синот (Исус) и Светиот Дух.

  • Спасител: Најголемиот дел од христијаните го сметаат Исус за месија чие раѓање било пророчено во Стариот завет.
  • Исус Христос како Бог: Ова е верувањето дека Исус е и наполно Бог (божествен) и наполно човек: две природи во една личност, опишани во Халкидонската вероисповед. Како човек, се верува дека Исус бил смртен; Страдал од болките и искушенијата на смртниот човек. Значајно е дека Тој можел да умре. Бидејќи бил божествен, Тој можел да продолжи да живее.
  • Распетие и воскресение: Ова е верувањето дека Исус умрел на Крстот, воскреснал и се воздигнал во Небесите по обраќањето на неговите ученици и апостолите.
  • Исус Христос и спасението: Ова е верувањето дека спасение од „грев и смрт“ се достигнува преку ликот и делото на Исус. Протестантите, католиците и православните нудат објаснение за тоа како изгледа спасението. Најголемиот број на христијани го толкуваат спасението како можност за влез во рајот (и избегнување на пеколот) по смртта, иако некои теолози не се согласуваат. Прашањето: „кој ќе е спасен“ веќе долго претставува темна мистерија за многу теолози, иако најголемиот број на протестанти сметаат дека прифаќањето на Исус како Господ и Спасител е релативно прост проблем.
  • Второ пришествие: Ова е верувањето во „општо восресение“, во кое сите луѓе што било кога живеле ќе станат од мртвите на крајот на светот за да им биде судено од Исус кога ќе се врати.
  • Задгробен живот: Христијанските гледишта за задгробниот живот обично подразбираат рај и (донекаде не толку често) пекол, со тоа што Католицизмот додава и меѓуваријанта - чистилиште. Освен за чистилиштето (чии жители ќе влезат во рајот по нивното прочистување), овие „царства“ обично се сметаат за вечни. Меѓутоа, кај православните постои дебата на оваа тема. Генерално нејасно е дали задгробниот живот почнува непосредно по смртта или по судниот ден; и дали овој задгробен живот подразбира физичко воскресение (и претворање во духовен облик). Најголемиот број на христијани сметаат дека свеста и душата продолжуваат да живеат по смртта, иако Јеховините сведоци, меѓу другите, велат дека добросторителите се прераѓаат одново, додека злосторнизите воскреснуваат на судниот ден.

Разлики во верувањата

уреди

Никенска вероисповед

уреди

Едно изјаснување за верувањата на христијаните е Никенската вероисповед, утврдена како универзална вероисповед на Источното и Западното Христијанство од Ефескиот собор во 431 год. Римокатолиците и православните христијани не се согласни за филилоквијата, која Западните цркви ја вклучуваат подоцна. Некои протестанти го отфрлаат концептот на формална вероисповед. Најголемиот дел на христијани се согласуваат барем за Никенската Вероисповед.

Главни (но не и сите) христијански верувања утврдени во Никенската Вероисповед:

Некои групи отстапуваат од начелата кои се сметаат од сите други за најосновни во христијанството. Заради тие отстапувања овие групи се сметаат за еретички, нетројни или дури и нехристијански од страна на другите групи. Најголемиот број на несогласувања се засноваат на Троица, божественоста на Исус или на двете заедно. Во Никенската Вероисповед се посочуваат примери на други облици на христијанство во тоа време кои овие ги сметале за еретички. Вакви примери се Ебионостичките групи кои ја отфрлале божественоста на Исус, како и докетистичките групи кои ја отфрлале човечноста на Исус или Аријанците, кои отфрлале дека Таткото и Синот се „едно исто битие“ (ομούσιος). Други рани ереси се симонијанството, маркионството, гностицизмот и монтанизмот.

Записи

уреди

Повластение и разните делови на Библијата

уреди

Сите христијански цркви ја прифаќаат Библијата, вклучувајќи го и Стариот завет и Новиот завет. Постојат разлики кај каноните на Православната, Католичката и Протестантската црква — главно во нивниот пристап кон Девтероканонските книги кои се коистат во Православната и Католичката црква но се отфрлени во Протестантството. Ова прашање ги погодува доктрините само индиректно. Теолошки позначајно е отфрлањето на Посланието во Новиот завет кајСвенденборгијанистичката црква, став кој останува неприфатен кај сите гранки и ограноци. Додека Евреите сметаат дека Петтокнижието е најважниот дел на Библијата, најголемиот дел од христијаните го сметаат Евангелието за најважно бидејќи истото зборува за животот и учењето на Христос.

Толкување

уреди

Иако христијаните се согласуваат за содржината на Библијата, постојат несогласности за нејзиното толкување. Зборовите „Библиски буквализам“ или „Христијански фундаментализам“ го опишуваат добро познатите херменевтички ставови на конзервативното Христијанство.

Католиците, Православните и Англиканците сметаат дека Библијата била направена во една (но формативна) фаза на развој на црковната традиција. Оваа традиција била воспоставена со одлуките на екуменските совети, делата на Црковни отци, житијата и учењата на светците, литургиските обичаи, духовната уметност и папските укази (за Римокатолиците) и се смета за жива и ден денес. Впрочем, еден православен теолог ја окарактеризирал црковната традиција како „гласот на Светиот Дух во Црквата“.

Протестантите, пак, отфрлаат некои делови од „Црковната традиција“ додека радо прифаќаат некои други. Најголемиот дел од протестантите го прифаќаат прогласот на Мартин Лутер за единствено писмо, во кое Библијата е најголем или единствен извор на вера и учења.

Други дела како додаток на Писмото

уреди

Некои други христијански групи практикуваат возвишение и на други свети дела. Добро познати преимери се Мормонската книга, која се смета за „другиот завет на Исус Христос“ од страна на мормоните; неколку дела на Елена Г. Вајт, се сметаат за свети и вдахновени од страна на адвентистите на седмиот ден; и Наука и здравје со клуч за светите дела од основоположникот на Христијанската наука Мери Бејкер Еди. Други, како Јеховините Сведоци, имаат свој превод на Библијата. Ова пропагирање на други дела е извор на конфликт помеѓу ваквите групи и матичните цркви. Може да се предпостави дека Лутеранците и Калвинистите ги сметаат интерпретациите на нивните основоположници како релевантни свети писма, но теолозите се согласуваат дека тие се само религиозни дела, а не вдахновени свети писма.

Богослужба и обичаи

уреди

Православните и Католичките христијани го слават бога по пат на седум свети тајни. Тие се: Крштевање, Свето Миропомазание (Евхаристија),Господова Вечера (Причест), Свештенство, Исповед, Брак и Елеоосветување.

Многу протестанттски групи-следбеници на Мартин Лутер, ја признаваат тајната природа на крштевањето и светото миропомазание, но обично не и другите пет. Анабаптистите и Бретренците би додале и миење на нозете. Пентекостите, харизматиците и Црквите на Светоста им придаваат значење на „Вдахновенијата на Духот“ како духовно лечење, пророштво, егсорсизам и Глосолалија. Овие не служат како тајни, туку како начин на служба. Квакерите комплетно го отфрлаат концептот на тајни. Сепак, нивните „сведоштва“ за афирмација на мирот, интегритетот, еднаквоста and и едноставноста се интегрални делови од верувањата на Квакерите.

Практично сите христијански традиции ги почитиваат делата на лична побожност како молитва, читањето на Библијата, и моралниот живот. овој стил на живеење вклучува не само покорност на Десетте Божји Заповеди, протолкувани од Христа (како во Беседата на гората), туку и љубов кон ближните по став и дела — било пријател или непријател, христијанин или не. Оваа љубов, според Христа е втора по важност само по љубовта кон Бога; која вклучува заповеди како „храни ги гладните“ и „засолнувај ги бездомните“, формално и неформално. Христијанството учи дека тотална тотална преродба на човека е неможна, но одење по вистинскиот пат е можно со вдахновение на Светиот Дух, кој живее во вистинските верници. Во христијанството се верува дека со споделување на Христовиот живот, смрт и воскресение, умираат со Него во грев, а ќе воскреснат со Него во нов живот.

Неделни богослужби

уреди

Компоненти на богослужбата се:

  • Читање на делови од Стариот завет, Евангелијата, или Послание. Често овие се распоредуваат систематички во годишен циклус.
  • Проповед. во античко време ова следело по читањето на Светото Писмо; денес ова може да дојде подоцна во службата, иако во литургиски цркви се следи античкиот начин.
  • Собирна молитва и искажување на благодарност. Овие се случуваат често през службата. Често се кажува и молитвата Оче наш.
  • Евхаристија— обред во кој мали дози на леб и вино се осветуваат и потоа се јадат и пијат. Некои христијани веруваат дека ова симболично игра улога на телото и крвта на Исус, додека Православните, Католиците и Англиканците веруваат дека тие стануваат телото и крвта на Исус. Црквите од „литургиското“ семејство (Православни, Католички и некои Англикански цркви) го сметаат ова за главен дел на службата, додека некои Протестанти го практикуваат нередовно. Во многу случаи постојат ограничувања за тоа кој може да учествува. На пример, само Католици без неисповедан смртен грев може да учествува во причесна во католичка црква, иако ректо на кого му се одбива евхаристијата.
  • „Прилози“ од народот (парични) со чинија која се предава од рака на рака. Овие пари не само што се користат за црквата, туку исто така и за разни добротворни цели.

Постојат неколку варијации и исклучоци. Понекогаш овие се должат на посебни настани, како крштевки и венчавки кои вои тој случај се дел од службата. Денес во многу цркви децата и младите можат да не одат на служба за да присуствуваат на Неделно училиште. Многу други деноминации се разликуваат на пофундаментален начин. На пример, Адвентистите на седмиот ден се собираат во сабота (библискиот Сабат),а не во недела, денот на Христовото воскресение. Харизматиците и Пентекостите се собираат на ден кој е менлив во завистност од волјата на Светиот Дух, а не по зафажан план. Квакерите на своите собири молчат сè додека Светиот Дух не ги поттикне да зборуваат. Кај некои отсеци (главно литургиски), службата ја води свештеник. Кај други (главно протестанти), тоа го работат министри, проповедници или пастори. Некои други пак, воопшто немаат формални водачи. Исто така постојат „виши“ црковни служби, што се одликуваат со поголема доза насвеченост и ритуал, и „нижи“ служби каде преовладува посекојдневна атмосфера, дури и при литургиски служби.

Кај православните цркви, луѓето стојат за време на литургијата (со исклучок на немошните). Во римокатоличката и многу протестатски цркви луѓето стојат кога пејат, клечат кога се молат и седат за да слушаат (проповеди). Други служби можат да бидат по неформални и често се проследени од музика. Во Православните цркви нема инструменти и се пее исклучиво а капела.

Кај многу несродни цркви, како и кај некои протестантски отсеци, обично се употребува религиозна музика како дел од службата која и претходи на проповедта или пораките. Ова обично се состои од пеење на црковни песни, религиозна музика или псалми.

Празници

уреди

Католиците, Источните христијани и половина од протестантите следат литургиски календар со разни религиозни празници. Овие календари се состојат од слави и пости. Постите им претходат на славите. Најдобро познатиот период е Велики пости. Дури и христијаните кои не го следат литургискиот календар го прославуваат Божиќ и Велигден, со некои разлики во датите. Неколку цркви не се согласуваат со постоењето на посебни празници, а многу приговараат на фактот што потеклото на Божиќ и Велигден е паганско.

Симболи

уреди

Најпознатиот христијански симбол е крстот, кој може да се најде во многу варијации кои црквите ги создале за да се разликуваат една од друга: распетието кај католиците, православниот крст кај православните и едноставниот крст кај протестантите. Меѓутоа ова не се стриктни правила. Други христијански симболи се ихтисот („риба“), и во античко време, сидрото.

Историја и потекло

уреди

Христијанството започнало во рамките на хебрејската религија меѓу следбенците на Исус од Назарет. Под водство на Апостолите Петар и Павле, во рамките на групата почнале да се примаат и неевреи, која полека се одделила од рабинскиот јудаизам. Некои еврејски христијани не го прифаќале ова и развиле свои отсеци. До III век прифаќањето на неевреи се формализирало во правилник.

Христијанството се раширило преку Средоземјето, со прогонства од римските цареви. Бидејќи христијанството се проширило вон Палестина, дошло во контакт со старогрчката филозофија, од каде истото подоцна многу црпело. Ранохристијанските теолози како Ориген работеле на создавањето на синтеза помеѓу старогрчката филозофија, особено Платонизмот, и Христијанството и успеале да создадат карактеристична христијанска теологија. Христијанските учители сакале да го различат христијанството од другите вери во тоа време како Гностицизмот (некои аспекти од кој биле доста повлијаени од христијанството) и Митраизмот. Христијанството исто така веројатно апсорбирало разни елементи од современата паганска религија, особено мистеричните култови, иако научниците имаат разни мислења за нивото на повлијаеност.

Царот Константин Велики (IV век) го озаконил христијанството а Теодосиј I го прогласил за официјална религија на Римското Царство при крајот на истиот век. Оттогаш па натаму, тешко е да се следи развојот на христијанството заради преземањето на некои административни улоги од рацете на рисмакта власт во рацете на црковните водачи. Во ова време се развиваат и првите облици на монаштвото.

Христијанската црква на Римското Царство била поделена на Западна (латински јазик) со седиште во Рим, и Источна (грчки јазик) со седиште во Цариград, со значајни заедници во Египет и Сирија. Вон границите на царството христијанството се проширило во Ерменија и Етиопија, Персија и Индија и меѓу келтските племиња. За време на Големата преселба на народите, разните германски народи го прифатиле христијанството; најпрвин Аријанската вероисповед (меѓу готите и вандалите), но подоцна Католичкото христијанство надвладеало, почнувајќи со франките. Источноевропските словени генерално ја прифатиле византиската форма на христијанството (како на пр. Русија во 988 год). Културните и дисциплински разлики ги раздвоиле Источната и Западната црква и резултирале во Големиот раскол (1054 год.)

од VII век, христијанството било предизвикано од Исламот кој го освоил Блискиот Исток и северна Африка. Следеле многу воени конфликти, вклучувајќи ги и Крстоносните војни, шпанската Реконквиста и потоа победата над Византија и Југоисточна Европа од страна на Османлиите.

Западното христијанство во средниот век се одликува со соработка и конфликти меѓу локалните власти и Папата и развојот на сколастичката теологија и филозофија. Подоцна, големото незадоволство од корупцијата во Црквата резултирало во обиди за реформација на Црквата и општеството. Римокатоличката црква успеала да се обнови со Трентскиот собор (1545-1563, но по издавањето на 95 тези во 1517 год. од страна на Мартин Лутер. Ова е еден од клучните настани во историјата на протестантската реформација која резултирала со појавувањето на бројни отсеци. За време на следните векови, соперништвото помеѓу Католицизмот и Протестанството со борбата на европските држави за политичка доминација ескалирало, додека многу од Православните цркви се нашле под власта на нехристијански владетели. Делумно како резултат на мисионерски жар, но и под стимулот на колонијалната експанзија на европските сили, христијанството во разни облици се проширило во Северна и Јужна Америка, Океанија, Источна Азија и Потсахарска Африка. Со започнувањето на евопското Просветителство, христијанството се соочило со научни пронајдоци (како хелиоцентричниот систем и теоријата за еволуцијата), како и со појавувањето на библиската критика и современите политички идеологии како либерализмот, национализмот и социјализмот.

Во XIX и XX век, важни настани за црквата се развојот на екуменизмот, харизматичното движење и Фундаменталистичкото Христијанство.

Критика на христијанството

уреди

Во своето дело „Ecce Homo“, германскиот философ Фридрих Ниче се нарекува себе антихрист[1] и „противник на христијанството“,[2] за кое вели дека е „достојно за сожалување“[3] и дека тоа е „негорање на волјата за живот“.[4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 74.
  2. Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 37.
  3. Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 34.
  4. Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 144.

Одбрана библиографија

уреди
  • A World History of Christianity од Adrian Hastings (уредник) [1] (темелен коментар за книгата во овој Теолошки дневник:[2] Архивирано на 23 јуни 2006 г.
  • Rubenstein, Richard When Jesus Became God, p. 179. [3]
  • Oden, Thomas. Systematic Theology (an ecumenical trilogy)
  • Pelikan, Jaroslav (5 Volumes published between 1971-1989).The Christian Tradition: A History of the Development of Doctrine.
  • Tolstoy, Leo (1894). The Kingdom of God is Within You Архивирано на 5 февруари 2012 г.. ISBN 0-8032-9404-2.
  • Tomkins, Stephen (2005). A Short History of Christianity (Lion).
  • Ellegard, Alvar (1999). Jesus One Hundred Years Before Christ.
  • Burton Mack (2001) The Christian Myth: Origins, Logic, and Legacy. Social formation of myth making.
  • Vermes, Geza and Martin D. Goodman, eds. The Essenes according to the Classical Sources. Sheffield: Oxford Centre for Postgraduate Hebrew Studies and JSOT Press, 1989.

Надворешни врски

уреди
  Статијата „Христијанство“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).