Воскресение
Воскресение — верски поим во учењата на јудаизмот, христијанството и исламот. Според ова верување, умрените повторно оживуваат, во телесна или во само во духовен облик. Концептот на воскресение и вечен или задгробен живот постоел во многу цивилизации.
Најпознатото воскресение е она на Исус Христос, кое е обработено во Новиот завет и во илјадници книги и уметнички дела. Воскресението на Исус се слави на Велигден — кој е и најголем христијански празник.
Воскерсение во христијанството
уредиХристијанската вера разликува привремено васкресение на поединец - васкреснување, и општо воскреснување на човештвото на судниот ден за вечен живот во Царството Небесно.
Воскресението како тема во уметноста и во популарната култура
уредиВоскресението се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура, како:
- „Воскресение“ – кус расказ на македонскиот писател Горан Петревски.[1]
- „Воскресение“ - песна на германскиот поет Рајнер Марија Рилке.[2]
- „Прошетката на воскреснатиот“ - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[3]
- „Воскресение Џо“ (Resurrection Joe) - песна на британската рок-група Калт (The Cult) од 1984 година.[4]
- „Јас сум воскресението“ (I Am The Resurrection) - песна на британската рок-група Стоун Роузис (The Stone Roses) од 1988 година.[5]
Наводи
уреди- ↑ Современост број 3/2023, стр. 26-27.
- ↑ Рајнер Марија Рилке, Искуство тишине. Београд: Paideia, 2014, стр. 100.
- ↑ Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 143.
- ↑ https://www.youtube.com/watch?v=YV9Xo_7xPRc The Cult - Resurrection Joe - YouTube (пристапено на 22.2.2016)
- ↑ Discogs, The Stone Roses – The Stone Roses (пристапено на 30.7.2019)
Оваа статија од областа на филозофијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Оваа статија за христијанството е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |