Триатлон на Летните олимписки игри

Триатлонот своето прво појавување на официјалната програма на Летните олимписки игри го имал на игрите во 2000, во Сиднеј, и оттогаш бил дел од сите изданија на игрите. Спортот е раководен од страна на Меѓународниот сојуз за тријатлон (ITU).

Триатлон на Летните олимписки игри
Раководен орган ITU
Дисциплини 2 (мажи: 1; жени: 1)
Игри
1896 1900 1904 1908 1912 1920
1924 1928 1932 1936 1948 1952
1956 1960 1964 1968 1972 1976
1980 1984 1988 1992 1996 2000
2004 2008 2012 2016 2020
Освојувачи на медали

Историја

уреди

На Летните олимписки игри 2000 во Сиднеј, триатлонот го имал своето олимписко деби. Таму учествувале вкупно 48 жени и 52 мажи кои се натпреварувале во посебни натпревари. Користените должини биле "меѓународни" или "стандардни", и изнесувале 1.5 км пливање, 40 км велосипедизам, и 10 км трчање. Четири години подоцна, на игрите во Атина, натпреварувањето било исто како и воведното а единствената разлика била тоа што мажите и жените имале еднаков број на натпреварувачи, по 50. Квотата подоцна била зголемена на 55 жени и 55 мажи за игрите во 2008 во Пекинг и останала иста за игрите во 2012 во Лондон.

Табела на медали

уреди
Место Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1   Швајцарија (SUI) 2 0 2 4
2   Австралија (AUS) 1 2 2 5
3   Нов Зеланд (NZL) 1 1 1 3
4   Канада (CAN) 1 1 0 2
  Германија (GER) 1 1 0 2
6   Велика Британија (GBR) 1 0 1 2
7   Австрија (AUT) 1 0 0 1
8   Португалија (POR) 0 1 0 1
  Шпанија (ESP) 0 1 0 1
  Шведска (SWE) 0 1 0 1
11   Чешка (CZE) 0 0 1 1
  САД (USA) 0 0 1 1

Квалификации

уреди

Квалификациските места во триатлон се распределени помеѓу националните олимписки комитети (НОК) отколку помеѓу поединечни натпреварувачи.

Постојат пет начини националните олимписки комитети да освојат место во триатлон. Тие можат да добијат најмногу три места; само осум земји можат да добијат толку места. Останатите земји можат да добијат само две места.[1]

Првите пет места ги добиваат победниците на петте регионални квалификациски турнири. Уште три места добиваат најдобрите три триатлонци од последното Светско првенство во триатлон, при што натпреварувачите кои победиле на регионален турнир не се земаат предвид. Следните 39 места ги добиваат националните олимписки комитети кои имаат највисоко пласирани натпреварувачи на ITU ранг листите (повторно не се земаат предвид оние натпреварувачи кои претходно обезбедиле пласман преку претходните два методи). Едно место добива земјата домаќин доколку сѐ уште нема добиено место, а доколку има, тоа место го добива вториот најдобро пласиран натпреварувач од земата домаќин. Две места се доделуваат од страна на трипатритната комисија. На крајот, пет дополнителни места се распределуваат помеѓу националните олимписки комитети кои немаат добиено место спорет ITU ранг листите, така што секој континент добива по едно место.[1]

Земји учеснички

уреди

Следниве држави испратиле свои натпреварувачи на натпреварите во триатлон.

Земја 00 04 08 12 Вкупно
  Аргентина M Д M 3
  Австралија Д Д Д Д 4
  Австрија M Д Д Д 4
  Белгија Ж Ж M Д 4
  Бермуда M Ж Д 3
  Бразил Д Д Д Д 4
  Канада Д Д Д Д 4
  Чиле M Ж Д 3
  Кина Ж Ж Д Д 4
  Колумбија Ж Ж M 3
  Костарика Ж M 2
  Чешка Д Д Д Д 4
  Данска Д M M Ж 4
  Еквадор Ж 1
  Естонија M M 2
  Франција Д Д Д Д 4
  Германија Д Д Д Д 4
  Велика Британија Д Д Д Д 4
  Грција M M Ж 3
  Хонгконг M Д 2
  Унгарија Д Д Д Ж 4
  Ирска Ж Д 2
  Италија Д Ж Д Д 4
  Јамајка Ж 1
  Јапонија Д Д Д Д 4
  Казахстан M Д M 3
  Луксембург Ж Ж Д 3
  Маврициус Ж 1
  Мексико M Д Д 3
  Монако M 1
  Холандија Д Ж Д Ж 4
  Холандски Антили M 1
  Нов Зеланд Д Д Д Д 4
  Полска Д Д 2
  Португалија Ж Д M 3
  Русија Ж Д Д Д 4
  Словачка M M 2
  Словенија Ж 1
  ЈАР Д Д Ж Д 4
  Јужна Кореја M 1
  Шпанија Д Д Д Д 4
  Шведска M Ж Ж 3
  Швајцарија Д Д Д Д 4
  Сирија M 1
  Украина M M Д Д 4
  САД Д Д Д Д 4
  Венецуела M M 2
  Зимбабве M M M 3
Земји 34 33 36 39 48
Година 00 04 08 12 Вкупно

Клуч: М - само во машка конкуренција; Ж - само во женска конкуренција; Д - во двете конкуренции

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Qualification System – Games of the XXXI Olympiad – Triathlon (PDF). February 2014. Посетено на 24 September 2015.

Надворешни врски

уреди