Северен Пол

(Пренасочено од Северен пол)

90°N 0°W / 90° СГШ; -0° ИГД / 90; -0

Карта на Арктикот со Северниот Поларник (сино).
Северниот Пол.

Северен Пол, познат и како географски Северен Пол или Земјин Северен Полгеографски пол дефиниран како местото во северната полутопка каде Земјината оска на вртење се состанува со Земјината површина.

Северниот Пол е најсеверната точка на Земјата, лежејќи дијаметрички спротивно од Јужниот Пол. Ограничен е од 90° СГШ (Φ= +π/2), и како правецот на т.н. географски север. Бидејќи на Северниот Пол сите правци покажуваат север, таквата географска ширина може да се дефинира како секој вредносен степен (-π ≤ λ ≤ +π).

Додека Јужниот Пол лежи на континентална Земјина маса, Северниот Пол се наоѓа во средината на Северноледениот Океан чии води речиси постојано се покриени со огромни ледени водни маси. Поради ова не е сигурно да се изгради станица на Северниот Пол (за разлика од Јужниот Пол). Како и да е, Советскиот Сојуз и подоцна Русија, имаат изградено голем број на станици преку кој го проучуваат Северниот Пол. Денеска, научниците предвидуваат дека до 2050 ќе дојде до топење на сантите мраз.[1] Повеќе песимистички, беше тврдено од некои научници дека сантите мраз ќе исчезнат некаде во средината на 2008, предвидување кое очигледно не се исполни.[2][3] На 15 декември 2008, некои Канаѓани изјавија дека некои научници тврдат дека топењето на сантите мраз ќе почне некаде во 2014.[4]

Морската длабочина на Северниот Пол е измерена и изнасува околу 4261 метри.[5] Најчесто се вели дека најблиското копно е островот Кафеклубен, оддалечен околу 700 км од северниот брег на Гренланд.

Прецизна дефиниција

уреди

Астрономите го дефинираат северниот географски пол на планета или друг објект во Сончевиот Систем со планетарниот пол кој е во истата елиптична полутопка како и Земјиниот Северен Пол. Попрецизно, „Северниот Пол е полот на вртење кој лежи на северната страна на постојана рамнина од сончениот систем“ [1] Архивирано на 26 декември 2018 г.. Ова значи дека некои објекти имаат обратни насоки на вртење од „нормалата“, (т.е. во насока на стрелките на часовникот). Друга често користена дефиниција го користи правилото на десна рака: Северниот Пол е оној пол околу кој објектите ротираат спротивно на стрелките на часовникот [2]. Ако се користи првата дефиниција (според Меѓународниот астрономски сојуз), осниот агол секогаш ќе биде 90° или помалку, но периодот на вртење може да биде негативен (повратно вртење); кога се користи втората дефиниција, осниот агол може да биде поголем од 90° но периодот на вртење е секогаш позитивен..

Имињата на магнетните полови се добиваат во зависност од насоката на силовите линии (кон или од Земјината кора). Ако тие имаат иста насока како кај Земјата во Северниот Пол, го нарекуваме северен магнетен пол за планетата.

Некои тела во сончевиот Систем како Сатурновиот природен сателит Хиперион и астероидот 4179 Toutatis, немаат географски Северен Пол. Тие ротираат хаотично заради неправилната форма и гравитациските влијанија од околните планети и месечини.

Проекцијата на Северниот Географски пол на една планета на небесната сфера го дава небесниот пол.

Во случај на синхрони сателити, можеме да дефинираме четири или повеќе пола. Тие се близок, далечен, водечки и краен пол. На пример, месечината на Јупитер Ија ротира синхроно, па нејзината ориентација во однос на Јупитер е секогаш константна.

Дефинирање на Земјиниот северен Пол

уреди

Северниот Пол е всушност најсеверната точка на земјата, може да се дефинира на четири различни начини. Само првите две дефиниции се користат во пракса. Како и да се дефинира, Северниот Пол лежи во Северноледениот Океан.

  1. географски Северен Пол, е приближно најсеверната точка во која Земјините оски се сечат со површината.
  2. северен магнетен пол е најсеверната точка во која геомагнетното поле покажува вертикално, т.е. аголот е 90°.
  3. северен геомагнетен пол е најсеверната точка на диполниот момент на Земјиното геомагнетно поле.
  4. северен пол на непристапност се дефинира како точка во Арктикот најдалеку од било кој брег, и се наоѓа на 84°03′N, 174°51′W

. Сличен пол постои и во Тихиот Океан и Индискиот Океан.

Географски Северен Пол

уреди

Географскиот северен Пол се наоѓа близу до најсеверната точка каде Земјините оски на вртење се сечат со површината. Географскиот север дефинира Географска ширина 90° север. Во која насока и да тргнете одовде, секогаш ќе одите јужно. Полот се наоѓа во Северноледениот Океан, кој во оваа точка има длабочина 4087 метри. Во XIX век луѓето верувале дека во токму оваа точка се сечат оските на вртење на Земјата со површината, но наскоро астрономите забележале мала варијација во географска ширина кога се набљудува од фискна точка на земјата. Оваа варијација има период од околу 435 дена и се нарекува Чендлерово нишање по пронаоѓачот. Препорачливо е да се поврзе системот од Земјини координати, географска ширина, должина и надморската височина на фиксни релјефи. Сепак, со оглед на расцепувањето на земјиштето и подигнувањето и спуштањето заради вулкани, ерозија и слични појави, не постои систем кој е постојан.

Првата експедиција на Северниот Пол ја направил Роберт Едви Пери и неговиот вработен Метју Хенсон и четворица Инуити на 6 април 1909 г. Историчарите веруваат дека Пери мислел дека стигнал на Северниот Пол, но анализи од 1996 покажуваат дека тој всушност бил на 20 морски милји (40 километри) од полот.

Првото неоспорувано пристигнување на Северниот Пол е во 1926 од Норвешкиот истражувач Роалд Амундсен и неговиот американски спонзор Линколн Елсворт од аеродромот Норге, конструиран и управуван од Италијанецот Умберто Нобиле, во лет од Свалбард до Алјаска.

На 3 мај 1952 американскиот воздухопловен поручник Џозеф О. Флечер и поручникот Вилијам П. Бенедикт слетале со авион на географскиот Северен Пол. Со нив летал и научникот Алберт П. Крери.

Американската воена подморница USS Nautilus (SSN-571) го помина Северниот Пол на 3 август 1958, а на 17 март 1959, USS Skate (SSN-578) излезе на површината, со што стана првото водно возило што стигнало.

Ralph Plaisted made the first confirmed surface conquest of the North Pole on April 19, 1968.

Советскиот атомски мразокршач Арктика на 17 август 1977, го комплетираше првото пристигнување на копнено возило на полот.

На 6 април 1992 Роберт Шуман стана најмладата личност што стигнала на Северниот Пол.

Во популарната митологија, Дедо Мраз живее на географскиот Северен Пол.

Канадската пошта го додели поштенскиот код H0H 0H0 на Северниот Пол.

Северен Пол на непристапност

уреди
 
Атомски мразокршач

Северниот Пол на непристапност, сместен на 84°03' СГШ, 174°51' ЗГД, е најдалечната точка од било кој северен континент, околу 1100 км од најблискиот брег. Тоа е географска конструкција, а не физичка појава. Првпат бил откриен од Хјуберт Вилкинс, кој го прелетал со авион во 1927; во 1958 руски мразокршач пристапил до оваа точка.

Територијални претензии на Северниот Пол (Арктикот)

уреди

Сè до 1999 Северниот Пол (Арктикот) се сметаше за меѓународна територија. Сепак, како поларниот лед почна да се топи со брзина поголема од очекуваната (видете глобално затоплување), неколку земји пробаа да преземат делови од водата и крајбрејжето на полот. Русија го направи првиот обид во 2001 година, преземајќи го Ломоносовиот Гребен, подводен гребен под полот, како природен продолжеток на Сибир. Ова преземање беше оспорено од Норвешка, Канада, САД и Данска во 2004. Данскиот дел од Гренланд е најблиското крајбрежје до Северниот Пол, и Данска тврди дека Ломоносовиот Гребен е всушност продолжеток на Гренланд. Канада бара сопственост на исечокот помеѓу 60°З и 141° ЗГД, што не е универзално прифатено. Канада исто така ја презема водата помеѓу нејзините Канадски Арктички Острови, што не е прифатено од САД (Данска, Русија и Норвешка имаат направено слични претензии слични на Канадските и се оспорувани од Европската Унија и САД). Потенцијалната вредност на Северниот Пол и неговата област е во можните ноѓалишта на нафта и гас под ледениот блок. Можни се повеќе истражувања за овие материи по скорешното отворање на Северозападниот Премин.

Време

уреди

На повеќето места на Земјата, месното време се дефинира според позицијата на Cонцето на небото. Напладне Cонцето е на највисоката точка. Овој метод за време кај Северниот Пол не важи бидејќи таму има постојано Cонце цели шест месеци. Нема жив човек на Северниот Пол и никоја одредена часовен појас не е поставена. Поларните експедиции можат да ја користат секоја часовен појас која е погодна за нив, како GMT, или часовниот појас од државата од која тие доаѓаат.

Флора и фауна

уреди

Белите мечки се верува дека ретко се движат околу 82° северно поради недостатокот на храна таму, иако траги од бели мечки се видени во близина на Северниот Пол и една експедиција одржана во 2006 тврди дека виделе мечка на 1,6 км од полот.[6][7] Слепи фоки исто така се видени на Северниот Пол, како и северни лисици, видени вон 60 км на 89°40′ СГШ.[8][9]

Птици кои се видени на Северниот Пол или близу до него се малата птица позната под името „снегулка“, северниот фулмар и таканаречениот црноног галеб. Иако сите овие птици како и некои други се видени на Северниот Пол не значи дека тие живееат на него бидејќи птиците знаат често да ги следат бродовите што е една причина да бидат таму.[10]

Риби се видени во водите на Северниот Пол, но веројатно се многу малку.[10] Член не еден од руските тимови кои се пратени за испитување на полот во август 2007 тврдат дека нема никакво водно живо суштество на Северниот Пол.[11]

Арктикот како тема во уметноста и во популарната култура

уреди
  • „Арктички мајмуни“ (Arctic Monkeys) - британска рок-група.[12]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. "What is Global Warming?" Архивирано на 11 мај 2006 г., climatecrisis.net
  2. Expert: Arctic polar cap may disappear this summer_English_Xinhua
  3. North Pole could be ice-free this summer, scientists say[мртва врска], CNN, 27 јуни 2008
  4. Daily Planet, Discovery Channel Canada, 15 декември, изд. 2008
  5. Russian sub plants flag at North Pole Архивирано на 22 декември 2008 г., Reuters, Aug 2, 2007
  6. Polar Bear - Population & Distribution, WWF, January 2007
  7. Explorers' Blog Архивирано на 26 октомври 2015 г., Greenpeace Project Thin Ice, 1 Jul 2006
  8. Ringed seal makes its home on the ice Архивирано на 29 септември 2007 г., Antti Halkka
  9. The Arctic Fox Архивирано на 12 јануари 2006 г., Magnus Tannerfeldt
  10. 10,0 10,1 „FARTHEST NORTH POLAR BEAR (Ursus maritimus)“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-04-22. Посетено на 2019-05-30.
  11. Russia plants flag under N Pole, BBC News, 2 август 2007
  12. Официјално мрежно место на „Arctic Monkeys“ (пристапено на 21.12.2016)

Надворешни врски

уреди