За други значења на поимот, видете Пол (појаснување).

Географски пол е било која од две постојано утврдени точки на површината на едно вртежно тело или планета, под агол од 90° од екваторот, заснована на оската околу која се врти тоа тело. За картографски цели, ова е договорена апсолутна точка на мерење. Овој пол не треба да се помеша со магнетен пол, кој исто така може да постои на планета.

Географска оска на вртење А (зелена), и покажува северниот географски пол А1, и јужниот географски пол А2; исто така, покажува магнетно поле и магнетна оска на вртење Б (сина), и северниот магнетен пол Б1, и јужниот магнетен пол Б2.

Поврзано

уреди