СОС Детско Село
СОС Детско Село — независна, невладина, непрофитна меѓународна организација со седиште во Инсбрук, Австрија.[1] Организацијата обезбедува хуманитарна помош за деца од ранливи категории и ги штити нивните интереси и права во државите ширум светот. Првото СОС Детско Село било основано во 1949 г. во покраината Тирол, Австрија од австрискиот филантроп Херман Гмајнер,[2] по согледување дека многу деца останале напуштени и сираци по крајот на Втората светска војна. Денес СОС Детско Село е активно во повеќе од 135 земји во светот.[3]
Кратенка | СОС |
---|---|
Гесло | „Ниту едно дете да не расте само“ |
Основана | 1949 |
Вид | Меѓународна НВО |
Правен статус | активна |
Цел | хуманитарна помош |
Седиште | Инсбрук, Австрија |
Основач | Херман Гмајнер |
Мреж. место | sos.org.mk |
СОС Детско Село обезбедува згрижувачко семејство за децата без соодветна родителска грижа. Деца од различна возраст и потекло живеат заедно во куќа со родител со постојано присуство, обично жена која има улога на мајка на децата. Најчесто има 6 до 15 куќи во типичното СОС детско село. Освен дом за децата без родители, СОС има развиено повеќе програми и институции за поддршка на социјално загрозените и осиромашени семејства. Заклучно со 2017, повеќе од 85,000 деца и млади биле вдомени во СОС детските села или младинските установи. Дополнителни 3,8 милиони деца и родители биле вклучени во програмите од СОС.
СОС Детско Село функционира од владини и приватни донатори. Здружението во Македонија било основано во 2001, додека првото дете било згрижено во 2002 година. Освен вдомување, СОС делува превентивно кај семејствата во социјален ризик и спречува децата да останат без родителска грижа. Македонското СОС Детско Село нуди советодавна услуга за овие семејства, а има учествувано и во подготовка на закони од областа на социјалната политика и заштита на детските права.
Кампањи
уредиАјде да менуваме животи!
уредиОд септември 2021 г. СОС Детско Село во Македонија започнало кампања под слоганот Ајде да менуваме животи! со цел стекнување „СОС пријатели“, односно посветени месечни донатори, чии средства се наменети за поддршка на децата и младите од СОС Детско Село. Во кампањата се ангажирани СОС претставници на терен, кои им објаснуваат на потенцијалните донатори за работата на СОС Детско Село, и помагаат за остварување на мисијата на СОС.[4]
Меѓународни претставништва
уредиСОС Детско Село е присутно во повеќе од 135 земји во светот, кои се наведени подолу по региони. СОС претставништвата во овие земји обезбедуваат активна поддршка за децата и семејствата. Во државите означени со ѕвездичка СОС Детско Село е присутно како канцеларија чија задача е собирање средства и создавање јавна свест за овие социјално ранливи категории.
Австралија* | Француска Полинезија |
Наводи
уреди- ↑ „'SOS Children's Villages contributing to nation-building'“.
- ↑ James, George (27 April 1986). „Hermann Gmeiner Of Austria, 66; Established Shelters For Children“. The New York Times.
- ↑ „Facts & Figures“ (PDF).
- ↑ Ајде да менуваме животи!
- ↑ СОС Детско Село во Африка
- ↑ СОС Детско Село во Америка
- ↑ СОС Детско Село во Азија
- ↑ СОС Детско Село во Европа
- ↑ СОС Детско Село во Океанија