Филип Киндред Дик (16 декември 1928 - 2 март 1982), често ословуван и со својата кратеница ПКД, или по својот писателски псевдоним Ричард Филипс, бил американски писател на научна фантастика кој битно го променил тој жанр на книжевност. Иако за својот живот уживал почитување од своите врсници, како на пример од Станислав Лем, Дик не бил познат на широката публика до после својата смрт, по која неколку популарни филмски адаптации на неговите дела доживеале голема гледаност. Денес, неговите дела се меѓу најпопуларните на жанрот на научна фантастика и имаат остварено општа прифатеност од широка публика како и од литерарната критика.

Филип Дик
Филип К. Дик

Дик не го прифатил оптимизмот и едноставниот поглед на свет од „златното доба“ на научната фантастика. Дик упорно ги истражувал темите на природата на реалноста и хуманизмот во своите дела. Неговите дела се „населени„ со обични луѓе, наместо на галактички елити. Како претходник на поджанрот киберпанк, како позадина Дик често го користел аномичното друштво на јужна Калифорнија. Во своето познато дело, Човекот во високиот замок (1963, добитник на наградата Хуго), Дик се покажува како литерарен иноватор така што ги поврзува жанровите кои се занимаваат со алтернативна историја и научна фантастика. Понатаму, тој напишал голем број на раскази и романи кои биле издадени во разни списанија.

Неговите дела се карактеристични по нелагодното чувство на ерозија на реалноста, каде што главните ликови често сознаваат дека нивните најблиски (или тие самите) се роботи, вонземјани, натприродни суштества, маѓепсани, шпиони, халуцинација, умрени или некоја комбинација од нив.

Потекло и младост

уреди

Дик е роден во Чикаго, од мајка Дороти и татко Едгар. На породувањето имал сестра близначка која починала после само неколку недели на живот. Младоста ја поминал во Калифорнија со мајка си, по разводот на неговите родители. Студирал на Универзитетот на Калифорнија, на факултетот во Беркли, каде што дипломирал на студии на германски јазик. Првиот роман го издал во 1955 година. Дик се противел на војната во Виетнам и бил под истрага на ФБИ.

Дик и неговите визии/халуцинации

уреди

Во својата младост Дик доживува повеќепати ист сон во тек на неколку недели. Тој сонувал дека бил во книжарница каде што се обидувал да најде издание на списанието Astounding Magazine. Тоа издание, кога ќе го најде ќе содржи приказна по име „Царството никогаш не престанало“ (The Empire Never Ended), која ги открива тајните на универзумот. Со секое повторување на тој сон, купот на списанија низ кој превртувал станувал се помал, но тој никако не можел конечно целиот да го пребара. Со време станал поприлично исфрустриран бидејќи замислил дека откривањето на тоа списание може да го доведе во лудило, слично како Некрономиконот од Хауард Филипс Лавкрафт.

На 12 февруари 1974 Дик се опоравувал од ефектите на натриумовиот тиопентотал користен при операција на умник. Откога го напуштил забарскиот кабинет Дик почнал да доживува чудни визии кои ги нарекнува 2-3-74, како кратеница на датумот. Ги опишал своите визии како ласерски и геометриски шари измешани со моментални слики на Исус и Стариот Рим. Како се зголемувало повторувањто на тие слики, така Дик се почесто тврдел дека живее двоен живот - еден како себеси, а другиот како Томас, христијанин прогонет од Римјаните во првиот век пред Христ. Халуцинациите ги користел како инспирација во многу дела, понајпрво во ВАЛИС. Дик тврди дека божеството ВАЛИС употребува „дезинхибиторни стимулации“ да ги подготви своите субјекти за примање на божествени пораки. Дик го опишал своето верување дека Римското Царство во стварност никогаш не престанало во есејот Како да изградите универзум кој нема да се распадне по два дена - How To Build A Universe That Doesn't Fall Apart Two Days Later.

Препораки за запозанвање на делото на Филип Дик

уреди

Многу од делата на Дик се приемливи и лесно се читаат. Некои, пак, се доста несогледиви и понекогаш бараат од читателите поголем напор. Такви дела се финалето на трилогијата на ВАЛИС - The Divine Invasion и The Transmigration of Timothy Archer.

За почеток, добар избор би биле романите Човекот во високиот замок, Сонуваат ли андроидите електрични овци? или Flow My Tears, The Policeman Said. Читателите со повеќе трпение можат да се ангажираат со ремек-делото ВАЛИС кое е единствено по тоа што самата книга доживува метаморфоза од научно фантастичен роман во интроспективен есеј на лудило со филозофски поставки.

Романи по година на издавање

уреди
1955
Solar Lottery
1956
The World Jones Made; The Man Who Japed
1957
Eye in the Sky; Војна на реалности (The Cosmic Puppets)
1959
Time out of Joint
1960
Dr. Futurity; Vulcan's Hammer
1962
Човекот во високиот замок (The Man in the High Casttle)
1963
The Game-Players of Titan
1964
Martian Time-Slip; :The Simulacra; Lies, Inc; Clans of the Alphane Moon; The Penultimate Truth
1965
Трите белези на Палмер Елдрич

(The Three Stigmata of Palmer Eldritch); Dr. Bloodmoney, or How We Got Along After the Bomb

1966
The Crack in Space; Now Wait for Last Year; The Unteleported Man
1967
Counter-Clock World; The Zap Gun; The Ganymede Takeover (со Реј Нелсон)
1968
Сонуваат ли андроидите електрични овци?
1969
Јубик; Galactic Pot-Healer
1970
A Maze of Death; Нашите пријатели од Фроликс 8 (Our Friends from Frolix 8)
1972
We Can Build You
1974
Flow My Tears, The Policeman Said
1975
Confessions of a Crap Artist
1976
Бог на гневот (Deus Irae) со Роџер Зелазни
1977
A Scanner Darkly
1981
ВАЛИС; The Divine Invasion
1982
The Transmigration of Timothy Archer; The Man Whose Teeth Were All Exactly Alike
1985
Radio Free Albemuth; Puttering About in a Small Land; In Milton Lumky Territory
1986
Humpty Dumpty in Oakland
1987
Mary and the Giant;
1988
The Broken Bubble; Nick and the Glimmung (за деца)
1994
Gather Yourselves Together

Филмски адаптации на делата на Филип К. Дик

уреди

Биографии

уреди

(на англиски)

  • Carrere, Emmanuel. Bent, Timothy. (translator) (2005). I Am Alive and You Are Dead: A Journey into the Mind of Philip K. Dick. Picador. ISBN 0-312-42451-5
  • Dick, Ann R. (Former Wife). (1995). Search for Philip K. Dick, 1928-1982: A Memoir and Biography of the Science Fiction Writer. Edwin Mellen Press. ISBN 0-7734-9137-6
  • Mason, Daryl. (2006). The Biography of Philip K. Dick. Gollancz. ISBN 0-575-07280-6
  • Sutin, Lawrence (Official biographer). (1991). Divine Invasions: A Life of Philip K. Dick. Citadel Press; Rep edition. ISBN 0-8065-1228-8

Надворешни врски

уреди

на англиски