Портал:Византија
Македонија · Уметност · Биографија · Географија · Историја · Јазик · Математика · Филозофија · Наука · Општество · Технологија
ВИЗАНТИЈА
Византија е поим кој се користи да се опише просторот на грчкото говорно подрачје, на Римското Царство, во средниот век, кое имало седиште во Константинопол денешен Истанбул. Во посебна смисла обично се однесува на вековите кои го обележале падот на Западното Римско Царство. Со Византија се поврзува и терминот Источно Римско Царство. Не постои општа согласност кога почнува византиската епоха, некои тој почеток го сместуваат во времето на владеењето на Диоклецијан (284 – 305), кој спровел реформа на царството и го поделил на два административни дела – Источен (pars Orientis) и Западен (pars Occidentis). Прочитајте повеќе
Избрана статија
Со падот на Константинопол кое се случило во 1453 година, Отоманското Царство ја утврдила својата идна престолнина Цариград, на сметка на Византија, која ја изгубила својата долговековна престолнина.
На 5 април 1453 година Турците-Османлии ја започнале опсадата на Константинопол. Малку порано, султанот изградил на Босфорот тврдина со која комуникацијата помеѓу Константинопол и другите источни земји биле прекинати. Турскиот аскер бил создаден од околу 100 000 војници наспроти 7 500 војници на императорот Константин XI Палеолог. Прочитајте повеќе
Избрана биографија
Јустинијан I (483-565) бил византиски цар, император на Источното Римско Царство (од 527—565 год.), христијанин и православен теолог. Настојувал да ја обнови моќта и големината на Римската Империја која била ослабена со упадите на варварските племиња. Познат е по проширувањето на Империјата, првенствено со воените кампањи на Велизариј, како и по неговиот брак со контраверзната царица Теодора. Историјата го памети и како најголем кодификатор на класичното римско право. Јустинијан бил една од најзначајните личности во доцната антика, и со него завршува периодот на благосостојба во Византија, се' до 9 век кога таа повторно ќе се издигне. Прочитајте повеќе
Категории
Избрана слика
Дали сте знаеле...
- ... дека во Византија латинскиот јазик бил службен само до VIII век? Потоа службен јазик станал грчкиот.
- ... дека принцезата Ана Комнина со своето дело Алексијада станала една од првите историчарки? Познато е дека пред неа, историчарка била Бан Џао од Кина.
Работи кои може да ги направиш
Еве неколку работи кои се потребни:
|